1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    МИР И РАДОСТ – Старец Тадеј

    Мир и радост на секој од Господа, зашто мирот и радоста се најважните богатства на овој и оној свет. За ова сите ние копнееме. На земјината топка може да имаме сè што ќе посакаме, а да немаме мир и радост. А мирот доаѓа од изворот на мир, од Господа. Кога Господ им се обратил на своите ученици, кога тие ја затвориле вратата од страв од Јудејците, прво што им рекол било: Мир вам.
    Господ ќе ве награди со мир, ако се помирите и свртите кон Апсолутното Добро, а Апсолутното Добро е Господ Бог. Тој сака ние да имаме една божествена особина – смирението е таа божествена особина. Каде што смирението царува, без разлика дали во семејството, или во општеството, тоа од себе лачи мир и радост.
    Секое добро и зло доаѓа од мислата, бидејќи ние сме мисловен апарат. Влијаеме дури и на растителниот свет, бидејќи и растителниот свет има нервен систем. Сите очекуваат мир, утеха и љубов.
    Покајанието е промена на животот. Човекот потребно е да отиде кај свештеникот или неговиот ближен и да му каже што му го ремети мирот. Кога нашите ближни сочувствуваат во нашите страдања, ние добиваме утеха и сила.
    Ако ние се свртиме кон изворот на животот, Господ ќе ни даде сила да утврдиме во себе мисли полни со добрина, зашто добрите мисли, добрите желби, даваат мир и утеха насекаде. Мораме да се промениме.
    А нашите мисли влијаат не само нас, туку на сè што нè опкружува. Мораме да упатуваме добри мисли. Господ заповеда да ги љубиме своите непријатели, не поради нив, туку поради нас самите. Треба да простиме сè од срце. Кога ќе се прости сè од срце, сè е простено. Ние сме соучесници на мирот, тогаш мирот прави радост и утеха на сите околу нас. Сите ги чувствуваат нашите мисли мирни, тивки.
    Кога домаќинот на куќата е оптеретен со грижи за семејството, никој нема мир и спокој од неговите мисли, па дури ниту малите деца во развој. Затоа оние кои управуваат со куќата, треба да се предадат на Господа, да Му се молат, и да сфатат дека Господ е семоќен, дека нам Господ нè теши.
    Мораме сè да простиме од срце. Внатрешниот мир не може да се задржи,
    доколку нашата совест нешто изобличува. Мораме да ја смириме совеста. Треба на сите да им простиме од срце. Без тоа нема внатрешен мир.
    Господ ќе даде благодат. Тоа е божествена сила која дејствува насекаде, особено во душите кои Го бараат Господа, Изворот на живот. Мирот Божји насекаде се сее.
    Треба да сме мирни. Подобро е да трпиме наврда, отколку да нанесуваме навреда. Ако претрпиме навреда, Господ ќе ни даде сила и мир. Ако не претрпиме навреда, совеста нема да ни даде мир. Совеста е Божествениот суд.
    Ние можеме да правиме сè, но нема да имаме ниту мир ниту спокој. Карактерната особина е основа за премин кон вечноста. Ако ние сме мирни и тивки, одиме во редот на светите и ангелите. Нив Господ ги награди со бесплатна благодат, и во тие души нема особини од овој свет. Човек може постојано да го навредува, а тој не навредува. Човек може да го удира, а тој не се лути, бидејќи неговата душа е раководена од Светиот Дух.
    Божјата енергија насекаде делува, а особено во оние луѓе кои се свртиле кон Господ. Бог е мир, утеха и радост за сите. Затоа вам ви посакуваме мир и радост од Господа.
    Мир вам и радост од Бога!

