1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    ➕ „Господи, името Ти е - Љубов: не отфрлај ме, заблуден човек. Името Ти е - Сила: укрепи ме, мене измонештениот и паднатиот.
    Името Ти е - Светлина: просветли ја мојата душа, помрачена од страстите на животот.
    Името Ти е - Мир: смири ја вознемирената душа мојата. Името Ти е Милост: не престанувај да ме милуваш...“

    Свети Јован Кронштатски .➕
     
    На IRBBB, Meckicja, Босилче и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    ➕ Свети Серафим Саровски вели:
    „Лекувај се, затоа што Бог го создал и лекарот и лекарствата, и во Негови раце е твоето оздравување“.
    И не само тоа, тој повторува дека ова може да се прочита во триесет и осмата глава од Книгата Сирахова. Таму се зборува дека Бог навистина го создал лекарот, ги создал и лекарствата и му дал власт на лекарот да исцелува.
    Во неа е кажано уште нешто, кое е многу важно: пред да се оди на лекар, во текот на сето време што ќе ти треба за да бидеш излекуван по природен пат, барај покајание, барај духовно очистување. Болеста е поврзана, од една страна, со сеопштата судбина на човекот, со неговото заслабнување, со самото тоа што сме смртни и потпаѓаме под страдањето и болеста, а од друга страна, со таа состојба на душата што владее во нас.➕
     
    На IRBBB, OmilenataZaNego и marchi-cool им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ни помислувај дека ќе го наследиш Царството, што не си го живеел на земјата.
    - Св. Арсениј Бока
     
    На IRBBB и Mic18 им се допаѓа ова.
  4. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Не заштитувај ги лошите;
    Така злото нивно го засилуваш и себе се осквернуваш, присоединувајќи се кон делата нивни.

    Св.Нил Синајски
     
    На IRBBB и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  5. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Зошто си тажен и намуртен кога се движиш по Божјиот пат? Би требало да жалат оние кои ја немаат радоста, кои заборавиле на Бога и не се надеваат во вечниот и животворен Божји извор. Меѓутоа ние, кои веруваме во живиот Бог и кои се надеваме на Него, треба да се радуваме зашто на небото имаме Отец Кој нѐ љуби повеќе од сите татковци и мајки, и бескрајно се грижи да нѐ направи достојни.

    Старец Ефрем Аризонски

    Дури,и да ви згреши некој нешто, не расправајте се, не лутете се, бидете трпеливи, и молчете, претпочитајќи Бог да ги извести другите за вас.Затоа што ова е во ваша полза, а не да бидете свој застапник и бранител.

    Старец Пајсиј Светогорец
     
    На IRBBB и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  6. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Човек кој подучува, но не го практикува она што го предава, е како славина.
    Затоа што таа полева и мие сè, но не може самата да се исчисти.

    Авва Пимен
     
    На IRBBB, Босилче и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  7. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Што и да се случи, не губете надеж во Бога!

    Свети Гаврил Грузиски
     
    На IRBBB, Босилче и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  8. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Никогаш не нарушувај го постот во среда и во петок. Тој пост е заповедан од Црквата и е добро образложен. Ако некогаш во животот си го нарушил овој пост, моли се на Бога да ти опрости и повеќе не греши. Благочестивите луѓе не се сметаат себе си за разрешени од тој пост, ни на пат, па дури ни во болест. Свети Пахомиј еднаш сретнал луѓе каде што носат мртовец и видел двајца ангели во поворката. Тој почнал да се моли на Бога да му ја открие тајната за присуството на ангелите при закопот на тој човек. Какво добро направил тој човек за да го придружуваат свети ангели Божји во спроводот до гробот? Тогаш, по Божја промисла, се приближиле светите ангели до Пахомиј и вака му објасниле: „Еден од нас е ангел на средата, а вториот е ангел на петокот. Па како што овој човек секогаш, дури и до самата смрт, постел во среда и во петок, затоа и ние со чест го спроведуваме неговото тело. Како што тој до смртта го сочувал постот, затоа и ние го прославуваме“.
    Свети Николај Велимировиќ
     
    На Босилче, OmilenataZaNego и kuc им се допаѓа ова.
  9. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    ➕ - Која е првата врата на царството небесно? - Покајание или чувство и исповедање на својата ништожност пред Бога - наспроти надменоста.
    - Која е втората врата на царството небесно? - Плачење - против лажната возбуда.
    - Која е третата врата на царството небесно? - Кроткоста - наспроти надменоста и самодовербата.
    - Која е четвртата врата на царството небесно? - Глад и жед за Божја правда - против човечките неправди.
    - Која е петтата врата на царството небесно? - Добротворност - против себичноста и суровоста.
    - Која е шестата врата на царството небесно? - Чистота на срцето - против развратност.
    Свети епископ
    Николај Жички.➕
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    ➕ Дали навистина сте православен!

    1.Ако сте православен,живеј според Божјите заповеди,верувај потполно во учењето на Православната црква,читај го Светото писмо и моли се на Бога секој ден,зашто така Бог сака.

    (Ис,Навин:8,Псалм:1-3,Мат.6:9-13,Ефес.5:19;Тим.3:16,Јаков.5:16.)

    2.Ако си православен присуствувај на богослужението секоја недела и на празниците,грижи се за редот и одржувањето на твојата црква.Ќе го пропуштиш ли тоа заради мрзливост,немарност,притеснување или страв,е се пострамиш пред Бога и Неговите ангели.

    (Мт.10:32-33,Лк.9:26.)

    3.Ако си православен исповедај се пред секое причестување(па и почесто),а причестувај се барем во четирите големи постови,за да имаш живот вечен.

