1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet може да ми пишеш порака? Јас тебе не можам
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Оној што во себе Го носи Светиот Дух, макар и малку, тој тагува по сите луѓе, дење и ноќе, и неговото срце го сожалува сето создание Божјо, а особено луѓето што не Го знаат Бог или Му се противат, па затоа одат во огнот на маките. Тој се моли за нив дење и ноќе, повеќе отколку за самиот себе, за да се покајат сите и да Го познаат Господ.
    - Св. Силуан
     
    На Presque vu, Касија, blonde_supergirl и 6 други им се допаѓа ова.
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.564
    „Ако страстите се силни и ако некоја страшна, жестока, грешна помисла не сака да не` напушти, не ни останува ништо друго, освен да се бориме плачејќи, толку долго време колку што злиот дух настојува“

    „Постојат различни начини преку кои можеме да им се противставиме на лошите помисли, да го ослободуваме нашиот дух од секоја страсна или хулна помисла. Првиот, што го препорачуваат Отците на црквата е покајанието. Вториот е да го насочиме вниманието на нашето битие на нешто друго. Кога нашата сосредотеченост кон Вистината е истрајна, непријателот престанува да биде заинтересиран и не` напушта.“

    старец Софрониј
     
    На Касија, P.S.love, Таа Сум и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    ,,Светот’’ е општото име за сите страсти. Кога сакаме да ги нарекуваме страстите со едно збирно име- ги нарекуваме ,,светот’’. Но, кога сакаме да ги разликуваме ги нарекуваме според нивните имиња.

    Страстите се следниве: љубов кон богатството, телесни задоволства од кои произлегуваат сексуалните страсти, желбата да се има почит- од која произлегува зависта, похотата по моќ, ароганцијата и горделивоста, желбата да се украсуваме себеси со луксузни облеки и суетни накити, стремежот за човечка слава- кој е извор на злоба и незадоволство и страв. Онаму каде што овие страсти престануваат да дејствуваат- таму светот е мртов...

    Некој рекол дека светците уште додека биле живи- биле мртви; зашто иако живееле во телото, тие не живееле за телото. Погледајте во себе и оценете кои од овие страсти живеат во вас. Тогаш ќе сфатиш колку си жив за светот, а колку си мртов за него.

    -Св. Исак Сирин
     
    На vanna, Presque vu, Касија и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Оној кој од учењето Христово отфрла макар и само еден догмат- тој се одрекува од Христос. Ако му дозволиш на својот ум да приговара против Христовото учење, тој ќе најде илјада илјади приговори: умот станува непресушен кога му дозволуваме да се зарази со непријателство спрема Христа. Малку по малку и ќе ги отфрли сите христијански догмати! Тоа е плод на необузданото и самоволно просудување и тоа не е никаква новост- колку ли само безбожници и богохулници се појавиле до сега во светот поради оваа причина! Надворешно, за неискусните очи тие изгледаат како брилијантни умови кои ги скинале ланците и излегле на слобода, ја откриле вистината и им ја покажале на другите луѓе. Но, последиците покажале дека нивната таканаречена вистина е најужасната и најпогубна заблуда. Лажните идеи се потопени со потоци на крв!
    Св Игнатиј
     
    На Petra777, Касија, Таа Сум и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Ако Бог е љубов, тогаш оној кој има љубов во себе - го има Бога во себе.
    - Св. Максим Исповедник.

    Бог нѐ љуби повеќе отколку што може таткото, мајката, пријателот или било кој друг да нѐ љуби, дури повеќе и отколку што можеме да се љубиме самите себеси.
    - Св. Јован Златоуст

    Божјата љубов кон најголемиот грешник е поголема од љубовта на најголемиот светец кон Бога.
    - старец Арсениј
     
    На Petra777, La.loca, Presque vu и 7 други им се допаѓа ова.
  7. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Една мудра личност еднаш ми рече - оди со покајување накај него, и тој ќе тргне накај тебе.
     
