1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Бог е љубов и тие кои се нарекуваат Негови ученици ќе се познаат по Љубовта која ја имаат помеѓу себе.

    Православниот верник треба да биде радосен, да го сака Бог и сите луѓе, а не да биде страдалник кој воздивнува од мака и го мрази целиот свет.

    Единствена животна вредност е семејството. Кога ќе пропадне семејството ќе пропадне се, и свештенството и монаштвото, ќе пропадне светот.

    Бескрајни се маките и тешкотиите на светот. Едно сеопшто распаѓање на цели семејства.Повеќето од домовите се полни со несреќа, неизвесност и напнатост. Само во семејствата во кои се живее по Бога, луѓето живеат добро.

    Кој го нема Бога во себе, тој се труди, по некој пеколен нагон да го изкорени Бога од душата на оној кој го има Бога. Грижете се да го имате Бога за пријател и не плашете се од ништо.

    Се додека во луѓето душата е жива и јака, дотогаш ништо не е изгубено и ништо не е мртво што е со прашина посипано.

    Без Бога може да се има и наука и култура и пари, но мир душевен никогаш не може да се има без Бога. Држете се кон добрината. Злобата повеќе чини отколку добрината. Поштено однесувајте се, па надевајте се на добро и живејте во мир. Кога душата ќе го види Господ, колку е кроток и смирен, тогаш и самата се смирува до крај, и ништо така не сака колку спасението Христово. Колку душата и да живее на земјата, таа секогаш ќе го сака и ќе го бара недостижното смирение, кое не може да го заборави. Како што печката не може да биде топла без оган, така ни човекот кој го нема во себе Бога, не може да има во себе Љубов спрема ближните. Сакај го Единиот Бог, и ќе ги засакаш сите деца Божји! Учи се со трпение да ги поднесуваш туѓите недостатоци и слабости, било какви и да бидат, со тоа што и во самиот тебе има многу недостатоци кои другите морат да ги поднесуваат.

    Не прави му никому зло и на никој не мисли му зло во срцето свое. Тој што не прави ништо лошо, тој нема од што да се плаши. Злобата самата на себе си наштетува.

    Смирението е залог во срцето, свето својство, Божествена навика, која на неприметен начин се раѓа во срцето, од исполнување на Евангелските заповеди. Да се научиме на Христовото смирение, бидејки тоа е големо богатство, со кое лесно и радосно се живее и се станува мило во срцето. Господ со Духот Свети се јавува само на смирените. Ако не се смириме, нема да го видеме Бога. Да се сакаат ближните и да им правиме добро, неопходно е, не само поради Божјите заповеди, туку и поради тоа што во таа Љубов кога помагаме на ближните во добро се содржи и зависи и нашата сопствена среќа и добро. Сакај го Бога повеќе од се и од секој. После Бога сакај го ближниот свој. Наградата што за тоа ќе ја добиеш на земјата, ќе биде залог на вечното блаженство на небото.

    Верата е смирение, да се верува значи да се пребива во смирение и благост. Каде нема смирение, таму нема ни христијански добродетели. Каде што има вистинско смирение, таму е Христос. Каде што нема смирение, таму се страстите, гревовите и ѓаволот.

    О,човеку, сроднику на земјата и пепелта и недостојно создание. Денес си богат, утре си сиромав, денес си здрав, утре болен, денес си весел, утре тажен, денес во слава, утре во понижение, денес млад, утре стар, денес на престолот, утре во гробот. Не гордеј се, туку заузди ја гордоста своја.

    Слегувам длабоко во срцето свое да видам кој во него престојува, освен мене и Тебе, Вечни Боже. И со страв наоѓам многубројни странци како се борат околу поделбата на срцето мое. Најдов во моето срце колку човечки, толку и нечовечки души. Како што е Бог Дух, така и сета вистина мора да биде духовна, бидејки Бог и вистината се едно исто. Бог е вечна и неприкосновена вистина. Господ ја победи смртта и ни даде вечен живот. Ни даде сила, храброст и мудрост. Она што на луѓето им изгледа како понижување, во очите Господови, често претставува слава и лугето добиваат венец од него. Секоја мака која ја поднесуваме поради Бога, колку и да е мала, поголема е од секое добро дело, кое бива без мака!

