1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1500318641510.jpg
     
    На kuc, Таа Сум, korisnichka и 8 други им се допаѓа ова.
  2. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    • Во состојба на молитва, човек не ја знае ни својата возраст, ниту својата општествена или хиерархиска положба. Сите поединости од земниот живот ги надминува.

      Старец Софрониј Сахаров
     
    На Chokoholic25, kuc, Meckicja и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Кога земјата ќе те измачи со својот пекол, ти, набрзина појди во храмот, влези во него и гледај, си влегол во рајот.
    Свети Јустин Попович

    Устата може сѐ да бара, но Бог го исполнува само она, што ни е од полза.
    Свети Ефрем Сирин
     
    Последна измена: 26 јули 2017
    На Таа Сум, Meckicja, korisnichka и 11 други им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    Људи заборављају на своју бесмртност по души и живе као да су пролазни, као путници; заборављају каква је будућа бесмртност - да може бити или мучење или блаженство - па живе лењо и безаконо, водећи рачуна једино о овдашњем и пролазном животу.

    Свети Јован Кронштатски
    FB_IMG_1501311432857.jpg
     
    На korisnichka, Orthophill, Philippa и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Блажен е оној што овде се мачи, зашто колку повеќе страда во овој живот, толку поголема помош добива за во оној, бидејќи така добива простување за своите гревови. Крстот на искушенијата е повозвишен од талантите, од благодатните дарови со кои не дарува Бог. Блажен е оној што има не само еден крст, туку пет. Мачењето или маченичката смрт е чиста плата. Затоа во искушенијата треба да речеме ,,ти благодарам, Боже мој, затоа што тоа ми беше потребно за моето спасение.".
    - Паисиј Светогорец
     
    На kuc, Таа Сум, LegallyBlonde13 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Овој Пасиј да не бил од онаа гранка во Исламот каде што мазохисти се бодат со игли со цел да добијат некоја духовна сатисфакција?
    Најјасното и најнедвосмисленото библиско учење е учењето за спасението. Библијата учи дека ние се спасуваме преку вера во Исус и дека не треба ние да бидеме мачени за прошка на нашите гревови, туку дека Исус бил мачен и умрел за нашите гревови.

    „Бог ја покажа Својата љубов спрема нас, со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници.“ (Римјаните 5:8, Библијата)

    „Зашто по благодат сте спасени, преку вера и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не е од делата, за да не се фали некој.“ (Ефешаните 2:8,9, Библијата)

    Со мачење не се простуваат гревови. Библијата јасно кажува: „Платата за гревот е смрт.“ (Римјаните 6:23, Библијата). Дури и животните во Стариот завет морале да бидат убиени за покривање на гревовите. Дури и Исус мораше да биде убиен (а не само мачен) на крстот за прошка на човечките гревови.
    Доколку човекот можеше да добие прошка за своите гревови доколку биде мачен, тогаш Бог ќе го поштедеше Исус од крстот, ќе го поштедеше особено после Исусовата молитва во Гетсеманската градина вечерта пред да биде распнат: „Татко, ако е можно, нека ме одмине оваа чаша“ (ев. Матеј 26, Библијата)
    Ова е единствената неисполнета молитва на Исус.
    Дали Таткото ќе дозволел Исус да помине низ тоа физичко, душевно и емоционално страдање доколку постоел барем еден алтернативен начин за спасување на човештвото? Се разбира дека не. Немало, нема и ќе нема друго решение за човековиот грев зашто платата за гревот е смрт и никој не можел и нема да може да ја плати таа казна. Единствено Исус немал Свои гревови и по Божјата воља бил определен за тоа.
     
