1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    На еден брат, кој паднал во грев, му се појавил сатаната и му рекол: ,,Ти не си христијанин.'' Братот му одговорил: ,,Кој и да сум, во секој случај сум подобар од тебе.'' Сатаната повторно му рекол: ,,Ти велам, ќе отидеш на мачење.'' А братот му одговорил: ,,Ти не си мој судија, ниту мој Бог.'' На тој начин ѓаволот си заминал со незавршена работа, а братот искрено се покајал пред Бог и станал искусен.
    - Ава Исаија
     
    На P.S.love, Bulgarian, SeaMermaid и 8 други им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Ова е Мојот возљубен Син (Исус), во Кого ми е милината; слушајте Го Него!
    - Ава Шамајим
     
  3. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Светите Отци за бракот
    Вистинско богатство и голема среќа е кога мажот и жената живеат во слога, соединети еден со друг како едно тело... Таквите сопружници и да живеат во сиромаштија и скромност, можат да бидат посреќни од сите, зашто се насладуваат со вистинска среќа и секогаш живеат спокојно.
    Оние што живеат во ваква сопружничка заедница ништо не може премногу да ги разжали или да им ја наруши тивката среќа. Ако помеѓу мажот и жената постои еднодушност, мир и заедница на љубов, ним сѐ им оди добро. Ниту злобните клевети не претставуваат опасност за сопружниците кои, како јак бедем, се оградени со еднодушност во Бог... Тоа го умножува нивното богатство и секое добро; тоа ја привлекува Божјата благонаклонетост кон нив.
    Жените, кои блескаат со духовна убавина, со тек на времето сѐ повеќе ја пројавуваат својата племенитост, па приврзаноста и љубовта на нивните мажи станува уште посилна.
    Свети Јован Златоуст
    Поврзани со оковите на сопружништвото, едни на други сме си и раце, и нозе, и слух. Сопружништвото и слабиот го прави двапати посилен... Заедничките грижи на сопружниците им ги олеснуваат несреќите, заедничките радости и двајцата ги радува. На еднодушните сопружници и богатството им е угодно, а во сиромаштијата еднодушноста им е поугодна од богатството. Ним сопружничките окови им служат како извор на целомудреност и желба, како печат на потребната приврзаност.
    Свети Григориј Богослов
    Свети Максим Исповедник
    Голема тајна е човек да го остави тој што му дал живот и што го воспитал и таа што го родила и израснала. Тоа е навистина голема тајна за човекот – да ги остави тие што му дале толку многу дарови, тие со кои бил толку близок и да се соедини со жена што речиси и не ја познава, со која нема речиси ништо заедничко и да ја почитува повеќе од сѐ.
    Телесната убавина, несоединета со духовна добродетел, може да го привлекува сопружникот дваесет-триесет дена, за потоа таа да ја изгуби својата сила и покажувајќи ги своите лоши особини, да ја уништи љубовта.
    Ако е потребно нешто да се направи за еден на друг да си угодите, тогаш треба да ја украсувате душата наместо да си го украсувате и уништувате телото. Никогаш она надворешното... нема да направи сопружниците да се сакаат така како што тоа ќе го направи целомудреноста, добрината, наклонетоста и подготвеноста да се умре еден за друг.
    Свети Јован Златоуст
     
    На P.S.love, La.loca, kuc и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    За духовни дела, пред сѐ, е потребен Божји благослов, а тој може да се здобие само ако побудите ни се чисти, а не ако во позадината на нашите намери стои угодувањето на нашата гордост. Несреќната случајност може да прерасне во несреќен обичај. Неопходно е едноставноста да не биде без мудрост. Како сѐ уште не си сфатил дека едноставноста ослободува, а дека секоја комплицирана префинетост, порано или подоцна, создава мачнина?