    "Господ секого наградил со слободна воља.Ние често ја пречекоруваме нашата слободна воља и стануваме неумерени. Тие кои се умерени во исхраната живеат подолги и поздрави се. Исто така е и со духовното, едните користат мирни, тивки, благи и кротки мисли, а другите никако не се мирни, гледаат дека тоа не им служи на добро и повторно до тоа се држат. Нам не ни пречат другите, си пречиме ние сами на себе.
    Ние мислие дека злото е надвор, дека кружи околу нас, но ако ние не би имале зло во себе, тоа не би можело да се закачи за нас.
    Сета природа е таинствена, од билките па се до птиците и до човекот, бидејќи Бог е во се присутен.
    Бог е несфатлива Енергија и човекот ја носи во себе таа несфатлива Енергија. Бог е во центарот на секој живот, Он е во нашето срце, без оглед дали ние го почитуваме или не ! Тој не се одвојува од нас бидејќи е животодавец. Он е двигател на животот на секоја твар.
    Да не лутаме со мислите и да не гледаме што другите прават, туку да гледаме што ние самите правиме, дали тешиме или осдуваме, дали простуваме или љубиме. Подобро да не гледаме што другите прават за да не ги осудиме.
    Да се занимаваме со себе самите и со сопствената душа. Ако се држиме до добрите помисли и животот ќе ни биде добар.
    Какви ни се мислите , таков ни е и животот.
    Господ секогаш чека да се поправиме, сите да ги љубиме бидејќи сите ни се род во Господ, сите вери, сите нации, сите бои на кожа, баш сите човечки битија.“
    Старец Тадеј

     
    На friendy, korisnichka, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Сѐ православно е теантрополошкоцентрично (богочовекоцентрично), го има Богочовекот Христос како центар. Сѐ што не е православно – Протестантство, Папизам, Масонство, Јеховини сведоци, атеизам, сѐ што е надвор од Православието, има заеднички именител: центар е човекот. За нас, Христос е центарот. Оттука, лесно е да се стане еретик, јеховин сведок, масон или што било друго, но тешко е да се стане православен христијанин. За да станеш православен христијанин, мора да Го прифатиш Христос, а не самиот себе, како центар на светот.
    Старец Георгиј Капсанис
     
    На Philippa, Meckicja, Bulgarian и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    „Бог, секако, спасува и поедини страдалници, и цели народи, доколку тие самите ги насочат своите стапки на Неговиот пат и Му се обратат Нему за помош. “ с. Софрониј
     
    На Таа Сум, ♡BuBaLe♡, sonuvana и 4 други им се допаѓа ова.
  4. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Ако е потребно нешто да се направи за еден на друг да си угодите, тогаш треба да ја украсувате душата наместо да си го украсувате и уништувате телото. Никогаш она надворешното... нема да направи сопружниците да се сакаат така како што тоа ќе го направи целомудреноста, добрината, наклонетоста и подготвеноста да се умре еден за друг.
    -Свети Јован Златоуст.
     
    На Таа Сум, Philippa, Prijatelot и 6 други им се допаѓа ова.
  5. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Правилната молитва воведува во ред се.

    Молитвата е пат на душата кон Бог; таа има своја крајна дестинација – соединување со Него. Ако се избере погрешен пат, автомобилот, или кое и да е друго превозно средство, никогаш нема да стигне до дестинацијата за која е назначено. Ако нашата душа за време на молитвата зачекори на погрешен пат, таа никогаш нема да стигне до Бог и ќе личи на кајакар (морнар) кој не прави ништо друго, освен што весла, но кружи во исто место.

    Совршено е јасно дека човекот што не се научил на молитвата постојано и во сѐ ќе биде неисполнет (несреќен). Тој нема да има можност да го проживее животот како што треба. Дури и ако стане монах, тој повторно ќе биде на земјата и нема да биде небесен човек. Тој нема да може да биде сличен на ангелите, ако не знае како правилно да ја практикува молитвата – тоа средство за патување и навигација кон ангелскиот свет.

    Колку е голема нашата беда – и вие самите го чувствувате тоа – бидејќи не знаеме да се молиме. Огромна! Тоа е едно од најлошите од сите зла за нас. Невозможно е да го споредиме со ништо друго.

    Правилната молитва воведува во ред сѐ. Со неа се надминуваат сите тешкотии, проблеми, гревови – сѐ се средува. Таа е способна да прави чуда на нашиот пат – во подвигот и во животот (воопшто).

    Ако ние внатре во себе ги немаме богатството на Духот, радоста и мирот, ако во нас тие не се видливи, јасни, овие големи плодови, причината за тоа е отсуството на нашата сопствена желба за тие плодови, односно нашата неспособност да се молиме. Посакувате и немате, како што убаво кажал Јаков, а немате бидејќи не молите (Јаков 4, 2). Бедата е во тоа што ние не просиме, а ако не се молиме, тоа е лошо.

