1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    „Ти си направил гревови и не си се срамел. Не си се срамел од срамните дела, а се срамиш од зборовите (на исповедта) кои ќе те оправдаат. Кажи ги овде, за да не ги кажуваш таму (на оној свет). Кажувај и плачи. Твоите гревови се запишани во книгата. Твоите солзи може да послужат како сунѓер за нив. Плачете, и тие ќе бидат избришани; плачете, и книгата ќе се појави чиста на небото. Покајанието за гревовите е голем сунѓер. Голема е моќта на солзите “.

    Свети Јован Златоуст
     
    На emiliana и kuc им се допаѓа ова.
  2. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Кога влегувам во просторија каде што нема икони, ми изгледа слепо, безлично, без прозорец кон небото.

    Свети Јустин Поповиќ
     
    На Elenpelen и kuc им се допаѓа ова.
  3. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    IMG_20240103_202237_774.jpg
     
    На Босилче и Mic18 им се допаѓа ова.
  4. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Кога ќе ме нема, доаѓајте кај мене на гробот! Кога ќе имате време, доаѓајте, и колку почесто, толку подобро. Сè што имате на душата, што и да ви се случило, дојдете кај мене, и сета мака своја донесете ја на мојот гроб! Паѓајќи на земја, како на жив сè раскажете ми, и ќе ве чујам, и сета ваша мака ќе отпадне и ќе помине! Како што зборувавте со мене жив, така и сега! За вас, јас сум жив и ќе бидам, во век и векова!

    Свети Серафим Саровски
     
    На emiliana, Elenpelen и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Животот е тешка работа. И станува неподносливо тежок кога Бог е избркан од него.

    Архимандрит Јован Крестјанкин

    Не се обесхрабрувајте кога ќе видите како некои се бунтуваат против вас. Би било полошо ако сите ве сакаат: тоа значи дека премногу им угодувате на луѓето. Христос исто така беше мразен, тој беше распнат. Па зошто да очекуваме универзална љубов ако ги следиме стапките на Христос? Погрижи се да ти е чиста совеста и не плаши се од човечка омраза, туку од омраза во сопствената душа.

    Отец Серафим Роуз
     
    На emiliana, Босилче, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Биди долготрпелив во жалостите, за да можеш да ја сфатиш пораката на Господа: "Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто Јас го победив светот" (Јован 16,33); за да ја придобиеш сепобедната љубов, која ги воведува оние што ја придобиле во царската палата и ги прави браќа Христови.
    Светите преподобни оци
    Варсануфиј и Јован
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    „Сите ги повикувам и сите ги примам: Дојдете при Мене! Се плашите ли да Ме замолите? Кому досега, од оние што молат, Јас сум му ја отфрлил молбата? Напротив, вашите гревови ве одбиваат од Мене. Јас за грешниците Својата душа ја положив. Ве вознемируваат ли безбројните гревови? Кај Мене има многу повеќе милосрдност, отколку што има гревови во целиот свет. Затоа, „Дојдете при Мене сите изморени и обременети…“-

    Свети Тихон Задонски.
     
    На emiliana, Босилче и kuc им се допаѓа ова.
  8. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    “Христијанин без одење во Црквата, без молитва, без исповед, без Света Евхаристија (Причест) е неоградено лозје, на кое во секој час му е отворена капијата за крадци т.е. демоните за да го растурат.“

    - с. Харалампиј
     
  9. Босилче

    Босилче Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2021
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
  10. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Ближниот засакај го на следниот начин: не гневи се на него и не злопамти; не си дозволувај да му зборуваш на ближниот било какви прекорни, навредливи, исмејувачки зборови; чувај го мирот co него колку што можеш; смирувај се пред него; не осветувај му се ниту директно, ниту индиректно; во ce’ што можеш да му попуштиш, попушти му; откажи се од спротивставување и спорење, отфрли ги како обележје на гордоста и на самољубието; зборувај добро за оние што те озборуваат; за зло плати co добро; моли се за оние кои ти приредуваат разни страдања, навреди, искушенија и гонења
    Мат. 5, 21-48
     
    На P.S.love му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Кога јадете храна, сетете се на гладните, жедните и настраданите.

    Свети Гаврил Грузијски
     
  12. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    - Која е првата врата на царството небесно?
    - Покајание или чувство и исповедање на својата ништожност пред Бога - наспроти надменоста.
    - Која е втората врата на царството небесно?
    - Плачење - против лажната возбуда.
    - Која е третата врата на царството небесно?
    - Кроткоста - наспроти надменоста и самодовербата.
    - Која е четвртата врата на царството небесно?
    - Глад и жед за Божја правда - против човечките неправди.
    - Која е петтата врата на царството небесно?
    - Добротворност - против себичноста и суровоста.
    - Која е шестата врата на царството небесно?
    - Чистота на срцето - против развратност.
    Свети епископ
    Николај Жички.
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Не е Господ кој го остава човекот, туку човекот кој го остава Бога.
    Пеколот е одвојување од Господ.

