ПРИКАЗНА ЗА БОГАТИОТ ЧОВЕК И ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ Св. Николај Српски (Велимировиќ) Еден богат човек живеел во својот замок. Тој имал сѐ и од сѐ му здодеало. Паднал во униние. Тогаш човекот решил да отиде на пат за да се развесели некако. Но ништо не помагало. Тој и понатаму бил тажен. Во еден момент, тој застанал да одмори. Погледнал околу себе и што ќе види: пред него се простирало поле, а среде полето здогледал земјоделец, кој, паднат на колена, Го славел Бога, додека еден од неговите волови стоел во браздата, а другиот бил паднат на земја. Богатиот го прашал земјоделецот: - Зошто си Му толку благодарен на Бога? - Ми умре волот. - И затоа се радуваш?! - Јас сум голем грешник. Но Господ е милостив: ми го зачува животот и ме казни со смртта на волот. Затоа и го славам Бог. Го славев Господ, кога Он ми ги даде воловите, зарем да не го славам и сега, кога ми зеде само еден од воловите? Слава Му! - А како ќе ја обработуваш земјата само со еден вол? - Господ сѐ ќе си среди, – се насмеал земјоделецот. ”Гледај колку овој човек е среќен и се смее, иако го изгуби волот. А јас имам толку голем имот и пак не се смеам!” – си помислил во себе богатиот човек. Тој извлекол неколку златни монети и му рекол на земјоделецот: - Купи си друг вол. Денес многу научив од тебе. - Нели ти реков дека Господ сѐ ќе среди! – воскликнал радосно земјоделецот и повторно почнал да Го слави Бога. А богатиот човек си тргнал да се врати дома. Кога доближил до замокот, тој забележал дека целиот замок е опкружен со пламен. Тогаш човекот паднал на колена, ги кренал рацете и воскликнал: - Ти благодарам Боже! Ти благодарам, Боже! Слугите го гледале зачудено. Не се чудете, – им објаснил богатиот човек. – Не Му благодарев на Бога, кога Он ми даваше сѐ, но сега кога Он ми зеде, јас двојно сум Му благодарен. Ете време и за мене да се потрудам со вера во Бога! Тоа ќе ми врати смислата на животот и радоста. Господ се ќе среди
И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сè што ти е потребно за твоето спасение. И сè што е потребно, ако треба да ѝ помогнеш на некоја друга душа.
„Еднаш еден голем старец со своите ученици се најде на место каде што имаше кипариси различни по големина, мали и големи. И му рече старецот на еден од учениците: ’Искорни го овој кипарис’. Тоа беше малечок кипарис и братот со едната рака веднаш го искорна. Потоа старецот му укажа на друг, поголем од првиот, па му рече: ’Искорни го и овој’. Братот го искорна, влечејќи го со двете раце. Старецот пак покажа на кипарис поголем од претходниот, а братот со голем труд го искорна. По ова старецот му покажа на друг, поголем и од претходниот. Братот долго време го свиваше, и после многу напор одвај го совлада. Само, следниот кипарис што му го посочи старецот тој ни по многу усилби и потење не можеше да го искорне. Кога виде дека тој тоа не може да го исполни, старецот му наложи на друг брат да стане и да му помогне. Овие двајцата одвај успеаа да го искорнат оној снажен кипарис. Тогаш старецот им рече на браќата: ’Ете какви се страстите. Додека се мали, ако сакаме, можеме со леснотија да ги пресечеме. Но занемарени, стануваат силни. И што повеќе јакнат толку поголем напор бараат за да бидат совладани. А доколку пораснат премногу, ни со напор нема да можеме да ги отсечеме, ако не добиеме помош од некои од светителите што нѐ застапуваат пред Бога’.“ (Поуки на Авва Доротеј)
"Не бара Бог слава за Себе, туку за вас. На Неговата слава, не можат да додадат ништо, ни сите светови, а не камо ли вие. Молитвата ваша ве прославуват вас, а не Бога. Во Него е полнота и милост.Сите добри зборови, кои во молитва му ги упатувате Нему, вам ви се враќаат дупло". св.Владика Николај Велимировиќ. -од книгата "Молитви на езеро"
