1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Блажен Августин, епископ Ипониски
    Ако молчиш - молчи од љубов.
    Ако зборуваш - зборувај од љубов.
    Ако поучуваш - поучувај од љубов.
    Ако простуваш - прости од љубов.
    Внатрешниот корен нека биде љубовта.
    Од љубовта може да израсне само добро.


    Св. Силуан Атонски
    Љубовта е над разбирањето.


    Св. Серафим Саровски
    Кој се љуби себе си, не може да Го љуби Бога. А кој не се љуби себе си, од љубов кон Бога, тој Го љуби Бога.

    ава Агатон
    Да сретнам лепорозен и да можам да му го дадам своето тело, би го дал и би го зел неговото. Ете, тоа е совршена љубов.


    Св. Григориј Богослов
    За оние што страдаат од љубов - еден ден е како цел човечки живот.



    Св. Василиј Велики
    Оној кој на човека му ја зема облеката е крадец. Но, зарем оној, кој не му нуди облека на ближниот, а може, не ли е и тој достоен да биде наречен исто - крадец? Лебот кој не го јадеш е леб на гладните; облеката која виси во твојот ормар е облека на голите; чевлите кои не ги носиш се чевли на босите; парите кои ги чуваш настрана, се пари на сиромасите; милостињата која не ја твориш е еднаква на сотворени гревови.



    Св. Григориј Богослов
    Од секој крстен човек, Бог ги бара следните три добродетели:
    - од душата, искрена вера,
    - од јазикот, вистината
    - од телото, целомудреност.



    Св. Антониј Велики
    Бог во денешно време не допушта такви искушенија од ѓаволот, какви што имало во минатото; оти, Бог знае дека денес луѓето се слаби и нема да ги поднесат.



    Св. Исак Сирин
    Нека ве гонат, но вие не гонете ги другите. Нека ве распнуваат, но вие не распнувајте ги другите. Нека ве навредуваат, но вие не навредувајте ги другите. Нека ве клеветат, но вие не клевете ги другите... Радувајте се со оние кои се радуваат, и плачете со оние кои плачат. Тоа е знакот чистотата. Страдајте со болните. Тажете со грешните. Воскликнете со оние кои се каат. И секому бидете пријатели. Но во духот останете осамени... Раширете ја вашата плаштаница над секој кој паѓа во грев и заштитете го. И доколку не можете да ја превземете неговата вина на себе, и да ја прифатите неговата казна место него, не убивајте ја неговата личност.
     
    На edna_malecka, kuc, soffce и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Осудување на другите:

    Тивките и смирените луѓе се судии на своите дела, додека брзите луѓе ги испитуваат туѓите дела.
    (Св. Григориј Богослов).

    Секогаш сме подготвени да обвиниме друг, а да го исправаме она за што сами сме криви и што е наша одговорност. За тоа сме секогаш спори!
    (Св. Златоуст)

    Често човечкото судење на другите е слично на ова: кога господарот не ја исчистува својата куќа и покуќнина од кал и ѓубре, а ќе почне да ги напаѓа оние кои му доаѓаат дома калливи и валкани.
    Ние сакаме и бараме другите да бидат совршени и човечни, меѓутоа не ги поправаме своите мани и недостатоци.
    (Тома Кемпијски)

    Чистата душа не верува лесно во можноста за неправедни дела.
    (Филарет, Митрополит Московски)

    Оној кој што има чисто срце, тој сите луѓе ги смета за чисти и поштени; но оној кај кој што срцето е осквернавено со страсти, тој никого не го смета за чист, туку си мисли дека сите луѓе се слични како него
    (Ава Исаија)

    Не се труди да истражуваш и да дознаваш за туѓите дела, затоа што и во тебе самиот ќе се најде истото тоа поради што го презираш другиот.
    (Св. Нил Синајски)

    Кога би се интересирале за својата душа, кога би ги знаеле своите гревови, своите душевни болести, својата духовна голотија, не би ни паднало на памет да се распрашуваме за соседот. Кога гори нашата куќа, тогаш трчаме да спасиме што се може (доколку на може се); тогаш не се води разговор за соседот.
    (Филарет Черниговски)
     
    На edna_malecka, Таа Сум, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Старец Пајсиј Светогорец

    Старецот отскогаш ни велеше се што правиме, да го правиме на добар начин.
    Старецот во една пригода го посети еден брат. Додека старецот се подготвуваше да го послужи со локум и вода, братот забележа дека преку прозорецот во собата влета пчела. Зеде лист хартија и се обиде да ја натера да излезе, удирајќи ја со хартијата. Меѓутоа, трудот му беше залуден. Кога виде што прави, старецот му рече:
    „Не, благословен, пчелата нема да замине ако не ја истераш на добар начин! Еве, види! Ова е добар начин да се истера!’’
    Старецот пријде и ја положи раката. Пчелата слета на неговата рака, а тој потоа ја испружи раката низ прозорецот и пчелата одлета.
    „Добриот начин помага и во најлошите случаи’’ - објасни старецот.
    „Древните отци нагласуваат дека добриот начин и злото го прави добро, додека, напротив, лошиот начин и од доброто прави зло!’’
     
