1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    Поуки од свети Отци (08.12.2009)



    И кон слепиот, и кон лепрозниот, и кон умно пореметениот, и кон доенче, и кон криминалец, и кон незнабожец покажи почит, како кон образот Божји. Што имаш ти со неговите немоќи и недостатоци? Пази на себеси, за да немаш недостиг во љубовта.

    свети Игнатиј Брјанчанинов


    Оној кој се научил да Му благодари на Бог за своите болести, не е далеку од светоста.

    свети Јован Златоуст


    Најголемата, постојана заблуда на нашето срце со којашто треба непрестајно да се бориме – целиот живот, тоа е скриената мисла дека ние можеме да постоиме без Бог и некаде надвор од Бог, макар некогаш и за еден миг.

    свети Јован Кронштатски


    „Болен ли си или сиромав, трпи. Ништо, освен трпението, Бог не бара од тебе. Трпејќи благодушно ти секогаш ќе се наоѓаш во добро дело. Кога и да погледне на тебе Бог ќе види дека ти правиш добро или пребиваш во доброто ако благодушно трпиш, додека кај здравиот човек добрите дела се со прекини. Зошто, посакувајќи ја промената на својата положба, ти посакуваш да го смениш доброто за полошото?“

    свети Никодим Светогорец


    Но, треба да ги сметаме за вистински несреќни и достојни за жалење оние коишто осквернувајќи се себеси со сите пороци и престапи, не само што не трпат некој видлив демонски напад, туку не се подвргнуваат на никакво искушение коешто одговара на нивните дела и на никаков камшик заради исправување. Бидејќи не заслужуваат брзо и лесно исцелување во ова време, на оние со упорно и непокајано срце, преминувајќи преку казната во овој живот, им се собира гнев и негодување за денот на гневот, кога ќе се отркие праведниот суд Божји (Рим. 2, 5).

    преподобен Јован Касијан


    Страст е постепена желба да се греши на одреден начин или љубов кон некакви грешни дела или предмети.

    свети Теофан Затворник


    Демоните ги засилуваат во нас нашите страсти, имајќи ја за соработничка нашата небрежност и ги поттикнуваат (побудуваат), а светите Ангели, побудувајќи нѐ кон практикување на добродетелите, ги намалуваат страстите.

    преподобен Максим Исповедник


    Непријателот паднал од гордост. Гордоста е почеток на гревот; во неа се наоѓаат сите видови на злото: суета, славољубие, властољубие, студенило, жестокост, рамнодушност кон страдањата на ближниот; мечтателен ум, засилена вообразба, демонски израз на очите, демонски изглед на целата појава; затемнетост, тага, очајание, омраза; завист, навредливост, кај многумина пад во телесна похот; измачувачко внатрешно неспокојство, непослушание, страв од смртта или напротив - желба да се одземе животот и, на крај, што е често - потполно лудило. Ова се знаци на демонската духовност. Но, додека тие јасно не се пројават за многумина остануваат незабележливи.

    Старец Софрониј Сахаров






    Телото, бидејќи е составено од многу, притоа нееднакви делови, коишто и самите се составени од четири стихии, кога ќе се разболи, има потреба од разни лекарства, кои се составени од разни треви. А душата, напротив, бидејќи невештествена, проста и несложена, кога ќе се разболи едно лекарство ја лекува - Духот Свет, благодатта на Господ Исус Христос.
     
    На Таа Сум, Chica.Loca, sonuvana и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Машки
    Владика Јован Вранишкоски - Преку Црквата ја примаме верата

    Во 19. век, на територијата на Отоманското Царство, некој протестантски проповедник наишол на еден прост човек кој стоел пред црква. Проповедникот, сакајќи да го посрами простиот човек му пришол и го прашал:
    - Како веруваш?
    Простиот човек, покажувајќи кон црквата, одговорил:
    - Исто како што верува таа.
    Протестантот повторно прашал:
    - А како верува таа?
    Простиот мирно одговорил:
    - Исто како и јас.
    Протестантскиот проповедник си заминал натажен што не можел да ја покаже својата горделива ученост пред смирениот прост човек.
    Наравоучение: Верата и веронаучението го добиваме преку Црквата и во Црквата. Надвор од Црквата нема ни Вистина, ни вера, ни вероучение, ни благодат.
     
    На Таа Сум, sonuvana, Philippa и 4 други им се допаѓа ова.
  3. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    „Колку што Го слушаш Бог, толку Он ќе те слуша тебе.“

    Отец Арсениј Бока
     
    На kuc, Таа Сум, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Во исчекување на почетокот на Божиќниот пост, еве и да се потсетиме што рекле светите отци за постот.