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Машки
    Се чудам како протестантите го читаат Светото Писмо, ама не знаат да го прочитаат посланието на светиот апостол Јаков брат Господов... Навистина знам дека им е поместено кон крајот на Новиот Завет, ама се` уште не знам дека го прогласиле за дефтероканонско. Во самото тоа послание светиот Јаков братот Господов, првиот епископ Иерусалимски пишува:

    Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси? Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат, па некој од вас им рече: „Одете си со мир, грејте се и наситете се!”, а не им даде што им е потребно за телото – каква полза? И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва. Но, може некој да рече: „ти имаш вера, а јас имам дела.” Покажи ми ја верата своја без дела, а јас ќе ти ја покажам верата своја од моите дела. Ти веруваш дека Бог е еден; добро правиш; но и бесовите веруваат, а треперат. Не сакаш ли да разбереш, о суетни човеку, дека верата без дела е мртва? Нели со дела се оправда Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи синот свој Исака? Гледаш ли дека верата им помогна на делата негови, и дека преку делата верата стана совршена? И се изврши Писмото, кое вели: „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се прими како оправдание”, и тој се нарече – пријател Божји. Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера? А така не се оправда ли со дела и блудницата Раав, откако ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат. Оти, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.
     
    На kuc, Petra777, Selest и 3 други им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    @Rama се сложувам со тебе, ама види овој Паисиј погоре не се сложува со нас. Тој верува дека Исус не платил за сите наши гревови, туку само за дел од нив, а за другиот дел ние ќе мора самите да си платиме со наше лично мачење и страдање, за на тој начин да добиеме простување на своите гревови.
    Колку е тажно некој да се нарекува христијанин, а да не ја разбира суштината на евангелието - главната порака на целата Библија.
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.948
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Старец Паисиј Светогорец е многу почитуван во православието од поново време.
    Има доста негови поуки,кои помагаат на човек кој настранил од вистинскиот пат.
    И не гледам никаде јас дека тој не се сложува со нас и не ја разбрал главната порака на целата Библија.
    И тој го кажува тоа дека Исус го зеде цел гревовен товар од народите врз себе.
    Но тоа не значи дека тоа е се,готово ние сме искупени и безгрешни.
    Јас го сфаќам старецот вака:Неизбежно е да страдаме и поминуваме низ искушенија,вечната борба меѓу злото и доброто сеуште трае за жал.
    Но на крајот секогаш доброто победува.
    Наше е да го прифатиме секое искушение и да се справиме со истото.
     
    На kuc, Petra777 и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Се чини дека не разбираме една работа: не е добро кога им враќаме со љубов на оние што не љубат, а ги мразиме оние кои не мразат. Не сме на вистинскиот пат ако го правиме ова. Ние сме синови на светлината и љубовта, синови на Бог, негови деца. Како такви мора да ги поседуваме Неговите карактеристики и особености на љубов, мир и добрина кон сите.
    - Старец Тадеј Витовнички
     
    На Petra777, Таа Сум, JasminaB29 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    "Да се оди по Христос – тоа значи да се исполнуваат Неговите зборови. Ние мораме со вера да го прифатиме и исполниме сето она што Исус го рекол во Евангелието и преку Своите апостоли, и тоа треба да го правиме без мудрувања, со едноставно срце. Оној што ги слуша Христовите зборови и ги исполнува може да се нарече Негов следбеник; но Негов вистински и љубен ученик е само оној што со целосна предаденост и со смирено срце ги слуша Неговите зборови и ја извршува Неговата волја." - Свети Инокентиј Московски
     
    На kuc, Acka22, Petra777 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1504472213237.jpg
     
    На kuc, veteruska, Acka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Со што се храни злото?
    [​IMG]

    Откако ќе се случи некаква трагедија, луѓето одново прашуваат: „А каде беше вашиот Бог? Зошто Тој ништо не направи? Зошто Тој дозволи ова да се случи? Зошто, ако има Бог, злото толку лесно и слободно се случува во светот?“ А ние одново ќе одговориме нудејќи го Христовиот одговор: „Во исто време дојдоа некои и Го известија за Галилејците, чија крв Пилат ја измеша со нивните жртви. Тој одговори и им рече: ‘Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така’.“(Лука 13, 1-5).

    Одговорот е едноставен, но едноставноста е само привидна. Токму таа едноставност нѐ придвижува кон можеби непријатното и непожелно за нас дело – да ги бараме корените на злото во себе, а не во надворешните околности.

    Но, ќе прашате, во метрото загина случајна жртва, загина од раката на престапникот? И тоа е точно. Престапниците треба да бидат казнети, а претседателот на вести ветил дека ќе ги казни. Но разговорот за тоа што се случило, не е само разговор за кривичното дело, туку за злото од кое страдаат оние кои за ништо не се виновни. А главното прашање е: каде е Бог во овој контекст?