    На edna_malecka, kuc, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Поука за почитување на свештениците – Св. Николај Велимировиќ

    Браќа, почитувајте ги своите свештеници. Тие се слуги Христови и претставници на апостолите Христови. Нивната служба е тешка и нивната одговорност пред Бога е огромна. Тие се молат на Бога за сите нас. Тие со своите раце и молитви ја подготвуваат светата Причест, преку која вие се соединувате со Бога. Тие ве дочекуваат кога се раѓате, тие ве испраќаат кога ќе умрете. Тие за вас пред Бога одговараат.

    Св. Сава рекол: „Ако попот е грешен, неговата молитва не е грешна“. Не осудувајте го својот свештеник, не омаловажувајте го, не гонете го. Тој за своите гревови ќе одговара пред Бога повеќе отколку вие за вашите, затоа што е свештеник на живиот Бог. Ако свештеникот е грешен, почитувај го и со почитта ќе го засрамиш и тој ќе се поправи. Но ако го осудуваш и омаловажуваш, тој ќе стане уште полош. Браќа, почитувајте ги своите свештеници.

    Не правете се попаметни во духовните нешта од свештеникот. Иако не прави сé како што треба да прави, по својата слабост, тој знае што треба да зборува. Прашајте го за патот на спасението и слушајте ги неговите зборови. Молете го да ви објасни и тој ќе ви објасни. Јас имам исповедувано такви кои се каеја што го осудувале својот свештеник.

    Свештеникот има свој суд и свој судија. И ако греши, знајте дека казната нема да го заобиколи. Но, не бидете му вие судија. Тој носи тешко бреме и голема одговорност има. Поради тоа и неговото спасение е потешко отколку вашето. Затоа, браќа, ве молам, почитувајте ги своите свештеници.
     
    На edna_malecka, kuc, Таа Сум и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ава Пимен

    Ако човекот се присети на зборовите на Светото Писмо: „ По зборовите свои ќе бидеш оправдан и по зборовите свои ќе бидеш суден ...’’ тогаш е подобро да молчи.

    Со каква било мака да се бориш, победувај ја со молчењето.

    Ако си молчалив, тогаш, каде и да се најдеш ќе имаш мир.

    Оној што ги учи другите, а самиот не го исполнва она што го проповеда е сличен на извор што сите ги пои и мие, а самиот не може да се исчисти.


    Научи го својот јазик да го говори она што го мисли срцето.


    Еден брат го прашал ава Пимен:
    „Како може човек да постигне да не говори лошо за ближниот?’’
    Старецот му рекол?
    „ Ние и нашите браќа сме како две слики. Кога човекот бдее над себеси и наоѓа во себе недостатоци, тој тогаш во својот брат гледа совршенство, а кога самиот за себе мисли дека е совршен, тогаш тој го споредува братот со себе и му наоѓа недостатоци. ’’

    Злото никогаш не се уништува со зло, затоа, ако некој ти направи зло, ти направи ми добро, за да може доброто да го уништи злото.
     
    На edna_malecka, Таа Сум, sweet10 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Во контекст на горе напишаното ... Како треба да ги сакаме ближните зошто незнаеме што може во моментот да не снајде
    ПОЖАР
    Еден брачен пар,да ги наречеме Никола и Марија, имаа убав дом и две прекрасни деца. Никола имаше убава работа и беше потребно да оди на службено патување во друг град и да биде отсутен неколку дена.И Марија имаше некоја работа таму и одлучи да оди со него исто така. Тие изнајмија жена од доверба да се грижи за децата,и отидоа на пат,но се враќаа дома малку порано отколку што планираа.
    Враќајќи се кон дома,чувствувајќи се убаво што се враќаат, тие забележаа чад,и се приближија да видат што се случува. Најдоа дом во пожар.Марија рече: “Ох, па не гори кај нас, ајде да си одиме дома.“
    Но Никола возеше се поблиску и извика: “Оваа куќа му припаѓа на Јован Николов кој работи во фабриката. Тој е сеуште на работа, можеби можеме нешто ние да сториме.“
    “Ама нема никаква врска со нас,“- приговараше Марија.
    “Имаш убави алишта на тебе, ајде не се приближувај повеќе.“
    Но Никола се приближи и застана , и двајцата беа ужаснати гледајќи ја цела куќа како гори.Се појави една жена викајќи хистерично, “Децата! Спасете ги децата!“
    Никола ја фати за рамо и ја праша “Приберете се и кажете ни каде се децата.!“ “Во подрумот,“ липаше жената,“ доле во ходникот па лево.“
    И покрај приговорите на Марија,Никола грабна едно црево со вода,и ги натопи неговите алишта, си стави мокра крпа на главата и отиде во подрумот кој беше полн со чад и јака топлина. Тој ја најде вратата и ги грабна двете деца, држејчи ги и двете под раце, како некој рагби играч. Тој ги однесе двете исплашени , скоро задушени деца , си ги наполни белите дробови со воздух, и праша уште колку деца има доле.Му одговорија дека им ауште две деца но Марија го фати за раката и извика: “Никола, не се враќај назад!Тоа е самоубиство!Таа куќа ќе експлодира секоја секунда!“