    Од Светите Отци

    Старец Пајсиј Светогорец

    Свети Силуан Атонски

    Свети Николај Велимировиќ
     
    На P.S.love, SeaMermaid, blonde_supergirl и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    „Човековото срце е длабоко; како да се дознае што се случува во него, а уште повеќе, што во него треба да се случува во одредени ситуации? Секој има свој карактер, свое расположение, свои страсти, тежнеења, навики. Секој, значи, треба да има свој развој на внатрешното самопоправање; еден за сите невозможно е да се утврди. Самопоправањето не доаѓа од ладните заклучоци, туку од живото и ревносно делување кое се одвива длабоко во срцето. Христијанството е тајна не само во својата основа, туку и во дополнувањата. Постапката на неговото образование во срцето е слична на патот низ скриен и долг подземен тунел. Оној што ќе реши да стапне на тој пат ќе рече: еве го патот – и тој веќе врви по него. „Значи, кој може да се спаси“, ќе рече некој, откако ќе ги воочи тешкотиите на самопоправањето? – Ќе одговориме со зборовите на Спасителот: „за луѓето ова е невозможно, но за Бог сѐ е возможно“. Оној што решил да живее христијански живот преку Светите Тајни добива благодат од Светиот Дух Кој просветлува, укрепува и теши. Живеејќи со него, таа го води за време на опасното туѓинување на земјата, на најпремудар начин. И кој може да се надева дека сам ќе го поправи своето срце? – Зарем во ова свето дело некој може да очекува успех од помошта на човек и неговите постапки? Чујте што вели Господ: „Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши сквернавења, и од сите ваши идоли ќе ве исчистам. Ќе ви дадам ново срце, нов дух ќе ви дадам. Ќе Го внесам во вас Мојот Дух и ќе направам да одите по Моите заповеди и да ги пазите и да ги исполнувате Моите повелби (Езек. 36, 25-27). Сѐ е од Господ. Нему да Му се предадеме, на Неговото благодатно дејство, за од нас Тој да направи, како уметник и создател – добри и чесни садови – многу добри созданија. Од своја страна, ние можеме само да Му ја покажеме искрената желба за самопоправање и вистинската подготвеност да се покориме на Неговите барања. Што се случува со оној што ќе биде посетен од Господовата благодат, како таа го води по патот на очистувањето и состојбата на чистота и непорочност, – тоа Спасителот го покажа во параболата со блудниот син.“
    -Свети Теофан Затворник
     
    На blonde_supergirl, Таа Сум и Rama им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Дали им ги простуваме согрешенијата на нашите браќа? Бог, исто така, простува во Својата милост. Дали одбиваме да проститме? Бог исто така ќе одбие да ни прости. Како што се однесуваме кон нашите ближни така и Бог ќе се однесува кон нас. Значи, простувањето или непростувањето на твоите гревови, и оттука твоето спасение или загинување, зависат само од тебе, човеку. Зашто без прошка на гревовите, нема спасение.
    - Св. Тихон Задонски

    Блажен е оној човек што Го има Бог за помошник и кој својата надеж ја полага само во Него. И ѓаволот да му нанесува зло, и сите луѓе да го прогонуваат и да коват завера против него, и сите противници да се борат против него - тој никогаш и од никого не се плаши, зашто Го има Бог за помошник. Тој секогаш останува победник, секогаш прославен, секогаш богат, секогаш ведар и радосен, дури и кога ќе го снајде крајна беда и многу непријателски и болни околности на сегашниов живот. Зашто се додека се надева на семоќниот Бог, тој не очајува, на се обеспокојува, туку очекува помош од Горе. Значи, блажен е таквиот човек и достоен да биде среќен, исто како што пророкот- цар Давид, го смета таквиот човек за среќен, велејќи: „Блажен е оној чиј помошник му е Бог на Јаков, чија надеж е во Господ неговиот Бог.“ Такви биле сите пророци, апостолите, мачениците, светите подвижници и сите светии од почетокот на времето.
    - Св. Никифор Хиоски
     
    На P.S.love, sonuvana, LegallyBlonde13 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Поитај да ги усреќиш своите ближни, тоа е патот кон сопствената среќа.

    Свети Александра Фјодоровна Романова
    *******************************************
    Кога некого многу го сакаме тогаш и го разбираме.
    Старец Тадеј
     
    На Presque vu, P.S.love, Bitter-Sweet и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Ниту едно човечко битие не може да го земе Бог за Отец ако не ја земе Црквата за своја мајка.
    - Св. Кипријан Картагински
     
    На Таа Сум, Rama, LegallyBlonde13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    Те чекам надвор! (Господ му зборува на човекот)