    На Capricorn96, Rama и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Нема ниту еден момент во времето, ниту еден чекор во пространството кои не му даваат лекција на човекот.
    - Св. Николај Жички

    Препушти се на Бога и ќе ја видиш Неговата величина.
    - Старец Порфириј

    Блажени се оние кои во овие времиња имаат ладна глава и топло срце. Затоа што многумина се оние кои имаат вжештени глави, а срцата им се ладни како камења.
    - Св. Николај Велимирович

    Ако не посакуваш болка, немој да им ја нанесуваш на другите.
    - Св. Јован Кронштадски

    Ако паднеш имаш средство да се подигнеш. Тоа е покајанието. Нема грев така голем, дури ни најголем, кој Господ не му го простил на оној кој се кае.
    - Преподобен Јустин Ќелиски
     
    На Presque vu, P.S.love, blonde_supergirl и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Во овој живот нема реки од мед и млеко, им реков еднаш на една армија разочарани, кои го проколнуваа животот поради неговите илузии. Животот никогаш и не ви ветувал реки од мед и млеко, па според тоа, не ни можел со тоа да ве доведе до заблуда. Вие сте се довеле во заблуда самите себе, зашто вие сте си ветувале нешто за сметка на животот, не знаејќи дека животот не признава никакви планови сковани без средба и познанство со него.
     
    На Presque vu, Касија, P.S.love и 3 други им се допаѓа ова.
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.564
    @Bitter-Sweet чив цитат е ова?
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    На српскиот светител Николај Велимировиќ (Жички). :) Се извинувам што не напишав покрај цитатот...
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога (Мат. 5, 8.) зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно колку повеќе се исчистени.
    - Свети Максим Исповедник

    Како што е невозможно со зборови да му се објасни колку е сладок медот на некој кој никогаш не вкусил мед, така е невозможно и добрината Божја да биде објаснета со зборови доколку човек не сака да ја почувствува во својот живот.
    - Св. Василиј Велики
     
    На Rama, Presque vu, Касија и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Правејќи грев, телесниот човек не ги доживува неговите последици онака како што ги доживува духовниот човек. Телесниот човек не забележува некои особени промени во својата душевна состојба по сторениот грев, бидејќи постојано се наоѓа во духовна смрт и затоа што не го познава вечниот живот на духот. Меѓутоа, духовниот човек, при секое приклонување на својата волја кон гревот, ја забележува промената на својата душевна состојба поради намалената благодат.
    Старец Софрониј Сахаров
     
    На sonuvana, Presque vu, Касија и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Христијанин без одење во Црква, без молитва, без исповед, без Света Евхаристија (Причест) е неоградено лозје, на кое во секој час му е отворена капијата за крадци, т.е. демоните да го растурат.
    - старец Харалампиј
     
    На Presque vu, Касија, P.S.love и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Во посно време - пости, но знај дека на Бог Му е угоден постот не само на телото, т.е. воздржување на стомакот, туку, пред сѐ, воздржување на ушите, очите, јазикот, а исто така и на срцето од служење на страстите.
    - Св.Теодор Едески
     
    На Таа Сум, Presque vu, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Чувај се од интересирањето за туѓите дела, бидејќи таквото интересирање дава повод за клевета, осудување и други тешки гревови. Зошто се занимаваш со другите? Себе спознавај се и себе испитувај се – сеќавај се на поранешните свои гревови и труди се да ги измиеш со покајание и со скрушеност на срцето свое, па нема да гледаш што прават другите. Почесто загледувај се во своето срце и истражувај какво големо и погубно зло се крие во него, па ќе имаш доволно материјал за испитување. Зашто ние секогаш избегнуваме да го истражуваме своето срце, иако сме свесни дека во него се содржи секакво зло. Но ова истражување ќе ти биде од полза, бидејќи оттаму ќе се роди и смирението и стравот и бдеењето над себе си и воздишките и молитвата кон Бога, додека испитувањето на туѓите гревови е почеток на секое беззаконие и празна љубопитност, која и на Бога и на луѓето им е одвратна; затоа држи се понастрана од тоа.
    - Св.Тихон Задонски
     
