1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Старец Јосиф Исихаст

    Како да се спасат душите...по тоа копнеам, тоа е оган во моето срце, божествената љубов во мене, со која постојано горам.
    Не плаши се од болест, дури и кога си на работ на смртта. Бидејќи Бог е постојано присутен, зошто да се грижиш. „Во Него живееме и се движиме“.
    Нашето страдание е во неговата прегратка, со Бога дишеме, Бог не окружува, Го допираме Бога, таинствено го вкусуваме Бога. Каде и да се свртиме,
    каде и да погледнеме, Бог е секаде: на Небото, на земјата, во бездната, во шумата, во каменот, во твојот ум, во твоето срце. Не гледа ли он што трпиш ти? Колку страдаш? Пожали Му се и ќе видиш... ќе добиеш исцеление и во душата и во телото.
    Засега живеам во пештера. Имам прекрасно спокојство. Јас сум најсреќниот човек, бидејќи живеам безгрижно и постојано се засладувам
    со медот на безмолвието. А кога ќе се повлече благодатта само малку, тихувањето доаѓа како втора благодат и ме заштитува во своето пристаниште.
    И така, болката и тагата во овој заморен живот изгледаат помалку важни. Во сегашниот живот, се до последниот здив, тагата секогаш доаѓа измешана со радост.
    Ако Божјата благодат не го просвети човекот, можеш да зборуваш колку што сакаш, но тоа нема да ти биде од корист. Човекот те слуша за миг, но наскоро му се враќа на она што го привлекува.
    Сепак, ако благодатта дејствува веднаш, заедно со твоите зборови, тогаш се случува моментална промена, според наклоностите на тој човек. Од тој миг неговиот живот се менува. Тоа се случува со оние чии слух и совест не се закоравени. Спротивно пак, ако и ден и ноќ им зборуваш на оние кои слушаат за доброто, но не слушаат и си остануваат со своите зли намери, дури и ако им ја дадеш мудроста на Отците, и ако направиш чуда пред нивните очи, го свртиш и целиот тек на Нил кон нив, тие нема да имаат корист од тоа.
    Запрашај се, има ли вера во тебе или, можеби те води световната мудрост? Но, ако се ставаш во рацете Божји, ќе видиш, си стекнал вера, и несомнено, без прашања, Бог ќе ти помогне. И така, дури и ако сатаната безброј пати те искушува да ја напуштиш верата, согласи се подобро илјада пати да умреш, отколку да ја послушаш световната мудрост.
    Така пред тебе ќе се отворат таинствените Двери и ќе се зачудиш како претходно си бил врзан со синџирите на световната мудрост. Тогаш ќе полеташ со божествените крилја над земјата и ќе вдишуваш нов воздух на слободата, од кои, секако, другите се лишени. Сепак, ако согледаш дека се управуваш според сопствената мудрост, и ако во најмала опасност губиш надеж и очајуваш, сé уште не си стекнал вера, а со тоа и надеж во Бога.
    Ниту една жртва не е толку угодна пред очите Божји како телесната чистота, која се постигнува со крв и со голема борба.
    Земјоделецот ја ора нивата, ја чисти, ја сее и чека милост Божја. Ако Бог не испрати дожд и поволен ветер кога му се потребни, макотрпната работа е залудна. Исто е и со нас. Ако Бог не ни ја испрати благодатната вода на очистување, лишени сме од плодовите, а нашата работа им станува храна на демоните, бидејќи ги привлековме со своите страсти и ништо нема да ожнееме. Не смееме да заборавиме дека, ниту доблесните дела, доколку не се направени од вистинска причина, стануваат зли.
    (Против мрачните сили) не се бориме со
    колачиња и со алва, туку со солзи, душевна болка до смрт, крајно смирение, големо трпение и непрестајна молитва.
    Непријателот е утврден и целосно наоружан во сите три места од кои е составен човекот: во душата, во телото и во околината. Не ја пропушта можноста да го притиска човекот и да ја испитува
    неговата вера. Ѓаволот, според секоја околност, напаѓа и се спротивставува на нашата одлука. Сепак, негова главна цел е да ни ја повреди душата и да го понижи човекот како предавник и како оној што се одрекува. Ако успее во ова, ја намалува желбата на човекот и неговата ревност. Сето тоа се случува заради верата, но во исто време, со верата си се потврдува. Ако верата е разнишана, си
    трепери и линијата на фронтот се повлекува.
    Помагањето на другите, давањето милостина и сите други надворешни добри дела, не го смируваат злобното срце. Но, смиреноумието, болката на покајанието и скршената волја го смируваат духот
    на гордоста. Има такви, чија душа е мека и нив е лесно да ги убедиш. Има такви чија душа е тврда и тие тешко