    Гледам, одиш во црква. Не ме интересира што ќе правиш таму, иако мислам дека ќе се молиш. Не се грижам ниту малку за тоа дали ќе стоиш пред олтарот или таму покрај вратата, дали ќе се молиш седејќи или клечејќи, со наведната глава или со затворени очи или, пак, ќе гледаш во иконата на олтарот, ќе се удираш во градите, ќе ги движиш усните шепотејќи ги зборовите од молитвата, или ќе ја вртиш бројаницата меѓу прстите. Сето тоа се надворешни и едноставни дејствувања со коишто не е тешко да го измамиш човекот.
    Те чекам надвор! Кога ќе излезеш од црквата и ќе се вратиш помеѓу луѓето, подготви се за средба со мене. Тогаш немилосрдно ќе те следам, ќе те надгледувам, ќе судам, а можеби и ќе те осудам. Имам право тоа да го направам. Имено, сакам да знам: Дали во црквата навистина си разговарал со Бога или само си се подигрувал со Него... Сакам да се уверам – дали молитвата навистина го прави човекот поинаков и подобар? Доколку се уверам дека си дрзок, лаком, себичен, раздразлив, навредлив, завидлив, брблив, површен, ќе знам дека твојата молитва не чини. Доколку се уверам дека во семејството, на работа, во училиште, на пазар, во автобус, на улица не знаеш да разговараш со луѓето, со сигурност ќе знам дека ниту со Бога не знаеш да разговараш. Ако некој непрестајно треба да те теши, да те фали, ќе знам дека во црква не си одел заради Бога, за да го славиш, туку да се поклонуваш сам на себе.
    Но, доколку од твоите усни извираат мирни зборови, радост, зборови на доверба и утеха, ако твоите очи бидат отворени за неволјите на ближниот, а твојата рака ги подига немоќните, ако твоето срце има разбирање за другите и ако простува и љуби, ќе знам дека во црквата навистина си разговарал со Бога.
    Те чекам надвор!
     
    На LegallyBlonde13, P.S.love, Deemy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Од кој е текстов?
     
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    Го најдов на фб на страната од Манастирот Зрзе
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Во Рим, во една од библиотеките, пронајден е еден неспорно автентичен ракопис, од голема историска вредност.

    Тоа е писмото, кое Публиј Лентул, управникот на Јудејците пред Понтиј Пилат, му го напишал на владетелот на Рим, Цезарот. Во него му раскажува за Исус Христос. Писмото е на латински јазик и е напишано во годините, кога Исус за првпат почнал да проповеда во народот.

    Содржината на писмото:

    Од управникот на Јудејците, Публиј Лентул, до римскиот Цезар. Слушнав, о Цезаре, дека сакаш да знаеш за добродетелниот Маж, наречен Исус Христос, на кого народот гледа како на Пророк, како на Бог, за кого Неговите ученици велат дека е Син Божји, Син на Создателот на Небото и Земјата. Вистина, Цезаре, секојдневно слушам за тој Маж чудесни работи. Накратко: Тој им заповеда на мртвите да стануваат и ги лекува болните. Има висок раст, на поглед – добар е и благороден, што се одразува и во Неговото лице, така што, само што ќе Го видиш, неволно чувствуваш дека треба да Го сакаш и почитуваш. Неговата коса до ушите има боја на зрели ореви, а оттаму до плеќите свети светло-кафеава боја; на средината патец, по обичајот на назарејците. Чeлото мазно, лицето без брчки и светло. Неговата брада со бојата на косата, развеана и не толку долга, разделена на средината. Погледот строг и има сила на сончев зрак; никој нема сила упорно да гледа во него.

    Кога прекорува, Тој раѓа страв, но само што ќе прекори, Самиот Тој плаче. Иако е многу строг, Тој е и многу добар.

    Велат дека никогаш не Го виделе да се смее, туку само неколку пати како плаче. Неговите раце се убави, одухотворени и впечатливи. Сиот негов говор го сметаат пријатен и привлечен. Ретко го гледаат меѓу луѓе, но кога се појавува, настапува смирено. Неговиот став, однос е многу благороден, убав.

    Притоа, Неговата Мајка е најубавата жена која некогаш била видена во оваа област. Ако сакаш ти, Цезаре да го видиш, како што ми напиша еднаш за тоа, извести ме, и веднаш ќе Го испратам кај тебе.

    Иако никогаш не се образовал, Тој ја има полнотата на знаењето; Оди бос со непокриена глава. Многумина му се потсмеваат кога Го гледаат оддалеку. Но штом се најдат во Негова близина, тие треперат и истовремено Му се восхитуваат. Велат дека во оваа област, никогаш претходно не виделе таков Човек. Евреите уверуваат дека никогаш не било чуено такво учење, какво што се јавува Неговото учење. Многу од нив велат дека Тој – е Бог, а други велат дека ти е непријател, о Цезаре!

    Но, тие зломисленици – евреите, безусловно ме загрижуваат. Тие велат, исто така, дека Тој никогаш не кревал бунтови и нереди, туку секогаш се трудел да ги успокои. Во секој случај, јас сум спремен, о Цезаре, да ја исполнам секоја твоја наредба, која ќе ми ја дадеш за Него.

    Ерусалим, 7 индикт, 11 месец,

    Публиј Лентул, управник на Јудејците
     
    На Bitter-Sweet, Rama, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Бог ја чува твојата душа, се додека ти внимаваш на својот јазик.