    На Таа Сум, sonuvana, Presque vu и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    7.738
    Пол:
    Женски
    Кога ќе сретнеш човек што сака да се расправа и се впушта со тебе во борба против вистината и против очигледното, ти прекини го спорот и оддалечи се од него... Како што нечистата вода не служи за ништо, туку само да го расипе и најдоброто вино, така и лошата и зла беседа ги расипува луѓето кои се добродетелни по живот и по карактер.
    Преподобен Антониј Велики

    Зошто ги осудуваме нашите браќа? Затоа што не се трудиме да се запознаеме самите себеси. Оној што е зафатен со запознавање на себеси, нема време кога да ги набљудува другите. Осудувај се себеси, па ќе престанеш да ги осудуваш другите.
    Преподобен Серафим Саровски
     
    На sonuvana, Presque vu, LegallyBlonde13 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    „Човекот ги слуша во моментот, но, потоа, повторно заробен се враќа на истото ниво. Ако пак, заедно co зборот подејствува и благодатта, тогаш во истиот миг се случува промена, според добрата намера на човекот.
    Од тој миг си го менува животот.
    Сепак, тоа се случува кај оние чијшто слух и совест уште не се скаменети.
    Кај оние што ќе ја чујат добродетелта и не послушувајќи остануваат заробени во своите зли желби, ним и деноноќно да им зборуваш, и мудроста на Отците да ја испразниш во нивните уши и чуда пред нивните очи да направиш, дури и водата на Нил врз нив да ја свртиш, тие ниту капка поука нема да добијат...“

    Старец Јосиф Исихаст

    „Душата на смирениот е како море; фрли во морето камен, тој за миг ќе ја разбранува неговата површина, но потоа ќе потоне во неговата длабочина. Така, тагата се потопува во срцето на смирениот, зашто со него е силата Господова.“