    Старец Емилијан.
    [​IMG]
     
    На Prijatelot, korisnichka, melnicanecot и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Во какво искушение и да си, не жали се од никого, освен од себе си, и вели: “Тоа со мене се случи поради моите гревови“.
     
    На LegallyBlonde13, Таа Сум, Philippa и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Помири се со себеси и ќе се смират со тебе и Небото и земјата.
    (Исак Сирин)
     
    На Таа Сум, Selest, friendy и 7 други им се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    Една најомилена поука ми е оваа на Св. Лука Кримски - Како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!!

    И така е!! Не обратно!!
     
    На Таа Сум, Selest, Philippa и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Машки
    Оваа поука не е од светиот Лука, туку од нашиот Најсладок Господ и Спасител и велик Архијереј Иисус Христос.
     
    На Selest, friendy, melnicanecot и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Божествената промисла зависи од животот на човекот, а не неговиот живот од Промислата. (Св. Теофан Затворник)
     
    На Таа Сум, sonuvana, LegallyBlonde13 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    "Можете да го пребарате целиот универзум трагајќи по некој кој повеќе ја заслужува вашата љубов и наклонетост отколку вие самите и таква личност нема да најдете никаде. Вие самите, никој друг повеќе од вас, ја заслужувате вашата љубов и наклонетост." - Гаутама Буда
     
    На EvAngelos, Aleksandar1212, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    И постот, и бдението, и молитвата, и милостината, и секое заради Христос добро дело, се средства за стекнување на Светиот Дух Божји. Се што не е направено заради Христос, макар и да е добро, нема да ни биде плата за идниот живот, па и во сегашниот не ни дава Божја благодат. (Свети Серафим Саровски)
     
    На Таа Сум, sonuvana, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Старец Ефрем Филотејски

    • Ѓаволот ја напаѓа секоја молитва, но особено е агресивен кон Исусовата. Со својот внатрешен глас, човекот може лесно да ги кажува сите други молитви. Меѓутоа, штом ќе ја започне Исусовата молитва, се собираат сите демони. Противењето на сатаната и војната што ја води тој, откриваат колку е добра, духовна и плодоносна оваа молитва. Ние не сме разбрале што сме стекнале и колкава е ползата од оваа молитва. Затоа немаме желба и трпение за молитвата. Значи, да се бориме. Да се трудиме во молитвата додека Бог не ни ја испрати Својата благодат, а таа, кога ќе дојде, ќе нè упати во сè.


    • Јазикот мора многу да се намачи за да се искупи за секое празнословие и за сите свои падови и мора да ја стекне навиката за молитва. Навиката не може да се створи без труд и работа. За да дојде благодатта, мора да се пројави и смирение. После тоа патот ќе биде отворен. Молитвата ќе се прилепи за нашето дишење, а умот ќе се разбуди и ќе ја следи. Со време, страстите стивнуваат, помислите се повлекуваат, а срцето станува мирно.
    http://www.preminportal.mk/arhiva/2...-molitva-no-osobeno-e-agresiven-kon-isusovata


    Моја духовна ќерко, се молам божествениот мир и радост да те следат низ животот. Амин.


    Го добив твоето писмо и ја видов твојата радост. Се молам, таа радост да ги означи првите плодови на непрестајната духовна жетва, на новиот живот целосно посветен на неспоредливата Божја љубов. Ги запозна плодовите на Духот. Ако толку многу се поткрепи стекнувајќи мал опит, колку многу ќе се поткрепиш кога ќе се најдеш во една духовна средина!

    Насекаде ќе наидуваме на искушенија, дури и во манастир или во пустина, ако таму се најдеме, сè до крајот на нашиот живот. Меѓутоа, ако ние сме далеку од светот, ќе бидеме слободни да се бориме на отворено поле. Таму ќе можеме духовно да зајакнеме, што ќе ни помогне во возвишените надежи кон наградата на горното призвание од Бога во Исуса Христа (Филип. 3, 14).


    „Овде немаме постојан град, туку го бараме оној, што ќе дојде“ (Евр. 13, 14), вечниот и славниот!

    Чедо мое, бори се со сета своја сила. Нека не ти се радува сатаната со тоа што ќе ги занемаруваш своите должности, но направи го гневен така што свесно и ревносно ќе ги извршуваш своите должности.


