Стојте непрестајно на духовна стража, бидејќи не знаете кога Господ ќе ве повика кај Себе. Бидете спремни, во својот живот, во секоја минута да Mу положите сметка. Чувајте се да не ве улови ѓаволот во својата мрежа и да не ве прелаже, принудувајќи ве да паднете во искушение. Испитувајќи ја секојдневно вашата совест, проверувајте ја чистотата на вашите намери и мисли. Синот на некој цар бил многу лош човек. Не надевајќи се дека ќе се промени, таткото го осудил на смрт, но, му оставил еден месец за да се припреми за неа. По изминувањето на определениот рок таткото го повикал синот. Забележал дека тој наполно се променил. Лицето му ослабело и му се збрчкало. Целото тело му страдало. „Синко, зошто си се променил така? “ прашал таткото. Синот му одговорил: “ Татко и господару мој, како да не се променам. За сето ова време, секојдневно ми се приближуваше смртта.“ „Добро, сине,“ продолжил таткото, „бидејќи се вразуми ќе те помилувам, но мора да го чуваш тоа бојазливо расположение на душата низ сиот свој живот.“ „Татко, тоа е невозможно. Како можам да се заштитам од безбројните соблазни и искушенија?“ Тогаш царот наредил да се донесе сад преполн со масло. Со наредба му го предал на синот. „Земи го садов и носи го низ сите градски улици. Со тебе ќе одат двајца војници со мечови. Ако истуриш само една капка, веднаш ќе ти ја отсечат главата.“ Синот се покорил. Со бавни, но сигурни чекори, ги поминал сите улици во придружба на војниците и не истурил ниту една капка. Кога се вратил во дворецот, таткото го прашал: “Сине, што виде поминувајќи низ градските улици?“ „Ништо не видов.“ – одвратил синот. „Како, ништо,“ рекол таткото, „денес е празник и ти сигурно виде шатори, килими, кочии, луѓе и животни.“ „Ништо не видов“, повторил синот. „Сето мое внимание беше насочено на маслото во садот, бидејќи се плашев да не ми капне и притоа да не го изгубам животот.“ „Добро е сине. Целиот свој век, спомнувај си за таа задача. Чувај ја душата, како што го чуваше маслото. Одвраќај ги своите мисли од она што е минливо и упатувај ги кон она што е вечно. Вооружените војници нема да одат по тебе, но помни дека смртта, секој ден ти е сé поблиска. Со ваква внимателност ќе ја сочуваш душата од погубните соблазни.“ Синот од сé срце го примил советот и поживеал среќно. Бидете секогаш внимателни. Чувајте ја својата душа! Одвраќајте ги вашите мисли од она што е минливо и упатувајте ги кон она што е вечно и во тоа ќе ја најдете среќата што ја бара вашата душа и кон која силно тежнее вашето срце.
Старец Паисиј Светогорец - Луѓето со светско настроение говорат: „ Блазе им на оние кои живеат по вили и ги уживаат сите удобности“. Но навистина блажени се само оние кои успеале да го поедностават својот живот, да се ослободат од јамките на тој светски напредок – многу олеснувања кои во суштина не се ништо друго туку тескоби, и така да се избават од таа морничава напнатост на нашето време. Ако човекот не го поедностави својот живот, ќе се мачи; а ако го поедностави, нема веќе да ја чувствува таа напнатост. Некој Германец еднаш на Синај му рекол на едно многу бистро бедуинче: -Ти си паметно момче, и можеш да се описмениш. -А потоа ?- запрашал овој? -Потоа можеш да станеш инжиниер. -А потоа? -Потоа можеш да отвориш автомеханичарска работилница. -А потоа? -Па, ќе ја развиеш работата и… -А потоа? -Ќе вработиш работници, и ќе имаш многу луѓе околу себе. -Односно-му вели момчето,- да имам една главоболка, па да и придодадам уште една, а потоа и уште една? Не разбирам; што ми фали сега кога ми е мирна главата? Повеќето од главоболки се од таквото размислување: да правиме ова, да правиме она. Кога сите овие мисли би биле насочени кон тоа духовното, човекот би чувствувал духовна утеха, а не главоболка. Сега и на мирјаните секогаш им нагласувам – едноставност. Бидејќи многу од тоа што го прават – не е неопходно, па заради тоа ги нагризува напнатоста. Им говорам за едноставноста и подвижништвото. Непрестано опоменувам:„ Ако сакате да се ослободите од напнатоста – поедноставете го животот.“ И многу од разводите на браковите всушност така и почнува. Работа има многу, луѓето имаат толку обврски, што од сето тоа им се врти во глава. Работат двајцата, и таткото и мајката, а децата дома остануваат сами. Умор, нервоза, - мали проблеми, големи кавги, а потоа автоматски настапува развод; ете, дотаму сме дојдени. Но кога би го поедноставиле својот живот, би биле и одморени и радосни. Оваа напнатост навистина е убиствена! Еднаш се најдов во една раскошна куќа, и додека разговаравме, ми рекоа: - Живееме како во Рајот, додека другите луѓе оскудеваат. - Ма, вие живеете во пеколот! – им реков. –Безумниче оваа ноќ…, му рече Бог на богаташот. Кога би ме прашал Христос:„ Каде сакаш да те сместам? Во затвор или во една куќа како оваа“, јас би му одговорил: „ Во еден мрачен затвор.