    Бидејќи не постевме, затоа сме исфрлени од Рајот, затоа треба да постиме за да се вратиме во Рајот. (свети Василиј Велики)

    Впрочем, за полезен пост не е доволно само воздржување од јадење; туку да постиме со пост пријатен, угоден на Бога. Вистинскиот пост – е оддалечување од злото, воздржување на јазикот, совладување на гневот во себе, оддалечување од похотите, клеветење, лажење, погазување на клетви; воздржување од ова е вистински пост. При вакви услови постот е прекрасно дело. (свети Василиј Велики)

    Постот ги раѓа пророците, им дава крепост на силните, ги омудрува законодавците. Постот е добра стража за душата, надежен сопатник на телото, оружје за доблесните луѓе, училиште за подвижниците. Тој ги отстранува искушенијата, ги закрепнува подвижниците во благочестието; станува сожител на трезвеноста, раѓа целомудрие во душите; во војна извршува подвизи, во време на мир учи на безмолвие, го осветува монахот, го усовршува свештеникот. Постот ја изгаснал силата на огнот, им ја затворил устата на лавовите. Постот ја испраќа молитвата кон небото, видоизменувајќи се во крилја при искачувањето нагоре. Постот е духовно растење за семејството, мајка на здравјето, воспитувач на младите, украсител на старите, добар сопатник за оние кои патуваат, надежен сожител на сопружниците. (свети Василиј Велики)

    Постот ги заштитува децата, ги прави целомудрени младите, му дава чест на стариот: зашто белата коса, украсена со пост, е достојна за почит. Постот е најсоодветниот украс на жените, узда во цутот на младоста, чувар на бракот, воспитувач на децата. Такви услуги му прави постот на секој дом. А како го уредува тој нашиот живот во општеството? Веднаш целиот град и целиот народ го води кон добри дела, ги стишува критиките, го смирува раздорот, ги замолкнува укорите… Ако сите би го имале него за советник, во врска со своите дела, ништо тогаш не би го нарушило длабокиот мир кој ќе владее насекаде… Тогаш нашиот живот не би бил со многу плачење и полн со униние, ако постот биде главен раководител на нашиот живот. Бидејќи, како што е очигледно, тој би ги учел сите, не само да се воздржуваат од јадења, туку и на совршено оддалечување и отуѓување од среброљубие, алчност и од секој порок. (свети Василиј Велики)

    Постот е оружје за вооружување против демоните. (свети Василиј Велики)

    Постот е успокојување на нашите души, украс на старите, наставник на младите, учител на целомудрените; тој секоја возраст и пол го украсува како со некоја круна. (свети Јован Златоуст)

    Постот ја исушува желбата, а молитвата го очистува умот, подготвувајќи го за созерцување на вистината. (преподобен Максим Исповедник)

    Постот со расудување е широко поле за секое добро. А кој не се труди во постот, тој го расколебува секое добро. (преп. Исаак Сириски)

    Постот е победа над природата, отфрлање на сè, што го насладува вкусот, гаснење на телесното распалување, истребување на лукавите помисли, ослободување од нечистите соништа, чистота на молитвата, светило на душата, чувар на умот. (свети Јован Лествичник)

    Постот е заштита на секоја добродетел, почеток на подвигот, венец на воздржувањето, убавина нa девството и светоста, светлина на целомудрието, почеток на христијанскиот пат, мајка на молитвата, извор на целомудрие и разум, учител на безмолвие, претходник на сите добри дела. (преп. Исаак Сириски)

    Благодарение на постот се извршува сè што е прекрасно и добро. (свети Григориј Палама)

    Бидејќи невоздржанието се манифестира преку сите чувства, тогаш на сите им одредуваме воздржување. Ако ти постиш со храна, а очите те соблазнуваат кон прељуба во тајните на твојата душа, и кон љубопитство и кон клеветење; слухот, пак, прима престапи и блудни песни и лоши клеветнички дошепнувања; и другите чувства, наизменично ги повредуваш, тогаш каквa е ползата од постот? – Се разбира, никаква! (свети Григориј Палама)

    Вистински пост е оној, кој се распростира на сè, сè очистува и сè лечи. (свети Григориј Палама)