    Ние, христијаните, веруваме дека Бог не е автор или режисер на злото, Бог не посакува ничија смрт и не сака никого да мачи или прекорува, но Бог го дозволува злото во постоењето и дејствувањето на оние со кои нема однос, за жртвата да има причина да се обрати на Бога. Невините луѓе кои загинале не се изгубени за Бога. Смртта не нè одделува од Бога. Затоа, смртта не е оружје против доброто, туку против оној кој доброто го твори. А таквото сознание е најдобра утеха за христијаните.

    Ако постои зло помеѓу луѓето, тоа значи само едно, [а тоа е] дека за злото има простор. Значи, злото има каде да се развива, има на чија сметка да се храни. Но ваквото рассудување, сè уште не е повик за уништување на престапниците. За ваквото рассудување е потребен морален подвиг.

    За делумно да проникнеме во суштината на прашањето, не е потребно многу да се зборува и објаснува. Доволно е да се осврнеме кон едноставните цифри од еден терористички напад во метрото во Москва. Нападот однесе четириесетина луѓе, а во истиот ден бројот на извршени абортуси, ми се чини, беше над стотина, а можеби и над неколку стотини. Луѓето во метрото беа убиени од терористи, а неродените деца беа убиени од сопствените мајки и доктори, добивајќи дозвола од државата, која беше толку огорчена поради невините жртви.

    Терористите напаѓаат еднаш во неколку години, а децата биваат убивани секој ден. Ги убиваат и пуштаат во канализација. Но тоа не се прикажува на телевизија, за тоа не се буни претседателот, за тие жртви не се подигаат споменици на плоштад. Затоа ваквото зло како и да не постои.

    Значи прашањето е: кој е вистинскиот терорист? Тешко е да се процени на прв поглед. Но заклучоците и предвидувањата можат едноставно да се направат: нашата совест ќе се буди од експлозии сè додека самата не научи да бдее. А нам ни останува да одлучиме кога ќе се случи тоа.

    Извор: Православие
     
    На Таа Сум, JasminaB29, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    ,,Кога стравот Божји ќе продре во срцето, сите наши гревови стануваат видливи. Кога во твојата душа ќе се роди вистинско покајание на срцето, кога ќе те опфатат вистинското смирение и внатрешна потресеност на духот, нема да биде потребно да користиш многу зборови. Во внатрешна собраност , обрнат со целото внимание на својата тешка состојба, ти ќе вапиш пред Господ : Господи Исусе Христе, помилуј ме ...“ - Свети Тихон Вороњешки
     
    На Chica.Loca, Petra777, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Спасителот Христос Го следиме ако Го љубиме и ги исполнуваме Неговите заповеди. Ова и самиот Спасител ни го кажува: „Ако Мене Ме сакате, ќе ги исполнувате Моите заповеди“ (Јован 14, 15). И повторно: „А кој Мене Ме љуби, ќе ги исполнува Моите зборови“. А евангелистот вели: „И по тоа ќе знаеме дека сме Го познале, ако ги исполнуваме Неговите заповеди. Кој вели: Го познавам, а не ги исполнува Неговите заповеди, лажго е и во него нема вистина. А кој ги исполнува, во него љубовта кон Бога достигнала совршенство. По тоа знаеме дека сме во Него. Кој вели дека стои во Него, должен е и самиот да живее онака како што Тој живееше“ (1 Јован 2, 3-6).