ПРОМЕНА НА ЖИВОТОТ ......... За човек да престане со правење на некој грев, треба да настојува да избегава се што му е причина за тој грев. Пијаницата, на пример, ако има желба сам на себе да си помогне,да не се напие повторно, не смее да поминува низ кафани,локали кафичи.... За тоа е потребно малку труд и добра воља и добриот Бог ќе ни помогне да ги надминеме сите тешкотии. Некој,да речеме има страст.И ја препознава,се бори,ја одсекува, се кае, се смирува. Кој има добра да ја одсече таа страст, за Бога тоа представува известување да му помогне. А ако таквиот не вложи труд да се промени и продолжува да греши, како Бог да му подари благодатта Божја ? Благодатта Божја не слегнува додека човекот е во ситуацији да си греши, бидејќи тоа нема да му помогне.Кога тоа би му помогнало,Бог би ја испратил благодатта Божија и на ѓаволот. Човек кој не останува упорно на своето паѓање,со своите грешни мисли,но се кае заради гревовите и се бори да не греши повеќе,добива благодат Божја и помош.Кога гревот се смета за мода и нема каење тоа е веќе демонска состојба. Како се спасил ,старче ,едниот од двајцата разбојници кои биле распнати заедно со Христа?- Он се искачил на ѕидот и преу ѕидот влегол во рајот! Покајанието на разбојникот го украло рајот,Го украл значи со своето големо покајание и рајот! - Ако некој, старче,го променил својот живот и не продолжил да живее со својите стари грешни навики, ама понекогаш, падне во некој од старите гревови, да ли тоа значи дека во него нема покајание ? - Ех, ако вложува неопходен напор и труд, ама падне, благо ќе му се суди. Во почетокот не е лесно. Ама кога некој стварно е разумен за тоа колку е било рѓаво тоа што го правел, не паѓа повторно. Негогаш постоело искрено покајание. Кога некој би се покајал, не му се сличувало да се врати на старото. Се сеќавам колку ми помогна една жена со своето вистинско покајание. Целата се беше собрала, нити говореше. Била е цела во црно - како да е калуѓерка - и се грижеше за една мала црква, ти палела кандилата... Много ти помагало тоа, само да је видиш. А сега гледам некои, штом го променат животот, почнуваат да изиграваат учители на другите, иако во нив уште постои стариот човек. Кога некој вистински ќе се покае,престанува да живее блуден живот ( одење со жени и мажи изневери,прељуби и така натаму) а почнува да води духовен живот,преставува пример и за другите. . Ама ако од таа состојба од која се наоѓал и одма се променил станал духовен човек па и започнал да проповеда е тоа е прелест! Старец Пајсиј Светогорец +
Се среќаваат две лица што се познаваат: свештеник на постара возраст и верник на средна возраст. Свештеникот, со бастун в раце, се шета по кејот на езерото. Му приоѓа верникот, прави поклон пред свештеникот и бара благослов од него: Верникот: „Благословете, отец!“. Свештеникот, правејќи крст над неговата глава, го благословува, и му вели: „Бог да те благослови, чедо, во сите денови од твојот живот“. Верникот: „Како сте, отец?“. Свештеникот: „Се крепам некако, ама тешко – малку од годините, малку од гревовите – стежнало. А, ти!?“. Верникот: „Исто, отец, - со гревови. Јас ги носам само моите и - многу тешко. А, вие, отец, ги носите од многумина, па вам вие потешко...“. Свештеникот: „Да, чедо, но уште потешко ми е тоа што луѓето, иако доаѓаат на богослужби, се исповедаат... ама само формално, па, ги гледам, пак си продолжуваат по старото!“. Верникот: „Ги гледате!? Како тоа?!“. Свештеникот: „Тоа ми е работа, чедо, да ги гледам и да знам што прават моите духовни чеда! Но, не се сите такви. Ги има, и тоа не малку, што се поправиле во однесувањето. Повеќемина од нив ги среќавам и на места каде што сакам да ги видам, во посета: по болници, по старски домови, по домови на сиромашни, кај стари, кај изнемоштени... ставиле по нешто во торбичката и, туп, - на вистинското место. Ова, чедо, ме тера да Го молам Господа уште малку да ми го продолжи животот, та да видам многумина со торбичка в раце!