“ Бидејќи затворот би ми помогнал. Би ме подсетувал на Христос, на светите маченици, би ме подсетувал на подвижниците кои живееле по пештерите, би ме подсетувал на монашкиот живот. Затвотот помалку би наликувал на мојата ќелија, и тоа би ме радувало. А ова вашево, на што би ме подсетувало и во што би ми помогнало? Затоа затворот повеќе ме исполнува, не само од еден светски салон, туку и од една убава монашка ќелија. Илјада пати порадо би бил во затвор, отколку во една таква куќа. Кога бев во Атина на гости кај еден свој пријател, ме замоли да примам еден човек пред да се зазори, бидејки во друго време не можел да дојде. Дојде радосен и непрестано го прославуваше Бога. Беше многу смирен и едноставен, и бараше од мене да се молам за неговото семејство. Овој брат беше на возраст околу триесет и осум години, и имаше седум деца. Брачен пар, неговите родители, седум деца – вкупно единаесет души. Сите живееја во една соба. Ми рече , со својствената за него едноставност: „ Кога стоиме , се може некако, кога ќе легнеме не не собира во собата; малку е тесно. Слава му на Бога, сега изградивме една шупа како кујна, и веќе е подобро. Оче мој, ние имаме кров над глава, а има луѓе кои живеат под ведро небо.“ Неговата работа беше пеглање. Живееше во Атина. Од дома излегуваше уште пред да зазори, како навреме би стасал во Пиреј, каде што работеше. Од стоење и многу прекувремена рабоа, на нозете имаше проширени вени што му сметаше, но неговата голема љубов кон семејството правеше да заборави на болките и на своите здравствени проблеми. Освен тоа, непрестано се прекоруваше самиот себеси, говорејќи како тој нема во себе љубов, бидејќи како христијанин не прави никакви добри дела. Ја фалеше својата жена како онаа која покрај децата и своите родители за кои се грижеше, одела и кај старите луѓе од соседството, ги земала нивните алишта, ги перела, им ги средувала куќите и им готвела супи. На лицето на овој добар семеен човек беше изобразена благодатта Божја. Во себе го имаше Христос и изобилство од радост, а неговата соба беше исполнета со рајско ликување. Луѓето кои во себе го немаат Христос, полни се со напнатост; и само две такви личности не можат да се сместат ни во единаесет соби. А оние единаесет луѓе со Христос во себе, се сместија во една собичка…
Сакам да ви кажам: Не бидете рамнодушни! Правете милостиви дела. Давајте милостина. О, кога би знаеле!... Тоа е нешто најголемо, бидејќи тоа значи дека љубиш. Човеку, ако вели: „Ќе примите сто пати по толку“, не се плаши дека ќе осиромашиш. Сакаш ли да се збогатиш? Давај! Но, зарем сакаме да се збогатиме? Ме боли срцето за болниот. Те боли ли срцето за него, воопшто? Се најдов пред еден просјак, кој беше без нога, на улица. И тој очекуваше да извадам од џебовите. Но јас немав ништо, се случи да немам ништо. Одев пешки, немав пари ниту за превоз. И му реков: „Брату, немој да ми се лутиш, но ти давам топла рака!“ – „О, отец, такво нешто никој не ми дал!“ И си реков: „Се снајдов! Победив!“ Ете, сакам да ви кажам: не бидете рамнодушни. И не чекајте да ги сретнете. Барајте ги. Барај ги, зашто кога ќе ги најдеш, си се пронашол себеси. Си се запишал таму, горе. Нема да те заборави Спасителот, не може да те заборави кога правиш милостиво дело. И откинувајте од себе по секоја цена. Сега, милостината не значи само да вадиш од торбата; имаш пријател кој страда, кој е тажен: „Зошто си тажен?“ Утеши го. И не го оставај. Тоа значи дека си направил милостиво дело кон него. И дај му збор за утеха: „Остави, тоа што почина отецот, остави, мил мој, бидејќи знае Бог. Немој да се исцрпуваш. Ајде биди спокоен, ајде да се помолиме за него, да му помогнеме таму (зашто можеме да му помогнеме, со нашиот начин на живот)“. И бидејќи ми побаравте полезно слово, ќе ви раскажам нешто. Некој ученик бил лут бидејќи неговиот отец, кој бил во смртна постела, не го благословил за и тој да се спаси. Зборовите на благословот кој го примиле сите останати браќа, биле овие: „Спасувај се!“ И му рекле на отецот: „Ете, на послушникот не му кажа полезен збор“. – „Викнете го овде“. И тогаш отецот му рекол како што и јас сега вам ви кажувам: „Спасувајте се! Спасувајте се!“ Старец Арсениј Папaчок
Сакам да ви кажам: Не бидете рамнодушни! Правете милостиви дела. Давајте милостина. О, кога би знаеле!... Тоа е нешто најголемо, бидејќи тоа значи дека љубиш. Човеку, ако вели: „Ќе примите сто пати по толку“, не се плаши дека ќе осиромашиш. Сакаш ли да се збогатиш? Давај! Но, зарем сакаме да се збогатиме? Ме боли срцето за болниот. Те боли ли срцето за него, воопшто? Се најдов пред еден просјак, кој беше без нога, на улица. И тој очекуваше да извадам од џебовите. Но јас немав ништо, се случи да немам ништо. Одев пешки, немав пари ниту за превоз. И му реков: „Брату, немој да ми се лутиш, но ти давам топла рака!“ – „О, отец, такво нешто никој не ми дал!“ И си реков: „Се снајдов! Победив!“ Ете, сакам да ви кажам: не бидете рамнодушни. И не чекајте да ги сретнете. Барајте ги. Барај ги, зашто кога ќе ги најдеш, си се пронашол себеси. Си се запишал таму, горе. Нема да те заборави Спасителот, не може да те заборави кога правиш милостиво дело. И откинувајте од себе по секоја цена. Сега, милостината не значи само да вадиш од торбата; имаш пријател кој страда, кој е тажен: „Зошто си тажен?