1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Како што разбојниците се кријат по скришни места за да ги ограбат минувачите, така и ѓаволот се крие во задоволствата, како би ја победил нашата душа.

    Св. Василиј Велики
     
    На La.loca, sonuvana, marchi-cool и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Кога се надеваме на Бог, ќе можеме да ги поднесеме сите искушенија и да го сочуваме својот мир, па макар и да не го гледаме мирот кај луѓето кои не опкружуваат.
    Бидејки е кажано: бев мирен со оние кои го мразат мирот. Да даде Бог и они да го засакат мирот.
    - Св. Филарет Московски
     
    На afrodita94, La.loca, Meckicja и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    "Треба да се молиме за сите што зборуваат лошо за нас, и да бараме од Бога да им подари покајание, просветлување и здравје, а во себе да не оставиме ни трага од омраза кон нив. Да го задржиме само искуството на преживеаното искушение, да го исфрлиме од себе сиот отров, и да се потсетиме на зборовите на св. Ефрем: „Ако претрпиш каква било клевета, а подоцна се обелодени чистотата на твојата совест, немој да се возгордееш, туку со смирение служи Му на Господ, Кој те спасил од човечките клевети, за да не бидеш поразен од големиот пад на душата“. - старец Пајсиј
     
    На La.loca, Meckicja, kuc и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Fotini

    Fotini Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Немој да се измачуваш со овие прашања. Тоа е несфатливо за нашите мали, ограничени и огревоврни умови. Бог го создаде светот побарај во Библијата и пточитај колку многу убаво е објаснето. Крајот и почетокот не е наше да ги знаеме.
     