“. Верникот: „Дај Боже, отец, Господ да ти ги умножи деновите и годините, па заедно да се радуваме гледајќи ги луѓето, со Христа во срцето, како се шетаат со торбичка в раце“. Свештеникот: „Бог да те слушне, чедо, и да ти ја исполни молитвата! А, тебе чедо, кај ти е тебе торбичката?“. Верникот: „Јас..., отец..., сега.... Ќе набавам, отец!“ Свештеникот: „Набави ја, чедо, што побргу! Стави по нешто во неа и, го знаеш патот!“ Верникот побара благослов и се разделија со желби пак да се сретнат. Колку се пронајдов во "верникот" И јас нон-стоп си ја "набавувам торбичката",и уште не сум ја набавила... барем не колку што треба
Еднаш, во некој манастир, кај преподобниот отец дошле монаси и го запрашале: - Оче, често луѓето нè прашуваат: „Има толку многу цркви на оваа наша грешна земја, која од нив е спасоносна?“ Преподобниот отец одговорил: - Одете и однесете дрва крај мојата ќелија, но повеќе. По некое време, монасите донеле дрва. Секој донел колку што можел. Почнало да се смрачува. Затропале на вратата кај старецот, тој изглегол и видел натрупани дрва. - Запалeте оган, – рекол старецот. Се спуштила ноќ, но добро се гледало, затоа што пламенот бил голем. Седнале послушниците покрај и молчејќи чекале – што ќе направи старецот следно? А преподобниот отец му рекол на еден од нив: - Земи една цепаница од огнот и фрли ја настрана. Послушникот го направил тоа што му било наредено – зел цепаница која горела и ја фрлил настрана. Таа паднала на земја и постепено се угасила. Лежела на земјата и веќе не горела. А оганот горел, ги осветлувал луѓето… Поминало малку време. Повторно преподобниот отец им рекол: - Извадете цепаница од оганот и фрлете ја настрана. Повторно така направиле. Во меѓувреме, почнало да се разденува. Старецот станал и, покажувајќи им ги на послушниците угасените и расфрлените цепаници наоколу, рекол: - Овие се црквите, кои отпаднаа од Христовата Црква. За нив и прашавте. Како што огнот ги напушти тие цепаници, така и Божјата благодат ги напушти тие цркви. Потоа се свртел кон оганот и рекол: - А ова е Светата, Соборна и Апостолска (Православна) Црква. Мал е оганот, но постојано гори и свети. Додека тоа го говорел, изглегло сонцето, осветлило сè наоколу, а преподобниот отец продолжил: - Така до крајот на векот ќе постои и Светата, Апостолска и Соборна Црква, чувајќи го своето учење во потполност, додека Христос не дојде во сета Своја слава да им суди на живите и на мртвите.
МЕСТОТО КАДЕ ШТО ЖИВЕЕ ЉУБОВТА (духовна ризница) Бог одговори: „ Кога ја создавав жената мораше да биде посебна. Ѝ дадов раменици доволно јаки да ја носат тежината на овој свет, а пак доволно нежни да можат да пружаат утеха. Ѝ дадов внатрешна сила да го поднесе породот и одбивањето кое толку пати ѝ стигнува од нејзините деца. Ѝ дадов цврстина која ѝ овозможува да оди понатаму кога сите други ќе се откажат и да се грижи за своето семејство во време на болест и неволја без приговор. Ѝ дадов чувствителност да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете мошне ја повредило. Ѝ дадов сила да го носи мажот низ неговите грешки и ја направил од нејзиното ребро за да го штити неговото срце. Ѝ дадов мудрост да знае дека добар маж никогаш не би ја повредил својата жена, но повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него. И конечно, ѝ даде солза да ја исплаче. Тоа е само нејзино за ползување секогаш кога ќе ѝ затреба. Гледаш, сине мој, убавината на жената не е во облеката што ја носи, во нејзината фигура или во начинот на којшто се чешла. Убавината на жената мора да се гледа во нејзините очи, зашто тоа е влезот во нејзиното срце - местото каде што живее љубовта.