    – Преподобен Силуан Атонски

    Беседа против абортусот - Митрополит Иларион

    Од сите благодатни дарови со кои Бог го дарувал човекот, несомнено, највозвишен е дарот на љубовта. Љубовта е најсветото, најблагопријатното, најскапоценото и најрадосното чувство без кое човекот не може да го замисли своето постоење и својот живот. Да се љуби и да се биде љубен е голема света тајна, која единствено го осмислува и разубавува краткиот човечки век овде на земјата. Да се биде човек е прекрасно, да се биде добар човек е благочестиво, но да се биде човек што постојано блика од љубов е совршено. Тоа е она благопријатно чувство со чија благодатна топлина сака да се стопли секоја човечка душа, која ја преживеала студената гревовна ноќ. Највозвишен облик на ова небесно чувство е љубовта на човекот кон Бога, која со својата совршеност и полнота, не знае за тага и разочарување.
    Но, постои уште еден облик на љубов кој со својата возвишеност и убавина е достоен за секоја пофалба и почит; тоа е љубовта на мајката кон своето чедо. Оваа љубов со сета своја длабочина и нежност, е најдлабокото и најсвето чувство кое Бог благословил да го доживее и почувствува секој човек на земјата, уште во оној миг кога е зачнат во утробата на својата мајка. Голема радост и восхит се пробудува во нашето срце секогаш кога ќе здогледаме мајка со своето дете која во своите прегратки со голема нежност и благост го полева тој прекрасен цвет, со голема светлина и љубов. Благочестивата христијанка со нежност и благост гледа во лицето на своето љубено дете и во тој миг како да го заборава целиот свет. Се чини како во рацете да го држи своето срце, како да има едно мало делче од небото овде на земјата. Мајката грижливо го чува своето дете како најскапоцено богатство што и' е доверено. Од нејзините мајчински очи блеска една тивка спокојна радост, која како да не е од овој свет. Ваквата мајчинска љубов не може да се искаже, таа како да доаѓа од еден божествен свет каде што љубовта е се'.
    Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. Во неа се развива едно живо човечко битие, еден преубав цвет што ја чека дневната светлина за да почне да се развива, да расте и разгранува. Но, на тој миризлив цвет, наидува еден опасен ветер кој со својата студена изопачена сила може да го уништи, да го убие. Тој грев, кој е одлика и надгробна плоча на нашето македонско проевропско општество, Европејците го нарекуваат абортус, но ние ќе го кажеме неговото вистинско име, а тоа е чедоморство или детеубиство, сурово и ладнокрвно убиство на нероденото бебе.
    Чедоморството е крвав дожд кој со своите крвави капки постојано, и дење и ноќе, ја полева земјата и ја претвора во крваво место на живеење. Уште при самото зачнување, почнува да живее едно живо човечко битие, со свое тело, иако целосно не е оформено, и со своја бесмртна душа која нетрпеливо го очекува денот на нејзиното просветлување со Христовата светлина преку светата тајна крштение. Затоа, за Православната Христова црква, чедоморството или абортусот претставува убиство од најтежок вид, бидејќи на тој начин се лишува од живот еден човек кој немал можност да биде удостоен да се очисти од првородниот грев преку светото крштевање. Св. Атанасиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Кирил Александриски, велат дека некрстените деца нема да бидат во слава како крстените, но нема да бидат казнети како грешници што свесно правеле гревови.
    Чедоморството е убиство на своето дете. Жената-чедоморка го убива своето дете што не сака да го види, да го запознае и возљуби, бидејќи повеќе го засакала својот себичен удобен живот исполнет со комфор, сладострастие, блуд и разврат, без никакво воздржување, чистота, достоинство, слобода и љубов. Затоа и се одлучува да го жртвува своето неродено бебе пред идолот наречен либерален живот, несогледувајќи ја трагедијата и ужасот на таа нечовечка и нехристијанска одлука. Дилемата; дали да го остави своето дете во живот или не - е најтрагичен миг во нејзиниот живот. Но тоа воедно е и опис на денешната трагична и жална состојба на модерното „хуманистичко“ човештво. Хуманистичкото сфаќање дека човечкиот ембрион во утробата на својата мајка не е жив човечки организам, туку израсток кој може да се отстрани бидејќи жената има право да прави што сака со своето тело во името на својата слобода и право, е доволен доказ за незрелоста на денешното човештво, во кое човекот сам се потопува во својата неморалност, жестокосрдечност и огревовеност. Се' додека детеубиството не биде прогласено за најголемо злосторство и забрането со закон, сите апели за мир, праведност и демократија се само маска на лицето на европските политичари.