    се согласуваат. Помеѓу нив има голема разлика, како помеѓу памук и железо. На памукот му е потребно само помазание со зборови, на железото му е потребен оган и печка на искушенија за да се
    работи со него. Човекот што има цврст карактер, мора да има трпение во искушенијата за да дојде до очистување. Ако не е трпелив, тој е како светилка без масло, бргу се гаси и се губи.
    Кога умот ќе стекне молитва и човекот ќе почувствува радост од тоа, тогаш молитвата ќе почне сама да тече, без човековиот напор. Кога човекот јаде, оди, спие или се буди, во него одекнува молитвата и тој е во мир и во радост. Кога енергијата на молитвата долго трае, во човекот настанува Рај. Ослободен е од страстите и станува друг човек... Види, види! Потоа молитвената радост
    Станува неопишлива. Молитвата без внимание и трезвеност е губење на време, борба без награда. Мора да бидеме внимателни над нашите сетила, внатрешни и надворешни, бидејќи без внимание, умот и душевните сили се расејуваат кон суета и обични работи, како што непотребната вода истекува на
    улица. Никој не може да се вознесе на висина, ако не ги презрел долните работи. Често кога се молиме, умот ни бега од една на друга работа, каде што сака и по она што по навика го привлекува. Заради тоа е потребно да се присилиме да го собереме умот и со внимание да ги кажуваме зборовите на молитвата. Умот ја храни душата и што и да чуе или да види, добро или лошо, пренесува во срцето, во центарот на човековите духовни и телесни сили.
    Пред искушението да има можност да ти го привлече умот со помисла, уништи ја со молитва. Не давај му да влезе!
    Бегај од зли помисли како од оган, не
    забележувај ги воопшто, за да не се вкоренат во тебе; не очајувај, зашто Бог е голем и им простува на грешниците. Кога ќе згрешиш, покај се и присили се да не грешиш повторно.
    Преку самопознание христијанинот станува помудар од другите луѓе. Во исто време, тој го развива смирението и од Господа прима благодат.
    Она што не даваме да го користи Бог, други ќе го користат. Бог ни ја даде заповедта да сакаме со сето срце и душа, за лукавиот да не најде во нас место за покој.
    Кога благодатта дејствува во душата на оној што се моли, љубовта Божја ја преплавува душата до таа мерка, што тој не може да го поднесе својот опит. Потоа со љубов се однесува кон светот и кон
    човечкиот род, кого толку го сака, што бара на себе да ги превземе сето човечко страдание и тага, само за да ги ослободи страдалниците. Сострадува
    со секого што е во тага и неволја, дури и со бесловесните ѕверови, плачејќи кога ќе помисли на нивното страдание. Тоа ие својствено на љубовта, на која молитвата и дава сила и вдахновение.
    Заради тоа, оние што и се посветиле на молитвата, Никогаш не престануваат да се застапуваат за целиот свет. Колку и да звучи чудно и смело, овие луѓе заслужуваат да им се продолжи животот
    (светски). Знај, ако таквите луѓе престанат да постојат, доаѓа крај на светот. Кога некој твој познаник, кој те осудува и те искушува, е присутен, речиси е невозможно тој да не ти пречи, колку и да се трудиш. Кога ќе му простиш и ќе се помолиш за него, ќе се опоравиш од тагата и жалоста.
    Почеток на патот кон вистинската молитва е борбата против страстите. Невозможно е да се напредува во молитвата, се додека постојат страстите. Наспроти тоа, присуството на молитвената благодат нема да престане се додека човекот не е немарен или горделив. Не гледаш како со секоја изговорена молитва многу демони паѓаат и отстапуваат. Само гледаш како ти си ранет. Знај дека и тие се претепани и дека бегаат. Секогаш кога ќе покажеме трпение, тие скокаат и бегаат, а со секоја молитва сериозно се ранети. Така, во војна, не очекувај дека, додека ти
    пукаш со куршуми, тие да ти возвраќаат со алва и со чоколадо.
    Дејствувачка љубов без потчинетост не постои. Како можеш да сакаш и да служиш, ако најпрво не се потчиниш на нечија волја? Секе движење на дејствувачката љубов е служење и така, оние што слушаат служат на два начина. Од една страна ја покажуваат својата вера во оној што заповедува, а од друга, ја покажуваат својата љубов со ревносна
    служба. Кога некој би сакал да живее со мене, ќе ги слушне моите молитви и возлишки и ке ги види солзите што ги пролевам за моите браќа. Цели ноќи се молам и извикувам: “Господи, спаси ги сите мои браќа или и мене избриши ме! Не сакам да бидам сам во Рајот!”