    Но тој ја оттргна и замина надоле чувствувајќи го чадот како ја исполнува собата.Изгледаше цела вечност додека ги најде двете деца и да се врати. Сите тројца кашлаа и тој подзастана да земе колку што може повеќе воздух.
    Сопнувајќи се на последните скали, му помина мисла дека нешто многу познато му делуваат овие две деца кои ги држи, и кога наскоро излегоа на дневна светлина и свеж воздух, тој откри дека штотуку ги спасил сопствените деца.
    Бебиситерката ги оставила во оваа куќа додека таа отишла да пазари.
    Сакајте го ближниот како себе си. (Лука 10,27)
     
    На edna_malecka, kuc, Таа Сум и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ава Исаак
    Човекот што ја познал мерата на својата немоќ, стигнал до состојба на совршено смирение и познавање на Бога. Зашто, постојано поттикнуван кон благодарње на Бога, тој непрестајно постанува се побогат со божествени дарови. Срцето кое постојано благодари, постојано прима се поголема благодат. На благодатта му претходи смирението, како што на искушението му претходи надменоста (гордоста).



    Ава Паладиј
    Човек треба да настојува да биде близу до преподобните луѓе повеќе отколку што сака осветлен прозорец. Зашто, покрај нив ќе го види своето срце како чисто испишана книга. Во споредба со нив тој ќе ја познае и својата мрзливост и својата внимателност. Всушност, луѓето исполнети со добродетели поседуваат многу надворешни особини кои сведочат за чистотата на нивните души: бојата на лицето - која го отсликува животот (по Бога), начинот на облекување -едноставниот карактер, неукрасениот говор - нељубопитноста на зборовите, разбирливоста на мислите - побожно однесување. Се што е речено им е на корист на оние што забележуваат, врежувајќи во нивните души неизбришливи траги (образи) на добродетелите.



    Ава Антониј
    Тројца отци имале обичај секоја година да одат кај блажениот Антониј. Двајца го прашувале за помислите и за спасението на душата, додека третиот секогаш молчел, ништо не прашувајќи. После многу доаѓања, со оглед на тоа дека братот секогаш бил молчалив и ништо не прашувал, ава Антониј му рекол:
    „Толку години доаѓаш и ништо не ме имаш прашано.’’
    А тој му одговорил, велејќи:
    „Доволно ми е да те гледам, оче. ’’
     
    На edna_malecka, Таа Сум и sweet10 им се допаѓа ова.
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Силата на верата


    - Верата, дете мое, за човекот е сé. Без неа, тој не живее, – постојано му велеше Старецот со густата седа брада на младиот калуѓер, кој во тој момент ги чистеше остатоците од пепелот.

    - А до каде може да стигне оваа вера, Старче? – го прекина во недоумица младиот монах.

    - Не можеш да ја измериш, – одговори Старецот. – Зависи од тоа кој колку Го љуби Бога. Колку што љубиш, толку и веруваш и колку веруваш, толку и љубиш.

    - Не можам тоа да го разберам, – повторно рече младиот калуѓер.

    - А сепак, многу едноставно е. Доволно е да го оставиш своето срце слободно да го засака Бога, – рече Старецот и, гледајќи ја својата бројаница, ја започна молитвата.

    Минуваа денови во скромната колиба која се наоѓаше во близина на едно гратче. Народот мошне често доаѓаше во малата молчалница да го чуе советот на Старецот, да ги сподели своите проблеми и да чуе по некое душекорисно слово. Дури и сиромашните просјаци доаѓаа и просеа малку леб или што било друго што би се затекнало во малата колиба.

    Тие години, меѓутоа, град ги уништи посевите на земјоделците и народот почна да гладува. Селаните немаа работа, мајките немаа што да зготват, а децата се вртеа гладни. Тага и несреќа насекаде. Сите се упатуваа кон племенитиот Старец, кој постојано даваше од оние малку лебови, кои сеуште му останаа. А бескрајната низа на гладни селани сé повеќе се зголемуваше. Од исток до запад, сиромасите во таа мала куќарка наоѓале љубов и сочувство.

    - Старче, векните ги снемува. Немаме ништо да им дадеме. И ние ќе гладуваме, – говореше младиот калуѓер.

    - Бог, дете мое, Кој нам ни ги прати Своите мали браќа, ќе се погрижи и за нас, да не гладуваме, – одговараше предобриот Старец.