Св. Тихон Задонски Се случува да се соберат луѓе да завршат некоја работа, при што некого од нив да го фати мрза и да престане да се труди; тогаш другите му велат: а ти, зошто застана? Така и на почетник, којшто ќе ослабне во духовниот подвиг, може строго да му се каже: другите христијани се трудат во своето дело, а ти, зошто застана? Другите христијани од срце се каат и воздивнуваат поради своите гревови, а ти, зошто застана? Другите се подвизуваат против гревот, против ѓаволот, против светот и против страстите: а ти, зошто застана? Другите трудољубиво работат во лозјето: а ти, зошто застана? Другите внимателно се молат, бараат и чукаат на вратата на Божјото милосрдие: а ти, зошто застана? Другите сеат свое духовно семе: а ти, зошто застана? Другите се дарежливи и даваат милостиња: а ти, зошто застана? Другите им прават добро на своите ближни: а ти, зошто застана? Другите богатството, славата, честа и секоја световна суета ја презираат, и гледаат на вечното блаженство и кон него се стремат: а ти, зошто застана? Другите се смируваат пред Бога и пред луѓето: а ти, зошто застана? Другите итаат кон почести од висините: а ти, што гледаш, зошто застана и не одиш понатаму? Другите зборуваат за вечнниот живот: а ти, зошто застана и не зборуваш? Другите, одрекувајќи се од себеси, го земаат крстот свој и одат по Христос, му се уподобуваат по трпението, љубовта, кроткоста и смирението, и одат по Него во вечен живот, живот во која владее радост, веселба, сладост, чест, слава и вечно блаженство: живот во кој човек и Бог се гледаат лице в лице, живот во кој нема болести, тага и воздишки; живот во кој се слуша глас на радост и веселба, се слуша гласот на оние што празнуваат и се веселат, живот во кој се пее постојано и слатко: алилуја.
Добрите и лошите помисли – Старец Пајсиј Светогорец - А зошто, старче, понекогаш еден ист настан еден човек го смета за благослов, а друг за несреќа? -Секој од нив го толкува во склад со својата помисла. Секое нешто можеш да го видиш од добра или од лоша страна. Сум чул за следнава случка: „Во еден манастир кој се наоѓал во населена област, според типикот вечерна и утрена служеле на полноќ, а доаѓале и мирјани, бидејќи манастирот бил опкружен со куќи кои малку по малку биле изградени веќе и сосема блиску до манастирот. Еднаш еден млад монах, почетник, заборавил да ја затвори својата келија и во неа влегла некоја жена. Кога дознал за тоа, секирации, грижи, зло! О, се осквренила келијата. Страшно, крај на светот! Зел алкохол, го истурил на подот и го запалил за да ја исчисти! Малку недостигало да го изгори целиот манастир. Подот на својата келија го изгорел, но својата помисла – не. А требало, пред сé, својата помисла да ја изгори, бидејќи злото било во неговата помисла. Да имал добра помисла, би рекол дека жената која била во неговата келија влегла од побожност, за да и биде за добро, за да прими благодат, за и она во својата куќа да се бори за духовно да се збогати и да Го слави Бога. Од тоа какви се помислите на некој човек се гледа неговата духовна состојба. Луѓето носат суд за нешто во зависност од тоа каква содржина имаат нивните помисли. Ако нивните помисли не поседуваат духовна содржина, донесуваат погрешни заклучоци и на другиот му нанесуваат неправда. Ако, на пример, човек кој дели милостиња навечер за никој да не го види, види некого доцна навечер на улица, никогаш нема да помисли нешто лошо за него. Но ако тој човек го види доцна навечер на улица човек кој ја минува ноќта во грев, ќе рече: „Види го ти никаквецот, кој знае каде ја минал ноќта“, бидејќи и самиот има такви искуства. Или, ако навечер од горниот кат се слуша дум дум, некој кој има добри помисли ќе рече: „Оној горе прави метании“, а од друга страна, некој, кој нема добри помисли, ќе рече: „Цела ноќ танцува“. Ако се слуша музика, оној првиот ќе рече: „Колку е убава музиката“, а оној другиот: „Ама какви песни се тоа?!“
