1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Додека себе не се предадеш на Бога, Бог нема да те посети.
    Духот Свет нема да дојде и да се всели во тебе. Нема да ти помогне.
    Длабоко размисли за ова.
    А покајанието Бог секогаш го прима. Смири се. Живеј едноставно.
    Не мудрувај.

    Старец Сампсон Сиверс
     
    На Meckicja, sjdgo, P.S.love и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Ако е крив еден владика, еден свештеник, еден монах , не е крив Христос.
    Меѓутоа, луѓето не одат така длабоко во размислувањето.
    Зборат : " Зар тој не е претставник на Христос?" Да , но зошто не се запрашате да ли и Христос е задоволен со тој претставник?
    Или , зошто не помислиш на тоа, што ли го чека овој Христов претставник во другиот живот?
    Затоа оние кои се соблазниле со некои случки, ладни во верата, сироти не сваќаат, дека ако е крив еден жандар не е крив и народот, па исто така и ако е крив еден свештеник, не е крива Црквата.

    Старец Пајсиј Светогорец
     
    На emiliana, friendy, sjdgo и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога човек ќе осети нечија душа и кога таа душа ќе стане душа на неговата душа. Иако се на раздалеченост од илјадници километри, во духот се блиску и едно. И во вечноста ќе бидат заедно.

    отец Лука Аниќ
     
    На P.S.love, GirlLove, sjdgo и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    "Гледај напред со вера, назад со благодарност, нагоре со молитва, надолу со покајание, навнатре со внимание! И наоколу со љубов."

    Игумен Тихон (Борисов)
     
    На Keiner, GirlLove, friendy и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.975
    Пол:
    Женски
    Завладеј над својот стомак, додека тој не завладеал со тебе.– Преподобен Јован Лествичник



    Во посни денови убаво е да се знае ова :D
     
    На friendy, Meckicja, La.loca и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.779
    Пол:
    Машки
    Сите се атеисти додека не почне авионот да паѓа. - Јас
     
    На Meckicja, GirlLove, La.loca и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Благоразумниот, бидејќи ја разбрал исцелителноста на Божествените судови, со благодарност ги поднесува сите казни кои што според нив го снаоѓаат, не сметајќи никого друг за нивен предизвикувач освен своите гревови. А неразумниот, што не ја познал премудроста на Промислата Божја, грешејќи и бивајќи укоруван, гледа на Бога, или на ближните, како на причина за своите неволји.

    Св. Максим Исповедник
     
    На La.loca, Rama, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    IMG_20190126_175611.jpg
     
    На GirlLove, душленце, sjdgo и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Основната цел на бракот не е раѓањето деца, туку едниот член да му помогне на другиот да достигне светост.
    - Св. Јован Златоуст

    Бог ли не слуша? Бог се` гледа и се` слуша, но не наоѓа корисно за тебе да ја исполни твојата желба. Тој те фрлил во печката на искушенијата за во тебе да согори се` што е лажно и нема да го изгасне тој пламен додека потполно не се очистиш.
    - Св. Теофан Затворник
     
    На Keiner, GirlLove, Meckicja и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    _20190222_160506.jpg
     