    Времето минуваше, а гладни имало сé повеќе и повеќе. Еден ден, младиот калуѓер, многу тажен заради состојбата која владеела, дојде и му рече на Старецот:

    - Авво, сакам да ги поделиме на две нашите лебови. Да ми дадеш колку што ми припаѓа. И од сега, да даваш само од своите. Јас не сакам да гладувам.

    Старецот беше изненаден. Не очекуваше ваква реакција од својот послушник.

    Сепак, за да не го онерасположи, ги подели лебовите на две, му даде и отповеќе на својот послушник, а понатаму даваше милостина од своите векни.

    - Не сакам да гладувам, – мрмореше послушникот. – Ако сака, Аввата нека гладува. На просјаците никогаш им нема крај, а крајот на векните веќе се наѕира.

    Таа година зимата беше тешка. А просјаците никако не престануваа да доаѓаат. Но, Бог, Кој го гледаше Старчевото добро срце, ги благослови векните и тие никогаш не намалуваа. Од друга страна, векните на послушникот ги снема мошне брзо.

    Еден ден послушникот бојажливо повторно отиде кај Старецот.

    - Те молам, Старче, ако сакаш и ти, пак да јадеме заедно, – рече и го наведна погледот.

    - Со задоволство, – рече Старецот, не додавајќи ништо веќе.

    Несреќата, меѓутоа, продолжуваше. Просјаците не престануваа ниту навечер да го вознемируваат Старецот. Но, Старчевото срце беше преполно со љубов, која никогаш не престануваше.

    А послушникот почна повторно да мрмори незадоволен.

    - Еве, векните ги снемува. Ама зарем е можно непрестајно да даваме?

    - Дете мое, Бог нам нема да нé остави да гладуваме, – говорел Старецот, обидувајќи се да го смири нетрпеливиот послушник.

    Беше зимски ден и послушникот слезе да ја исчисти просторијата во која месеа леб. Ги гледаше полиците, кои некогаш беа полни со топли векни леб, а сега виде само една векна. „Барем уште една имаме“. Откако заврши, се качи горе и седна со Старецот да плете корпи. Надвор беснееше ветер, па тропањето на вратата не се слушаше добро.

    Послушникот чу, ама ништо не рече. „Сигурно тоа пак е некој прегладнет и ќе му го дадеме и последниот леб“.

    - Некој тропа, – рече Старецот.

    - Не, тоа е ветрот, – рече послушникот.

    - Па сепак, некој е, – рече Старецот и стана да отвори, читајќи го срцето на својот послушник.

    Еден сиромашен просјак, помодрен од зимата, бараше малку леб.

    - Почекај овде. Застани малку, - рече Старецот и му даде знак на својот послушник да пријде поблиску. – Слези долу и донеси една векна, – му рече.

    - Не доаѓа во обзир. Тоа е нашиот последен леб. Ќе останеме без храна. Ќе гладуваме, – одговори послушникот.

    - Те молам, слези и погледај подобро, – беше упорен Старецот.

    - Но, пред малку бев долу и знам дека имаме само една векна, – рече тврдоглаво послушникот.

    - Оди, дете мое, и имај доверба во Бога, – додаде Старецот.

    Послушникот неволно се упати кон просторијата во која го чуваа лебот. Но како што се приближуваше, почувствува некој неодоллив мирис, кој се ширеше од одајата.

    - Невозможно, мојот глад си игра со мене, помисли послушникот. Па сепак, подрумот мирисаше на топол леб. Влегувајќи внатре, се збуни. Целата просторија беше полна со векни леб, од кои излегуваше пареа. Веднаш оттрча назад кај Старецот.

    - Старче, – викна испаничено послушникот. – Прости ми. Сега разбирам до каде може да стигне верата во Бога.

    - Така е, дете мое, – му рече Старецот. – Колку што сме милостиви, толку и Бог ќе биде милостив кон нас. Колку што даваме, толку нам Бог ни дава.

    Од тој ден, послушникот слушал сé што му велел Старецот и имал доверба во Бога. Оној кој ги праќал гладните во нивната келија, не би ги оставил монасите да гладуваат.
     
    На edna_malecka, Таа Сум, GirlLove и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Старец Пајсиј