    Чедоморството е нем крик на беспомошните жртви кој од ден на ден се' погласно и погласно ја потресува земјата што се претвара во духовна пустина. Нема кој да ги чуе и утеши. Како што вели Спасителот: „слушаат и не чујат“ (Мт. 13,13). Нивниот тажен глас не допира до срцето на мажот-убиец и жената-чедоморка, кои по убиството на своето несакано чедо ја изгубиле радоста, љубовта и совеста. Од хуманистичката и безбожна Европа постојано слушаме за човековите права.
    А каде се правата на неродените деца? Зошто проевропските политичари кај нас се глуви кога станува збор за детеубиството?
    Зошто родителите кренале нож против своите деца? Зошто мажот ја принудува жената на чедоморство, а таа веднаш се согласува?
    - Бидејќи љубовта оладува помеѓу луѓето, особено меѓу сопружниците кои стануваат туѓи и рамнодушни едни кон други. Љубовта бара општење и заедничарење, но само преку подвигот на самооткажување и самопожртвување. Вистинската љубов, секогаш е подготвена на жртва и чувствува радост, ако оваа жртва е прифатена. Но, чедоморците се во духовна парализа и опустошеност. Ако не се покајат, не можат да живеат во љубов, бидејќи нивните срца се скаменети и неплодни. А доказ за нивниот мачен и беден живот е убиството на своето дете. Познатиот православен мислител од 2 век, св. Климент Александриски, вели: „Жената исфрлајќи го својот плод, заедно со него исфрлува и се' што е човечно во неа.“
    На блудот и убиството како последица на безбожниот живот најмногу им се радуваат демоните, кои засекогаш се отпаднати од Бога. Нивната омраза се проширува и врз човекот кој е создаден како боголико битие, па затоа скришум се обидуваат, преку разни помисли, да ги наговорат мажот и жената на чедоморство. Притоа, како причина им ја посочуваат „економската неподготвеност“ да го издржуваат своето дете. Така, мажот и жената, прифаќајќи ја оваа „разумна“ причина - се одлучуваат на чедоморство. Какво демонско лудило?!
    Зошто порадо не се откажат од скапата облека, луксузниот стан, од луксузниот автомобил и компјутер или, пак, од своето патување на годишен одмор на кој трошат огромни парични средства за разонода и забава, а не сакаат да ги употребат за грижливо чување на своите деца?! Колку е чудно тоа што денес жената не сакаат да раѓа, не сака да го чува и воспитува своето дете, туку сака да го отстрани, убие или како што велат лекарите, да изврши „чистење“ на својата утроба која треба да биде најсвето место во кое се негува и живее еден нов благословен живот? Сега, наместо тоа, мајчината утроба стана погубилиште и место на убивање, небаре бебето е нешто нечисто и извалкано што треба веднаш да се отстрани. Но, таа жена на тој начин станува слична на Ирод кој од страв да не ја изгуби својата власт, не ги поштеди витлеемските младенци. Тие беа грабнувани од рацете на своите мајки и убивани пред нивните очи. А, можеби токму тоа „непланирано“ чедо, по Божја промисла и милост и' е доделено на мајката да ја чува и негува кога е болна и уморна и да се грижи за неа во нејзината старост. Од денот кога жената своето бебе ќе го жртвува на ѓаволот, од тој миг таа живее како богоотпадничка и нехристијанка, поробена од својата себичност и недостоинственост, таа тогаш само личи на човек, но од нејзината човечност не останало ништо.
    Денес чедоморството претставува народна катастрофа. Секоја година се' повеќе и повеќе расте бројот на жртвите од оваа немилосрдна војна. Нашиот народ се' повеќе старее, бидејќи бројот на родените деца е се' помал. Убивајќи ги своите деца, ние ја уништуваме својата земја, семејство, народ и иднина. Ние на овој начин вршиме народно самоубиство. Многумина се фалат со својот патриотизам, за својата љубов кон својата татковина, но татковината пред се' е самиот народ. Родителите што го убиваат своето бебе, ја убиваат својата иднина. Тие вршат геноцид на сопствениот народ. Болниците во кои лекарите треба да спасуваат човечки животи, се претворија во логори на смртта. Ние станавме пилати што секојдневно изрекуваат смртна пресуда за невини деца, а лекарите - платени убијци што ладнокрвно убиваат за бедни триесет сребреници. Во една болничка соба, лекарите не' убедуваат колку многу се загрижени за нашето здравје и колку се трудат да не' излекуваат, а во другата - со мирна совест убиваат бебиња.