Затоа кој мисли дека стои, нека внимава да не падне“ и оној кој мисли дека е добро заштитен нека пази да не биде оставен без никаква заштита. Кај вас секогаш нека има претпазливост, внимание и така и во сонот, и во јадењето, и во пиењето и во сѐ останато, телото секогаш нека биде под присила и воздржание. Во спротивно, тоа ќе потскокнува како ждребе и ќе нѐ турне во бездната на гревот. Свети Теодор Студит
Старец Пајсиј и монахот алкохоличар Некогаш на Света Гора, во Кареја, живеел еден монах. Тој пиел и се опивал секој ден, така што станувал причина за соблазна на поклониците. На крајот монахот умрел и некои верници, чувствувајќи олеснување, побрзале да му кажат на старец Пајсиј дека се задоволни што тој голем проблем е конечно решен. Старец Пајсиј им одговорил дека знаел за смртта на овој монах, бидејќи видел цела војска ангели кои дошле да ја земат неговата душа. Поклониците биле зачудени и некои од нив негодувале, обидувајќи се да му објаснат на старецот за кого всушност зборувале, мислејќи дека тој не ги разбрал добро. Старец Пајсиј им објаснил: „Овој монах е роден во Мала Азија, непосредно пред турското освојување, а Турците ги одвлекувале момчињата од родителите. За да не го земат, неговите родители го воделе со себе на жетва, и за да не плаче, му турале ракија во млекото, после што тој заспивал. Така пораснал како алкохоличар. Подоцна нашол старец и му кажал дека е алкохоличар. Старецот му советувал да прави метании и молитви секоја ноќ и да ја преколнува Богородица за помош да го намали пиењето барем за една чашка. После една година борба и покајание, успеал да намали од 20 чашки, колку што пиел дневно, на 19 чашки. Борбата продолжила и со тек на годините го намалил алкохолот на 2-3 чашки дневно, од што пак се опивал. Со години сите го доживуваа како монах алкохоличар, кој ги соблазнува посетителите, но Бог гледал борец кој бил истраен во борбата со својата страст. Ако не знаеме какви напори прави секој поединец за да го постигне она што сака, какво право имаме да го осудуваме неговиот труд?“ Извор: Старац Пајсиј и монах алкохоличар
Свети Теофан Затворник Обидете се сите свои домашни и други работи да ги сфатите така, како да ви се одредени од Самиот Господ; на тој начин треба да ги сфатите не само работите општо, туку е секоја поединечно. Тогаш ќе можете да пристапите на работата знаејќи дека треба да ја извршите на начин угоден на Господа.... Преку тоа, вашите мисли на работа ќе бидат со Господа. Ако на крај, свесни за помошта Божја, Му заблагодарите на Господа, ете Го Господ и на крајот на работата. Ако потоа, на ист начин ја извршуватае и другата и третата работа и така до крајот на денот, тогаш сиот ден ќе ви помине во мисли за Господа. А тоа е и она што се бара, то ест – да се оди во присуството Божјо. Од таму ќе се појави и чувството кон Господа – чувството на страв, побожност, преданост и благодарење. А чувството е - молитва без зборови. И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сè што ти е потребно за твоето спасение. Вашите чести обраќања на Бога во текот на денот, при секоја работа и по секоја работа – се многу добра работа. Тоа е дел од општото правила – да се оди пред Бога САКАНАТА ЌЕРКА Некој пагански цар го прашал својот министер-христијанин: - Зошто вашиот Бог мораше Самиот лично да дојде на земјата, наместо да ги испрати ангелите за да го спаси светот? Ако не ми одговориш ќе дадам наредба да те убијат. Министерот го замолил царот да му даде една недела за размислување и царот се согласил. Тогаш министерот викнал мајстор, кој со голема вештина му направил платнена кукла, што многу личела на царската ќерка. Кога поминала неделата, следното утро царот излегол на прошетка кон езерото и само што не паднал од ужас: му се причинило дека неговата сакана ќерка паднала во водата и почнала да се дави. Во истиот миг, царот без размислување скокнал во езерото за ја спаси. Издишал со олеснување, кога видел дека тоа била само обична кукла.