    Свети Антониј Велики
     
    На Presque vu, Bitter-Sweet, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Злото барај го во себе, а не во другите луѓе или во работите кон кои не си знаел да се однесуваш. Така и детето се служи со ножот и со огнот: себеси се сече, себеси се гори.
    - Преподобен Севастијан Карагандински
     
    На Presque vu, Таа Сум, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Дали ја истражуваше неговата автентичност? Од каде си сигурна дека е неспорно автентичен ракопис?
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1512799661211.jpg
     
    На P.S.love, BabyStyle, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Не вели: ,,Многу згрешив и затоа не можам да припаднам кон Бог''. Не очајувај: само не ги умножувај гревовите отсега, и со помош на Семилостивиот нема да бидеш посрамен. Бидејќи Он рекол: ,,Оној што доаѓа при Мене, нема да го избркам надвор''. И така, ревнувај и верувај дека Он е чист и ќе го очисти оној што Му се приближува. Ако сакаш да направиш вистинско покајание, покажи го на дело. Ако се каеш поради гордост, покажи смирение; ако е поради пијанство, покажи трезвеност; ако е поради блуд, покажи чистота на животот. Бидејќи е речено: Бегај од зло и прави добро.
    - Св.Генадиј Константинополски
     
    На Presque vu, P.S.love, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  15. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.564
    „Луѓето обично бараат слобода за да можат да прават што сакаат. Но, тоа не е слобода, туку власт на гревот над нас. Слобода да се блудничи, да се јаде неумерено, да се пијанчи, да се злопамти, да се вршат насилства и убиства и слично, воопшто не е слобода, бидејќи, според зборовите на Господ: секој што прави грев е роб на гревот.“...

    „Сите ние сакаме слобода, но треба да знаеме од што се состои таа и како се доаѓа до неа. За да станеме слободни, потребно е пред се`, да се „стегнеме“ себеси. Колку повеќе се воздржуваш, толку поголема слобода ќе имаш на духот...“

    Преподобен Силуан Атонски
     
    На Таа Сум, sonuvana, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    „Кога човекот е предаден на страстите, тој не ги гледа во себе си и не се одделува од нив, затоа што живее во нив и преку нив.
    Но кога на него ќе подејствува благодатта Божја, тој почнува да го разликува во себе страстното и гревовното, признава, се кае и решава да се воздржува од него.
    Почнува борба. Отпрвин таа борба се води против делата, а кога човекот ќе се одвикне од лоши дела, започнува борба со лошите мисли и чувства. И овде таа поминува низ многу нивоа.
    Бобрата трае, страстите сé повеќе и повеќе се искоренуваат од срцето, се случува дури и целосно да бидат искоренети.
    Знак дека страста е искоренета од срцето е чувствувањето на одвратност и омраза кон страста“

    Св. Теофан Затворник
     
    На hermosa, orevokrsacka, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    „Како што не е возможно без нозе да се оди или без крилја да се лета, така не е возможо да се достигне Царството Небесно без исполнување на заповедите“ - Св. Теофан Затворник

    „Христос не бара исполнување на заповедите само по себе, туку исправање на душата, поради што и ги установил заповедите“ - Преп. Исаак Сирин
     
    На Таа Сум, Capricorn96, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Ако осудуваш, ако ропташ, ако си самоволен, душата ќе ти опусти, без разлика колку Му се молиш на Бог. Тогаш ќе зборуваш ,,Господ ме заборави''. Но, Господ не те заборавил, туку ти си заборавил да бидеш смирен и затоа Божјата благодат не живее во твојата душа. Во смирената душа благодатта лесно се вселува и ѝ дава мир и спокој во Бог. Мајката Божја била смирена повеќе од сите и затоа Ја слават и небото и земјата. Бог ќе ги прослави сите оние што ќе се смират и тие ќе ја видат славата Господова.
     
    На P.S.love, Таа Сум, Orthophill и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Господ знае дека ти страдаш, но Неговата љубов ќе те огрее како сонцето што ја грее земјата. Не плаши се, тоа е за твое добро.
    - Преподобен Силуан Атонски
     
    На P.S.love, BabyStyle, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Никогаш немој да правиш нешто нечесно- па макар тоа им се допаѓало на многумина; и немој да пропушташ да направиш добро дело, макар тоа да е омразено од блудниците.– Св. Григориј Богослов

    Она што е корисно за нас ќе го најдеме тогаш кога ќе го бараме она кое е корисно за ближните.– Св. Јован Златоуст

    Оној кој ја чувствува тежината на своите гревови, тој не обрнува внимание на гревовите на ближните.– Ава Мојсеј
     
    На P.S.love, BabyStyle, Таа Сум и 2 други им се допаѓа ова.