    „Се менува обликот на овој свет“ (1. Кор. 7,31), додека оној кој прави добри дела, ќе живее засекогаш!

    Сатаната нема да престане да те напаѓа со отровни стрели во вид на најразлични помисли. Смело стапи во борба за освојување на нераспадлив венец. Веднаш штом се појават лоши помисли, веднаш уништи ја фантазијата и веднаш изговори ја молитвата и ќе видиш дека, избавувањто ќе настапи во истиот момент!

    Не плаши се кога ќе ја видиш битката и не губи го моралот, но повикај го Семоќниот Бог и покажи големо смирение. Прекорувај се со најлошите можни имиња и убеди се себе си дека навистина си таква. Од тој момент на самосмирение, битката започнува со молитва.

    Биди внимателна, затоа што битката која ја водиме не е лесна. Ние треба да се бориме со началствата и властите, и од нас се бара претпазливост, внимателност и трезвеност за да можеме добро да се бориме. Доброто не е добро, ако тоа не е направено на соодветен начин.


    Јас се молам за тебе добро да ја водиш битката. Биди внимателна кога станува збор за луѓето околу тебе.


    Со многу молитви и благослови, твојот најништожен старец

    http://www.pppe.mk/2016/писмо-до-духовна-ќерка-старец-ефрем-ф/
     
    На Serafima, melnicanecot, korisnichka и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Душата што го познала Бог повеќе ништо не посакува во целост, ниту се приврзува кон нешто земно; дури и кога пред неа би ставиле царство, таа нема да го посака, зашто љубовта Божја и дава таква сладост и радост на душата што дури ни животот на еден цар не би можел да и понуди каква било наслада. (Св.Силуан Атонски)
     
    На Таа Сум, Serafima, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    Не треба да те очара ни богатство ни част, но увек корачај праведно. Једи свој хлеб поштеним трудом а не неправедним средствима. Живи поштено и скромно, и колико је год могуће пружај милостињу. Ако чиниш добра дела, имаћеш велику награду од Бога.

    Патријарх Павле
    Нека ти жена буде друг и натерај је да ти буде покорна снагом своје љубави.

    Свети Теофан Затворник

    Тек кад се научите сејати радост и лепоту око себе, бићете позвани на жетву среће. Онај ко граби себи, никада неће ухватити срећу.

    Свети владика Николај

    Ко не признаје кривицу и грех, не може да се каје. Бог је дао моћ навике, а од нас зависи каква ће, и која ће навика преовладати.

    Патријарх Павле

    Људи праве планове, али и Бог има своје планове.

    Свети Старац Пајсије
     
    На Philippa, La.loca, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    ,,Молитвата треба да ни биде првиот одговор, а не последната надеж.’’- Арх. Андреј Ткачев

    ,,Срами се кога грешиш, а не кога се каеш.’’- Св. Јован Златоуст

    ,,Ако сме вистински побожни, кога го читаме Писмото ќе го применуваме прочитаното за себе, а не за другите.’’- Св. Марко
     
    На Таа Сум, Philippa, korisnichka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Ова е патот на вистинската духовна мудрост. Со големо трезвеноумие и непоколеблива желба чекори по него со Исусовата молитва, со смирение и собраност, чувајќи ги неми усните и на сетилата и на умот, со воздржание во храната и пиењето, како и во сите похотливи нешта; чекори по него со ум извежбан во познание, и со Божја помош ќе те научи на нешта на кои не си се ни надевал; ќе ти даде такво знаење, такво просветлување и поучување какви што твојот ум не можел да прими додека сеуште си чекорел во темнината на страстите и мрачните дела, потопен во заборавот и смутот на хаосот.
    - Св. Исихиј Презвитер
     
    На Таа Сум, sonuvana, korisnichka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Вистинскиот христијанин е создаден од верата и љубовта кон Христос. Гревовите ни најмалку не не` спречуваат да бидеме христијани, тоа и Самиот Христос го кажува. Тој, заради своето големо човекољубие, рекол дека не дошол да ги повика праведните, туку грешните на покајание, бидејќи поголема е радоста на небото поради еден грешник кој се кае, отколку за останатите деведесет и девет праведни. Расудувајќи на овој начин, христијанинот би требало да се надева, да се радува и да не го прифаќа погубното очајание. Овде е потребен штитот на верата.
    - Св. Герман Алјаски
     
    На Таа Сум, Orthophill, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  19. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    „А ти, човеку, не злоупотребувај ја својата жена како да ти е робинка, зашто и таа, како и тебе, е создание Божјо. Бог исто толку се распнал заради неа, колку што се распнал и заради тебе.“ – Свети Козма Етолски

    Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/kratka-pouka-na-sv-kozma-etolski/ .
     