    На Роберт 7 и La.loca им се допаѓа ова.
  5. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    "Вистинскиот христијанин е создаден од верата и љубовта кон Христос. Гревовите ни најмалку не нѐ спречуваат да бидеме христијани, тоа и Самиот Христос го кажува. Тој, заради Своето големо човекољубие рекол дека не дошол да ги повика праведните, туку грешните на покајание, бидејќи поголема е радоста на небото поради еден грешник кој се кае, отколку за останатите деведест и девет праведни. Расудувајќи на овој начин, христијанинот би требало да се надева, да се радува и да не го... прифаќа погубното очајување. Овде е потребен штитот на верата.
    За оној кој Го љуби Бога, гревот не е ништо друго, туку непријателска стрела, истрелана во духовната борба. Вистинскиот христијанин е воин, кој на патот кон својата небесна татковина, се бори против невидливиот непријател. Според зборовите на апостолот, „нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против господарите на темината на овој век, против поднебесните духови на злобата“ (Ефес. 6, 12).
    Пропадливите световни желби нѐ одвојуваат од нашата татковина. Навиката и наклонетоста кон нив како да ја облекуваат душата во неубави фустани. Тоа апостолите го нарекуваат надворешен човек. Патувајќи низ овој живот и барајќи помош од Бога, треба да го соблечеме од себе неубавиот фустан и да се облечеме во љубовта на идниот век и со тоа да спознаеме колку сме блиску или далеку од нашата небесна татковина. Меѓутоа, тоа е невозможно да се направи брзо. Тогаш човекот треба да го следи примерот на болните, кои, сакајќи исцеление, непрестајно ги бараат вистинските лекови." - Свети Герман Алјаски
    „ОНОЈ што го фалеше вчера како добар и го величаше како духовно искусен, немој да го критикуваш како лош и пакосен (злобен) затоа што твојата љубов се преобратила во омраза, сакајќи преку обвинувањето нa братот да ја оправдаш својата зла омраза.
    Напротив, продолжи да ro фалиш, иако во тебе се’ уште владее тагата (омразата) и лесно ќе и’ се вратиш на спасоносната љубов.
    Наоѓајќи се co останатите браќа, внимавај да не ја превртуваш вообичаената пофалба на братот поради омразата кон него, што се крие во тебе, клеветејќи го и скришно обвинувајќи го co своите зборови.
    Напротив, при вашите средби пофали ro co чисти (искрени) зборови, искрено молејќи се за него како за себе, co што брзо ќе се ослободиш од погубната омраза.
    Доколку случајно братот, искушуван од демонот, продолжува да те злоупотребува и навредува, ти немој да отстапиш од љубовта, прифаќајќи го истиот лукав демон, кој го вознемирува и твојот разум.
    Ти нема да отстапиш од него доколку го пофалуваш кога ќе те навредува и ако му посакуваш добро кога ти подготвува зло. Тоа е патот на мудрољубието во Христа. Оној што не се движи по тој пат не може да живее во заедница co Христа.
    7. НЕМОЈ да го провоцираш својот брат co двосмислени зборови за да не ти возврати, co што би ја избркал љубовта од двајцата, туку отиди смело и co љубов опомени го за да се отстранат причините за омразата и на тој начин двајцата да се ослободите од тагата, омразата и лутината.
    Немој да велиш: „He го мразам својот брат", при што, воопшто не сакаш ни да го видиш, туку послушај го Мојсеја, кој вели:
    Во срцето свое не мрази го братот твој; изобличи го ближниот свој и нема да ти се прими за грев поради тоа. (З Мојс. 19,17)
    Кога сте во добри односи и кога живеете во мир co својот брат, немој да се потсетуваш на она што го рекол, кога меѓу вас постоела омраза (т.е. на она што ти го рекол тебе самиот или на некој друг, за кое ти си разбрал подоцна), за да не се појави повторно погубната омраза кон него, прифаќајќи ја помислата за памтење на злото.
    8. СЛОВЕСНАТА душа која има омраза кон некој човек, не може да има мир co Бога, Кој ги дал заповедите. Зашто, Он вели:
    Ако, пак, не им ги простите грешките на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите грешки. (Мт. 6,15)
    Доколку другиот не сака да се смири, ти чувај се од омразата искрено молејќи се за него и не зборувајќи никакви лаги за него пред никого.
    9. МИРОТ на светите ангели е заснован на две расположенија: на љубовта кон Бога и на меѓусебната љубов. Слично е и co светите од сите векови. Нашиот Спасител рекол многу убаво:
    На тие две заповеди се држат целиот Закон и Пророците. (Мт. 22,40)
    Немој да мислиш дека те сакаат оние кои ти пренесуваат зборови кои раѓаат тага и омраза, дури и ако ти се чини дека зборуваат вистина. Напротив, избегнувај ги како змии отровници.
    Спречувај ги нив во зборувањето на лаги и избави ја својата душа од злобата. Точно испитај ја својата совест за да не утврдиш дека можеби ти си причината поради која братот не сакал да ce помири.
    Немој да се обидуваш да ја измамиш (совеста), затоа што таа го знае и она најскриеното во тебе.
    Потоа таа обвинува во часот на смртта, како што станува и препрека за време на молитвата.
    10. НЕМОЈ лесно да ја отфрлаш духовната љубов. Зашто, на луѓето не им преостанува друг пат за спасение. Внимавај на себе и испитај дали злобата, која те одвојува од братот, се наоѓа во тебе, или во твојот брат и побрзај да се помириш co него за да не отпадне од заповедта за љубовта.
    Немој да ја занемаруваш заповедта за љубов, преку која постануваш Божјо чудо. Меѓутоа, co нејзиното прекршување ти постануваш дете на геената.
    11. НЕМОЈ да бидеш егоист и нема да го мразиш својот брат. Немој да бидеш самољубив и ќе бидеш богољубив.
    Одлучувајќи да живееш co браќата по дух, уште на вратата одречи се од своите потреби, инаку нема да имаш мир ни co Бога, ниту co оние што живеат co тебе (co сожителите)...
    (Свети Максим)
     
    Последна измена: 13 јуни 2018
    На worrieddd, La.loca, Petra777 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Човекот е половина љубов, половина борба - со цел да ја зачува љубовта неповредена и недопрена од злото“. - Старец Јустин Парву
     
    На La.loca, Petra777, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Видов дете како долго трча по едно јато пеперутки, па кога една пеперутка му беше на дофат тој ја остави и истрча по друга, која му се чинеше поубава.
    Реков:такви се човечките синови, и такво е нивното трчање низ целиот животот по многу желби.
    Навистина, вашата трка е заморна и бескорисна. Кога ќе ви дојде смртниот час, не ќе можете да кажете, по што сте трчале. И ќе влезете во другиот свет со празни раце и збунето срце. - Владика Николај Велимирович
     