    Срамота е што неправославните подобро ја почитуваат неделата од оние коишто себе се нарекуваат православни. Понекогаш овој хаос не може да се поправи со човечки средства, па би требало да се уплашиме дека од Небото ќе стигнат уште пострашни казни од оние што веќе ги трпиме. Служењето на Бога се состои и во тоа да не инсистираме премногу на спроведување на нашите, па макар и добри желби, и со чисто срце да го слушаме она што другите добронамерно ни го предлагаат. Не треба да се воздржуваме од правење добра за блиските, потпирајќи се на Бога, а не на себеси. На оној што вака постапува, Господ нема да му ја ускрати Неговата заштита и милост.

    Искрената отвореност не би требало да ја примаме како акт на слободниот разум, т.е. со истото почитување и страв Божји, со кој се примаат тајните на христијанските Божји души. Треба да се пазиме да не напишеме или кажеме премногу или премалку од она што е вистина. Ваквата претпазливост не е тешка, а е потребна. Само во вистина и во правда може да се гради мир, и за себе, и за другите. Така е со секој подвиг. Но што е пополезно? Кога ќе видиме дека добрите страдаат, тоа ни предизвикува особена жал, која не е остра, туку длабока. На затворена врата се тропа со молитва. Со совети може да се влезе само преку отворена врата. Сѐ се раѓа и расте во молчење. Делата кои се огласени пред нивното време, доста често завршуваат само со чкрипливи зборови. Добро е молчењето во кротост и смирение, добар е и зборот кој изразува љубов кон доброто и стремеж кон правдата. Радувајте се во Господа и кога светов не ни влева радост, или – уште полошо – кога нѐ соблазнува веселието, кое наликува на крцкање на гранки што горат под котелот. На силната вистина, не само што не и се потребни слаби докази, туку и штета ѝ нанесуваат, зашто непријателите откриваат слаби точки. Било какви да се околностите, не треба да бидеме очајни. Очајот нема да ги подобри околностите, а нам може да ни биде само полошо.

    Светите отци нѐ учат да не размислуваме многу за луѓето што се во подобра ситуација од нас, иако тие на тоа немаат ни помалку ни повеќе право од нас. Подобро е да гледаме кон луѓето кои имаат исти права како нас, а се во многу полоши околности од нас. Оној првиот начин на размислување нѐ води до роптање или завист, а вториот ни помага да бидеме задоволни со она што го имаме.

    Дали е добро да ги повикуваме другите да одат и да си ја положат душата за своите браќа, а ние нашата да си ја носиме кај што сака или кај што нејзе ѝ е полесно? Бидете мудри како змии и незлобливи како гулаби. Овој совет ни е даден за сите животни прилики, па и за оние најтешките. Многу пополезно е да се грижиме за тоа како да го дочекаме нашиот крај во мирна и во добра надеж, отколку да мислиме каде ќе не закопаат или да градиме скапи гробови. Ако случајно осетиме дека животот ни станал бреме, би требало да го подигнеме погледот кон Господа и да не се жалиме колку ни досадил животот. Бог ни го дава и продолжува, заради нашето спасение, затоа треба да го сфатиме како дар. На оној кој нѐ дарува, треба да му се заблагодариме, а не да се жалиме. Не треба да се подлагаме на сите подвизи што ќе ги чуеме. Не секому секој подвиг му е од полза. Ако е кажано дека богатството треба да се стекнува само од себе, и дека не треба во него да го вложуваме своето срце, зарем не е тогаш погубно доколку нашето срце копнее по него? Една искусна мудрост вели: во радоста не заборавај да се подготвуваш за жалост, а во жалоста не заборавај да се надеваш на подобро. Ако Господ ви дарил радост, во вашата душа да биде рај, настојувајте тој рај таму и да остане. Непрестајно работете над него, трудете се – според своите можности – да правите добрини и да се воздржувате од сѐ што е по човечка, а не по Божја волја. Душевниот мир не се сложува со мислата дека некого не сакаме. Затоа, не треба ни да мислиме за тоа. Треба да се молиме за ближниот и да не ги забораваме нашите обврски и Божјата волја.

    Научете се да бидете едноставни. Не именувајте ги луѓето со особени имиња кои се над нив. Не занесувајте се со непотребни идеи.