    На Orthophill, Rama и sonuvana им се допаѓа ова.
  20. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Од што живеат луѓето?

    Си живееше еден чевлар со својата жена и деца при еден селанец. Немаше ништо свое: ниту куќа, ни посед, а себеси и семејството го прехрануваше со она што ќе го заработеше. Лебот беше скап, а рацете евтини, и така – она што ќе го заработеше, тоа и го јадеа. Една вечер, чевларот Сима се враќаше дома од градот, и баш кога поминуваше покрај црквичката која се наоѓаше на кривината, здогледа како нешто белее зад црквичката. Никако не можеше да распознае што е тоа. Личеше на човек, но што е тогаш тоа што белееше? И што би тражел тука некој човек?

    Се приближи, и види – чудо. Виде човек, жив или мртов, но гол разголен, како неподвижно стои наслонет на ѕидот од црквичката. И чевларот го фати некаков страв, та сакаше да помине покрај него. Таман помина покрај црквичката, се заврти и виде: човекот се одвои од ѕидот, чекори и како да разгледува нешто. Тогаш Сима уште повеќе се исплаши и побрза. Но, кога веќе ја одмина црквичката, започна да го обзема срам пред самиот себе. Така, тој застана на патот и се запраша: „Што правиш, Сима? Човекот умира во неволја, а ти се плашиш и сакаш да го одминеш. Зар се збогати, брате, та се исплаши да не го ограби твоето богатство? Сима, Сима, не е добро ова што го правиш!“.

    И така, Сима се врати и му пријде на човекот. Приоѓајќи му, виде дека е млад и силен; на телото немаше траги од удари, само се гледаше дека е измрзнат и исплашен – седи, се приклонил и го гледа Сима. И заради оваа глетка Сима го засака човекот.

    – Што да ти велам, – рече Сима – туку, де облечи го ова!

    И чевларот го соблече кафтанот што го беше нагрнал, и му го даде на човекот, па му понуди да седне, и му навлече некакви чизми. Човекот стоеше и умилно го гледаше Сима, невелејќи му ништо.

    – Што не зборуваш? Не можеш тука да презимиш, треба да си меѓу луѓето. Еве ти го брате, моето слабо тело, па ако си слаб, наслони се. Раздрмај се малку. И се помрдна човекот, лесно тргна и не застана.

    Одат по пат, а Сима прашува:

    – А ти, брате, чиј си? – Не сум одовде.

    – Овдешните јас ги знам; туку, како дојде овде, при црквичкава?

    – Тоа не можам да ти го кажам. – Сигурно луѓето те навредиле?

    – Никој не ме увредил, брате, туку Бог ме казни.

    – Да, брате, сè е од Бога; но сепак, треба да се склониш некаде. Каде би сакал да одиш ти?

    – Мене ми е сеедно.

    Сима малку се зачуди. Човекот не личеше на безобразник, многу е благ на зборови, а ништо не сака да каже за себе. И си помисли Сима во себе: „А, зарем малку нешто се случува во светот?“ Па му рече на човекот:

    – Знаеш ли што, брате? Дојди ти кај мене – барем колку толку ќе заздравиш.

    Дома пак, Марта, жената на Сима му подготвила вечера, седеше и чекапе. Кога вратата се отвори, се појави Сима и некаков туѓ човек со него. Под кафтанот како да не му се гледа кошула, а на главата нема капа. Штом влезе, застана; ниту се движи, ниту очите ги крева.

    – Марта, дај ни да вечераме.

    – Нема вечера за вас. Не можам туку така да ранам секакви голи луѓе… Жената плачеше ли плачеше. Потоа, Сима ѝ рече:

    – Марта, Марта, утеши си го срцето, знаеш дека е грев и дека ќе умреме. Марта сакаше да почне да се расправа, но погледна на странецот, и замолче. Странецот стоеше неподвижен; како што седна крај клупата, таков и остана: рацете спуштени на колена, со навалена глава, очите не ги отвора, чиниш нешто го дави. Замолче Марта, по што Сима рече:

    – Марта, па зар Бога Го немаш?