    На La.loca, Petra777, sonuvana и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Царството Божјо е внатре во вас. Влези во самиот себе, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш. Влези во себе и живеј во самиот себе, во прекрасната ќелија на својот дух и таму барај го Царството, како што нѐ учеше нашиот спасител. Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце зашто таму е Бог. Тој не те напушта, туку ти го напушта Него. Прекрасно е ова и чудесно, недостижно за небесните и неискажливо за земните. Недостапниот, за секој ум, влегува во срцето и пребива во него; Сокриениот од оние што со оган зрачат се населува во срцето. Земјата не може да издржи под Неговите стапала, а чистото срце Го носи во себе. Небото е мало за Неговите дланки, а срцето е Негово живеалиште. Целата твар не може да Го смести во своите граници, но ако тоа го побара срцето, Тој ќе се смести во малото срце. Мал простор одбира Бог во човекот за Свое живеалиште и човекот станува храм Божји, во кој пребива и живее Бог. Душата е Негов храм, а срцето свет олтар на кој се принесуваат жртви на пофалба и славословија; умот, пак, е јереј што таму стои и свештенодејствува.
    - Св. Ефрем Сирин
     
    На La.loca, sonuvana, LegallyBlonde13 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Доколку овој Ефрем Сирин под „спасител“ мислел на Исус, тогаш ништо лично кон тебе битер, ама ќе морам да го корегирам него бидејќи Исус не поучувал никогаш вака. Ова се некои источњачки верувања, поврзани со медитација, кои влечат корени во будистичките и хиндуистичките монаси кои медитирале и „влегувале во себе си“ со цел да достигнат нирвана и сл.
    Исус не рекол „Божјото Царство е внатре во вас, во вашите срца“, туку рекол дека „Божјото Царство е во вашата средина“ (ев. Лука 17:21, Библијата) Секаде каде што имаш луѓе кои го почитуваат Исус како Цар и се водат според Неговите уредби, таму е и Божјото Царство. Така што на Земјава, луѓето како колектив во релација со Исус го претставуваат Божјото Царство, а не како интроверни индивидуи кои себично го бараат тоа во своите „невини“ срца живеејќи медитациски и саможивен живот.

    Наспроти ова, погледни што вели Исус дека живее во човековото срце:

    „Зашто од внатрешноста, од човековото срце, илзегуваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сите тие излегуваат од внатре и го прават човекот нечист.“ (Исус Христос, ев. Марко 7:21-23, Библијата)
     
    На La.loca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Машки
    Од Лука свето евангелие!
    Запрашан од фарисеите, кога ќе дојде царството Божјо, Он (Господ Иисус Христос) им одговори: „царството Божјо нема да дојде забележливо, ниту ќе кажат: »Еве, овде е« или: »Ене, онде е«. Зашто царството Божјо е во вас внатре.
    И им рече: „Ќе дојдат дни, кога ќе сакате да видите еден од деновите на Синот Човечки, и нема да видите: и ќе ви речат: »Еве, овде е« или, Ене, онде е«. – Не одете и не барајте! Зашто, како што молњата, кога ќе светне од едниот крај на небото го осветлува и другиот, така ќе биде и Синот Човечки во Својот ден.

    Патем секој си кажува што си има во срцето свое. Во срцето на свети Ефрем Сирин пребивал Бог, во нашите срца пак пребиваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Секој за себеси си раскажува. :)
     
    На La.loca, orevokrsacka, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    1. Ти го подвлеков зборот „запрашан од фарисеите“. Зарем со цел памет мислиш дека Исус би рекол дека Божјото Царство е во нивните срца? :) Дали знаеш кои се единствените во сите 4 евангелија кои Исус ги критикува и тоа со остри и осудувачки зборови? Не, тоа не е прељубницата фатена на дело, не е тоа ни самарјанката која била со 6 мажи, ниту е тоа крадецот Закеј. Тоа се фарисеите пред се, а потоа и книжниците и закониците. Нив Исус ги нарекува „варосани гробови“, спепи водачи на слепи, луѓе со надворешна побожност а внатрешна прљавштина, во дискусија со нив (ев. Марко 7 глава) Исус вели дека од човечкото срце излегуваат блудства, лоши мисли, убиства, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, гордост итн. И зарем веруваш дека Исус на овие би им рекол дека Божјото Царство е во нивните срца? :D

    2. Контекстуално е погрешно е преведена таа реченица. И не го сфаќај ова како осуда на преводот, бидејќи не постои совршен превод. Во многу посериозни преводи таа реченица е преведена: „е помеѓу вас“ или „е во вашата средина“, in your mids, in the mids of you, among you итн.

    3. Никаде, никаде во Библијата, ни имплицитно, не експлицитно не се зборува за престојување на „Божјо царство“ во човековото срце. Исус на многу наврати зборувал за доаѓање на Божјото Царство (дури и во Оче наш молитвата), за приближување на Божјото Царство, за законите и вредностите на тоа царство (дека тој што е најголем треба да им служи на сите, а не обратно). Божјото царство е во релација со Бог и со луѓето, во меѓусебните односи, а не нешто за што треба да се качиме на некоја планина или да се затвориме у соба и да го бараме во срцето. Тоа е себичност и саможивост - нешто дијаметрално спротивно од Божјото Царство за кое збори Исус. Интересно и како овој Ефрем Сирин го нарекува тоа „ќелија“ - бидејќи таквиот живот е баш тоа - ќелија во која се самозаробува верникот измамувајќи се дека му служи на Бог со тоа.