    - Св. Филарет Московски
     
    На P.S.love, La.loca, Таа Сум и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Природно, нечистиот дух не ги изнесува на видело добродетелите на луѓето, туку нивните слабости. Оние пак, што се ослободени од своите страсти, бидејќи немаат злоба, злото со добрина го поправаат. Ако видат некаде малку нечистотија која не се чисти, ја покриваат со плоча, за да не се згрози некој друг, ако ја види. А пак, оние што чепкаат по ѓубрето, личат на кокошки… Не е искрен и доблесен оној што ја кажува вистината в лице, ниту оној што ја обзнанува, туку оној што има љубов и вистински живот, што зборува со расудување кога има потреба, и го кажува потребното во соодветен час. Старец Паисиј Светогорец
     
    На La.loca, kuc, Bitter-Sweet и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Денот не е лош или добар по својата природа, оти еден од друг деновите во ништо не се разликуваат, туку зависи од нашата настроеност или немарност. Ако си направил добро, денот ти е добар, ако си згрешил, тогаш е лош и следува казна. Ако расудуваш така и ако се раководиш од тоа, да секој ден кажуваш молитви и даваш милостина, тогаш целата година ќе ти биде среќна. Ако не се грижиш за тоа, тогаш ништо нема да ти оди добро.

    Свети Јован Златоуст
     
    На P.S.love, La.loca, kuc и 7 други им се допаѓа ова.
  7. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се најдеш во некоја темна соба, не ја удираш темнината за да ја избркаш. Не исчезнува така. Отвори го прозорецот и пушти ја светлината внатре; со други зборови, потчини ѝ се љубовта Христова, и тогаш темнината ќе исчезне без да се трудиш. Кога ќе ти наиде лоша или мрачна мисла, или ти се заканува страв или искушение, не бори се со неа за да ја изгониш. Отвори си ги рацете за Христовата љубов и тој ќе те прегрне, а тогаш сѐ друго ќе исчезне само по себе. Кога твојата душевна градина е полна со трње (т.е. страсти), не труди се да ги искорнеш, зашто сѐ додека го правиш тоа, ќе се повредуваш и ќе се инфицираш од бактерии. Сета твоја сила насочи ја кон цвеќињата во твојата душа, нив полевај ги, и тогаш трњето само ќе исчезне. А најдобро меѓу цвеќињата е твојата љубов кон Христа. Ако ова цвеќе го полеваш и тоа порасне, сето трње ќе изумре.

    Старец Порфириј
     
    На La.loca, kuc, Таа Сум и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Тие што не ја љубат Црквата, не го љубат ни Христос

    За да го сочуваме нашето единство, ние ќе треба да и’ бидеме послушни на Црквата, на нејзините епископи. Кога сме и’ послушни на Црквата, ние сме My послушни на Самиот Христос. Христос сака да бидеме едно стадо co еден пастир.
    Да сочувствуваме и страдаме за Црквата и многу да ја љубиме. He треба да прифаќаме кога ги осудуваат нејзините претставници.
    Духот што го научив на Света Гора беше православен, длабок, свет, молчалив, без расправии, без кавги и без осудувања. Да не им веруваме на оние што ги осудуваат свештениците. И co свои очи да видиме нешто негативно од страна на некој свештеник, ние не треба да веруваме, ниту да мислиме на тоа, ниту да го пренесуваме на други луѓе.
    Истото важи и за лаиците во Црквата и за секој човек. Сите сме Црква. Оние кои ја обвинуваат Црквата поради грешките на нејзините претставници, наводно co цел да помогнат за поправање, прават голема грешка.
    Тие не ја љубат Црквата, a ce разбира, не Го љубат ниту Христос. Црквата ја љубиме кога co нашата молитва го прегрнуваме секој нејзин член и го правиме она што го прави Христос. Се жртвуваме, бдееме, правиме се’, како што прави и Он, Којшто „навредуван не возвраќаше co навреда, страдајќи не се закануваше”.
    Да внимаваме и на типикот. Треба да живееме co Светите Тајни, а особено co Светата Тајна на Божествената Причест. Во нив се наоѓа Православието. Христос и’ се принесува на Црквата co Светите Тајни, а главно co Причеста. Ќе ви кажам за една Божја посета на мене ништожниот, за да ја увидите благодатта на Светите Тајни.
    Уште од порано на грбот имав еден мал израсток, којшто премногу ме болеше. Беше многу мал, како глава од игла. Болката се простираше на голем дел од левата страна на грбот. Беше неподнослива.
    Во мојата келија во Милеси направивме Света Тајна Маслосвет. Додека имав болки, го помазаа израстокот co осветениот елеј и болката веднаш згасна. Толку бев радосен поради оваа Божја посета, што на секој што доаѓаше му велев:
    – Земи од овој осветен елеј. Каква болка и да имаш, од ова да ставаш.
    Простете што го кажувам ова, но го кажувам во слава Божја.

    Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”
     
    На La.loca, kuc, Таа Сум и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Ако си паднал, стани!
    Ако пак си паднал – повторно стани. Ти си повикан на патот кон небото. Не е чудно за оној што трча понекогаш и да се сопне. Само треба постојано да се има трпение и покајание. Затоа, покај се кога ќе згрешиш и не го губи времето.
    Значи, не очајувај кога ќе паднеш, туку со усрдност стани и направи метанија, велејќи: „Прости ми, Христе мој, човек сум и слаб сум“. Не те напуштил Бог, како што кажуваш, но бидејќи во тебе има световна гордост и многу суета, нашиот Христос дозволува да згрешиш и паднеш, па така секојдневно, преку тие ситуации, да станеш свесен за својата слабост, за да ги трпиш грешните, да не ги осудуваш своите браќа кога грешат, туку да ги утешиш.
    Колку пати и да паднеш, повторно стани и побарај прошка. Не ја криј мачнината во своето срце затоа што маката и душевната здодевност се радост за лукавиот, од нив душата се исполнува со горчина, а духовното расположение на покајникот треба да вели: „Згрешив, прости ми Оче“, и на тој начин да го отстрани тоа расположение. „Зар јас не сум човек, и зар не сум слаб? Што воопшто можам да направам?“ Навистина, чедо мое, тоа е така. Имај храброст. Човекот стои на свои нозе само тогаш кога доаѓа Божјата благодат. Ако нема благодат, непрестајно се тетерави и паѓа. И затоа биди решителен и не се плаши.
    Во себе устрој смел начин на размислување пред доаѓањето на искушенијата. Тие секако ќе дојдат, затоа што ти се наопходни. На друг начин нема да се исчистиш. Остави го тоа што го кажуваат невнимателноста и очајот. Не им се плаши. Како што со помош на благодатта поминаа претходните, така ќе минат и овие, штом ќе ја завршат својата работа. Искушенијата се лекови, лековити билки, кои ги лечат видливите страсти и нашите невидливи рани.
    Ти, значи, имај трпение, за секојдневно да имаш добивка, за да ги собереш наградата, мирот и радоста во небесното Царство. Ќе дојде ноќта на смртта, кога никој нема да може дејствува. Затоа побрзај, бидејќи времето е кратко!
    Знај го ова – подобро еден победнички ден со венци и награди отколку многу години поминати во безделничење. Затоа што, еден ден во подвиг (борба) во познание, вреди колку педесет години кај оној што се бори невнимателно и без познание.
    Без борби и пролевање крв не очекувај ослободување од страстите. После престапот на нашата земја растат трње и чички. Заповедано ни е да ги искорнеме, но тие се корнат само со голема болка, раскрварени раце и многу воздишки. Затоа плачи, пролевај реки од солзи, и така ќе омекне земјата во твоето срце. А кога земјата е натопена, лесно ќе го искорнеш трњето.

    Старец Јосиф Исихаст
    Господи Исусе Христе Сине Божји помилуј не... Да не осудуваме
    Не ги разгледувај постапките на луѓето, не суди, не говори ништо зошто така, зошто е тоа.
    Подобро кажи си: ,,А мене што ме интересира тоа? Нема за нив да одговарам на страшниот Суд Божји". Оддалечувај ја со сите сили мислата од озборување на делата на луѓето, а моли се усрдно на Господа, за Самиот Тој да ти помогне во тоа, бидејќи без Божјата помош ништо добро не можеме да правиме, како што и самиот Господ кажал ,,Без мене не можете да вршите ништо" (Јн.15,5). Од сомничавоста пази се како од оган, бидејќи непријателот на човечкиот род ги лови луѓето во своите мрежи трудејќи се сѐ да прикаже со извртен изглед; белото да го направи црно и црното бело, како што постапил со нашите прародители Адам и Ева во Рајот.