    Кога ги чу овие зборови, Марта уште еднаш погледна кон странецот, и наеднаш ѝ олесна. Пријде кон печката и ја донесе вечерата, го постави сиот леб, и им даде нож и лажици.

    И додека тие двајца вечераа, Марта го гледаше странецот. Наеднаш ѝ стана жал за човекот, и некако го возљуби. И неговото лице одеднаш се разведри, погледна кон Марта, и насмевка му се разли на лицето.

    Странецот немаше каде да оди, па остана при Сима. Рече дека се вика Михаил. И Сима започна да го учи Михаила на чевларскиот занает. Што и да му покажеше, тој веднаш го учеше, и веќе од третиот ден започна да работи ко сиот живот да шиел чевли. Работеше така без одмор, а јадеше малку. Кога прекинуваше со работа, молчеше и само нагоре гледаше. Не излегуваше на џадето, не зборуваше без потреба, не се шегуваше, не се смееше. Само еднаш го видоа да се насмее: таа прва вечер, кога жената на Сима му даде да јаде.

    Ден по ден, недела по недела, помина една година. Михаил си живееше, како и порано, со Сима, и работи. И се прочу работникот Симов насекаде, и веќе сите знаеја дека никој не работи толку чисто, ни чевел некој може да сошие толку цврсо како работникот Михаил. И започнаа луѓе да доаѓаат кај Сима, обувки да нарачуваат. Еднаш, на зима, дојде кај Сима еден богат господин. По него, момокот носи една бовча која господинот ја разврза, и му рече:

    – Слушни море чевлару! Го гледаш ли калапов – сошиј ми вакви чизми, за цела година да можам да ги носам, а да не се искриват, ниту да се рашират. Ако такви чизми можеш да ми направиш, земи го калапов и крои, а ако не можеш, не земај го и не крои. Однапред да ти кажам, ако чизмите се расшијат или искриват пред и година да помине, знај дека во зандани ќе те фрлам; а ако не се искриват за една година, десет парички ќе ти дадам за шиењето.

    Се посрами Сима и не знае што да рече. Погледна кон Михаил, го буцна со лактот, и му прошепоти:

    – Да го земеме? Михаил мавна со главата, и како да рече:

    – Земи, земи ја работата.

    И го послуша Сима Михаила, и се нафати да сошие такви чизми кои нема да се искриват, ни распараат.

    Тогаш господинот со главата покажа кон Михаил, и запраша:

    – А кој ти е овој? – Па тој е мајсторот. Тој ќе ги сошие чизмите.

    – Внимавај, – му вели господинот на Михаила – и сошиј ги така, што цела година би ги носел.

    Се заврти и Сима да погледне кон Михаил, и виде дека Михаил не гледа во господинот, туку својот поглед го насочил кон аголот зад господинот, божем таму гледа некого. Гледа ли гледа Михаил, и одеднаш се насмевна, а лицето му засвети.

    – Што се цериш, лудаку низаеден – му рече господинот на Михаил. Поарно ти е да гледаш чизмите на време да се готови. На тоа, Михаил му одговори: – Ќе стигнат таман на време, ко што треба.

    Рано изутрината Михаил го зеде материјалот за господинот, го посла на масата, го удвои, зеде нож и започна да крои.

    Кога го скрои, зеде конец и започна да шие. Шиеше и шиеше, сè до пладне, кога застанаа малку да одморат. Кога погледна Сима да види што направил, што да види: од материјалот Михаил направил мртовечки чевли. Се зачуди, па го праша Михаил:

    – Што направи, мила моја главо? Сакаш да ме заколеш ти, друже? Господинот нарача чизми, а ти – што направи?

    И таман кога започне да му приговара на својот мајстор, некој чукна на портата. Му отворија. Кога – истиот момок кој дојде со господинот влезе, па им вели:

    – Ме испрати госпоѓата за нарачаните чизми. Не треба да ги шиете – господинот умре.

    – Што зборуваш бе? – се зачуди Сима. – Не се врати од кај вас, во колата умре… Тогаш Михаил ги зеде подготвените мртовечки чевли, ги забриша од престилката, и му ги даде на момокот.