“ Утеши го. И не го оставај. Тоа значи дека си направил милостиво дело кон него. И дај му збор за утеха: „Остави, тоа што почина отецот, остави, мил мој, бидејќи знае Бог. Немој да се исцрпуваш. Ајде биди спокоен, ајде да се помолиме за него, да му помогнеме таму (зашто можеме да му помогнеме, со нашиот начин на живот)“. И бидејќи ми побаравте полезно слово, ќе ви раскажам нешто. Некој ученик бил лут бидејќи неговиот отец, кој бил во смртна постела, не го благословил за и тој да се спаси. Зборовите на благословот кој го примиле сите останати браќа, биле овие: „Спасувај се!“ И му рекле на отецот: „Ете, на послушникот не му кажа полезен збор“. – „Викнете го овде“. И тогаш отецот му рекол како што и јас сега вам ви кажувам: „Спасувајте се! Спасувајте се!“ ___________________________________________________________________________________________ Нека ве гонат, но вие не гонете ги другите. Нека ве распнуваат, но вие не распнувајте ги другите. Нека ве навредуваат, но вие не навредувајте ги другите. Нека ве клеветат, но вие не клевете ги другите... Радувајте се со оние кои се радуваат, и плачете со оние кои плачат. Тоа е знакот чистотата. Страдајте со болните. Тажете со грешните. Воскликнете со оние кои се каат. И секому бидете пријатели. Но во духот останете осамени... Раширете ја вашата плаштаница над секој кој паѓа во грев и заштитете го. И доколку не можете да ја превземете неговата вина на себе, и да ја прифатите неговата казна место него, не убивајте ја неговата личност. Св. Исак Сирин
Како да се достигне потребната нерасејаност на молитвата? Подготовка за успешно извршување на молитвата Ми пишувате дека никако не можете да управувате со мислите, дека постојано ви бегаат и дека молитвата воопшто не се одвива онака како што би сакале; а преку ден, заради работата и средбите со други луѓе, речиси и воопшто не си спомнувате за Бога. Тоа не може одеднаш. Треба доволно да се потрудите за мислите колку-толку да се потсмират; а тоа што вие сте очекувале дека само треба да се започне и сѐ е веднаш тука – ништо од тоа. Па успех е и што сѐ ова сте почнале го применувате и да се сметате за лоши. Бидејќи тоа и претходно постоело, а сега не само што го приметувате хаосот во мислите, туку и се вознемирувате заради тоа и изјавувате дека би сакале да ги доведете во ред. Повелете и понатаму распалувајте го во себе тоа незадоволство и трудете се да се поправите. Веќе ви пишував дека постојаната и непрекината работа на себе претставува неопходен услов за успех во духовниот живот. Сигурното смирување на мислите е Божји дар, но тој дар не се дава без голем сопствен труд. Само со сопствениот труд ништо нема да се постигне, ниту Бог ќе ви даде нешто ако не се потрудите со целата сила. Тоа е непромелив закон. Прочитајте во 19-та беседа од св. Макариј Велики за тоа дека христијаните треба да се принудуваат себеси на секое добро. Таму пишува дека треба да се принудуваме себеси на молитва, ако ја немаме духовната молитва, и дека во тој случај ако Бог види дека човекот напорно се подвизува и ги совладува своите мисли, на таквиот ќе му ја даде вистинската молитва, собрана, задлабочена, кога умот неотстапно стои пред Бога. А штом за време на молитвата умот почне неотстапно да живее во Бога, после тоа нема повеќе да сака да се оддели од Него, зашто со тоа е поврзана благоста, која кога човекот ќе ја вкуси, повеќе нема да сака да проба ништо друго. А што треба да се прави? За тоа веќе неколку пати ви зборував: не треба да им се дозволи на мислите слободно да лутаат, а кога случајно ќе избегаат треба во истиот миг да ги вратиме назад, укорувајќи се и тагувајќи поради тоа. Св. Јован Лествичник за тоа вели дека треба да се непрегаме со сета сила и да го заклучиме својот ум во зборовите на молитвата. Најдобро од сѐ е да се оди во црква, бидејќи таму молитвениот дух брзо ќе се развие, затоа што во црквата сѐ е насочено кон тоа; но за вас тоа не е баш лесно изводливо. Затоа потрудете се дома да се навикнете на нерасејаната молитва и останатото време да го поминувате со Бога, колку што можете. Учејќи се на молитвата, не заборавајте да проникнете во секој збор и да го почувствувате, бидејќи така ќе го заковате своето внимание на тие зборови од молитвата и ќе го загреете молитвеното чувство. Еве што уште треба да правите. Немојте да се молите веднаш после домашните грижи, разговори и обврски, туку прво малку подгответе се за неа, трудејќи се прво да ги соберете своите мисли и да ги насочите на вистинското место, пред Бога. Разбудете го во себе чувството за потреба од молитвата, токму во тој миг, бидејќи можно е да нема друг. Исто така, не заборавајте да ја обновувате совеста за своите духовни потреби, а пред сѐ, за вашата најважна потреба: средувањето на мислите во текот на молитвата, за да најдете мир во Бога. Кога срцето ќе биде свесно и кога ќе ја почувствува таа потреба, тогаш тоа