Свети Макариј Велики Се враќаше еднаш авва Макариј од оазата носејќи палмови гранчиња, и ете, на патот го сретна ѓаволот, кој носеше срп и сакаше да го удри, но не му успеа. Па му рече: „Многу сила има во тебе, Макариј, и не можам против тебе. А еве, ти што правиш, и јас правам: ти не јадеш, ни јас не јадам; ти бдееш, јас, пак, воопшто не спијам; само во едно ме победуваш.“ Го праша авва Макариј: „Што е тоа?“ А тој одговори: „Твоето смирение, и заради тоа не можам да те совладам.“ *** Поминувајќи еднаш низ пустината авва Макариј наиде на череп од некој мртовец фрлен на земја, па кога го помрдна со стапот, тој проговори. Авва Макриј праша: „Кој си ти?“ Черепот му одговори: „Јас сум првосвештеник на идолите и идолопоклониците кои беа на ово место; а ти си Макариј духоносец, кој кога ги сожалува оние кои се наоѓаат во пеколот и кога ќе се помоли за нив, малку се утешуваат.“ Старецот го праша: „Во што е утехата, во што е казната? Черепот му одговори: „Колку што е оддалечено небото од земјата, толкав е огнот под нас додека стоиме насред оган, од нозете до главата; и не може никој со никого да се види лице во лице, туку лицето на секого е затскриено со грбот на другиот. А ти кога се молиш за нас, тогаш малку се гледа лицето на другиот. Во тоа е утехата.“ Заплака старецот и рече: „Тешко на денот во кој се роди човекот, ако во тоа му е утехата од казната.“ Го праша старецот: „Има ли други поголеми маки?“ Черепот му одговори: „Ние, како оние кои не знаевме за Бог, барем малку сме поштедени; додека оние кои знаеја за Бог, па се откажаа од Него, се наоѓаат под нас.“ И земајќи го черепот, Старецот го закопа. *** Говореше авва Макариј: „Колку повеќе се сеќаваме на злото коешто ни го нанесувале луѓето, толку тоа нè оддалечува од Бог. А кога веднаш го забораваме, демоните не се осмелуваат да нè нападнат.“ *** Еден ден најмладите браќа од скитот дојдоа кај авва Макариј и го прашаа: „Како да се молиме?“ Старецот им рече: „Нема потреба да кажувате многу зборови, доволно е човекот да го насочи својот ум кон небесата и да каже со сета своја душа: ‘Господи, помилуј, како што знаеш и како што сакаш’. Тоа е молитва.“ „Повторно, кога (човекот) ќе почувствува силен напад од ѓаволот врз себе, или од демонот на пониските страсти, нека прибегне со вера при Небесниот Отец и нека повика со солзи пред Него, не со устата, туку со срцето: ‘Помогни ми, Господи!‘. Он го знае начинот како да ѝ помогне на душата која припаднала при Него со вера.“
Кога би знаел колку Ти ме љубиш... За сѐ она кое го примив како дар од Тебе, Тебе ти се предавам зашто преку Тебе се осветив во духот и во тивкиот ветер Тебе Те почувствував. Природата говори за Тебе колку сѐ премудро си создал, а уште повеќе сведочи човекот на кој Ти дух му даде. Знам, многупати Tе нажалувам, се одрекувам од Тебе, Те предавам, распнувам, плукам, но Ти немој да го одвраќаш Лицето Свое од мене зашто ми требаш, иако многупати не сум свесен за тоа. Ако Ти ме оставиш, јас ќе пропаднам. Што би бил без Тебе-полски цвет кој денес е тука, а утре ветерот го дува и веќе го нема, ниту пак неговото место се познава. Сите сме Твои и јас сум Твој. Каде и да бегам, пак ќе дојдам кај Тебе и ќе го повикам Твоето Име Свето. Луѓето денес се тука, но утре ги нема. Ти си секогаш овде за да ми помогнеш, да ме прегрнеш во Твоите Татковски Раце. И така прегрнувајќи ме, да јас ја почувствувам Твојата љубов, зашто Ти си ЉУБОВ. Колкупати ли само бев отфрлен од ближните, а јас само роптав и се жалев без да разберам дека Ти си овде за да ме утешиш. Се уште не научив да се потпрам за Твојата Десница која Ти ми ја подаваш. О, кога би почнал сета моја надеж да ја полагам на Тебе! Тогаш и силни реки да надојдат, и бури од искушенија, јас нема да се исплашам, ниту пак мојата куќа ќе се распадне. Сакам срцето свое да го наклонам кон Тебе и да не заборавам дека сѐ доаѓа