    Што да прави жената или девојката, која во својот живот направила чедоморство?
    Пред се, треба да стане свесна за тежината и големината на овој грев и да се покае. Архимандритот Рафаил вели: „Крвта се измива само со солзи.“ Покајничките солзи се почеток на еден нов христијански живот кој води во заедница со Бога и со Неговата милост. „Човечки е да се згреши, но демонски е да се остане во грев“ - велат Светите Отци. Божјата милост е голема, долготрпелива и Бог ја излива врз секого што се труди да живее во покајание. Сите вие што сте паднале во овој грев, крвавите дамки можете да ги измиете со покајнички солзи и со цврста решеност дека никогаш повеќе нема да го повторите овој грев, да не го оправдувате, туку со солзи на очите и искрена молитва, да се трудите со молитва до крајот на својот живот за Севишниот Бог да ви прости.
    Сите вие кои што сте извршиле чедоморство, и мажи и жени, (бидејќи и мажот е директен учесник во овој грев), ако имате вера во Семилостивиот Бог, имате сили со кои можете да им се спротивставите на лукавите демони. Секогаш кога ќе се обидуваат да ве наговорат да го повторите овој страшен грев или, пак, кога ќе се обидуваат да ве турнат во очајание и депресија, имате сила - благодатта Божја, имате утеха - Светата Православна црква, која е благочестива мајка што постојано бдее над своите чеда, имате заштита - Промислата Божја, имате и оружје - постот, молитвата и надежта, имате потпора - верата, ги имате за свои пошници и соборци - ангелите и светителите, а особено Пресвета Богородица.
    Бог е многумилостив и долготрпелив. Колку само се радува на нашето вистинско покајание и на нашиот труд и борба против духовите на овој свет. Во Светата црква има илјадници примери на луѓе што од блудници, разбојници и убијци, станале праведни и свети.
    Жената што абортирала треба да се освести и да ја сфати тежината на овој грев. Не треба да очајува и да губи надеж. Искреното покајание ја привлекува Божјата милост која ја разгонува невидливата демонска темнина, која како смртоносен отровен облак ја обвила куќата во која е планирано и извршено ова страшно убиство.Мажот и жената треба редовно да присуствуваат на Света литургија, да постат и да се исповедуваат, а со свештенички благослов и да се причестуваат. Само покајничките солзи може да донесат опростителна радост. „Покајте се, зашто се приближи Царството небесно“ (Мт. 3,2).
    Покајте се, зашто постои Бог - Владетел на небото и земјата, пред Кого сите еден ден ќе застанеме да примиме вечен Суд. Тогаш наши обвинители ќе бидат сите убиени деца кои не сме ги удостоиле да ја видат дневната светлина. Колкава ли тага ќе почувствуваат сите жени - чедоморки кога за прв пат ќе го видат своето чедо и за прв пат ќе го чујат неговиот детски глас: - „Мајко, зошто ме уби? Зарем не знаеш колку те сакав додека живеев во тебе? Сакав да те прегрнам, но џелатот ги исече моите раце. Сакав да те гушнам силно и да го почувствуваш моето весело срце, но ножот го прободе. Сакав да ме милуваш, но ти ме фрли онаа студена ноќ. Мојата љубов не ти беше потребна и ти реши јас да умрам. Но, иако во вечноста не сум лишен од сјајот на Христовата светлина која допира оддалеку во зраците на оваа светлина која ме обзема трајно, те сакам, моја несреќна мајко.“
    Што ќе одговори непокаената жена? Онаа што се покајала при таа средба сигурно ќе рече: „Направив голем грев кон тебе, но затоа целиот мој живот се трудев да направам за тебе се' што можев, жалам и се кајам за тоа дело, те молам прости ми, мое мило чедо.“
    Човекољубив Господи, излеј ја својата милост врз сите младенци неправедно убиени во мајчината утроба и насели ги во населбите на мачениците, зашто, ниту лош збор прозборија, ниту лоша мисла помислија, ниту чекор направија, ниту солза просолзија, а со маченички венец се овенчаа, трнлив венец кој беше исплетен од рацете на нивните родители. Мали маченици! Радувајте се во прегратките на благиот Христос, заедно со сите невини жртви паднати од Авел до денес и молете се и за оние кои по тело и крв ви беа најблиски и најдраги, заедно со ангелите и сите светии, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.