    Искуството ме научило дека постојат две групи на луѓе. Трета не постои. Тие, првите, потсетуваат на муви. А главна особина на мувата и е да се лепи на нечистотијата. Едноставно, мувата и нечиститијата си се привлекуваат. На пример, во една бавча полна мирисни цветови, мувата нема да забележи ниту еден, туку ќе застане онаму каде има нешто труло, каде нешто скапува. И сосема природно и лагодно и е во смрдеата, а доколку би знаела да зборува и да ви одговори ако ја прашате зошто не застана на розата, таа би ви рекла:
    - Јас не знам како изгледа розата. Знам само каде има ѓубре, смрад, трулеж.
    Да, рече старецот - навистина има луѓе кои потсетуваат на мувите. Со самото неприфаќање и одбивање на доброто, мислат негативно и во животот ги гледаат само лошите страни. А оние другите, втората група, се токму тие што потсетуваат на пчелите, а чија главна особина им е потрагата по нешто слатко и пријатно на кое би слетале. Кога пчелата би се нашла во соба преполна ѓубре, а со парченце бонбона во еден агол, таа би ја надлетала сета нечистотија за да слета токму на бонбоната. И кога и од пчелата би побарале да ви каже каде е нечистотијата, таа би ви рекла:
    Не знам. Знам само каде може да се најде цвет, слад, мед. Таа, продолжи старецот – ги препознава само добрите работи во животот и ја претствува втората група на луѓе, оние сличните на неа, на пчелите. А кога ќе дојде некој кај мене обвинувајќи некој друг, јас најчесто им го посочувам овој пример. И велам да размисли и да одлучи во која група тој се сврстува, за полесно да се придружи на својот рој.


    Старец Тадеј

    Ние мислиме дека имаме некаква вредност... Ништо не вредиш. Да.
    Совршенство на христијанскиот живот, така велат Светите Отци, е крајното смирение.
    Крајното смирение!
    Таквите се наградени со благодатта Божја. Оној кој е кроток и смирен, тој не се лути. И ако го караш, ти се гневиш, а тој те жали што така себеси се мачиш.
     
    На edna_malecka, Таа Сум, sweet10 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Светоотечки поуки за смирението

    Св. Григориј Богослов
    † На смирените им се дава опростување на гревовите.

    Св. Григориј Синаит
    † Кога ѓаволот гледа дека некој живее плачејќи, тој таму не пребива, затоа што се плаши од смирението што доаѓа од плачот.

    Св. Димитриј Ростовски
    † Биди така смирен, како што си создаден смирено од Бога.

    Авва Исаија
    † Смирение е да мислиш за себе дека си грешник и дека ништо добро не правиш пред Бога.

    Св. Исаак Сирин
    † Има смирение поради страв Божји, а има и смирение од љубов кон Бога.

    Св. Јован Златоуст
    † Кој се правда пред Бога, нечист е, макар и да е посвет од сите луѓе; напротив, оној кој себеси се смета за последен меѓу сите, станува праведен.
    † Покајанието го обновува паднатиот; плачот заради гревовите чука на небесните врати, а смирението ги отвора.

    Св. Нектариј Егински
    † За да Го пронајдете Господа, смирете се себеси до прав, зашто Господ се гнаси од гордите, додека ги љуби и посетува смирените по срце. Затоа и вели: „Но, на кого ќе погледнам? На оној кој е со смирен дух и кој трепери од моите зборови“ (Ис. 66,2).
     
    На edna_malecka, kuc, Таа Сум и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Чувај ја својата душа брате, тоа е единсвениот имот кој е твој, сето останато не е твое, се мораш да оставиш кога повик од небото ќе ти дојде, само својата душа ќе ја земеш и на судот Божји ќе ја изнесеш, да се види каква е, дали е црна или бела, и какви и се делата. Измивај ја душата со молитва и пост и милостиња како што ја переш кошулата твоја. Со валкани алишта не се оди на веселба. Така и ангелите Божји нема да ни дадат да влеземе валкани во Царството на светлината и мирот. Отиди на гробиштата и погледни каде се фрла нашата слава и богатство и убавите јадења и облека, и сите останати задоволства заради кои Бог и душата сме ја изгубиле! (св. Николај Велимировиќ)
     
    На edna_malecka, P.S.love, Таа Сум и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    ''Добрата жена е благослов од Небото, најубав дар на мажот, негов ангел и извор на безбројни блага:нејзиниот глас за него е најслатка музика, нејзината насмевка му го осветлува денот,нејзиниот бакнеж е чувар на неговата верност, нејзините раце се балзам за негово здравје и целиот негов живот,нејзината вредност е залог на неговата благосостојба,нејзината скромност е негов најдобар економ, нејзината уста е негов најдобар советник,нејзините гради најмек јастук на кој се забораваат сите грижи, а нејзините молитви се негов адвокат пред Господа.''