    Троичник
    Превземено од Манастир Св. Гаврил Лесновски
     
    Последна измена: 12 март 2021
    На kuc, MeowMeow, Meckicja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Старец Ефрем Филотејски


    За немарноста, присилувањето и самоодрекувањето во духовниот живот


    Ве молам, чеда мои, продолжете да се борите. Не ја заборавајте целта, а тоа секако е спасението. Ѓаволот рика и гледа кого ќе проголта (1. Петр. 5, 8). Времето не е во нашите раце, нашиот живот виси на еден единствен конец. Достигнете ја мерката на својот раст. Докажете дека сте слуги Христови, а не на ѓаволот. Зарем не знаете дека немарноста ќе донесе илјада и една помисла кои ќе сакаат да ве заробат? Молете се со болка и солзи. Бидете храбри, Христос нема да ве напушти. Присилете се малку себеси и ѓаволот ќе си замине. Благодатта е спремна да ви помогне. Таа ја очекува вашата одлука и настојчивост.
    Чеда мои, немарноста раѓа безверие и тромост, кои потоа се претвораат во рој лоши и штетни помисли што својата жртва ја водат кон осквернување. Стани, земи го оружјето – возљубената молитва, огласи ја славата на нашиот Бог. Победи го својот противник – ѓаволот, кој бара да те проголта. Присили се!

    Од немарноста треба да се плашиш како од свој најголем непријател. Немарноста го донесува секое зло. Порази го својот противник – ѓаволот, кој бара да те проголта. Присили се!

    Од немарноста треба да се плашиш како од свој најголем непријател. Немарноста го донесува секое зло. Поради немарноста кон нашите духовни должности ‘рѓосуваат нашите духовни добра, што за свој исход го има севкупното сушење на душата, како и сите последици кои произлегуваат оттаму. Против немарноста се војува преку постојана молитва од устата или умот, со сеќавање на пеколот, рајот, на непознатото време на нашата смрт… Според тоа, присили се да ги вршиш своите духовни должности.

    Ние сме создадени со слободна волја, и со неа не може да управуваат други. Како такви, ние не би запаѓале во искушенија кога би имале страв од Бога. Кога не би се сакале себеси повеќе од Бога, не би се стремеле кон гревот. Меѓутоа, Неговата добрина не ги оставила нашите падови без лекови за поправање. Со нивна помош повторно се враќаме и со нивно посредство нашиот пад се претвора во победа.

    Сите оние кои силно работат на своето спасение Светото Писмо ги нарекува праведници, оправдани со вера. Бог нема да дозволи тие да паднат, зашто храбро и добро војуваат. Кога вложуваат секакви напори за да истраат во трпението, Он нема да допушти да бидат искушувани преку своите сили. Меѓутоа, кога сме плашливи и млаки, кога имаме трома волја, тогаш е можно да бидеме искушувани преку своите сили.

    Не дремете во сонот на немарноста. Ѓаволот е буден и во раката држи запален факел. Тој се труди да нè предаде во огнот за да изгориме. Разбудете се! Нè чека суд и судење без милост!

    Не бидете малодушни. Не губете ја храброста. Понекогаш нè напушта светата хранителка – благодатта Божја, и тогаш ние паѓаме во смешни и неприлични помисли, а понекогаш дури и зборови. Сето ова се случува за да се смириме и за да немаме високо мислење за себеси или подобро кажано, за да ја познаеме својата слабост и за да станеме свесни дека без Бога никакво добро не можеме да направиме.

    Не плаши се, бори се. Неоружај се со храброст и смелост. Го имаме Христа како војсководител Кој ќе ја поведе нашата војска кон славна победа! Никогаш не обесхрабрувај се себеси. Лукавиот нè поттикнува на ваква постапка за да нè разоружа и да нè зароби. Надевај се на Оној кој рекол: Нема да те оставам ниту ќе отстапам од тебе (Евр.13, 5). Он нема да дозволи да бидеме искушувани над нашите сили.