    Вистински блажен и трикратно блажен е оној кој го запазил воздржувањето; затоа што воздржувањето е навистина голема добродетел… Постои воздржување во јадењето – да владееш со себе и да не бараш храна, која ни се нуди во изобилие, или омилени јадења, да не јадеш надвор од одреденото време, да не се предаваш на духот на чревоугодие, да не се поттикнуваш кон алчност од убавината на храната и да не бараш те една, те друга храна. Постои воздржување во пиењето – да владееш со себе и да не одиш на гозби, да не се насладуваш од пријатниот мирис на вината, да не пиеш вино без потреба, да не бараш разни пијалоци, да не бараш задоволства – да пиеш вешто подготвени пијалоци, да не употребуваш без мерка не само вино, туку, ако е можно, и вода. Постои воздржување во желбите и во порочното сластољубие – да господариш со чувствата, да не попушташ пред случајно возбудените желби, да не обрнуваш внимание на помислите кои ти дошепнуваат сладострастие; да не се насладуваш со она, што во тебе понатаму ќе поттикне омраза, да не ја исполнуваш волјата на плотта, туку да ги зауздуваш страстите со стравот Божји. (преподобен Ефрем Сириски)
     
    На kuc, Таа Сум, LegallyBlonde13 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    И честа и бесчестието, и животот и смртта се едно и исто за оној што го бара Царството Небесно. Св. Сергиј и Бах
     
    На kuc, Таа Сум и baba Rada им се допаѓа ова.
  6. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Гледај напред – со надеж, назад – со благодарност, нагоре – со молитва, надолу – со покајание, навнатре – со внимание! А наоколу – со љубов!

    Игумен Тихон (Борисов)
     
    На kuc, Таа Сум, душленце и 5 други им се допаѓа ова.
  7. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Задобивањето на внатрешната молитва е неопходно. Без неа не можеме да влеземе во Царството Небесно. Внатрешната умна молитва не е доволна, зашто нејзе ја имаат и луѓето, во кои присуствуваат страстите. Некои велат: „Која е смислата да се молиме? Која е ползата?“ Голема! Зашто Господ, Кој му ја дава молитвата на оној кој се моли (1 Цар. 2, 9), ќе му даде на човекот молитва или пред самата смрт, па дури и после смртта… Само не треба да ја оставаме.

    Преподобен Варсануфиј Оптински
     
    На kuc, Таа Сум, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    Извор:Текстот е од Бигорски Манастир,текст со кој се сложувам до збор...прочитајте,вреди :)

    "Од Св. Николај до Дедо Мраз"

