1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    6.672
    Пол:
    Машки
    Κύριε, ἐλέησον, Χριστέ, ἐλέησον, Κύριε, ἐλέησον.

    Кирие Елеисон

    Господи помилуј, Господи смилуј се на мене, утеши ме, одстрани ми ја болката, покажи ми ја твојата непоколеблива љубов
     
    На kuc, IRBBB и Mic18 им се допаѓа ова.
  2. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Кога ќе го напуштиш грешниот начин на живот,и почнеш да живееш духовно и ќе почнеш да Му служиш на Бога, тогаш ѓаволот отстапува од тебе,но против тебе ги подигнува сите околу тебе кои му служат нему и ги има во својата власт, меѓутоа ти не отстапувај од добрата намера да Му служиш на Бога!

    Св. Симеон Нов Богослов
     
    На Mese4ka92, IRBBB и Lisandra им се допаѓа ова.
  3. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    “Не бегај од пастирскиот стап, зашто те удира не за да те убие, туку да те одврати од прелеста.“ - Свети Јован Златоуст
     
    На Viveki и IRBBB им се допаѓа ова.
  4. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    „Помилуј ме!
    - зборот е краток, но станува океан на милосрдието“
    - Свети Јован Златоуст
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Кога сте неправедно обвинети за нешто, кажете си само : „Имам сведок“ и смирете се . Сè се случува пред Неговите очи, Тој знае како навистина е сè, што е мојата вина и која е мојата вистина, Тој знае што има во моето срце и во моите мисли, Тој знае што има во срцата и мислите на оние што ми се спротивставуваат. И не можам да се плашам од никаква несреќа, од каква било неправда: бидејќи со Него се случува сè, тоа значи дека Тој нема да дозволи да се случи ништо што може да ми наштети. И ако се случи нешто што јас не го сакам, на кое мојата волја се спротивставува, тогаш тоа е со Неговото знаење и за моја корист. Како и да ме викаат, како и да ме сметаат, за што и да ме обвинуваат, Тој е тука - и само Неговиот суд е важен. И сè друго... Какво значење има тоа во светлината на Неговата вистина!

    Игумен Нектариј Морозов
     
    На Anyshka и IRBBB им се допаѓа ова.
  6. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    "Не биди тажен чедо мое. Пресвета Богородица сè ќе ни уреди. Сето тоа не е важно. Единствено важно е како изгледаш во Божји очи!"

    Старецот Пајсиј.
     
    На kuc, IRBBB, Lisandra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Немојте да мислите дека ќе го добиете рајот бесплатно без напор или последици. Правете што можете и молете се на Бога за она што не можете, и тој несомнено ќе ви помогне.

    Преподобен Арсениј Бока

    ,,И еве, ќе дојдам скоро, и отплатата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови; Јас сум Алфа и Омега, Почеток и Свршеток, Првиот и Последниот!”

    Откровение 22:12-13
     
    На IRBBB и Lisandra им се допаѓа ова.
  8. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Не мисли, брату, дека ќе живееш уште многу години на земјава; не биди безгрижен и не насладувај се со твоите грешни помисли и дела. Повелбата Господова доаѓа ненадејно и го наоѓа грешниот неподготвен и тој нема време да се покае, за да му бидат простени гревовите. - Што ќе ѝ кажеме, брату, на смртта во часот на нашето одделување од телото?!
    Свети Ефрем Сирски
     
    На IRBBB и Lisandra им се допаѓа ова.
  9. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Дали сте во војна со вашите страсти? Борете се, борете се, бидете добри Христови војници! Не се предавај на злобата и не се занесувај од телесните немоќи. А во случај на ползење, побрзај кај Докторот, плачејќи со Светата Црква, мајка наша: „Боже, вброј ме со разбојникот, блудницата и митникот (се разбира, покајникот) и спаси ме“.

    Преподобен Антониј Оптински
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Болестите им се испраќаат на луѓето од три причини:

    1) На грешниците - казна (покајание) за гревовите, за исправање и покајание, кога грешат и не се покајуваат како што треба.
    2) На верникот за да се испита во верата.
    3) За праведниците - за да не станат суетни.