    На kuc, sjdgo, P.S.love и 5 други им се допаѓа ова.
  11. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    на Енглески е простете ама многу е убава ...
    When you see difficulties in your marriage, when you see that you're making no progress in your spiritual life, don't despair. But neither should you be content with whatever progress you may have already made. Lift up your heart to God. Imitate those who have given everything to God, and do what you can to be like them, even if all you can do is to desire in your heart to be like them. Leave the action to Christ...It is an adulteration of marriage for us to think that it is a road to happiness, as if it were a denial of the cross. The joy of marriage is for husband and wife to put their shoulders to the wheel and together go forward on the uphill road of life. "You haven't suffered? Then you haven't loved", says a certain poet. Only those who suffer can really love. And that's why sadness is a necessary feature of marriage. "Marriage", in the words of an ancient philosopher, "is a world made beautiful by hope, and strengthened by misfortune". Just as steel is fashioned in a furnace, just so is a person proved in marriage, in the fire of difficulties...Marriage, then, is a journey through sorrows and joys. When the sorrows seem overwhelming, then you should remember that God is with you. He will take up your cross. It was he who placed the crown of marriage on your head...Second, marriage is a journey of love. It is the creation of a new human being, a new person, for, as the Gospel says, "the two will be as one flesh." God unites two people, and makes them one. From this union of two people, who agree to synchronize their footsteps and harmonize the beating of their hearts, a new human being emerges. Through such profound and spontaneous love, the one becomes a presence, a living reality, in the heart of the other. "I am married" means that I cannot live a single day, even a few moments, without the companion of my life. My husband, my wife, is a part of my being, of my flesh, of my soul. He or she complements me. He or she is the thought of my mind. He or she is the reason for which my heart beats. - Elder Aimilianos of Simonopetra
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Сакајќи со пример да ни покаже како Бог се грижи за своите созданија, иако ние честопати не Го сакаме, па дури и се гневиме на Него, старецот Пајсиј ни го раскажа следниов настан:
    „Еден подвижник, гледајќи ги неправдите во светот, се молел Бог да му открие зошто благочестиви и верни луѓе се често сиромашни и неправедно страдаат, додека грешните и неправедните се богати и задоволни. Додека се молел на Бога да му ја открие оваа тајна, слушнал глас кој му рекол:
    – Немој да бараш да го сфатиш она што твојот ум и знаење не можат да го опфатат и немој да ги испитуваш тајните Божји, зашто Неговите судови се бездна. Но сепак, ако сакаш да дознаеш нешто, оди во светот и внимателно набљудувај што се случува и ќе ти биде дадено да разбереш еден дел од Божјите судови. Тогаш ќе дознаеш дека Божјата промисла која раководи со животот е неиспитлива и недостижна.
    Кога подвижникот го чул сето ова, отишол во светот. Откако пешачел извесно време, стигнал до една ливада. Тука се наоѓала една чешма, покрај едно старо издлабено дрво. Сесокрил во таа вдлабнатина и почнал да ги набљудува луѓето кои поминувале покрај ливадата. По извесно време, поминал еден богаташ јавајќи на коњ. Седнал на ливадата за да се напие вода и да се одмори, па од џебот го извадил торбето, во кое имало 100 златници и почнал да ги брои. Кога завршил, наместо да го врати во џебот, торбето го оставил на тревата. Откако се најал и се одморил, се качил на коњот и заминал, не забележувајќи дека торбето му останало во тревата.
    По извесно време, се појавил уште еден минувач. Застанал покрај чешмата и кога го видел торбето со златниците, го грабнал и потрчал низ полето. По неколку минути, се појавил еден сиромав. Бидејќи бил уморен, се напил малку вода и седнал да касне едно парче леб. Додека јадел сиромавиот, се вратил богаташот сиот гневен за да го побара своето торбе, го погледнал сурово и се фрлил врз него барајќи да му го врати торбето. Сиромавиот, пак, кој ништо не знаел ниту за торбето ниту за златниците, го убедувал и се колнел дека ништо не видел, но богаташот почнал да го тепа и најпосле го убил. Тогаш богаташот почнал да ја пребарува неговата облека но, откако не нашол ништо станал многу огорчен.
    Старецот, кој седел во вдлабнатината и набљудувал што се случува, бил натажен заради несправедливата смрт на сиромашниот и со солзи се молел на Бога:
    – Господи, штоо значи оваа Твоја волја? Кажи ми, како може Твојата добрина да поднесе толкава неправда? Еден човек ги губи парите, втор ги наоѓа, а трет поради тоа неправедно е убиен!
    Додека се молел и липал, пред него се појавил ангел Господов и му рекол:
    – Немој да жалиш поради злосторството и немој да мислиш дека ова не се случило по Божја волја. Имај на ум, дека сè што се случува е затоа што Бог така допушта, за да ги поучи луѓето или, пак, поради нивна полза.
    А сега слушај: човекот кој ги изгуби парите е сосед на оној што ги најде. Овој вториот имал имот вреден сто златници а богаташот, инаку многу алчен, го присилил да му го продаде имотот за само педесет златници. Чувствувајќи се беспомошно, сиромавиот се молел на Бога да му врати справедливо, и Бог двојно му вратил. Другиот човек, оној сиромавиот, кој неправедно беше убиен, некогаш и самиот извршил убиство, но искрено се покајал и остатокот од животот го поминал живеејќи според Божјата волја. Постојано се молел на Бога да му прости и велел: „Боже, дозволи ми да умрам со иста смрт како што и јас сум убил друг“. Се разбира, нашиот Бог му простил веднаш откако се покајал. Освен тоа, Он бил трогнат од побожноста и чувствителноста на овој човек, кој не само што се трудел да живее според Неговите заповеди, туку сакал и да плати за својот грев. Така Бог му ја исполнил неговата желба и допуштил да умре со насилна смрт – како што и самиот барал – а потоа го зел на небото, давајќи му венец на слава, поради неговото длабоко и искрено покајание.
    Третиот човек, оној алчен богаташ што ги изгубил златниците и извршил убиство, ќе отишол во пеколот поради своите два грева – лакомост и скржавост. Но, Бог допупштил да изврши убиство за да може да доживее болка која на крајот ќе го доведе до покајание. Па така, нзвршеното убиство станало причина тој да го напушти светот и да се замонаши.
    Значи, каде и во какви околности гледаш дека Бог бил Неправеден, немилосрден и суров? Не треба да ги испитуваш Божјите судови, зашто само тие се секогаш правилни и познати Му се само Нему. Додека, пак, ние судиме неправилно и Божјите судови ни се чинат несправедливи. Треба да знаеш, дека многу нешта се случуваат по Божја волја и од причини кои не ни се познати. Ете зошто треба да кажеме: Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди (Псал. 118,137).
     