    ~~~+Света маченица Царица Александра Ф. Романова+~~~
     
    На edna_malecka, Таа Сум, GirlLove и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Не осудувај дури и кога ќе видиш

    „Чувај се од прекорување“, ми рече еден ден Старецот и ми го раскажа ова за да го избегнувам секој разговор за тоа, без оглед колку сметам дека сум во право.
    „Еднаш една жена отишла кај свештеник да се исповеда. Била од некое село во кое жените носеле потсукњи. Знаеш ли што е тоа?“
    „Знам“. Реков.
    „Значи, откако се исповедала, станала да си оди. Но, не заминувала, а да не остави нешто во знак на благодарност, зашто така подобро се чувствувала. Се обидела да ја подигне горната сукња и од потсукњата да извади пари, но по грешка заедно со горната сукња ја фатила и потсукњата и ја кренала покажувајќи ги нозете. Во тој момент некој влегол и ја видел во таа положба, и заминал и го тужел свештеникот за недолично однесување. Свештеникот бил казнет три месеци оддалечување.
    Тоа време, свештеникот благодарел и го славословел Бога поради тоа искушение. Многу му се израдувал.
    Но, гледаш ли дете мое, што му се случило на нашиот брат?
    Видел нешто што не прилега и го осудил свештеникот, а не било навистина така како што му покажувал лукавиот. Затоа ти велам, мораш многу да внимаваш.“
    Реков: „Да, Старче, ќе внимавам“.
     
    На edna_malecka, Таа Сум, sweet10 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Св. Теофан Затвореник

    Тајната на духовниот живот почива во постојаното богомислие.

    Прими ја секоја работа како од Божја рака.

    Доволно е читање, треба да се дејствува. Доста е гледање како одат другите, треба сам да одиш. Ако бараш внатрешен живот - стапи во внатрешноста.




    Св. Исак Сирин

    Богомислењето или срдечната молитва е поголема од секоја друга работа и е врв на доблестите, како љубов Божја.




    Старец Макарие Оптински

    Вистинското изучување на Словото Божјо и списите на светите отци се состои во тоа, прочитаното цел живот да се остварува. Сржта на Евангелието како и на Исусовата молитва, ти се отвораат во таа мера, во којашто ги извршуваш.
     
    На edna_malecka, Таа Сум, sweet10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Никогаш не помислувај да го устроиш твојот живот без благословот Божји. Среќата воопшто бидува само со Божјиот благослов и промисла.
    Без БОга, животот е пустош!

    Научи се правилно да се молиш и цврсто да веруваш и твојот живот ќе биде - среќен.

    Старец Сампсон
     
    На Таа Сум, elisabeta и ribce27 им се допаѓа ова.
  16. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Не треба да тагуваш заради оние кои за тебе кажале некои неповолни зборови!
    Тоа е од незнаење и по дозвола на Божјата промисла, кои очигледно смета дека на тебе ти е потребно смирение и исчистување по пат
    на понижување од страна на луѓето.
    Биди во љубов и во мир со сите,
    па и со оние кои те навредиле бидејќи без тоа нема духовно напредување.
    Вознесувај му слaвословие на Бог за се што ке се случи и препушти се на волјата Божја.

    Свети Игнатиј Брјанчанинов
     
    На edna_malecka, Таа Сум, ribce27 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Правила на христијанскиот живот

    Схиигумен Савва


    1. Будејќи се од постелата, пред сé, спомни Го Бога, и на себе положи го знакот на крстот.
    2. Не започнувај го денот без молитвеното правило.
    3. Во текот на денот, секаде, при секоја работа, моли се со кратки молитви.
    4. Молитвата – крилјата на душата, ја прави душата престол Божји. Цела сила на духовниот човек е во неговата молитва.
    5. За Бог да ја услиши молитвата, не е потребно молитвата да се извршува со врвот на јазикот, туку со срцето.
    6. Никој од твојата околина да не остане без твојот искрен поздрав.
    7. Не ги отфрлај молитвите кога непријателот те напаѓа со безчувствителност. Кој се принудува себеси, ја принудува својата сува душа на молитва, тој е поголем од оној кој се моли со солзи.
    8. Потребно е да го познаваш Новиот Завет со разумот и срцето, секогаш поучувај се, но неразбирливото не го толкувај сам, туку прашај ги Светите Отци.
    9. Светата вода со жед земај ја за осветување на душата и телото. Не заборавај да пиеш.
    10. Благодарствениот поздрав кон Царицата Небесна, Богородице Дево, Радувај се....изговарај го почесто, барем на секој час по еднаш. Во слободното време читај ги списите на Светите Отци и учители на духовниот живот.
    11. Во искушение и напаст, утврдувај се со Псалтирот и читај го молебниот канон на Пресветата Богородица....Таа е нашата Застапничка во секоја напаст и неволја.
    12. Кога демоните ќе ги насочат своите стрели кон тебе, тогаш гревот ти се приближува, а ти пеј ги песнопенијата од Страсната седмица и светата Пасха, читај го канонот кон Исус Преслаткиот.
    13. Доколку не можеш да пееш или читаш, тогаш во моментите на борба спомни си за Името Исусово: Господи, Исусе, Христе, Сине Божји, помилуј ме, грешниот. Стој пред крстот и радувај се на твојот плач.