    Од ова гледаме дека Христос Го следиме поистиветувајќи ја својата волја со Божјата. Што и да правиме, во нас да делува Неговата волја, како ние повеќе да не живееме, туку Христос да живее во нас: „Така, не живеам повеќе јас, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2, 20); „Никој од нас не живее самиот за себе и никој од нас не умира за себе. Зашто ако живееме, во Господ живееме, ако пак умираме, во Господ умираме. Спред тоа, живееме ли, умираме ли – Господови сме“ (Рим. 14, 7-8 ). Ова следење е вистинското, и само тоа нѐ чува слободни. Тоа им доликува на словесните и етички слободни созданија. Значи, потребно е нашиот дух да Го следи Господовиот, нашето срце да Му се предаде, а нашата волја да се поистовети со Господовата. Така ние стануваме Негови следбеници и чекориме без сопнувања на патот кон Вистината, останувајќи етички слободни. Само на овој начин се одрекуваме од себе. Затоа што нема поголемо самоодрекување од потчинувањето на волјата на плотта на волјата на духот, бидејќи тоа е вистинско распнување на телото, кое е слабо и на најмалото раздвижување на првата волја. При самодрекувањето плотаа трпи маки. Вакво следење бара од нас Спасителот, и преку вакво самоодрекување ние стануваме слободни. Секое друго следење е измама. Се лажат оние што мислат дека се христијани, односно Христови следбеници, затоа што го носат Неговото име, ги слушаат Неговите заповеди, ги знаат напамет, а никако да се сообразат со Божјата волја, да се одречат од гревот, и не ни размислуваат за тоа да се украсат со христијанските добродетели; тие се заробеници на страстите и желбите, и бидејќи се под ропство на гревот, го валкаат својот живот со неговата нечистотија. Во нивниот живот, во нивните дела и постигнувања, на нивните усни и во нивните срца, во умот и желбите намаат ништо христијанско. Сѐ им е безбожно, туѓо на христијанскиот дух. Св. Јован Златоуст нѐ поучува: „Не му се од полза правилните учења, ако не внимава на својот живот“. А апостолот вели: „Кај Бога не се праведни оние што го слушаат законот, туку оние што ќе го исполнат“. Исто така, и Божјиот брат Јаков вели: „Бидете исполнители на зборовите, а не само слушатели, кои себеси се лажат. Затоа што ако само слуша а не исполнува, тој е како човек кој го гледа лицето на своето тело во огледало, бидејќи ќе се види, и ќе замине, заборавајќи каков бил. А кој ќе проникне во совршениот закон на слободата и во него ќе остане, и нема да биде слушател, туку исполнител, тој ќе биде блажен во своето дело. А кој мисли дека е побожен, а не го зауздува својот јазик, туку го лаже своето срце, неговата побожност не вреди ништо. Ова е чиста и непорочна побожност пред Бог Отецот: помагање на сиримашните и вдовиците во нивите неволји и останување чист од светот“ (Јаков 1, 22-27).

    Според тоа, знаењето, односно познавањето на Законот и неговото исполнување, тоа е следење на Христос, тоа е христијанство, тоа е законот на слободата. Знаењето без добродетелен и христијански живот не вреди ништо.

    Свети Нектариј Егински Од Преданието на светите Отци
     
    На Petra777, Таа Сум, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    МНОГУ ЛУЃЕ ГО ДОЖИВУВААТ ПЕКОЛОТ УШТЕ ВО ОВОЈ ЖИВОТ, ЗАТОА ШТО СРЦАТА ИМ СЕ ПРЕПОЛНИ СО СТРАСТИ.
    СТАРЕЦ ПАЈСИЈ СВЕТОГОРЕЦ
     
    На Таа Сум, Chica.Loca, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Неопходно е мажот и жената, ако сакаат да се венчаат, да најдат добар духовник на кого и обајцата ќе ја потчинат својата волја. Духовниот отец ќе одигра улога на арбитер и со тоа ќе ги спречи кавгите во семејството. Кога ќе дојде до недоразбирање, тие ќе разговараат со својот духовник кој ќе им покаже каква е Божјата волја. Доколку не биде така, бракот ќе се распадне, зашто ќе се замешаат и нејзините родители, кои ќе се обидат да ја наметнат својата волја. Но ако се согласат да имаат заеднички духовен отец кој ќе ги раководи, лесно ќе избегнат секакво несогласување во семејството.

    - Пајсиј Светогорец; затоа неќна те прашав за како ја одржувате верата во бракот, а ти ме исплука како последен грешник. Место да ме разбереше или простиш ама ете јас ти простувам, прости ми и ти.
     
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    До толку интимни работи не споделувам. :)
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Послушај ги заповедите Божји, за Бог да ги послуша твоите молитви. - Св. Јован Златоуст
     
    На melnicanecot, Таа Сум, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    ,,Поправи се себеси и ќе станеш животен пример. Многу повеќе се кажува со животот отколку со зборовите.’’- Отец Тадеј
     
    На Orthophill, Таа Сум, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.