    Размислувај за смртта. Ќе појдеме во друг свет. Колку е убав и блажен! Се прашувам, дали и ние ќе престојуваме во тој свет исполнет со таква убавина? Непрестајно да размислуваме за тоа благословено место, за да бидеме во состојба да го презреме овој лажен и опрелестен свет. Чеда мои, понекогаш сме многу обесхрабрени од некое искушение, не сфаќајќи дека ништо лошо не може да ни се случи доколку Небескиот Отец, со посредство на Неговата промисла, не ја дозволи таквата состојба за зголемување на нашето духовно знаење. Бог нема да допушти на оној свет да заминат духовно непросветени луѓе. Напротив, таму ќе бидат мудрите и верните, кои преку опит ги проучиле демоните и биле победници над различните гревови.

    Бидете смели во борбата, чеда мои! Преку многу неволји и искушенија ќе го прејдеме морето на овој живот за да стасаме во мирното пристаниште на оној блажен живот кој нема да има ниту крај, ниту неволја, ниту опасност.

    Бог сака оние кои се борат да се угледаат на Него, поднесувајќи најголеми страдања заради Неговата љубов, зашто на тој начин ќе покажат дека навистина Го љубат. Љубовта кон Бога се открива единствено за време на искушението.

    Чеда мои, нашиот Исус сака да имаме совршена љубов кон Него, поинаку кажано, две љубови не можат да се сместат во едно исто срце. Не можете да му служите на Бога и на Мамона (Мт. 6, 24). Ние затоа мораме да Му дадеме чисто и нелицемерно срце, а за возврат Тој би ни го дал Своето пренепорочно божествено срце.

    Не очајувајте кога ќе паднете во искушение или во неволја. Немојте да мислите дека Бог нè напуштил поради нашите гревови. Не, Тој нè казнува за да нè научи на мудроста. Он не сака да бидеме неуки, туку мудри и исполнети со божествената мудрост.

    Кога не би војувале, како би се знаело дека сме војници Христови? Војникот може да биде ранет, но тоа не значи дека е поразен. Дури и ако сме поразени, повторно ќе станеме и ќе се бориме.

    Кога би било можно да се здобиеме со љубовта Христова без борба, тогаш нашата слободна волја не би имала никаква вредост, зашто Христовата љубов без битка ќе ја добиеме. Токму заради тоа ќе бидеме наградени кога, и покрај сите противења предизвикани од поврзаноста кон светот, ќе се здобиеме со животворната љубов Христова, но и кога, наспроти сета привлечност на гревот, ќе застанеме како цврсти тврдини на добродетелта!

    Чеда мои, помислете низ што минале мачениците заради Христа! Колку повеќе маченици страдале, толку повеќе цветало христијанството. Нашата Црква е измиена во крвта на мачениците. Ние сме маченици во ова расипано општество зашто, преку Божјата благодат, со својот живот го прекоруваме неморалот на човештвото и неговото оддалечување од служењето на Бога.

    Пребивајте, чеда мои, во тој чист живот, пребивајте во близината на нашиот Исус Христос и угледајте се на Него трпејќи ги клеветите и лажните обвинувања. Истото тоа нашиот Господ го претрпе од книжниците, фарисеите и првосвештениците. Претрпе Крст! Според тоа, оној кој сака да биде Негов следбеник ќе мора да поднесе слични искушенија.

    Продолжете силно да го повикувате името на Исуса Христа Кој го спасува светот. И тоа да не биде чујно само за вашето уво, туку нека одекне во клисурите. Борете се, зашто вие сте оние кои ќе се спасат. Вие сте оние кои ќе ги ожнеат слатките плодови на вечниот живот.

    Чеда мои, биде молчеливи, смирени и послушни до смртта. Бидете подготвени да се жртвувате преку отсекување на самоволието дури и тогаш кога тоа ќе ви се чини како вистинско мачеништво. Тоа е она што значи самоодрекување. Кога ќе почнеш, се придржуваш кон овие совети. Немој од ништо да се плашиш, од никакво зло, било да потекнува од демоните, било да потекнува од луѓето, зашто секој кој се придржува кон божествените заповеди Бог го чува од секое зло.

    Ѓаволот нè опрелестува и ние понекогаш забораваме дека мораме да се присилиме зашто дните минуваат, а ние, на наша неутешна жалост, постепено се приближуваме кон смртта. Присилувајте се, чеда мои, зашто времето минува. Обрнете внимание на самите себе. Ѓаволот не спие, туку будно се бори барајќи кого би можел да го проголта. Чеда мои, пазете да не ги загубите своите бесмртни и скапоцени души кои вредат повеќе од илјада светови.

    Бидете внимателни, чеда мои. Кога Бог ќе заповеда човекот мора да оди кај Него. Се прашувам, кога и нам ќе ни нареди да се појавиме пред Него? Да бидеме подготвени за да не западнеме во неволја доколку Он ненадејно нè повика.