    Од тогаш поминаа година-две, а Михаил сè уште при Сима живееше, исто ко и порано. Никаде не излегува, не зборува напразно, и за сето време, само два пати се насмевна: еднаш кога домаќинката ја постави вечерата, а друг пат кога господинот ги нарачуваше чизмите.

    Еден ден во нивната куќа дојде една продавачка со две девојчиња – близначиња, да нарача за нив пролетни обувки. Жената седна до масата, а девојчињата покрај неа, до коленото ѝ се приближија. Михаил ја остави работата, седна, и очи не тргаше од девојчињата. Навистина, девојчињата беа прекрасни, црнооки, полнички, румени; и бундичките и марамчињата на нив беа преубави; но сепак, Сима не можеше да разбере зошто Михаил се загледа во нив, токму како да ги познава.

    Се договорија со жената, Сима им зеде мерки, па праша за едното девојче, кое беше куцо:

    – Што се случило со неа? Така добро девојче. Зар не ѝ е тоа вродено?

    – Не, мајка ѝ ја притиснала.

    – Зар не си им ти мајка – се замеша и Марта во муабетот.

    – Јас не сум им родена мајка; децата не се мои, посвоени се.

    Жената си го отвори срцето и започна да раскажува: „Има шест години откако во една нецела недела останаа сирачиња. Во вторникот го погребавме татко им, а во петокот мајка им умре. Останаа посмртчиња од татко за три дни; а мајка им, штом ги роди, ни ден не поживеа. Бевме соседи, па ги зедов при себе. Жал ми беше: зошто ангелски души да умрат? Со своите гради ги хранев. И еве, сега живееме тука, во воденицата на трговецот. Како ќе живеев сама, ако не беа овие девојчиња со мене?“

    Со едната рака жената го прегрна куцото девојче, а со другата ги бришеше солзите од очи.

    – Е, не попусто вели народот: „Без татко и мајка ќе проживееш некако, но без Бога – никако“.

    Откако позбореа уште малку, стана жената да оди. Домаќинката ја испрати, и погледна кон Михаил, кога тој – со рацете на колена се смее.

    Му пријде Сима, и му вели:

    – Што е со тебе, Михаил? Стана Михаил од клупата, ја остави работата и престилката, се поклони пред стопаните, па рече:

    – Простете ми, стопани; мене Бог ми прости, простете и вие. И забележаа стопаните дека од него излегува светлост. Стана и Сима, се поклони пред него, и му рече:

    – Гледам јас, Михаиле, дека ти не си обичен човек; само едно кажи ми. Кога тогаш те најдов и те доведов дома, зошто беше намрштен, а кога жена ми ни даде да вечераме, ти ѝ се насмевна, и лицето ти стана посветло? Па, кога оној господин нарачуваше чизми, ти втор пат се насмевна, и од тогаш уште посветол стана, а сега, кога оваа жена ги донесе девојчињава, ти трет пат се насмевна, и сиот те озари светлоста? Кажи ми, Михаиле, од каде е таа светлост при тебе, и зошто три пати се насмеа?

    Михаил рече:

    – Таа светлост од мене, е поради тоа што јас бев казнет, но сега Бог ми прости. А се насмевнав три пати, затоа што ги дознав трите Божји слова. Првото слово го дознав кога твојата жена ми се сожали на мене, и тогаш се насмевнав; второто слово го познав кога оној богаташ ги нарачуваше чизмите, и тогаш втор пат се насмевнав; и сега, кога ги видов овие девојчиња, го дознав и последното – трето слово, и трет пат се насмевнав.