самото нема да ви дозволи да залутате на нешто друго, туку ќе ве натера да се молите на Господ токму заради нив. Пред сѐ, што посилно треба да ја почувствувате својата потполна беспомошност: дека ако Го нема Господ, целосно ќе пропаднете. Ако некому му се заканува несреќа, а тој пред себе го има лицето кое е во состојба во истиот миг да го спаси, ќе се врти ли ваму-таму? Не, туку ќе падне пред него и ќе го моли. Така ќе биде и со вас за време на молитвата, кога ќе ѝ пристапите чувствувајќи колку сте слаби и со свест дека нема кој друг да ве спаси освен Единствениот Бог. Сите ние имаме една мана, што на секоја друга работа ѝ пристапуваме со одредена поготовка, колку и да е неважна, а со молитвата постапуваме во лет и брзаме што побрзо да ја кажеме, како тоа да е некое инцидентно дело, а не најважното од сите. И како тогаш за време на молитвата да има собраност на мислите и чувствата? Затоа таа и се извршува како во хаос. Не! Треба да се одречете од таа грешка и ни под никаков изговор да не дозволите да бидете лесномислени во поглед на молитвата. Морате да бидете убедени дека таквиот однос кон молитвата претставува злосторство, и тоа најголемо. Молитвата сметајте ја за првенствено дело во својот живот и така држете ја во своето срце. Тогаш, така и пристапувајте ѝ – како на првенствено дело, а не како на нешто споредно. Трудете се. Бог нека ви биде помошник. Гледајте да го исполнувате она што ви се кажува. Ако го исполнувате, брзо ќе го видите плодот. Потрудете се да ја почувствувате благоста на вистинската молитва, а Бог ќе ве поткрене и инспирира за постојана и внимателна молитва. Господ нека ве благослови! Свети Теофан Затворни
За почитувањето на споменот на упокоените Често гледаме како роднините се трудат да го изведат погребот или да го уредат гробот што побогато. Понекогаш се трошат големи средства за подигнување на раскошни споменици. Роднините и пријателите трошат пари и на венци и цвеќиња, кои не се положуваат во гробот, за да не го забрзаат распаѓањето на телото. Некои други сакаат преку објавување на некролози во весниците да ја искажат својата почит кон упокоениот, но и сочувството за неговите роднини, иако и тој начин на искажување сочувство ја покажува нивната плиткост, а понекогаш и неискреност, затоа што оној кој вистински жали нема јавно да ја покажува својата тага, додека сочувството многу потопло може да се искаже лично. Што и да направиме, покојникот од тоа нема да има никаква полза од тоа. На мртвото тело му е сеедно дали е положено во сиромашен, или богат гроб, раскошна или скормна гробница. На него не му мириса донесеното цвеќе, и не му се потребни неискрените изрази на тага. Телото се распаѓа, а душата живее, но веќе не го чувствува она што го чувствувала со телесните органи. За неа настапил друг живот, и мора да ѝ се понуди нешто друго. Ние сме должни да го сториме токму тоа што неа ѝ е потребно, ако навистина го сакаме упокоениот, и сакаме да му ги принесеме нашите дарови. Што навистина би ја израдувала душата на покојникот? Пред сè, искрена молитва за него; лична и семејна, но и црковна молитва, соединета со бескрвната Жртва, односно спомнување на Литургија. Бројните јавувања на мртвите и различните виденија ја потврдуваат големата корист која упокоените членови на Црквата ја имаат од молитвите за нив и принесените бескрвни Жртви. Понатаму, следното нешто што им носи голема радост на душите на упокоените се милостивите дела кои ги правиме во нивно име. Да се нахрани некој гладен или да му се помогне на некој болен во име на покојникот, е исто како да сме му го направиле тоа и нему. Преподобна Атанасија (12 април) пред смртта го заветувала манастирското сестринство 40 дни по нејзиното упокојување во нејзино име да се хранат сиромашните. Сестрите, поради невнимателност, тоа го сториле само првите девет дни. Тогаш им се јавила света Анастасија со два ангели, и им рекла: - Зошто го заборавивте мојот завет? Знајте дека милосрдието и молитвите на јереите, кои се принесуваат за упокоената душа во првите четириесет дена, Го умилостивуваат Господа. Ако душите на покојните биле грешни, Господ ќе им подари простување на гревовите, а ако се праведни – тогаш оние кои за нив се молат, ќе бидат наградени со доброчинства. Особено во овие наши, за сите тешки денови, неразумно е да се расфрлаат пари за бескорисни предмети и постапки, со кои би можеле, доколку ги искористиме за сиромашните, истовремено да направиме две добри дела: и на самиот покојник, но и на оние на кои би ја укажале помошта. Неодамна, на годишницата од упокојувањето на монахињата Марина, согласно со нејзиниот завет, од доброволните прилози во соборната црква беше приготвен оброк за сиромашните. На таа трпеза дојдоа околу 150 лица, и сите беа нахранети. На тој начин навистина се сочини големо дело! Независно од размерите на укажаната помош, зар нахранувањето макар и на неколку, дури и само еден гладен човек е мало дело? Гладниот ќе биде нахранет телесно, а упокоениот ќе биде нахранет духовно.