    Во многу земји од светот за символ на Нова Година традиционално е сметан токму Дедо Мраз. Секој народ си го нарекувал по свое. Финците Јолу Пуки, Хрватите Деда Мраз, Турците Ноел Баба, Французите Пер Ноел, а Грците, пак воопшто не го споменуваат, туку за личност која им носи подароци и секакви добра во Новата Година го сметаат Св. Василиј Велики.
    Иако се чини дека овој добар старец со бело снежна брада постоел отсекогаш, сепак тој станал символ на новогодишните празници пред само околу 200 години. Изгледот на Дедо Мраз се создавал постепено и секој народ во него внесувал по нешто свое, но негови задолжителни атрибути биле белите мустаќи и брада, ракавиците и торбата со подароци.
    Денес тешко е да се најде човек што не знае кој е Дедо Мраз. Ликот на моќниот и дарежлив старец со црвен капут во сфаќањето на современите луѓе нераскинливо е поврзан со Божикните подароци, елки, со празничната атмосфера и радост.
    Исто така, на многумина денес им е јасно дека зад тој лик од бајките има потполно реален прототип – Светиот Николај Мирликиски, епископот Ликиски и на градот Мир, којшто живеел во IV век. Особената почит кон Св. Николај во Германија започнала да се создава уште во VI век, во Рим во VIII, а потоа, во Средниот век, и во другите земји на Европа се востановил добриот обичај: на денот на Св. Николај да им се дарува на децата подароци, следејќи го неговиот пример. Култот на Св. Николај бил многу распространет во Холандија. Во тоа нема ништо чудно, бидејќи Холандија секогаш била приморска земја, а Св. Николај се смета за заштитник и покровител на морнарите. Вечерта спроти празникот посветен на Светиот, на децата им се раздавале подароци: дрвениот чевел го полнеле со овошје и слатки.
    Но еве незгода: по само нецели три недели веќе настапувало Рождеството Христово со својата исто толку голема традиција на подароци. Имено, Мудреците Му принеле на Христа злато, темјан и смирна на дар. Затоа со тек на време тие две традиции на подарување се споиле во едно и станале непроменливо својство на Божикниот празник. А, Св. Николај се претворил во добар волшебник, којшто им дарува на децата подароци и им ги исполнува нивните најскриени желби. За тоа како се случила оваа чудна трансформација на изгледот на овој познат христијански Светител, ќе се обидеме да раскажеме.
    Во времето на Реформацијата култот на Светиите во протестантските земји ослабел и речиси исчезнал. Само во Холандија сѐ уште се празнувал денот на Св. Николај или Sinterklaas, како што го нарекуваат таму. Тој обичај со традиционалните подароци за деца, холандските емигранти го донеле во Њу Амстердам – како што некогаш се нарекувал Њујорк. Токму овде холандскиот Sinterklaas станува Санта Клаус (Santa Claus). Ова американизирано име на Светијата со тек на време станало познато во цел свет. А тоа се случило вака:
    Во 1822 година, спроти празникот Рождество, професорот по источна и грчка литература при Колумбискиот Универзитет (подоцна и професор во Њујоршката семинарија), пасторот Клемент Кларк Мур им составил на своите шест деца бајка во стихови, во којашто главна улога играл Санта Клаус (никаде и никогаш претходно Св. Николај не бил прикажан како некоја личност од бајките). Во таа малечка поетска приказна Санта Клаус се појавува во ноќта пред Рождество и со огромна торба на плеќите се спушта по оџакот во домот за да раздаде подароци за дечињата. Тој бил прикажан во вид на некако весел и жизнорадосен стар вилењак, со издаден стомак и со пура. Децата на пасторот во тој херој веднаш го препознале својот љубимец – слугата и помошникот на Мур, дебелиот и весел Холанѓанец. Но во стиховите на нивниот татко, тој се појавил пред нив во капут со бела брада и црвен нос. Санта Клаус кај Мур патувал на санка со 8 елени, а за неговото приближување сведочело крцкањето на санката и мелодичниот звук на ѕвончињата, врзани на вратовите на елените.
    Клемент Мур немал намера да ја објави својата бајка. Задоволен од восхитот и радоста на семејството, тој го положил ракописот во своето биро и веќе не спомнал за него. Но, еден од другарите на Мур, без негово знаење ја испратил оваа приказна до весникот Sentinel, во малиот американски град Трој, држава Њујорк. Овој Божикен расказ на Мур бил испечатен во 1823 година, спроти Божик и успехот бил зачудувачки. Сите весници и магазини се натпреварувале да го отпечатат расказот, а наскоро се појавиле и одделни негови изданија. Така Клемент Мур, без да сака, станал класика на американската литература, а Санта Клаус влегол во секојдневниот живот на милиони американци.
    Првото, општо познато уметничко изображение на Санта Клаус, било создадено во 1862 година од страна на карикатуристот Томас Наст. Следните 24 години тој редовно го цртал него на кориците на популарниот магазин Harper’s Weekly. Сепак, Санта на Томас Наст покажал еден суштински недостаток: тој бил црно-бел. Црвениот капут на овој дебел старец од бајките му го подарил во 1885 година Луј Пранг. Тој ја пренел во Америка Викторијанската традиција на Божикни честитки во техника на литографија во боја. Така, Санта Клаус наместо крзното што му го нацртал Наст, добил јарко црвен капут. Најпосле во 1930 година американската компанија Кока Кола смислила итар рекламен трик, за нејзините производи да не се забораваат ни лете, ни зиме – уметникот од Чикаго Хедон Сантблом, го нацртал Санта Клаус во црвено белите бои на Кока Кола. Притоа одново, како и во случај со слугата на пасторот Мур, прототип за изгледот на Санта на Кока Кола бил еден потполно реален човек – другарот и сосед на уметникот Лу Прентис, со кого тој и заеднички го нацртал за денес сите познатиот старец во црвено-бел крзнен капут. Така се родил современиот изглед на Санта Клаус.
    За Божиќните празници денес во толерантните западни општества Христос воопшто не се ни споменува (наводно тоа може многу да ги повреди претставниците на другите вероисповеди, атеистите или сатанистите). Затоа, таму Рождеството не е празнување на раѓањето на Спасителот на светот, туку време на распродажби, подароци под елката и одмор од работа. На тој празник Санта Клаус е професионален аниматор кој ја забавува публиката, раздавајќи подароци и фотографирајќи се за спомен. Дедо Мраз, така популарен и кај нас, во малку што се разликува од својот западен колега. На Нова Година тој исто така оди по становите, претпријатијата и канцелариите, чита песни, пее, се фотографира, нуди пијалаци и припејд подароци.
    Каква е врската на овие весели дебелковци со црвен капут и брада од вата, со празникот на Рождество Христово? Никаква. Денес Дедо Мраз е само еден помошен реквизит на потрошувачкото општество чијашто задача е да ја стимулира продажбата. Психолозите одамна го забележале тој феномен: дури и оние што немаат врска со Христијанството, за време на Божикните празници покажуваат празнично настроение и спремност да им подаруваат подароци на најблиските. За Божикните распродажби, трговските гиганти и трговски мрежи на САД и Европа, го постигнуваат најголемиот дел од својата годишна заработка.
    Во сета таа празнична еуфорија има една тажна околност: во многубројните метаморфози на митскиот Санта, ликот на Светителот Николај Мирликиски постепено се замаглувал, бледнеел и најпосле скоро потполно исчезнал, така што да ги најдеме неговите црти во денешната личност на Кока Кола, е практично невозможно.
    И не треба ни да се обидуваме. Тие што сакаат да дознаат како вистински изгледал Свети Николај Мирликиски, не треба да ги гледаат обоените изобразби создадени од американските рекламни агенции. Многу полесно и поправилно е за тоа да се појде во било кој православен храм каде што иконата на св. Николај Чудотворец секогаш се наоѓа на почесното место, заедно со изобразбите на Христос и Богородица. Во благиот и сериозен лик на овој Светија нема ништо што барем малку би потсетувало на румениот и црвенонос Санта. Но, сепак, на православните икони изобразен е оној истиот вистински Св. Николај, вистинскиот Санта Клаус (кај нас преведено како Дедо Мраз) кого што западниот свет денес, речиси во потполност го заборавил.
     