    Штом Го најдеш Христос, тогаш тоа ти е доволно и не сакаш ништо повеќе, мирен си. Стануваш друг човек. Живееш насекаде кадешто е Христос. Живееш во ѕвездите, во бескрајот, на небото со ангелите, со светителите, на земјата со луѓето, со растенијата, со животните, со сите и со сè. Таму кадешто е Христовата љубов исчезнува осаменоста. Тогаш си мирољубив, радосен, исполнет, и нема ниту меланхолија, ни болест, ни притисок, ни стрес, ни безволност, ни пекол. Тогаш Христос е во сите твои мисли и во сите твои дела. Ја имаш благодатта и можеш сè да поднесеш заради Христос, па дури може и неправедно да страдаш. Може да поднесуваш неправди заради Христос, и тоа со радост. Како што Oн пострада, исто така и ти може да страдаш неправедно. Зарем си Го избрал Христос за да не страдаш? Што вели апостолот Павле? „Се радувам со моите страдања“. Таква е нашата религија: да се разбуди душата и да Го возљуби Христос, да стане света и да ѝ се предаде единствено на Божјата љубов. Така и Он ќе ја возљуби. Кога ќе дојде Христос во срцето, тогаш животот се менува. Христос е сè. Оној кој во себе Го има Христа, тој доживува работи што не можат да се искажат: свети и свештени. Живее во радост. Ова е вистина, го имаат доживеано и живеено луѓе, подвижници на Света Гора. Постојано со копнеж ја шепотат молитвата „Господи Исусе Христе…“. Кога Христос ќе влезе во срцето, страстите исчезнуваат. Тогаш не можеш ниту да навредуваш, ниту да мразиш, ниту да се осветуваш, ниту, ниту, ниту… Како може да се најдат омразата, нетрпеливоста, осудувањето, егоизмот, стресот, депресијата, кога владее Христос и копнежот по невечерната светлина? Тој копнеж те прави да чувствуваш дека смртта е мост, кој ќе го минеш во еден момент за да го продолжиш животот во Христа. Тука на земјата имаш една пречка, па затоа е потребна верата. Таа пречка е телото. А по смртта верата се укинува и Го гледаш Христос како што го гледаш сонцето. Се разбира, во вечноста сето тоа ќе го живееш поинтензивно. Меѓутоа, кога не живееш со Христа, живееш во меланхолија, тага, стрес, секирации. Тогаш не живееш правилно, и се појавуваат многу аномалии и во организмот. Телото, жлездите, црниот дроб, жолчката, панкреасот, стомакот трпат влијание. Некои велат: „За да бидеш здрав, земи наутро чаша млеко, јајце, путерче со две три кришки леб“. Но, ако живееш правилно, ако Го возљубиш Христос, тогаш и со еден портокал и едно јаболко ќе бидеш во ред. Најголемиот лек е човекот да му се предаде на служењето на Христос. Тогаш сè се исцелува, и сè функционира правилно. Божјата љубов сè менува, преобразува, осветува, поправа, пресуштествува. Нашата душичка многу ќе се утеши кога ќе имаме копнеж по Христа. Тогаш нема да се занимаваме со секојдневните и приземни работи, туку ќе се занимаваме со духовното и возвишеното, ќе живееме во духовниот свет. Кога живееш во духовниот свет, живееш во друг свет, во којшто душата е задоволна и радосна. Меѓутоа, не си незаинтересиран за човекот, туку сакаш и тој да го најде спасението, светлината, осветувањето. Сакаш сите да влезат во Црквата. .....Преземено од „Православен Пат“ бр. 31 Извадок од книгата „Γέροντος Πορφυρίου Καυσοκαλυβίτου, Βίος καί λόγοι“ Превод: Јеромонах Атанасиј Арсоски