Од Преданието на светите Отци Духовниот живот е независен од времињата Ние го имаме Православието, односно, Божјото откровение во Црквата. Тоа откровение, кое ни се дава веќе 2000 години има голема вредност. Тоа го вклучува сведоштвото на Светото Писмо и делата на светите Отци. Ни помага да имаме одреден духовен поглед, одреден закон на духовниот живот. Духовниот живот и неговата цел не се менуваат под влијание на времињата. И навистина, знаеме дека од времето на првата проповед на Евангелието до сега, од сите краеви на светот, се собираат граѓаните на еден и ист град, за да станат синови на небесното Царство. Сите граѓани на тој град зборуваат на еден јазик, сите се знаат еден со друг, бидејќи проживеале еден ист живот во Православието; поминале низ една и иста борба според законите на духовниот живот. Светите Отци зборувале за последните времиња како за многу немоќни времиња, кога нема да има толку големи знаци, како оние кои се извршувале во времето на апостолите и од страна на првите монаси во пустината, кога се случувале многу чуда; големите Отци воскреснувале мртви; се случувале многу натприродни јавувања; и тие исти свети Отци тврделе дека ќе дојдат времиња кога таквите чуда ќе престанат, дека пред крајот на светот нема да има ништо слично на нив, дека тие кои ќе одат по патот на спасението, на никој начин нема да се разликуваат од останатите, со исклучок на фактот, што во нив, нема да умре борбата со сите тие искушенија. Самото едноставно чување на искрите на вистинската христијанска вера не прави чуда, воопшто не прави ништо посебно, но ќе ги направи, ако претрпат до крајот, исто така големите или уште поголемите од тие големи Отци, кои правеле натриродни чуда. Затоа, во ова наше време, надворешната активност на православните христијани е многу ограничена, очигледно, многу поограничена од порано. Очиглено, така е. И целата таа, внатрешна духовна активност е исто така можна, како и во минатото, за оние кои не сакаат да останат настрана од борбата. И навистна, ако погледнеме околу себе, гледаме многу впечатливи примери: св. Јован Кронштатски, направи илјадници чуда, многу и поголеми чуда од кој било во историјата на Црквата; св. Нектариј во Грција, смирен човек, презрен заради лошото управување со својата епархија, но чудотворец, особено после упокојувањето; и нашиот Архиепископ Јован (Максимович), кој живееше овде на оваа земја и одеше по неа, не еднаш одеше пешки по четириесет милји (65 км), доаѓајќи до ова место, благословувајќи го, особено благословувајќи го со Курската икона на Божјата Мајка. И убедени сме, гледајќи во тие луѓе гиганти на духовниот живот, дека е можно, нешто да прават и во овие наши несреќни времиња. Блажен Серафим Роуз († 2 септември 1982 г.)
од книгата „Писмата на валаамскиот старец“ Епилог:ГОСПОД МУ ЗБОРУВА НА ЧОВЕКОТ „ Дали ти некогаш сине,си размислувал дека се што се однесува на тебе , се однесува истовремено и на мене БИДЕЈЌИ СЕ ШТО СЕ ОДНЕСУВА НА ТЕБЕ, СЕ ОДНЕСУВА НА ЗЕНИЦАТА НА МОЕТО ОКО? Ти си мил во моите очи, бесценет и јас те засакав, па затоа за мене е особено задоволство да те воспитувам. Кога искушенијата ќе те обиколат и непријателот ќе навали како река, знај дека тоа од Мене доаѓа, дека твојата немоќ чувствува потреба за мојата сила и да сфатиш дека дека си сигурен само кога Јас се борам за тебе. Ако се наоѓаш во тешки околности, меѓу луѓе кои не те разбираат, кои не водат сметка за тоа што ти е пријатно, кои те отфрлуваат - тоа од Мене доаѓа. Јас сум - Бог, Кој управува со околностите, Ти не се најде случајно на своето место; тоа етокму она место кое јас ти го одредив. Ме молеше да те научам на смиреност, па еве види: те ставив во онаа средина во она училиште, каде што се учи таа лекција.Твојата средина и луѓето кои живеат со тебе само ја исполнуваат Мојата волја. Ако се наоѓаш во недостаток на пари, течко врзуваш крај со крај -тоа од Мене доаѓа, бидејќи јас располагам со материјалните средства. Јас сакам да Ми се обраќаш и да зависиш од мене.Моите резерви се неисцрпни.Јас сакам да се увериш во мојата верност и во вистинитоста на Моите ветувања. За да не се случи да ти кажам во твојата неволја: „Вие не верувавте во вашиот Господ Бог“ АКО ПРЕЖИВУВАШ НОЌ НА БОЛКА, АКО си одвоен од твоите блиски - тоа од Мене доаѓа. Јас сум Утешител и Исцелител на болестите, Јас го дозволив тоа за да ми се обратиш и за во Мене да најдеш вечна утеха. Ако си се разочарал во својот пријател, во некој кому си го открил своето срце - тоа од мене доаѓа. Јас дозволив да се разочараш за да ти покачам дека Господ е твојот најдобар пријател. Јас сакам ти се да ми принесуваш и да ми се доверуваш. Некој те наклеветил.Препушти ми ја таа работа Мене и приклони се кон Мене, твоето прибежиште, за да се избавиш од лошиот јазик.Јас ќе ја изнесам твојата вистина на светлината на денот и ќе ја докажам твојата невиност.. Ако твоите планови пропаднале, ако си паднал со душата и телото -тоа од Мене доаѓа. Си правел планови и ги изнесуваше пред мене Јас да ги благословам. Но Јас сакам да ми препуштиш Јас да располагам со настаните на твојот живот.Тогаш одговорноста за се ќе падне на Мене, бидејќи таа за тебе е премногу тешка и ти самиот не можеш да излезеч на крај со неа. ... Ако подолго време не добиваш вести од оние кои ги сакаш, па по својата малодушност паѓаш во очај и негодуваш,- тоа од Мене доаѓа.Јас ја испитувам силината на твојата вера во Моите ветувања и силата за твоите молитви за ближниот, бидејќи нив не си ги препорачал на Покровот на Мојата Пречиста Мајка, ниту грижата за нив си ја препучтил на мојата Татковска љубов. Ако те снашла тешка болест, минлива или неминлива, па си прикован за постела, знај дека тоа од Мене доаѓа.