    Последна измена: 25 декември 2016
    На LegallyBlonde13, душленце, Bulgarian и 2 други им се допаѓа ова.
  9. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Бог е Личност, а не духовен закон, и никаква причинско-последична врска не е над Него - митрополит струмички г. Наум
     
    На Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  10. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Не знаење од учење туку знаење од страдање - таква е православната духовност. Старица Гаврилија
     
    На Таа Сум, Rama, Philippa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Секој што Го љуби Бог во време на жалости и искушенија се покажува како трпелив и непоколеблив; и оној што упорно ги претрпува, станува духовно силен и послушен на Бог, а оној што застанал на патот на следење на волјата Божја, тој ја победил својата природна слабост. А, напротив, оној што не го сознава своето бессилие, тој е горд и не е склон да се потчинува на волјата Господова; кој не и се потчинува, а се надева само на своите сили, тој не добива сила и помош од Бога, а не укрепувајќи се во духот, не може да стане трпелив. А оној што нема да ги истрпи бедите и жалостите, тој нема вера, тој не Го љуби Бог.
    - Алексиј Сенакскиј
     
    На Таа Сум, Rama, softy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    За напредување во духовен живот најважно е устројството на душата. Зашто во сѐ се работи за едно: да се преобрази нашата внатрешна природа. Затоа е неопходно да се проверуваат душевните движења, за да се знае кои состојби се поволни за молитвата, а кои ѝ пречат. Кај човекот дејствуваат две спротивставени сили: животодавната сила на доброто и смртоносната сила на злото. Душата е нивно бојно поле. Овие две сили можат да се препознаат според некои свои одредени особини:
    Ако имаш во твојата душа добри мисли, ако твоето срце чувствува мир и радост, кога ти е лесно и удобно, тогаш во тебе е добриот Свет Дух, духот на доблести, на духовна слобода и на великодушност, на мир и радост (св. Јован Кронштатски). Добриот дух те прави скромен, мирен и добродушен. Он зборува со тебе за вистината, за чистотата, за смирението, за искреноста, за мирот и за сите добри дела и доблести. Ако сетоа тоа е во твоето срце, тогаш предвесникот на вистината е очигледно во тебе.
    Ако во согласност со појавата на мрачни мисли и зли движења во срцето и ти си стеснет, лесно запаѓаш во лутина, тогаш е извесно дека искушувачот е во тебе. Тогаш, во стеснетоста на срцето и во поматеноста, тебе тешко ти паѓа со срцето да Го повикаш Бог, зашто непријателот ја врзува душата. Злобниот дух е дух на сомнеж и неверие, на алчност и несигурност, на неволја и на немир. Злобниот дух те прави човек со тврдо срце, злобен и неразумен (св. Серафим Саровски). Тој ја помрачува совеста, го скаменува срцето и го исполнува со самодопадлива илузија. Тој ја разбива твојата внатрешна собраност преку бескорисни фантазии, те фрла во мноштво разјадувачки чувства, те ранува преку лакомоста и те врзува со страстите. Тој исполнува со дрскост, самооправдување и тврдоглавост. Тој те гони од една работа на друга, која изгледа добра, но не е во вистинско време и не е на вистинско место, ниту пак, се изведува во вистинска мера. Со тоа тој ја збунува душата. Тој дозволува да се вовлечат мали грешки, кои од почетокот изгледаат сосема наивни. Ако се падне во овие, тогаш тој заведува во други грешки, кои се сметаат за грев, но ги оправдува со тоа дека тие се случуваат само повремено и се дозволени во посебни околности. Кој падне и во овие, тој се предал на злото. Зашто ѓаволот нема сам од себе да престане да дејствува во истата насока (св. Теофан Затворник).
    Ако човекот се оддели од Бога, тој ја губи и од Бога подарената сила. Не може веќе да излезе на крај со своите душевни движења, со своето тело, со надворешните случувања и влијанија. Тој тогаш запаѓа во многуработливост и во својата лакомост, живее сосема во надворешноста и заборава на Бога.
    Според овие знаци се дознава кога во човекот живее Духот Божји, а кога во него е искушувачот.
     