    14. За време на постот, пости, но знај дека на Бога не му е угоден постот само со телото, т.е. воздржувањето од гревот, туку и воздржувањето со ушите, очите, јазикот, а исто така и воздржувањето на срцето од служењето на страстите.
    15. Човекот, кој пристапил кон духовниот живот, мора да е свесен дека е болен, дека умот му се наоѓа во заблуда, волјата повеќе му е склона кон злото отколку кон доброто, и срцето е заразено од нечистотијата на страстите, кои клокотат во него. Затоа почетокот на духовниот живот е во стекнувањето на духовното здравје.
    16. Духовниот живот е постојана борба со непријателот за спасението на душата: никогаш немој да спиеш душевно, твојот дух секогаш мора да биде бодар. Секогаш на помош повикувај Го својот Спасител.
    17. Плаши се од согласувањето со грешните помисли кои ти пристапуваат. Прифаќајќи ги таквите помисли, веќе си го направил гревот, за кого си помислил.
    18. Помни, да не загинеш, потребно е да имаш нај искрено покајание пред Бога: „ Господи, прости и помогни, Духот Твој Свет не ми го одземај. “
    19. Секогаш моли се: „ Стравот Твој Господи, всели го во срцето мое “ Колку е блажен оној, кој секогаш пред Бога трепери!
    20. Сето свое срце, без остаток, дај Му Го на Бога, и ќе почувствуваш Рај на земјата.
    21. Не останувај никогаш без работа, во празнотија. Црковните и празничните денови, почитувај ги според заповедта Божја.

    22. Верата твоја, треба да се утврдува со чести прибегнувања кон покајание и молитва, а исто така и со општење со луѓе со длабока вера.
    23. Обезбеди си поменик, и запиши ги таму сите живи и мртви, сите кои не те сакаат и кои те навредуваат и секојдневно споменувај ги.
    24. Постојано барај дела на милосрдие и сострадална љубов, без дела невозможно е да Му се угоди на Бога. Биди сонце на сите. Милоста е поголема од сите жртви.
    25. Без неодложна неопходност, никаде не оди, што е можно помалку зборувај, немој да се смееш, не љубопитствувај со празна љубопитност.
    26. Љуби ја светата осаменост.
    27. Сите навреди поднесувај ги, во почетокот со молчење, потоа со прекорување на себеси, потоа со молитва за оние кои те навредуваат.
    28. Најважно за нас е да се научиме на трпение и смирение: со смирението ќе ги победиме сите непријатели, зли духови, а со трпението, страстите кои стануваат против душата и телото.
    29. Не ги покажувај во молитвата никому, освен на Бога, своите солзи на умиление и ревноста во спасението.
    30. Православниот свештеник почитувај го како Ангел благовесник, испратен да те израдува и да ти донесе избавување.
    31. Третирај ги луѓето така внимателно, како да се пратеници на големо царство и внимателно, како да ракуваш со скапоцен и кршлив предмет.
    32. На сите простувај им сé и со сите сочувствувај во нивните страдања.
    33. Не си посветувај преголемо внимание на себеси, како што кокошката му посветува на јајцето, заборавајќи ги ближните.
    34. Кој овде бара спокојство, во него не може да пребива Духот Свет.
    35. Унинието и збунетоста напаѓаат поради недостаток на молитва.
    36. Секогаш и секаде призивај го на помош твојот Ангел чувар.
    37. Секогаш чувај го срдечниот плач за своите гревови, и кога ќе ги исповедаш и се причестиш со Светите Христови Тајни, тивко радувај се на своето ослободување.
    38. Знај ги само своите лоши навики и недостатоци, а за туѓите гревови, внимателно чувај се да не мислиш и расудуваш, не погубувај се себеси со осудување на другите.
    39. Не верувај им на ничии, дури ниту на своите сопствени добри желби, пред тие да бидат одобрени од страна на твојот духовник.
    40. Секоја вечер, исповедај ги пред Бога сите свои грешни дела и помисли што си ги имал во текот на денот.
    41. Пред спиење, помири се со сите.
    42. Тагата, тешкотиите, болестите и трудот не приближуваат до Бога. Не роптај на нив и не плаши се.
    43. Никој не оди на Небо, живеејќи среќно.
    44. Колку што можеш почесто, со умиление во срцето, причестувај се со Светите Христови Тајни, ти само со нив живееш.
    45. Никогаш не заборавај, дека Он, Господ наш Исус Христос, е блиску пред вратите, не заборавај дека наскоро е судот и платата, а во кој ден и час, тоа никому не му е познато.
    46. Запомни го и ова и тоа што Господ му го приготви на оние кои Го љубат и ги извршуваат Неговите заповеди.
    47. Читај ја оваа азбука, христијанину, не поретко од еднаш неделно. Тоа ќе те поткрепи на духовниот пат.

    Амин
    И Слава на Бога во сите векови.
     
    На edna_malecka, kuc, Таа Сум и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Чеда мои, ВЕ МОЛАМ
    заради љубовта Божја, ниту за миг да не го прекинувањето изговарањето на молитвата Христова.
    Вашите усни треба непрестајно да Го шепотата
    Името на Исус,
    Кој го победи ѓаволот и сите негови стапици.