    На грешниците што признавале дека се грешни Исус им простувал. А на фарисеите кои се сметале за самоправедни, безгрешни, возгордеани во својата религиозност, на нив Исус им рекол: „Да бевте слепи, немаше да имате грев; но бидејќи велите: 'Гледаме' - затоа гревот ви останува.'' (Исус Христос, ев Јован 9:39-41, Библијата)
    „Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас.“ (1 Јованово 1:8, Библијата)
     
    На La.loca и Prijatelot им се допаѓа ова.
  12. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото.

    Преподобен Нил Синајски
     
    На Meckicja, kuc, La.loca и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Ако не можеш да ја кажеш вистината, не си обврзан да кажиш лага. Помеѓу вистината и лагата постои премин: молчење.
    Старец Пајсиј
     
    На Meckicja, kuc, La.loca и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Служете му на Бог со целата своја душа. Живејте го моментот на Крстот. Господ нема да те праша за она што не си го знаел. Тој ќе те праша: зошто не си го исполнил она што го знаеше?
    - старец Арсениј Папачок
     
    На P.S.love, worrieddd, Таа Сум и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Нешто што јас лично издвоив за вас:


    Потполна доверба во Бога, ете тоа е смирението.
    -Свети Порфириј Атонски

    Секој ќе ожнее тоа што ќе посее. Не треба да се бара човечката правда, барај ја само правдата Божја. Ако во сè се препуштиме на волјата Божја, тогаш ќе биде сè во ред, дури и непријатното, ќе биде прифатено како неопходно.
    -Преподобен Никон Оптински

    Ако сакаме да одиме по Христа, овоземниот живот ќе ни биде радост во Христа, без разлика на потешкотиите. Во врска со тоа, апостолот Павле вели: „Се радувам во маките свои“. Тоа е нашата вера. Во тој правец треба да одиме. Таа не се состои толку од формални обврски, колку што се состои од нашата решеност да живееме со Христа. Кога тоа ќе ти тргне од рака, што друго би посакал? Сè си добил. Живееш преку Христа, а Христос живее во тебе. Потоа сè е лесно – послушноста, смирението, мирот во душата.
    -Свети Порфириј Кавсокаливит


    иииии на крај мојот омилен старец Силуан Атонски :inlove:

    Светителите биле луѓе како и сите ние. Многумина од нив се одвратиле од големи гревови, но со покајание го достигнале Небесното Царство. И сите кои што влегуваат во него, влегуваат преку покајание, кое што ни го дарувал Милостивиот Господ преку Своите страдања.
    -Свети Силуан Атонски
     
    На afrodita94, La.loca, LegallyBlonde13 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Отсуството на радост значи отсуство на Бога, додека радоста е доказ за
    присуството Негово.
    Радоста е нешто ретко, но тоа не значи дека таа е и нешто големо: таа е природна, како што е и природно човекот да гледа.
    Некој кој е слеп може да каже:
    „О! Ти гледаш?“
    Така, кога некој е радосен, останатите се чудат и го прашуваат:
    „Радосен си?“ – зашто, одрекувајќи се од Бога во својот секојдневен живот, сме се навикнале на тага, лага, грев, на темната потсвест на човечкото суштество. Според тоа, радоста не е нешто ново.

    Архимандрит Емилијан
     
    На La.loca, LegallyBlonde13, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Како што за да научиме да возиме автомобил, треба да седнеме во него и да управуваме со управувачот, така и, за да научиме да живееме живот во црквата, треба да го посетуваме храмот Божји.
    Не треба да се мисли дека самото доаѓање во црква и молитвата во неа се доволни за полнота на духовниот живот. Потребно е и учество во Светите Тајни на Црквата.

    Протоереј Александар Торик
     
    На La.loca, LegallyBlonde13, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.986
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20180621-101957.png
     
    На La.loca, LegallyBlonde13 и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Додека љубовта расте во тебе, исто така и убавината расте. Зашто љубовта е убавината на душата.

    Свети Августин
     
    На P.S.love, La.loca, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат.:l::l::l:
     
    На eliesaab, afrodita94, worrieddd и 6 други им се допаѓа ова.