од Тебе: дождот и сонцето, радоста и тагата, искушенијата, всушност сѐ... И уште бев еден од стотте овци кој се изгуби, а Ти иташе за да ме собереш во едно со останатите деведесет и деветте. Со Твојата благодат сум тоа што сум. Ме љубиш и ваков, жалостејќи Те во моите гревови. Колку ли само животните умеат да љубат. Тие не знаат да мразат, немаат душа, а сепак љубат. А колку сум далеку од нив јас, кој имам душа и пак не знам да љубам. Постојано се потсетувам на стиховите кој Твојот Јован Евангелист ги запиша дека “животот вечен е тоа, да те познаат Тебе, Единиот вистински Бог и испратениот од Тебе Исуса Христа”. А исто така се прашувам дали те познав во срцето свое. Ако речем ДА, ќе Те излажам зашто се уште не сум научил вистински да ги љубам браќата. Ако пак речам НЕ, пак ќе те излажам зашто сепак те познав уште од утробата на мојата мајка кога ти ми даде дух и јас растејќи во мајчината ми утроба дојдов на овој свет. Времето и толку кратко за да мразам, а многу долго за да љубам. А пак кога би знаел колки Ти ме љубиш, сѐ би оставил и би тргнал по Тебе! Мислам дека денес многу барав од Тебе. Сакам од ова кое Тебе Ти го кажав да почнам барам малку да го живеам за да можам да преминам на втората скала од Лествицата!
…Кога ќе го читаш ова писмо, јас ќе имам веќе заминато од овој свет, а ти пак, ќе бидеш цела девојка. Сега веќе не си мало дете и токму затоа веројатно ќе те интересираат овие неколку мисли околу многу важната тема на љубовта – љубовта која еден ден ќе те поврзе со некое младо момче. Ќе дојде момент кога ќе го почувствуваш своето срце како бие, како што велиме, малку посилно за тоа момче. Во времето во кое живееш, работите се малку или многу променети. Сега младите се во брзање што повеќе да го живеат животот, да стекнат колку е можно повеќе искуства, колку е можно побрзо… Но секоја работа треба да биде во свое време. Во своето благословено време. Внимавај, моја С., многу момчиња ќе ти пристапат во името на љубовта. Тоа е нормално зашто љубовта е првата убава работа во нашиот живот. Таа е како цвет што се отвора на сонце едно пролетно утро и не знае уште добро што му се случува и се збунува… Знаеш, еден ден кога ќе ни кажат дека нè љубат тоа ни годи. Но, тоа не е секогаш љубов. Денес веројатно нè сакаат, но тоа што го сакаат денес, утре може да го остават зашто виделе нешто друго што им се допаднало и што го сакаат за да ја задоволат својата желба. И кога утре–задутре ќе отидеме кон Светата Тајна Божја, Бракот, и ќе облечеме убави облеки однадвор и ќе се накитиме, а однатре носиме едно тело истуткано, нечисто, тогаш Бог не го благословува тој Брак. Кога едно момче ќе те засака вистински, тогаш ја сака твојата душа и ти неговата. И тогаш немате потреба од ништо друго, зашто чувствувате светост во тоа пријателство и познанство и секој ден едниот открива ризници во душата на другиот. Еден Брак, едно такво соединување, не само што се благословува, туку нема ниту развод, ниту абортуси, ниту нешто спротивно на Божјата Заповед. Еден таков Брак донесува на свет благословени деца како што си ти. Зашто и твоите родители го запазиле свет својот Брак. Знаеш моја С., Бракот далеку од Бога и од Божествената Причест е далеку и од добродетелта. Има прељуби, неверства, многу опасности и грда атмосфера. Од еден таков Брак децата одат по лоши патишта – во насилство, во наркотици, во лоши друштва и пријателства. Додека не дојде оној момент кога ќе бидеш сигурна за љубовта што ќе ја чувствуваш и ти и избраникот на твоето срце, внимавај. Не брзај! Зашто постојат многу што бараат само едно парче месо, бидејќи веројатно и самите немаат ништо повеќе да ти дадат. Радувај се моја С.. Да бидеш секогаш на патот Божји, каде и како што Он сака да бидеш. Секогаш со љубов за родителите што те донесоа во живот, но и за сите и за сè. Да бидеш секогаш нивното благословено дете.