    Свети Амвросиј Оптински
     
    На La.loca, Таа Сум, sonuvana и 6 други им се допаѓа ова.
  10. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Marko-Podviznik-768x417.jpg
    Vasilij-Veliki-768x417.jpg
    v.jpg
     
    На La.loca, kuc, Таа Сум и 5 други им се допаѓа ова.
  11. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    20019_10153367875551081_2358725670986540629_n.jpg
    10391034_10153418735196081_5861420618836769513_n.jpg
    12185433_10153792425486081_9214338006944570103_o.jpg
     
    На La.loca, kuc, Таа Сум и 4 други им се допаѓа ова.
  12. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    15369023_10154761503151081_201013858390338172_o.jpg
    17311066_10155096697431081_2631899385989744927_o.jpg
    18056552_10155207852111081_2770496693863180751_o.jpg
    11330006_10153375699526081_8677393677626763750_n.jpg
     
    На La.loca, Таа Сум, P.S.love и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Би требало постојано и непрестајно да ја повторуваме Исусовата молитва. Во нашите срца мора да остане само Исусовото име; кога ќе ја запоставиме својата молитва, односно заедничарењето со Бог, тогаш ѓаволот наоѓа прилика да нѐ збуни со негативни мисли. Така завршуваме не знаејќи што да сакаме, што да правиме или што да зборуваме.
    - Паисиј Светогорец
     
    На La.loca, kuc, Таа Сум и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Второто блаженство гласи ,,Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!’’ Парадоксално е плачот да биде блаженство и оној кој плаче да го нарекуваме блажен, некој ќе забележи. Но, се разбира ова не се однесува за сите кои плачат и за секаков вид плач, туку само за оние кои плачат со она што преподобниот Јустин Ќелиски го нарекува ,,евангелски плач’’- односно спасоносен плач, плач кој води кон Бога. Постои и плач кој е неевангелски, залуден и дури- убиствен; тој воопшто не води кон Бога, туку води од Бога кон депресија и смрт. ,,Плаче немоќната злоба; плаче понижената гордост; плаче незадоволената суета; плаче навреденото самољубие- и малку ли се суетните солзи? Но, тоа се солзи на гревот, солзи бескорисни, солзи крајно убиствени за оние кои ги излеваат, зашто произведуваат смрт на душата.’’- пишува свети Јован Кронштатски. А евангелски плач, пак, е оној кој е поттикнат од Евангелието.
    Продуховените луѓе кои го чуле Евангелието и се трудат да живеат според него- го согледале гревот во себе и во светот. Тие увиделе дека светот живее во грев, далеку од Бога, во лага и зло и дека чекори кон пропаст и смрт. Согледувајќи ја таквата реалност во светот и во себе- евангелскиот човек не може, а да не плаче. Замислете колкав е гревот во светот! Илјадници и милиони умираат и страдаат неправедно. Колкумина свесно се оддале на гревот, та живеат во непрекинат грев!? Колкумина се фатиле во стапица на зависностите, та страдаат од своите погрешни избори!? Но, да го оставиме светот и да погледнеме во себеси- до каде не’ довел гревот? Колку гревови имаме ние направено? Колку погрешни мисли прошле низ нашиот ум? Колку зли планови сме сковале до сега? Колку зли емоции го окупирале нашето срце? Колку лоши зборови излегле од нашата уста? Колку гревови сториле нашите тела?...
    Преподобниот Јустин Ќелиски пишува: кога човекот би имал илјадници и илјадници очи и сите би плачеле над гревовите човечки, сепак и тоа би било бескрајно малку за човек да ги исплаче своите и гревовите на своите браќа- луѓето од сите бои, сите раси, сите култури и сите вери.
    Блажени се оние кои плачат поради своите гревови, зашто покајанието ги води кон Оној Кој единствено има власт и моќ и љубов да ги опростува гревовите. Блажена е онаа жалост по Бога која, според зборовите на апостолот Павле ,,предизвикува неопходно покајување за спасение’’. Од друга страна, апостолот вели ,,световната мака доведува со смрт’’.
    Светот ги смета за блажени оние кои се радуваат, а за несреќни оние тагуваат и плачат. Господ Христос, пак, ја обрнува оваа логика и вели дека се блажени оние кои плачат, оти тие ќе се утешат. Оние кои сега плачат над своите гревови ќе стигнат до покајание и до милоста Божја, а милоста Божја ќе ги утеши. Тогаш тие ќе доживеат неопишлива радост и неопишливо блаженство.
     