Јас сакам ти , во својата телесна немоќ, да Ме запознаеш уште подлабоко. Сакам да не негодуваш што ти е испратено искушение и да не ги испитуваш моите непроникливи планови за спасение на човечките души, туку со доверба да ми се препуштиш и дојдеш под Моја закрила. Ако неочекувано си повикан да заземеш тешко и одговорно место, оди, прифати го и потпри се на мене.Јас ти ја доверувам таа задача, бидејќи за тоа те благословил Господ Бог во сите твои дела, во се што ќе правиш со твоите раце. Денес ти го давам овој сад со свет елеј. Користи го слободно дете мое. сЕКОЈА ТЕШКОТИЈА ШТО ЌЕ ИСКРСНЕ, СЕКОЈ НАВРЕДЛИВ ЗБОР ШТО ке го примиш, секоја пречка во твојата работа што би можела да те ожалости и обесхрабри, секоја своја немоќ и неспособност - помажи ја со овој елеј. Сеќавај се дека секоја неволја е Божја поука, можност да научиш нешто. Секоја острица ќе се истапи, за ти да не се повредиш. Оттаму, насади ги во своето срце зборовите што денеска ти ги објавив: тоа од Мене доаѓа. бИДЕЈЌИ ОВА ЗА ТЕБЕ НЕ Е САМО ЗБОР , ТУКУ ТОА Е- ТВОЈОТ ЖИВОТ“ аШТО МЕНЕ НЕДОСТОЈНИОТ МИ ПРЕОСТАНУВА да кажам на сето ова? Ми преостанува да ги повторам зборовите на св. ап. Павле: „Бидејќи се е од Него, со Него и во Него“ , Нему нека му е слава во вековите.Амин. јермонах Серафим
Секој што вистински верува дека евангелските заповеди ни беа дадени од Единствениот Вистински Бог, од оваа вера црпи сила да живее според образот Христов. Верниот не си допушта критички пристап кон зборот Господов, но се поставува себеси под судот на тој Збор. Затоа самиот се препознава себеси како грешник и тагува над својата бедна состојба. Отсуството на тагата заради гревот покажува дека уште не ни се открила замислата за човекот од пред создавањето на светот. Вистински покајаниот грешник не бара возвишени созерцанија: тој е наполно зафатен со својата битка против гревот и страстите. Старец Софрониј
Љубете се еден со друг и ќе ја видите милоста Господова Нема да го сокријам од вас она за што Господ ја дава Својата благодат. Нема многу да пишувам, но ве молам љубете се еден со друг и ќе ја видите милоста Господова. Да го возљубиме братот и Господ ќе нè возљуби нас. Немој да мислиш, душо, дека Господ те љуби ако ти некого гледаш попреку. О, не! Поверојатно е дека те сакаат демоните бидејќи стана нивен слуга. Но не се забавај, покај се и барај од Господа сила да го љубиш братот, и ќе имаш мир во душата. Со сета сила барајте од Господа смирение и братољубие, оти заради љубовта спрема братот, Господ ја дава Својата благодат за бадијала. Самиот провери: еден ден барај од Бога љубов спрема братот, а друг ден живеј без љубовта, и ќе ја видиш разликата. Духовните плодови на љубовта се јасни: мир и радост во душата, и сите ги чувствуваш како блиски и мили, и ќе пролеваш многу солзи за ближниот и за секое создание. Често само заради еден љубовен поздрав душата чувствува блага промена. И напротив, заради еден поглед попреку, се губи благодатта и љубовта Божја. Тогаш покај се што побрзо, за да се врати мирот Божји во твојата душа. Блажена е душата што Го возљуби Господа и од Него се научи на смирение. Господ ја љуби смирената душа што цврсто се надева на Бога. Таа секогаш ја чувствува Неговата милост, така што дури и кога зборува со луѓето, таа е зафатена со Љубениот Господ и заради долговремената борба со демоните, душата го возљуби смирението повеќе од сè и не им дава на демоните да ѝ го одземат братољубието. Ако го љубиме братот со сета сила, и ако ја смируваме својата душа, победата е наша, бидејќи Господ дава најмногу благодат заради љубовта спрема братот. Свети Силуан Атонски
Старец Ефрем Катунакиотски Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.
*** Бараш благодат од Бога? Наместо благодат ти допушта искушенија! Не ја издржуваш борбата и паѓаш? Нема да добиеш додаток на благодатта! Повторно бараш? Повторно искушенија! Повторно пораз? Повторно недостиг! И така до крајот на животот. Значи треба да победиш! Истрпи го искушението до самата смрт! - Старец Јосиф *** Еден монах влегол во црква да се помоли. Гледа – а на местото на свештеникот проповеда демон, облечен во одежда на свештеник. Застанал монахот на страна и почнал внимателно да ги следи зборовите на демонот, за да го фати на некој збор, каде што тој ќе каже невистина. Но демонот зборувал точно, како што е во Светата Книга, ништо не менувајќи. И така било до крајот на проповедта. Проповедта завршила. Луѓето се разотишле. Тогаш монахот дошол кај демонот и му рекол: - Јас те препознав: ти си демон! - Токму така, – одговорил тој. - Јас сакав да те уловам за некој збор, но ти се зборуваше правилно! – рекол монахот. - Се трудев, – одговорил поласкан демонот. - Па добро, во што е твојата тајна? – прашав зачудениот монах. - Јас зборував без љубов во срцето, и знам, дека тие луѓе нема да постапат според моите зборови. А тоа за мене е доволно, – објаснил нечистиот. Извор: Премин портал
*** Заповедите што ни ги предале апостолите, нè вовеле во прекрасно ропство, за да можеме да загосподариме над нашите страсти и да го вршиме прекрасното служење на добродетелите. (...) А оние што ќе ѝ пристапат на благодатта од личен опит ќе ги познаат движењата на Светиот Дух и ќе ја спознаат својата лична состојба, па доаѓајќи до тоа сознание, ќе почнат да говорат: ‘Ние не примивме дух на ропство, за да бидеме во страв, туку Го примивме Духот на восиновувањето, преку Кого повикуваме ‘Авва Оче!’ (Рим. 8, 15)’. Свети Антониј Велики *** Науката и знаењето Знаењето не оптеретува. Појасно ќе го гледате патот по кој да одите понатаму, и тоа не само за себе, туку и на другите ќе им го покажувате патот. Знаењето никогаш нема да представува преголем терет. Може да постои опасност од тоа душата да се разбие живеејќи 4 години опкружена со младина која нема со целиот свој состав да биде од истиот дух; тоа е секогаш така но, исто така, секогаш тука ќе се најдат не само добри, но и одлични младичи, кои умеат да го чуваат својот духовен живот во полна сила, а при тоа надворешно посебно да не се издвојуваат. Како можело да ви падне на памет, дека читањето на Божественото Писмо наводно ве одвлекува од науката. Од науката одвлекува лутањето на мислите, необузданоста на лошите желби, мрзливоста и примамливоста на безгрижниот живот. Тука треба да се воздржувате, а ништо толку не помага сè лично да се изгони, како читањето на Светото Писмо и другите добри книги. Учењето не ги притиска плеќите. Тоа не е пречка во животот. Науката е наука, а животот – живот. Учете и при тоа држете се како доликува до оној кој решил да му угодува на Бога. Тоа што Богоугодувањето бара, може да се исполнува и со редовни занимавања. Теориите се лична работа на оние кои учат; фактите се заедничко наследство. Вистинска теорија може да биде само онаа која е согласна со христијанските вистини. Секоја научност оладува. Од тоа не е исклучена дури ни богословската наука, иако тука оладува пристапот кон предметот, а самиот предмет понекогаш и неочекувано може да го допре срцето. Научноста е од душевен, а молитвата од духовен карактер. Затоа не се согласуваат. А што се однесува на секојдневните работи, тука и нема што посебно да се зборува, посебно кај оној кој за жал има бујна природа. Тоа што го знаете – секогаш говорете го: Зашто тоа што го имате не е ваше, туку Божјо... и треба да го поделите. Само не треба да се биде наметлив... Треба да се чува срцето да не се врзува за светски сласти. Уживањето во тие сласти го гаси огнот на духот, додека учестувањето во било што без тоа уживање само го распалува духот, а не го гасни. И вашето занимавање со хемија е како дување кое не го гаси, а го распламтува. Ми падна на памет да ви кажам: зошто би ја отфрлиле таа професија? Тоа може да ви го замени ракоделието. Се сеќавам дека ви пишував поинаку, не разбирајќи ја вашата работа. Но судејќи по она што го правите, јас тука не гледам ништо спротивно на духовниот живот. Погубен е само страстниот пристап; но, мислам дека тој може да се разбере. А мирното занимавање со хемијата не може да донесе ништо лошо, посебно ако разни процеси се протолкуваат во духовна смисла, или ако во нив се види одраз на пројава на духовниот живот. И хемијата е дело од книгата Божја – во природата. Тука не може да не се види Најпремудриот... и најнесфатливиот Бог. Вашите научни работи, велите, ве одвлекуваат од молитвата и ве оладуваат. Тоа е нормално. Сите душевни занимавања од тој вид – и работните потфати од сите видови, и научна дејност, и уметничките дела – ја имаат истата таа особина. А и да не зборуваме за оние работи кои се подолу. Постои еден начин тоа да се избегне – сè да се посвети на Бога, според начелата на вистината која Тој ја открил, не дозволувајќи си себеси било каков пристап кој е спротивен на тоа, туку напротив, сè да се насочува кон нив за потврда. Св.Теофан Затворник
Од Господ ни е дадена заповед за љубовта према луѓето, нашите ближни. А дали тие нас не сакаат или не - ние за тоа не треба да се грижиме! Треба да се грижиме само ние нив да ги засакаме! старец Јован Крестјанкин
Веруваш, бараш, но ако немаш смирение, или си склон кон гордост, не дава Бог. Може да имаш вера, не како синапово зрно, туку како кило синап. Доколку немаш исто толку смирение, не дава Бог, зашто не ти е на корист. Кога има гордост, верата не дејствува. Старец Пајсиј
За доброто дело што имаш намера да го направиш, не говори никому однапред, туку направи го -- Св. Антониј Велики
Старец Паисиј Светогорец Светиот подвиг со расудување, со големото самоодрекување, кој се раѓа од големата вера и од изливите на љубовта спрема Бог, на човекот му ја носат вистинската радост во неговиот живот и тој е среќен што живее, зашто неговото срце лета славејќи Го својот Доброчинител Бог, се радува и што ќе умре, зашто повторно ќе биде близу до Бог, и таму ќе го продолжи своето славословие. Кратко речено, ја чувствува истата радост и затоа што живее и затоа што ќе умре. Во Рајот сигурно ќе биде подобро, бидејќи овде добива дел од рајската радост од Бог, но бидејќи и радоста на земјата е голема, а онаа поголемата уште не ја познал, првата ја чувствува како полнота. Впрочем и Христос ни има кажано “Царството Небесно е внатре во вас”
Човекот, драги мои браќа, почнува да старее не тогаш кога ќе му побелее косата, туку тогаш кога ќе му поцрни срцето! Старец Нектариј Виталис