    На Таа Сум, Chica.Loca, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    1. Зошто трчаме по сенки? Не, треба да се свртиме кон Светлината и сенките сами ќе исчезнат. Треба да Му дозволиме на Христа да ги исполни нашите души, и демоните сами ќе исчезнат.

    2. Мрзливецот не може да биде христијанин. За да се биде христијанин, потребно е многу труд, многу работа.

    3. Ако човек посака, може да се обожи и среде Омонија (плоштад во Атина каде старецот живеел и служел).

    4. Бог многу нѐ љуби. Тој постојано нѐ има во Неговите мисли и нѐ штити. Мора цврсто да веруваме во ова, и ништо во животот да не нѐ плаши.

    5. Бога мора да Го молиме да ни ги прости гревовите. И Он, кога Го молиме со болка и смирение, ќе ни ги прости гревовите и ќе ни ги исцели телесните болести.

    6. Големата тага и грижа не се од Бога, туку се ѓаволска стапица.

    7. На Бога Му се важни сите детали од нашите животи. Мора да сфатиме дека Он не ги презира нашите потреби. Не сме сами на овој свет.

    8. Душите треба да ги исполниме со Христовото присуство, со божествената љубов, радоста. Радоста Христова ќе нѐ излечи.

    9. Не треба да се грижиме дали му се допаѓаме на овој или на оној, туку дали Христа Го љубиме, и дали сите ближни ги љубиме. Само на овој начин нашите души ќе се исполнат со Исуса Христа.

    10. Најважното нешто во нашите животи е да Го љубиме Христа, и тогаш сите наши проблеми ќе се решат.

    http://pravoslavie.mk/od-izrekite-na-sv-starets-porfirij/
     
    На Таа Сум, sonuvana, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Ме прашувате по кој пат да стигнете до Бог. Одете по патот на смирението! Со смирено носење на тешкиот живот, со смирено носење на болките што ни ги праќа Господ; со смирена надеж дека Господ нема да ве остави, нашиот Помошник и многувозљубениот Отец Небесен, со смирена молитва за помош од горе, за одгонување на унинието и чувството на безнадежност со кое врагот на спасението се труди да не турне во очај, толку погубна за човекот; таа го лишува и оддалечува од милосрдието Божјо. (Преподобен Нектариј Оптински)
     
    На ЕденЧлен, Таа Сум, Petar80 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Еве еден многуу убав текст за бракот. Чисто од православна гледна точка како е објаснет...

    Брачниот живот како via dolorosa Според учењето на Црквата, има два пата за стекнување на смирението, т.е. на спасението.