    На тоа, Сима му рече:

    – Кажи ми, Михаиле, зошто те казнил Бог, и кажи ми ги тие слова Божји, та и јас за нив да знам. Михаил му одговори:

    – Бог ме казни оти не Го послушав. Јас бев ангел на небесата. Ме испрати Господ да ја земам душата на една жена. Јас дојдов на земјата и видов како жената сама лежи, болна, само што родила близначиња: две девојчиња. Кога ме виде, жената сфати дека Бог ме испратил по нејзината душа, па заплака и рече: „Ангелу Божји, немој душата да ми ја земаш. Само што го погребавме маж ми, ќе нема девојчињата кој да ми ги гледа. Дај ми да поживеам, само толку, колку да можам да ги прехранам. Не може децата да останат без татко и мајка“. Но, Господ ми рече: „Оди и земи ѝ ја душата, и ќе ги дознаеш трите слова Божји: ќе познаеш што има во луѓето, што не им е дадено на луѓето да го знаат и од што живеат луѓето. Кога тоа ќе го дознаеш, врати се на небесата“. Полетав кон земјата повторно, и ѝ ја зедов душата на родилката. Се опушти мртвото тело на жената, и на едното девојче ѝ ја нагмечи ногичката. Како што се кренав над селото, носејќи ја нејзината душа при Бога, кога ме зафати силен ветар и крилјата ме напуштија, па душата сама поита при Бога, а јас паднав покрај патот, на земја.

    Дури сега Сима и Марта сфатија кого облекле и нахраниле, и кој живеел со нив, та заплакаа од страв и радост, а ангелот им рече:

    – Седнав покрај црквичката и наеднаш слушам: доаѓа некој човек по патот. Но, кога ме погледна, тој се намршти и помина покрај мене. Малку потоа, слушам пак: човекот се враќа. Погледнав – и не го познавам лицето од претходно. Кога поминуваш, во неговото лице се гледаше смртта, а сега постана жив, и на неговото лице јас Бога Го видов. Кога дојдов во неговиот дом, жена му беше уште пострашна: мртовечки дух ѝ излегуваше од устата. Но, наеднаш мажот ѝ ѝ Го спомна Бога, и жената се измени. Кога ни даде да јадеме, погледнав на неа – и во неа смртта ја немаше веќе, туку жива беше, и во неа Го видов Бога. И се сетив на првите зборови Божји: „Ќе дознаеш што има во луѓето“. И дознав дека во луѓето има Љубов. Се зарадував кога видов дека Бог започна да ми го открива тоа што ми го вети, и се насмевнав за прв пат. Оттогаш помина една година. И дојде човекот да ги нарача чизмите. Кога го погледнав, позади неговиот грб го видов мојот другар, ангел на смртта. Знаев дека уште пред сонце да зајде, ќе ја земе неговата душа. И тогаш помислив: „Се грижи човекот за себе една година однапред, а не знае дека ни до вечерва нема да живее“. И, тогаш го дознав второто слово Божјо, што ми го вети: дека на луѓето не им е дадено да знаат што е потребно за нивното тело, и по втор пат се насмевнав. А трет пат се насмевнав кога жената се разнежни кон туѓите деца, и заплака: во нејзините очи јас живиот Бог Го видов, и разбрав од што живеат луѓето. И сфатив дека Бог ми го откри и последното слово Свое, и ми простил.

    И се покажа телото на ангелот, облечено во светлина, та никој не можеше да гледа во него, а тој со велик глас проговори, глас кој доаѓаше не од него, ами од небесата. И рече:

    – Дознав дека секој човек живее не од својата грижа за себе, туку од Љубовта. Не ѝ беше дадено на мајката да дознае што е потребно за животот на нејзините деца. Не му беше дадено на богатиот да дознае што нему му е потребно. И на ниту еден човек не му е дадено да дознае дали до вечер му се потребни мртовечки, или други обувки. А кога постанав човек, жив останав не по своја заслуга, туку по Љубовта која ја имаше човекот кој поминуваше покрај мене. Сирачињата останаа живи не по волјата на нивната мајка, туку по Љубовта која тлееше во срцето на туѓата жена, која им се сожали и ги возљуби. И сите луѓе живеат не по своја заслуга, туку затоа што има Љубов во луѓето. Кој во Љубовта пребива, тој е во Бога, и Бог е во него, затоа што Бог е Љубов.

    И Му испеа ангелот пофална песна на Бога, а од неговиот глас сета соба се потресе. Се откорна таванот, и се појави огнен столб од земјата до небото. Сима и неговите домашни паднаа на земја, а на ангелот му се појавија крилја, и се вознесе на небесата.

    А кога погледна Сима околу себе, собата беше иста како и претходно, само што во неа немаше никого, освен неговото семејство.

    Извор: http://pravoslavie.mk.
     
    На Selest, Rama, melnicanecot и 1 друга личност им се допаѓа ова.