    На La.loca, Таа Сум, sonuvana и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Оној што напредува во радоста, напредува во сè. А оној што напредува во тагите – не напредува во ништо. Затоа ве молам, а посебно вас младите луѓе – радувајте се на животот... Во спротивно, животот може да ни се претвори во адско мрморење. Радоста е најголема благодарност кон Бога.
    старец Тадеј
     
    На La.loca, kuc, Таа Сум и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Постот сметај го за оружје, молитвата за ограда, а солзите за бања. Плашливиот војник трепери од звукот на труба што навестува борба, а стомакоугодникот од наговестувањето на почеток на пост. Добар е лебот на постот оти во него го нема квасецот на сластољубието.
    - Нил Синајски
     
    На P.S.love, La.loca, kuc и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Основен и главен предуслов за добар брак е способноста да се напредува. Незрелоста е еден од најголемите проблеми поради кои пропаѓа бракот. Сигурно е дека сите ние стапуваме во брак со личен багаж од лоши навики и незрелост. Но, мораме да научиме да ги надминуваме овие работи. Кога бев дете – поучува св. Апостол Павле – зборував како дете, како дете мислев, како дете размислувава; а кога станав маж, го оставив детинското. (1. Кор. 13, 11) И колку, навистина, заради среќниот брак, е потребно да се отфрли детинското: неодговорноста, тврдоглавоста, саможивоста, несочувствителноста, темпераментот, љубомората. Колку е важно да се молиме секој ден: „О Боже, помогни ми да растам...да се преиспитувам...да ги согледувам потребите и чувствата на мојата сопруга /сопруг, и да ја прифатам одговорноста која Бог ми ја наложи“.После склопувањето на брак, првата и главна обврска на мажот е кон жената, а на жената – кон мажот. Тие мора да живеат еден за друг, еден за друг да го дадат животот. Порано и двајцата биле несовршени. Бракот е соединување на две половини во единствена целина. Двата животи се поврзани во еден толку тесен сојуз, што веќе не постојат два, ами еден живот. И двајцата до крајот на своите животи ја носат светата одговорност на среќа и најголемо богатство за оној другиот.
    Тајната на семејниот мир и спокојство е – простувањето....Никој не би се противел кога би рекле дека најважниот ден во животот на еден човек, по неговото раѓање и крштение, е денот на неговото венчание.
    Тогаш, не нè изненадува фактот што целта на современиот институциски метеж е токму кршењето на најчесната и светата тајна на венчанието.
    ...
    За многумина, венчанието е можност за задоволство и забава. Животот, од друга страна, е сериозна работа. Животот е духовна борба, напредок кон единствената цел: небесата. Најкритичниот јазол, и најважното средство во овој напредок е венчанието. Никому не му е дозволено да го избегнува венчалниот јарем, без разлика дали ќе склопи таински брак посветувајќи Му се на Бога (монаштво), или пак, светотаински брак со сопруг/а.
    Знаеме дека бракот е тајна воспоставена од Бога. Тој е чесен (Евр. 13, 4), „голема Тајна“ (Ефес. 5, 32). Невенчаната личност поминува низ животот и си заминува; овенчаната личност, пак, живее и го искусува животот во полнота.
    Старец Емилијан Симонопетриски
     