    (Мт.18:18,Мк.1:5,Лк.22:19,Јн.6:48-56,1Кор.11:24-29)

    4.Ако си православен,почитувај ја Света Богородица,затоа што тоа Бог го сака,славата своја несмееш со роденденови да ја замениш,или слични празнувања,зошто Бог е дивен во светиите Свои,а не во обичаите човечки.А својата Слава прославувај ја достојно без големо пиење и премногу гозби.

    (Лука.1:28,41-43),(Пс.68:35),

    5.Ако си православен,не стапувај во брак без Божји благослов,зашто бракот е света тајна,од Бога установена.

    (1.Мојсеј 1:27-28,Мт.19:4-6,Ефес.5:32.)

    6.Ако си православен не забранувај им кршевање и веронаука на своите деца,зашто на таквите е царството небесно.

    (Мт.18:6,19:14,Ефес.6:4;1 Тим.5:8.)

    7.Ако си православен,не изговарај лоши и грозни зборови,не проколнувај,не се пијанчи,не псуј,не го хули Бога,не ја исмејувај светињата,затоа што нема да биде прав пред Бога кој тоа го прави.

    (3.Мојсеј.24:11-16,Дан.5,Мт.5:33-37,5:44,12:36,Јак 1;26.)

    8.Ако си православен,не занимавај се со гатање,претскажувања,спиритизам и воопшто со суеверие,зашто е гнасно пред Господа кој тоа го прави.

    (5Мојсеј.18:10-12, Откр.21:8,Д.А.8:9-24,16:18)

    9.Ако си православен,не читај еретички(секташки) и противверски книги,зашто таква наука не е ниту Божја,ниту благотворна.

    (Тим.3:5-8,Тит 3:10-11.)

    10.Ако си православен,поштувај ги свештениците како слуги и весници Божји,и не ја затварај пред нив вратата на домот свој,да не би го со тоа отфрлиле од себе и својата куќа благословот и мирот Божји.➕

    Е.Николај.

    Амин.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    ➕ Од сто луѓе што ги сретнувате секој ден, ретко е да се најде некој кој оптимистички гледа на животот. Сите други се жалат, сите тагуваат, сите протестираат против животот, секој е непријател на Бога и на луѓето, секој е критичар и хулник на својата судбина. Песимизмот и мизантропијата се болести од кои секогаш страдаат повеќето луѓе. Само херојот не е заразен со овие болести. Има амајлија, која го штити од таа инфекција. Таа амајлија е неговата вера, од која доаѓа неговата доверба во животот. Оттаму, херојот е подготвен да прими од животот со вера сè што му нуди животот, било да е тоа радост или трпение, насладување или болка.➕

    Свети Владика Николај Србски.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Босилче

    Босилче Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2021
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    20220624_160123.jpg
     
    На tel-ef, Bal4 и Mic18 им се допаѓа ова.
  13. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    ➕ Видете, за патот до небесата,
    не е потребно многу гориво.
    Со еден двопек човекот
    може да се искачи
    сè до Рајот.

    - Свети Пајсиј Светогорац.➕
     
  14. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Никој не те љуби посилно од Бога. Каде и да бараш љубов - таква љубов нема да најдеш...
     
    На Bitter-Sweet и Meckicja им се допаѓа ова.
  15. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Многу знаеме за молитвата, а малку се молиме. Јадеме посна храна, а не постиме. Ги исповедаме гревовите, а не се каеме! Идеме во храмот и стоиме на служба, а нашата душа не се смирува пред Творецот. Тоа е така затоа што срцето ни е затворено.. Потребно е да си го отвориме срцето за да се смести Христос во него.

    Св Паисиј Светогорец
     
    На Meckicja и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  16. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    „Оној меѓу вас кој е без грев прв нека фрли камен“. - Исус Христос

    Суди се себе сам, и Господ нема да те осуди.

    Преподобен Серафим Саровски



    Божјата волја нема да ве одведе на ниту едно место каде што Божјата милост нема да ве заштити.


    Кон Бога, кон Богородица ниту една молитва не е залудна. Само собери трпение и чекај.


    Ниту едно човечко срце не е способно да ги љуби сите луѓе со таква љубов, како што нè љуби нас Мајката Божја. Само најчистото срце може да ги љуби сите луѓе, а почисто срце од Нејзиното не било кај никого во луѓето .

    Свето Праведен Јован Кронштадски



    И невозможното станува возможно ако на Небесната Царица И се обратиме.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    ➕ "Душата моја Го велича Господа и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледна слугинката Своја и ете отсега ќе ме ублажуваат сите родови; зашто Силниот ми направи големи дела и свето е Неговото име; и милоста Негова е од колено на колено за оние што се бојат од Него."➕
    Лука(1, 47-50)
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Секогаш кога можеш да помогнеш некому, едноставно направи го тоа и радувај се што Бог одговара на нечии молитви преку тебе...
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Те молам, сине мој, немој никогаш да осудуваш, никого.
    Сети се како Христос на прашината ги напиша гревовите на оние кои сакаа да ја каменуваат жената фатена во прељуба.
    Варди се да не се заразиш со туѓиот грев но сожали се на човекот кој е заразен.
    Можеби не се кае, можеби е злобен и сака да ги зарази намерно и другите, но сожали се зошто тој умира.
    Немој да осудуваш зошто како судиш така и Бог ке ти суди.

    Свети Гаврил Грузијски
     
    На Puellapulchra и IRBBB им се допаѓа ова.
  20. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Колку многу искуства на радост и воскресниот живот има во Божествената Литургија! Знаете ли што примаме кога се причестуваме? Бесмртност. А кога велиме: „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот“, се причестуваме со Светиот Дух.

    Старец Емилијан
     
    На IRBBB и Philippa им се допаѓа ова.