    Има два начина за да се последува Христа: монаштвото и бракот. Христијанинот треба да одбере помеѓу овие две (сп. Мт 19,10-12), а третата опција – девство во светот, светоотечкото предание не ја препорачува како многу опасна. Монаштвото и брачниот живот претставуваат испитани експерименти, на кои ако сериозно им се пристапи, водат до Царството Небесно. И двата начина обезбедуваат поволна атмосфера за стекнување на смирението: монахот целосно се откажува од својата волја, предавајќи се на послушание кон својот старец, а брачникот е постојано во ситуација да го лимитира своето јас, во полза на другиот. Отец Александар Елчанинов прекрасно ја опишува човечката димензија на светата тајна брак, во која, како во оган, се претопува егоизмот: „Бракот е просветување, мистерија. Во него се случува потполно изменување на човекот, се раширува неговата личност, се добиваат нови очи, ново чувство за животот, преку него човекот се раѓа во светот во нова полнота. Но, индивидуализмот на нашето време во бракот создава особени тешкотии. Нивното преодолевање укажува дека двајцата вршат сознателни усилби за градење на бракот… Философијата на семејните кавги: честопати кавгите произлегуваат од прекорите на жената, што тешко се восприемаат од страна на мажот, макар тие прекори и да се правилни (самољубие). Треба да се разјасни од каде се тие прекори: често тие доаѓаат од желбата на жената да го види својот маж подобар, отколку што е тој навистина, од преголемото барање од него, т.е. од нејзиното идеализирање. Во таквите случаи, жената претставува совест на својот маж и така и треба да се восприемаат тие прекори.
    Мажот, особено во бракот, е наклонет да се опушти и да се успокои на емпириската даденост. Жената го оттрга од неа и од мажот очекува повеќе. Во таа смисла, постоењето на семејните судрувања, колку тоа и да е чудно, претставуваат доказ за остварениот (а не само на проектираниот) брак, и во тој нов човек, слеан од двајца, жената ја игра улогата на совест. Еве зошто меѓу блиските луѓе кавгите понекогаш се дури и полезни – во огнот на кавгата изгорува целото ѓубре на навреди, недоразбирања, понекогаш долго време натрупувано. И после взаемното објаснување и исповед настапува чувство на полна јаснотија и спокојство – сѐ е разјаснето, ништо не претставува бреме. Тогаш се разврзуваат возвишените способности на душата и, комуницирајќи взаемно, се достигнува потполна еднодушност и едномислие.“ Во истиот контекст, говорејќи за бракот како за крст, современиот руски теолог протоѓаконот Андреј Кураев на еден досетлив, но реален начин го уподобува него на космичка катастрофа. „Под тој термин во астрономијата се подразбира судар на два ѕвездени система. Замислете си, си било еднаш едно сонце по име Иван. Околу тоа сонце кружеле планети: тато, мама. По подалечните орбити – дедовци и баби. Понекогаш на гости прелетувале комети – чичковци и тетки… А во соседниот влез растело друго сонце по име Тања. Со сопствен планетарен систем. И во еден момент тие се сретнале… Секое од тие сонца се навикнало да биде центар на својот систем, околу кој сѐ се врти. Но, тука веќе тој треба да се премести. И наскоро таму и ново сонце ќе засветли, и толку – ти самиот си веќе само планетичка…
    Тешко е да се прими во својот живот друг човек. Тешко е да ги удвоиш сопствените нервни завршетоци, па болката и радоста на другиот да ги восприемаш како свои… Патот на бракот е тежок по самата своја суштина, зашто да создадеш семејство – тоа значи да пустиш друг човек во самата срцевина на својот живот, да живееш не само заради себе, да загубиш некаква автономија. Во таа смисла, секоја сериозна љубов, а уште повеќе бракот, се сродни на самоубиство: човекот престанува да живее за себе и во себе, и почнува да живее за другиот. Тоа е многу тешко и многу болно. И овде Црквата е чесна – затоа и таа говори, дека семејниот пат по себе е маченички. И при венчавањето врз главите на младите се полагаат токму маченички венци. Дека венците се маченички станува јасно од зборовите што се пеат во таквата пригода: ’Свети маченици, кои храбро страдавте и се овенчавте, молете се на Господа да се спасат душите наши‘.“ Имено така се восприема бракот во христијанството. Заедно со монаштвото, тој е еден од начините со кој ние можеме да го здобиеме спасението на душата. Во нашето општество, кое во го..
    Во нашето општество, кое во голема мера го има изгубено црковното сознание, постои аверзија кон монашкиот начин на живот. Тоа е така, затоа што номиналните христијани не можат да го разберат него, бидејќи тие расудуваат со категориите на секуларниот, дехристијанизиран ум. И не можат да ја видат радоста, со која се исполнети монасите, затоа што Бог за нив не претставува предмет на нивната љубов, што значи дека таа радост за нив е непозната. А нивното преферирање на брачниот живот се базира само врз вообичаената претстава за брачната среќа: телесната љубов, потомството и т.н. Но, оние што Го познале Бога вистински, што дозволиле да бидат допрени од Неговата љубов, за нив Он претставува врвното нешто за што жеднее нивната душа. И во таа смисла, за христијаните што живеат во подвиг, и двата начина се тешки, така што нема некоја особена разлика меѓу нив, туку секој го избира оној пат што му соодветствува. Кој од овие два пата е потежок? Еве што вели Кураев: „Јас знам монаси, кои тргнале по патот на монаштвото, затоа што почувствувале таков религиозен поттик, така што тие решиле да не се премислуваат повеќе; тие го зеле оној крст, кој им се чинел како најтежок… Во исто време знам и монаси, кои го избрале тој пат врз спротивни препоставки. На пр., еден мој сокласник во Богословијата. Кога тој предаде молба за постриг во монаштво, јас го прашав: ’Зошто реши така?‘ Тој одговори: ’Едноставно се знам себеси. Јас сум слаб човек. Нема да успеам истовремено да им служам и на семејството и на Црквата. А навистина сакам да ѝ служам на Црквата. Затоа за мене тоа претставува полесен пат. Јас го избирам, затоа што би сакал да успеам да го сторам најважното во животот‘. Има луѓе, за кои брачниот пат би им бил потежок, отколку монашкиот пат. А има луѓе со поинакво устројство на душата. Маченичката символика ја има и во чинот на венчавање, и во монашкиот живот… Семејниот живот не е само медениот месец. Би било голема измама да се мисли, дека чувството на првичната вљубеност ќе се зачува за цел живот. На негова смена треба да дојдат некакви поинакви, многу подлабоки односи, отколку романтичните чувства на првите денови.“ Но, од ова не треба да заклучиме дека брачниот живот е исполнет само со мачнини и болка. Споменатиот отец Александар во своите „Записи“ ќе напише: „Во бракот празничната радост на првиот ден треба да се продолжи на цел живот; секој ден треба да биде празник, секој ден мажот и жената треба да бидат нови и необични еден на друг.