    На P.S.love, La.loca, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Може да послужи како поука, молитва од Св. Николај Жички

    Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам и не ги колнам.
    Непријателите повеќе ме истуркаа во Твојата прегратка, отколку пријателите.
    Пријателите ме врзуваа за земјата, непријателите ме одврзуваа од земјата, и ги рушеа сите мои надежи во земјата.
    Тие ме правеа странец во земските царства, и непотребен жител на земјата.
    Како што гонетото животно наоѓа посигурно засолниште, отколку негонетото, така сум и јас, гонет од непријателите, најдов посигурно засолниште, скривајќи се под Твојот шатор, каде што ни пријателите, ни непријателите не можат да ја погубат мојата душа.
    Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам.
    Тие наместо мене ги исповедаа моите гревови пред светот.
    Тие ме камшикуваа, кога јас се сожалував да се камшикувам себеси.
    Тие ме мачеа тогаш, кога јас бегав од маките.
    Тие ме навредуваа тогаш, кога јас си ласкав самиот на себеси.
    Тие ме плукаа тогаш, кога јас се гордеев со себе.
    Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам.
    Кога се правев мудар, тие ме нарекуваа луд.
    Кога се правев силен, тие ми се смееја како на џуџе.
    Кога сакав да бидам водач на луѓе, тие ме туркаа назад.
    Кога брзав да се збогатам, тие ме удираа со железна рака.
    Кога мислев мирно да спијам, тие ме будеа од сон.
    Кога ѕидав куќа за долг и спокоен живот, тие ја рушеа и ме изгонуваа надвор.
    Навистина, непријателите ме одврзаа од светот и ги продолжија моите раце до Твојот скут.
    Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам!
    Благослови ги и умножи ги; умножи ги и уште повеќе огорчи ги против мене –
    та да биде моето бегство кон Тебе неповратно;
    надежта во луѓето да се искине како пајажина;
    да се зацари смирението целосно во мојата душа;
    да стане срцето гроб на моите два злобни близнака: гордоста и гневот;
    за сето мое богатство да го соберам на небото!
    Ах, барем еднаш да се ослободам од себеизмамата, која и ме заплеткала во страшната мрежа на лажливиот живот.
    Непријателите ме научија да знам, – она што ретко кој го знае – дека човекот нема непријатели во светот надвор од себе.
    Непријателите ги мрази само оној, кој не знае, дека непријателите не се непријатели, туку сурови пријатели.
    Навистина тешко ми е да речам, кој ми направил повеќе добро а кој повеќе зло во овој свет: пријателите или непријателите.
    Затоа благослови ги, Господи, и пријателите и непријателите мои!
    Робот ги колне непријателите, зашто не знае. А синот ги благословува, зашто знае.
    Зашто синот знае, дека непријателите не можат да му го допрат животот.
    Затоа слободно чекори помеѓу нив и Му се моли на Бога за нив.
    Благослови ги моите непријатели, Господи. И јас ги благословувам, и не ги колнам!
     
    На La.loca, Petra777, kuc и 10 други им се допаѓа ова.
  19. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    На Бога Му се важни сите детали од нашите животи. Мора да сфатиме дека Он не ги презира нашите потреби. Не сме сами на овој свет.
    Старец Порфириј
     
    На La.loca, kuc, LegallyBlonde13 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    "Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји. Поголема е вредноста на еден благословен човек кој внатрешно променувајќи се и надворешно се осветува, отколку на оние што постојано го менуваат само изгледот (својата облека), а внатрешно го чуваат стариот човек со старите гревови." - старец Пајсиј
     
    На La.loca, Petra777, kuc и 4 други им се допаѓа ова.
  21. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    “Човекот што никогаш не почувствувал дека е оддалечен од Бога и од вистинскиот живот, никогаш нема да разбере што е тоа христијанство”
    отец Александар Шмеман
     
    На La.loca, P.S.love, kuc и 5 други им се допаѓа ова.
  22. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Додека не воспоставите мир во себе, нема да има мир ни наоколу.
    - Отец Тадеј
     
    На La.loca, orevokrsacka, Таа Сум и 2 други им се допаѓа ова.