    "Целиот човечки живот е многу краток во споредба со идниот век и сѐ наше е ништо пред вечниот живот. Во овој свет секое нешто се продава за одредена цена и сите разменуваат работи со иста вредност, додека ветувањето за идниот живот се купува со нешто незначително. Бидејќи, напишано е: „Деновите на нашиот живот се седумдесет години, а при поголема сила – осумдесет. И повеќето од нив се во труд и маки“. И така за осумдесет, или дури и сто години поминати во подвиг ние нема да царуваме само сто години, туку вечно. Со тоа, нашето наследство нема да биде на земјата, туку на небото, иако сме се подвизувале на земјата. И уште: „оставајќи го распадливото тело, ќе добиеме нераспадливо“. Да не паѓаме во униние и да не мислиме дека долго сме живееле во подвиг, или дека сме направиле нешто големо: „Сегашните страдања не се ништо во споредба со славата, која ќе ни се открие“.

    Свети Антониј Велики

    "Да го ограничиме злото во самиот негов почеток – со сите средства да го искорениме гневот од нашите души. Во тој случај ќе бидеме во состојба, заедно со таа страст, да го потсечеме од корен и во почетокот поголемиот дел од злото во животот. Некој те укорува – ти благослови го. Друг те бие – ти претрпи. Трет те презира – ти моли се за него. Некој те смета за ништожник – ти спомни си дека си од земја создаден и дека земја ќе постанеш. Кој ќе се вооружи со такви мисли и расположение – тој нема да се уподоби на навредениот и ќе го спаси него и себеси. Чиј ученик сакаш да бидеш? На благоугодните и блажени мажи, или на луѓе, исполнети со дух на лукавство? Кога те предизвикува искушението да кажеш навредлив збор, претстави си, дека ти претстои да решиш за себеси: кон Бога ли да се приближиш преку своето долготрпение – или, преку својот гнев да се предадеш на ѓаволот? Дај му време и сила на својот разум – избери го добриот дел… со тоа и на непријателот ќе му укажеш некаква полза со примерот од својата красота, и себеси ќе се издигнеш – и така, со твојата добрина посилно ќе му се одмаздиш." - Свети Василиј Велики

    Ако си тажен, во Светото Писмо ќе најдеш утеха; ако си нажален – радост; ако си гневен – скротување; ако си сладострастен – целомудрие; ако си немудар – мудрост; ако си лош – добрина; ако си злосторник – милост и правда; ако си човекомразец – љубов. Во него ќе најдеш лек за сите свои пороци и мани и храна за сите свои добродетели и подвизи. Ако си добар, Светото Писмо ќе те научи како да станеш подобар и најдобар; ако си чувствителен, тоа ќе те научи на ангелска нежност; ако си умен, тоа ќе те научи на мудрост. Ја сакаш ли убавината и музиката на стилот и зборовите, - нема поубава и подопирлива, од онаа што ја има во книгите на Јов, и Исаија, и Соломон, и Давид, и Јован Богослов, и Апостол Павле и др… Тука музиката, ангелската музика на вечната Божја вистина се облекла во човечки зборови. ..Отец Јустин

    Раѓањето на децата било поврзано со очекувањето на Месијата. ...Семејството се заснова на взаемно почитување и љубов...Велат дека очите се огледало на душата....Убавината има мистична смисла и таа смисла за убавина ќе го спаси светот. Убавината е една од одликите на самиот Бог....Непокајниот грешник ја сака темнината и се крие во неа од светлоста на сопствената совест. Погодената душа од развратот станува глува и слепа на духовните импулси. Како што слепиот иако стои под сончевите зраци и не ја гледа светлоста, така и непокајниот грешник во Црквата не го чувствува она најважното - благодатта. Само добронамерен разговор може грешникот да го допре и да го пробуди неговото срце, додека прекорувањата и навредите во повеќето случаи предизвикуваат поголема огорченост кај човекот.
    Треба да се има на ум дека освен земниот план има и духовен, метафизички план во кој се сумираат доброто и злото кое се случило на земјата, затоа доброто и злото повторно се враќаат назад, на некој начин се персонифицираат во случувањата на овоземната историја, час во вид на благослов, час во проклетство. Затоа треба да се молиме со Исусовата молитва која создава невидлив фон и духовна атмосфера за делување на благодатта. Апокалипсата мора да се исполни. Историјата не може да биде променета, но злото може да прекине,да се растргне метафизичката темнина во која е обвиена земјината топка.
    Гревот не е само лична работа како што се обидуваат да нѐ убедат, туку се шири на невидлив начин и ја влошува духовната состојба на луѓето кои контактираат со грешникот. Приметно е дека и билките реагираат на она што човекот го преживува, Наспроти тоа, овошјето кое расте во близина на црква или манастир има посебен вкус, а водата од изворите кои се наоѓаат на свети места станува лековита. Кога комуницираме со некој човек, ние влегуваме во невидливото поле на енергиите. Затоа дружењето со некои луѓе ни дава стимул, како да ги обновуваме душата и телото, додека пак некои други нѐ угнетуваат и просто го уништуваат текот на дружењето. Човековите постапки и душевната состојба оставаат трага на околината.
    Некои станови делуваат смирувачки и човекот во нив се чувствува пријатно и не сака да излезе од нив, додека во некои простории човекот го обзема таква вознемиреност и сака што побрзо да го напушти тоа место, просто сака да побегне бидејќи се чувствува како да се наоѓа во некакво проколнато место..........Архимандрит Рафаил (Карелин)
     
    Последна измена од модератор: 18 март 2018
    На Таа Сум, sonuvana, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.