Рацете на мажот, вдахнат со љубов, треба да умеат се да направат. Секој маж кој љуби треба да има големо срце. Секој маж на жената Христијанка, мора да се соедини со неа во љубовта кон Христа. Од љубов кон неа, тој ке помине низ искушенијата во верата. Делејќи го нејзиниот живот исполнет со вера и молитва, тој и својот живот ќе го врзе за Небото. Зошто срцата трошат години на земјата сраснувајќи во едно, преплетувајќи ги своите животи, слевајќи се со душите во еден сојуз, за тој да може да се достигне дури и по смртта? Зoшто да не се стремат веднаш кон вечноста? Добрата жена е благослов од Небото, најубав дар на мажот. Негов ангел и извор на безброј богатства... Нејзиниот глас за него е најслатка музика... Нејзината насмевка му го осветлува денот...Нејзиниот бакнеж е чувар на неговата верност...Нејзините раце се мелем за неговото здравје и целиот негов живот...Нејзината срамежливост е негов најдобар економ... Нејзините усни негов најдобар советник....Нејзините гради најмека перница на која се забораваат сите грижи....А НЕЈЗИНИТЕ МОЛИТВИ НЕГОВ ЗАСТАПНИК ПРЕД ГОСПОДА.... Света Царица-Маченица Александра Романова
Ава Евпрепиј -Се што е телесно е минливо. Кој го сака светот, ги сака и сопките во него. Затоа, ако некогаш ни се случи да изгубиме нешто, тоа треба да го прифатиме со радост и благодарност, свесен дека преку тоа сме се ослободиле од грижа. Ава Илија - Ако душата не пее заедно со телото, трудот е залуден. Ава Исидор Пелусиот - Животот без зборување е покорисен, од зборувањето без живот, зашто животот поучува и молчејќи, а зборувањето без живот, не обѕирајќи се на сите кажани изјави, служи само за мака.
ДОБАР ЗБОР И ЛОШ ЗБОР Преподобен Макариј Египетски тргнал со својот ученик кон Нитриската планина. По послушание од старецот, неговиот ученик одел понапред; по извесно време тој наишол на пагански свештеник, кој многу брзал, иако на рамото носел тешко дрво. - Каде ти, демону, толку брзаш? – викнал ученикот. Разгневен од овие зборови, свештеникот го претепал монахот, скоро до смрт. Нешто подоцна тој го сретнал авва Макариј, кој добродушно му рекол: - Добар ден, вреден човеку , добар ден! Многубожецот се зачудил и го прашал: - Што добро најде ти во мене и зошто вака ме поздравуваш? - Јас гледам дека се трудиш и брзаш некаде и затоа те поздравив, - му одговорил старецот. - Твојот благ збор ме трогна и ми даде да разберам дека ти си голем слуга Божји. А претходно, одејќи по патот, јас сретнав друг монах, кој ме навреди, - и јас го претепав! –Свештеникот паднал пред нозете на старецот и воскликнал: - Нема да се одвојам од тебе – направи ме монах ! И тој тргнал заедно со старецот. Одејќи, тие се приближиле до местото кадешто лежел претепаниот ученик, го кренале на раце и го однеле до црквата. Паганскиот свештеник се крстил и после некое се замонашил, а гледајки го неговиот пример, се крстиле многумина од паганите. Авва Макариј му рекол на ученикот: - Лошиот и горделив збор ги тера и добрите луге на зло, а збор добар и смирен ги обраќа и лошите луѓе кон добро.