    Борете се храбро и со надеж во Бога. Ѓаволот секој миг ќе ве напаѓа со световни желби. Без оглед на тоа, вие морате да ја сочувате положбата на буден војник, како ѓаволот не би ве погубил ако духовно задремете. Бидете претпазливи, зашто противникот сурово рика барајќи кого да проголта преку ниските страсти.

    Не заборавајте дека секојдневно мора да го носиме својот крст, а тоа значи страдања, труд, искушенија и секој вид на демонско влијание. Кој светител без страдања и опасности воопшто чекорел по мрачната патека на овој свет? Ако веќе сме повикани да чекориме на оваа иста патека, зошто да ни биде чудно кога ќе се соочиме со страдањата? Ако сме избрале да војуваме со ѓаволот, зошто ни е тогаш чудно да се судриме со тешкотиите? Да ја запалиме светилката на својата ревност и трпеливо и будно да го очекуваме доаѓањето на Господа Исуса Христа.

    Борете се, чеда мои! Со нашиот Христос сè ќе издржиме! Светот ќе нè мрази затоа што го мразеше и Христа, но првенствено ќе нè мрази заради нашата љубов и поклонение!

    Љубете го Христа, дишете со Христа. Христос нека се насели во вашите души. Од никого не плашете се, зашто ние на Бога Му припаѓаме. Царот над царевите нè има нас како Свои царски слуги. До нас не може да допре никакво зло, зашто ние Му служиме на Христа, а Нему сè Му се покорува.

    Христијанската борба е славна, зашто наградата не е нешто краткотрајно туку е вечна слава на Небесата! Блажен е оној кој е мудар во Бога, зашто нема да се најде во тешка положба кога Бог ќе го повика да ја поднесе сметката за времето проведено овде на земјата.

    Превземено од tiveriopol.mk
     
    На kuc, P.S.love, Dessa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    „Дај ми да ги видам своите согрешенија и да не го осудувам својот брат.“ Свети Ефрем Сирин
     
    На P.S.love и Shalitra им се допаѓа ова.
  4. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Прекрасен филм за животот на старец Јосиф Исихаст.
     
    На marchi-cool, MeowMeow и P.S.love им се допаѓа ова.
  5. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.341
    Пол:
    Женски
    28dbe3068f85e1ce7427de01d45d28aa.jpg 5dc987a4f70cf8fe12f68742ee9b2e28.jpg
     
    На Reina.Gitana, Bitter-Sweet и P.S.love им се допаѓа ова.
  6. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Why is the truth, it would seem, revealed
    to some and not to others?

    Is there a special organ for receiving
    revelation from God? Yes, though usually we close it and do not let it open up. God’s revelation is given to something called a loving heart.

    +Blessed Fr. Seraphim Rose
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
  8. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    FE1F93A3-5657-4D84-84D3-C8E3C269B185.jpeg
     
    На OmilenataZaNego, marchi-cool, Reina.Gitana и 2 други им се допаѓа ова.
  9. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    BB5EF982-8DFE-45C7-A1C4-C49EF9151278.jpeg
     
    На OmilenataZaNego му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MaKaRoN

    MaKaRoN Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски


    Прекрасен поучен христијански филм, ова е најдобра резолуција што успеав да ја најдам. До сега го имам гледано 3 пати ❤
     
    На OmilenataZaNego, GirlLove, BabyCakes и 6 други им се допаѓа ова.
  11. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Ау браво еве што ке гледам
     
  12. BabyCakes

    BabyCakes Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Аии конечно некој друг што го гледал!!
     
    На MaKaRoN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    20210524_132634.jpg

    Корисна поука :)
     
    На kuc, BlackNight, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.341
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На marchi-cool, Meckicja и BY<3 им се допаѓа ова.
  15. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    1.459
    psalm.png
     
    На OmilenataZaNego и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  16. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.341
    Пол:
    Женски
    a668c1fc809bc9e30a7d94fd96dc804f.jpg 689b94e44e28a7c00f62a5564762cda5.jpg
     
    На OmilenataZaNego и MeowMeow им се допаѓа ова.
  17. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.341
    Пол:
    Женски
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20210803_022929_com.ionicframework.koeprayerbook119821.jpg
     
    На OmilenataZaNego, MeowMeow и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    20210806_070316.jpg

    Да се знае Бог, нешто преубаво. :l:
     
    На OmilenataZaNego и kuc им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1628245474205.jpg
     
    На OmilenataZaNego, KittyAgnes и kuc им се допаѓа ова.