    Свети Гаврил Грузијски
     
    На Bal4, Didajo и kuc им се допаѓа ова.
  14. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Трпението е најмоќниот лек кој лекува тешки и долготрајни неволји. Повеќето неволји поминуваат само преку трпеливост. Големото трпение го разоткрива најзбунувачкото и дава божествен плод: таму каде што не гледаш никакво решение, Бог го дава најдоброто решение. Знајте дека Бог сака кога човек, трпејќи ги искушенијата, кротко ги поднесува, славејќи го Неговото Свето име. „Блажен е човекот кој поднесува искушенија“ (Јаков 1,12), вели светиот апостол Јаков. Затоа, да се молиме да ни даде трпение Добриот Бог, сè да трпиме кротко, со пофалба. Нашиот живот на овој свет е постојан подвиг и секој од нас се стреми со својот подвиг. Замислете што мораше да доживее Христос во текот на својот земен живот! Што мораше да поднесе од Евреите, а не кажа ништо! И какво трпение покажал апостол Павле! Иако имал известување од Бога дека треба да биде во Рим (Дела 23:11), тој останал во затвор две години, бидејќи гувернерот го одложил судот. А што морал да доживее свети Јован Богослов! За мало мрморење мораше да издржи бродолом... Гледате, Господ им дозволува на светиите да трпат искушенија поради ситници, за да имаме пример за да можеме трпеливо, во молитва и со радост да ги прифаќаме искушенијата.

    Преподобен Пајсиј Светогорец.
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Да живееш мирно, зависи од тебе. Ќе потрпиш – и ќе имаш мир. А ако почнеш да враќаш зло за зло – и мирот ќе отстапи и Бог ќе го остави оној што сам суди. Каде што е мирот – таму е и Бог. Во мирот е Неговото место.

    Преп. Анатолиј
     
    На Elenpelen и Mic18 им се допаѓа ова.
  16. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    ЗА ПАГАНСКИТЕ ГРОЗНИ ОБИЧАИ, ОСОБЕНО ПРИ ПОГРЕБУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОКОЈНИ, КОИ СЕ СТРАШНИ ГРЕОВИ

    Почина една девојка. Отидов да ја отпеам. Таа лежи во ковчегот, а на него ставено огледало, четка за заби, сад за сапун и секира под ковчегот. Прашувам: „Што е ова?“
    -Кај нас е таков обичај ми велат. Ќе и притреба секирата. „А ова што е: огледало, убрус?"
    - Ами како. Ќе и притреба тоа.
    Сето тоа, секако, го тргнав и го извршив опелото. Уште не го завршив опелото, а тие повторно ја донесоа секирата и ја ставија под ковчегот. Таков е обичајот - пагански. Видете сегакај нас, кај православните, во Полтава на капакот од сандакот ставаат икони, и од левата и од десната страна. Затвораат и погребуваат со иконите. „Ами како, тој ќе се моли“. Какво незнаење, а ние сакаме да воспитуваме!
    Многу труд и проповеди треба да се вложат, за да се даде христијанска култура. Исто така, таму, каде што ставаат икони, ставаат и - четка за заби, вода -покојникот ќе пие, ќе јаде, лажица, цигари, и други "поздравни" предмети за починатите роднини и пријатели... - А нему му треба само пченицата и молитвите. И сето тоа во наше време...во 21 век. Освестете се и не грешете! Плачете и многу молетесе за покојникот. Служете заупокоени литургии.Давајте милостини на бедни... Тоа Само тоа му треба.

    Старец Јеросхимонах Самсон Сиверс-
     
    На emiliana, eliesaab и Elenpelen им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Мрзеливоста во молитвата на христијаните е причината зошто постои сиромаштија на вера, надеж и љубов: гревови и беззаконија, душевни и физички неволји.

    Св. Јован Кронштатски
     
    На eliesaab, Bal4 и Mic18 им се допаѓа ова.
  18. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Вие сте Православни не плашете се од ништо !
    Вашата крв е света.
    Монах Авел.
     
    На eliesaab и kuc им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Од сите зборови, најтежок е Прости. Но, токму тоа ги отвора портите на рајот.

    Монах Симеон Атонски
     
    На emiliana, eliesaab, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Пред сè, треба да обрнете внимание на сопствениот живот. Нема потреба да гледате наоколу, да ги анализирате постапките на другите и да се обидувате да им го средите животот. Ништо не може да се постигне на овој начин.
    Човек кој почнува да се кае, го исполнува својот живот со светлина. Оваа светлина воведува ред во сопствениот живот, а потоа Божјата благодат ги просветлува и ги води ближните на патот на вистината.
    Зарем не е дрско да се обидуваш да го поправиш животот на друг човек? Дури и ако денес постигнете успех за краток момент, утре сите ваши напори ќе одат на отпад.
    Ако се водиме од темнината кон Светлината, оваа Светлина (која ја раѓа Божјата благодат во нас) ќе ги одведе нашите ближни на вистинскиот пат.

    Старец Лука Филотејски
     
    На eliesaab, Mic18, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.