Свети Григориј Богослов "Свети Григориј Богослов го испратил ова писмо до една своја духовна ќерка, Олимпијада, како подарок за нејзиниот штотуку склучен брак. Ова послание има длабоко богословие и психологија. Најмногу од сè, дава скапоцени совети за успешен брак. „Ќерко моја, за венчанието твое, јас Григориј, како духовен твој отец, ти го дарувам моево творение. Најдобра од сè е навистина таа, како поука од татко за рожбата. Слушај ме, значи, Олимпијадо моја: Знам дека сакаш да си вистинска христијанка. Една вистинска христијанка треба не само да биде, но и да биде со такво надворешно поведение. Затоа, те молам да внимаваш на твојата надворешна појава. Да бидеш едноставна (…) Тешките и многуцени фустани нека ги носат оние кои не сакаат возвишен живот, кои не знаат што значи тоа духовен зрак. Но, ти си постави големи и високи цели во својот живот. И овие цели го сакаат од тебе целосното твое внимание. (…) Со бракот, твојата усрдност и љубов да бидат пламени и да не отстапуваат кон намалување на она, кое ти го дал Бог. За она, кое стана средиште на твојот живот и ти го весели срцето. И ако разбереш дека ако мажот твој те сака повеќе отколку што ти го сакаш него, гледај да не се издигнеш суетно во висините, но секогаш држи го она место кое ти го ограничило Евангелието. Ти да знаеш дека си жена, имаш голема предодреденост, но различна од онаа на мажот, кој треба да е глава. Остави ја неразумната еднаквост на двата пола и обиди се да ги сфатиш барањата на бракот. Во нивната примена ќе видиш колку издржливост е потребна за да одговориш, како што треба, на овие барања, но и колкава сила се крие во навидум понемоќниот пол. Да знаеш дека многу лесно се разгневуваат мажите. Невоздржливи се, личат на лавови. Во овој случај, жената треба да е посилна и повозвишена. Треба да ја игра улогата на скротител на ѕверови. Што прави скротителот кога ѕверот рика? Станува уште помирен и со добрина го скротува гневот. Му говори слатко и меко, го милува, се грижи и повторно го милува и така го припитомува. (…) Никогаш да не го осудуваш твојот маж за нешто што не го направил како што треба. Ниту пак, за неговата недејствителност, дури и ако исходот не е тоа што си сакала ти. Зашто ѓаволот е оној, кој влегува како пречка во еднодушноста на сопружниците. (…) Сè нека ви биде заедничко – и радостите и жалостите. Зашто бракот го направил заедничко сè што е ваше. Заеднички да се грижите, зашто така домот ќе се утврди. Да го изразиш и ти сопственото мнение, но мажот нека одлучи. Кога го гледаш натажен, во тој миг земи и ти удел во неговата тага. Зашто во жал, голем лек е сожалувањето од пријателот. Но, твојот поглед нека биде блескав и да бидеш смирена. Жената е небурното пристаниште за бродоломниот сопруг. (…) Не ги гледај занесените жени, кои на ум го имаат надворешното и прикажувањето. (…) Држи го твојот изглед мирно и не го изобличувај со неприлични изрази, дури и кога си разгневена. Ушите нека ти немаат бисери како украс, но да слушаат добри зборови и за лошите да ставаат клуч на разумот. Така, дали слушаат или не, слухот ќе остане непорочен. Истото е и за очите, зашто тие го прикажуваат сето што ì е внатрешно на душата. Нека капе непорочно црвенило под твоите очи и нека предизвикува смерност и непорочен срам кај сите кои те гледаат, па дури и кај твојот сопруг. Многупати е претпочитателно за многу работи да ги држиш очите затворени, спуштајќи го погледот. А сега за јазикот. Мажот секогаш ќе ти биде непријател, доколку јазикот ти е незауздан, па дури и да имаш илјада други добродетели. Неразумниот јазик многупати ги става во опасност и невините. Дури и кога имаш право, претпочитај го молчанието. Подобро е за да не бидеш во опасност да кажеш некој неумесен збор. И ако имаш желба да говориш многу, подобро е да молчиш. Внимавај дури и на твоето чекорење. Има големо значење за благоразумноста. (…) Ако од мене, твојот старец, си примила некое духовно слово, ти советувам да го чуваш во длабочините на твојата душа. Така, со сè што си примила од она што си го слушнала и со твојата морална возвишеност ќе го лечиш својот одличен сопруг и почитуван градски човек од гордоста. Сега, овој мој подарок ти прими го, ти го подарувам како скапоценост. Ако сакаш повторно да ти честитам, ти посакувам лоза да станеш плодна, со синови и од твоите синови, за од мнозина да биде прославен Бог, оти за Него сите ние се раѓаме и кон Него повторно, од овој живот сите ние, заминувајќи, одиме“.
Обрнете внимание на ова. Св. равноапостолни Козма Етолски Поука шеста1 Знаци на времето Читајќи го, браќа мои, Божественото и Свештено Писмо, најдов дека пророкот Илија е жив , дека Бог го држи илјадници години , и дека ќе го испрати , а потоа ќе го уништи светот. А сепак испитувајќи го Свештеното Писмо , наоѓам дека пророк Илија дошол, како и антихристот кого што го имаме на глава , што и не треба вам да ви говорам, зашто знаете. И сега не го чекаме ниту пророкот Илија , ниту антихристот. Жалосно е тоа да ви го говорам , браќа мои, но Свештеното и Светото Писмо ми налага тоа да го сторам: денес, утре, не очекуваат глад, жед, колера, чуми, големи несреќи , така што светот нема да стигне да ги погребува умрените. Денес , утре, не чека еден голем земјотрес, ќе се урнат сите планини, сонцето и месечината ќе се помрачат, небото ќе се свитка како хартија, а сите луѓе ќе поумрат. Второто Доаѓање и Судот А потоа ќе блесне сесветиот Крст посилно од сонцето и нашиот пресладок Исус Хриастос ќе блесна седум пати по силно од сонцето, ќе воскресне целиот свет со душа и тело ( па добриот ќе биде како ангел, а лошиот као трипроклет ѓавол) и ќе им рече на праведните : „ Дојдете , благословени на Отецот Мој, зашто ги сочувавте заповедите Мои и верата Моја.“ А потоа Господ ќе и рече на грешните: „Одете, вие проклети за да бидете со отецот свој ѓаволот, зашто не ги сочувавте Моите заповеди и верата Моја. “ И тогаш Господ ќе отвори огнена река како море голема за во неа да го сожеже грешниците и нечестивите , а праведните ќе ги постави оддесно на Себе, а грешниците од лево. А ние, браќа, што сме? Праведни или грешни? Ако сме праведни , среќни сме и триблажени. А ако сме грешни, треба сега, додека имаме време да се покаеме и исправиме.