    Како што не можете да украдете усвитено железо,
    та дури не можете ни да му пријдете,
    истото се случува и со душата што ја изговара молитвата со Исусовата топлина.

    Демоните не и приоѓаат!
    А како би можеле?
    Ако ја допрат, ќе ги изгори Божествениот ОГАН кој што Божественото Име во себе го содржи!

    Старец Ефрем
     
    На edna_malecka, Таа Сум, mime87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Трите дрвја


    Еднаш во една гора имало три дрвја и секое од нив си имало свои планови и мечти.

    Првото дрво сакало да се удостои да стане еден ден скапоцен сандук- прекрасно изработен, со резби, и во него да се чуваат скапоцени работи.

    Второто дрво посакувало да падне во раце на добар мајстор за кораби и да стане голем кораб, со прекрасен облик, величествен, кои ќе превезува цареви и великодостоинственици со кои ќе патуваат луѓе на високои позиции.

    Третото дрво велело, дека многу сака само да стане највисокото и најсилното дрво во гората, така што луѓето кои што гледаат високо кон неговиот врв, да се чудат и да си мислат за небото и Бога.

    Така минале години и работите се развиле сосема поинаку. Отишле дрвари во гората. Го исекле првото дрво. И додека тоа жаднеело да стане прекасен дрвен сандук за скапоцености, дрводелецот направил сад за храна – јасли за сено на животните.

    Од второто дрво кое мечтаело да стане прекрасен кораб, кој ќе превезува цареви, направиле мало рибарско кајче, кое сиромашните рибари го користеле, за да ловат риба.

    А пак третото дрво кое сакало да стане највисоко во гората, го исекле и го оставиле во складот на дрводелецот.

    Минале години. Дрвјата, нажалени од развојот на нештата, ги заборавиле своите мечти.

    Еден ден пак, еден маж и една жена дошле во шталата, каде што се наоѓало дрвеното корито – јасли со сено, и таму жената родила Младенец, и го положиле во јаслите кои биле направени од првото дрво. Тоа биле балжениот Јосиф и пресвета Богородица. Во тие дрвени јасли не положиле просто злато или дијаманти, туку Самиот Бог, Кој што беше станал за нас Човек. Така тоа корито за хранење – јасли, се удостои да го прими во себе Богатството на богатствата – Самиот Бог!

    Во малото рибарско кајче, направено од второто дрво, по извесно време се качиле рибари и Еден од нив изморен, легнал да спие. Излегле со кајчето на отворено море. Настанала голема бура и невреме. Рибарското кајче не било доволно јако за да издржи невремето. Тогаш сите останати го разбудиле Оној, Кој што спиел. Он станал и му заповедал на разбранетото море: “Молкни! Престани!” Морето веднаш се смирило. Тоа бил Христос во Генисаретското езеро, заедно со учениците Свои. Така второто дрво кое имало амбиција да стане гоелм кораб и да превезува цареви и великани, се удостоило да го превезува Царот на царевите, Самиот Христос со Неговите ученици.

    А пак третото дрво, кое се наоѓало во складот на дрводелецот, еден ден било земено и од него направиле крст. На тој крст го распнале Христа. Така дрвото станало многу повисоко отколку што можело да посака. Стигнало до небесата и до Бога. Се изедначило, како што се пее во еден тропар, со небото.

    Всушност конечно, секое од дрвата во оваа приповетка, го достигнало не само она кое го посакувало, туку и несразмено повеќе, иако не токму онака како што си го претставувало.

    Оваа приказна ни говори за следното:
    Ние не знаеме каква е Божјата волја за нас. Треба да имаме мечти, желби. За добро. Но, не треба да заборавиме, дека некои нешта не секогаш се развиваат, како што ние сакаме. Но, Бог ги прави нив подобри отколку што ние сакаме и си ги претставуваме.
     
    На edna_malecka, Таа Сум, sweet10 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    ЗА ДЕПРЕСИЈАТА

    (Антониј, митрополит Сурожски)

    Многу прашања се јавуваат кај луѓето, кога човек ќе се разболи од душевна болест. Што е тоа душевна болест? Ние знаеме, дека нашата психичка состојба, во голема мера зависи од она што се одвива физиолошки, од аспект на физиката, хемијата, во нашиот мозок и во нашиот нервен систем...

    Многумина луѓе на денешно време страдат од комплекси,тегоби тешкотии,маки ,црни мисли и така натаму...Зошто се случува сето тоа??
    Одговорото е јасен! Таквите луѓе кои се оддалечиле од Црквата и од Бога и нормално е да им се случува такво нешто! Да се вратиме во рацете на Творецот и Создател наш и тогаш ќе ни биде добро!
    Кој е лекот за депресијата? Причеста,Исповедта,Постот,Молитвата-Тогаш нема да има место за депресија!
     
    На edna_malecka, Таа Сум, sweet10 и 2 други им се допаѓа ова.