    На Keiner, emiliana, lovely girl M и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    „Не е страшно за човек да падне во грев, тоа е човечки, но страшно е човек да остане во гревот – тоа е веќе нешто демонско“.
    Св. Јован Златоуст
     
    На AnnabelLee, sjdgo, Chokoholic25 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Се ни е дозволено, но не ни е се од полза - Св. Апостол Павле
     
    На friendy, kuc, Bitter-Sweet и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    IMG_20190607_151211.jpg
     
    На kuc, Rama и melnicanecot им се допаѓа ова.
  16. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Ако поминувате низ тешкотија и се прашувате каде е Господ.. сетете се дека учителот секогаш молчи за време на тестот
     
    На Rama и kuc им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Кој Го нема Бога во себе, тој се труди, по некој пеколен нагон, да го искорени Бога од душата на оној кој Го има.
    - Св.Николај Охридски
     
    На kuc и Rama им се допаѓа ова.
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ете, на Закхеј му е простено среброљубието, на блудницата – телесните гревови, на разбојникот на крстот – разбојништвото и на многумина други – , многу други гревови. Зошто тогаш не би можело да се прости и одрекувањето на вистината, неверието, исмевањето на Бога Светиот Дух?

    Затоа што таму има срам и покајание, а тука нема. Таму човекот макар и да греши, сепак со срам и страв се сврзува со Бога. А тука сите врски со Бога се прекинати и човекот безбожник бескрајно и потполно се оддалечил од Него. Таму има слабост, тука – упорствување. Таму душата скита во мрак, но барем жедува за светлина. А тука душата скита во мрак и мракот го нарекува светлина. Кога човек нема ниту најмала желба да се спаси, Бог не сака на сила да го спасува. (Извадок)

    Св.Николај Велимировиќ
     
    На kuc, Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  19. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    Screenshot_20190702-122553.png
     
    На P.S.love, Rama и kuc им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Денес, во ова безлично време на конформизмот, никој не сака подвиг и труд. Јадење, пиење, задоволство, уживање. Но, затоа да не се чудиме после од каде тагата, од каде депресијата, очајот, психофизичките болести. Благословениот подвиг носи телесно здравје и радост на духот. Не правиш ли подвиг, тогаш не барај ни радост.
    - Архимандрит Партениј Бигорски
     
    На Orthophill, kuc, Rama и 5 други им се допаѓа ова.