    Схиигумен Савва Псково-Печерски
     
    На IRBBB и kuc им се допаѓа ова.
  11. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    „Дојдете при Мене сите што сте изморени, и Јас ќе ве успокојам“. Тоа значи дека изморените и натоварените својата надеж ќе ја положат на Господ и така ќе најдат олеснување во трудот и во својот страв.“ - Свети Серафим Саровски
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    “Само едно нешто може да живее во човекот: или Светиот Дух или страстите; каде што е Светиот Дух, страстите не се приближуваат, а каде што се страстите, таму не живее Светиот Дух, туку Злобниот“. - Свети Пајсиј Величковски
     
    На IRBBB, quattro и Lisandra им се допаѓа ова.
  13. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    “Оди и учи од монасите. Тие се светила кои светат по својата земја. Тие се ѕидови со кои се оградени и утврдени градовите.“ - Свети Јован Златоуст
     
    На Mumoftwo30 и IRBBB им се допаѓа ова.
  14. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Пророк по службена должност

    “Што не разбираат религиозните социопати и номиналните христијани? Не разбираат дека има пророци кои се тоа затоа што имаат внатрешно духовно покритие за својот назив и има пророци кои, без оглед дали имаат внатрешно духовно покритие за својата позиција во Црквата, тие се тоа по службена должност. Тоа се носителите на свештените чинови, како што се: Епископите – посебно првиот по чест, презвитерите, ѓаконите; тоа се старешините на манастирите и храмовите; тоа е главата на семејството; но, тоа е и секој еден човек што страда, а кој Божјата Промисла го внесува во нашиот живот. Бог бара од нас да ги почитуваме и овие вториве, да не кажам, дури повеќе и од оние првите, затоа што полесно е да слушаш некого кој го има и духовниот авторитет отколку некој кој го нема. Каде што нема љубов, неопходно е да функционира ерархиската поставеност ако сакаме да ја сочуваме Заедницата. Но затоа, таму каде што има смирение и послушание, има и благодат Божја: „Навистина ви кажувам: имаше многу вдовици во Израилот, во деновите на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја; и при ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај вдовицата во Сарепта Сидонска; и мнозина беа лепрозни во Израилот, при пророкот Елисеј, и ниеден од нив не се очисти, освен Сириецот Нееман“. Исто како и денес – многумина се подвизуваат, но малкумина го имаат дарот на аскетската умно-срдечна молитва; за благодатната, и да не говорам...“ - дедо Наум
     
  15. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Ако мразите макар и еден човек, вие го мразите Самиот Христос според неговиот лик и сте далеку од Царството Небесно.

    Свети Гаврил Грузијски
     
    На Mumoftwo30, kuc и IRBBB им се допаѓа ова.
  16. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    „Господ многу трпи, трпи и чека - или човекот да се покае или да ја надмине мерката на своите гревови. Ангелот му рекол на свети Јован Богослов: Неправедниот нека продолжи да прави неправда, нечистиот нека се валка во кал , и праведникот нека продолжи да чини правда, а светите нека продолжи да се осветуваат.“ Бидејки полесно ке и биде на земјата Содомска и Гоморска ќе и биде полесно на судниот ден отколку на оние што не се покајаа. кои ја отфрлија Божјата милост и добрина и не си го исправија животот .
    Свети Сава Псковски.
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Кога ќе ви згрешат, молчете

    Кога ќе ви згрешат, молчете.
    Оставете време на Бога! Тој најдобро знае кога и како ќе ве оправда.
    Старче, како да го гледаме оној што ни згреши?
    Како да го гледаме? Како голем добротвор за нас, кој ни прави влогови во Божјата штедилница. Не прави богати засекогаш...

    Свети Пајсиј Светогорец
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    6.672
    Пол:
    Машки
    Човек кој ја претворил водата во вино,
    може и твоето патење да го претвори во Благослов а твојата тага во радост.

    Амин

    Покајте се бидејќи се приближува царсвото Божјо - Св. Јован Крстител
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    “Ѓаволот не се грижи толку за луѓето да грешат, колку за тоа да не го гледаат гревот и да останат грешници.“ - Свети Јован Златоуст
     
  20. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    “Убавината на душата има таква особина што дури и во староста многумина ја сакаат, бидејќи таа никогаш не венее и непрестајно цвета.“ - Свети Јован Златоуст
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.