    Единствениот пат за тоа е задлабочувањето на духовниот живот и на двајцата, работата над себеси.“ Значи, сѐ зависи од самите брачници; колку и да е среќен бракот, сепак, неминовни се оние ситуации кога секој од нив ќе мора да ја крши својата гордост, затоа што во брачната заедница нема место за егоцентризам. Но, тој брачен крст поради љубовта се носи со радост. За таквото сугубо значење на љубовта пее еден познат христијански поет: „Кога љубовта ќе ве повика, следете ја, иако нејзините патишта се тврди и стрмни… Бидејќи, како што љубовта ве крунисува, така и ќе ве распнува. Бидејќи, колку ви помага да растете, толку и ве потсекува… Како снопови од жито таа во себе ве собира. Таа ве толчи за да ве оголи. Таа ве сее за да ве ослободи од вашите лушпи. Таа ве меле додека не побелите. Таа ве меси додека не станете еластични, а потоа ве става на својот свет оган, за да станете свет леб на Божјата света гозба. Сево ова љубовта ќе би го направи за да ги дознаете тајните на своето срце и според тоа знаење да станете парче од срцето на самиот Живот.“
     
    На Таа Сум, Chica.Loca, sonuvana и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Колку само се лажат оние што бараат среќа надвор од себе - во туѓи земји и патувања, во богатство и слава, во големи владеења и насладувања, во задоволства и празни работи, на кои горчлив им е крајот! Да се изнесува градината на среќата надвор од нашето срце - тоа е исто како да градиш дом на место кое постојано го тресат земјотреси. Среќата се наоѓа во нас самите, и блажен е оној што го разбрал тоа. Среќа - тоа е чисто срце, зашто таквото срце станува престол Божји. Така вели Господ за тие што имаат чисто срце: ,,Ќе се вселам во нив и ќе им бидам Бог, и тие ќе бидат Мој народ".
    Што уште може да им недостасува? Ништо, навистина ништо! Зашто тие Го имаат во срцето свое најголемото богатство - Самиот Бог!

    (Св. Нектариј Егински)
     
    На Таа Сум, sonuvana, korisnichka и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Кажи нешто подобро од молчењето или сочувај го молкот.
    Свети Григориј Богослов

    Доказ за љубовта се делата. Каде што има љубов, таму се творат дела. Кога љубовта не е дејствителна, тогаш престанува да постои.
    Свети Григориј Богослов
     
    На Таа Сум, Philippa, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  18. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    Оној кој малку љуби, тој малку дава. Оној кој повеќе љуби, тој повеќе дава. А оној кој њуби премногу, што соодветно може да даде? Тој се дава себеси!
    Св. Отец Порфириј
     
    На Chica.Loca, Philippa, sonuvana и 4 други им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Некогаш не е вредно да се даваш себеси, секогаш треба да имаш мал резервен дел, за повторно ртење ако те уништи себедавањето!

    Од искуство:)
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Човекот е половина љубов, половина борба - со цел да ја зачува љубовта неповредена и недопрена од злото.
    - Старец Јустин Парву
     
    На Таа Сум, korisnichka, Chica.Loca и 4 други им се допаѓа ова.