Немој да се плашиш ни од закани, ни од мечеви, ни од рани ни од оган. Не плаши се од ништо. Не дозволувај ништо да те одвои од Христос. Погледни кон Рајот и одозгора очекувај голема и вечна и подеднакво богата награда од Бога. Плаши се само од Бога, а никогаш од злото. Света Ефросина.
Лутината е јама отворена пред нас; кој ќе ја победи лутината во себе – тој преминал преку јамата. Свети Ефрем Сирин.
Човек мора да отиде кај духовникот во време на духовна потреба и духовно искушение за да побара совет и да научи мудрост. Свети Гаврил Грузијски
“Деца мои, бегајте од осудувањето, тоа е голем грев. Господ многу се жалости кога ги осудуваме и презираме другите. Ајде да се насочиме кон нашите сопствени гревови – бидејќи за нив треба да чувствуваме болка. Да се осудиме себе си за да најдеме милост и благодат од Бога.“ - старец Ефрем Филотејски “Не се истрчувајте пред Бога, дозволете Му да управува со вашите чекори. Тој има Свои планови, има Свое време. Божјите часови никогаш не брзаат и никогаш не доцнат ‒ тие секогаш доаѓаат навреме.“ - Ава Доротеј
Неколку поуки од Старецот Пајсиj 1. Многу грешници се спасиле затоа што не ги осудувале другите и што биле свесни за својата грешност. 2. Предуслов за духовно напредување е смирението. благодарноста и подвижнички дух. 3. Наша должност е болката на своите ближни да ја направиме – своја! 4. Доброто е навистина такво само кога е направено на добар начин. На тој начин мораме себе си да се поставуваме во состојбата на другите луѓе. 6. Телесната болка често носи душевна утеха и поради тоа мораме со радост да ја прифатиме. 7. Обраќајки им се на лекарите Старецот рекол: „Помогнете им на болните така што ќе им укажете на подлабоката смисла на животот, наместо да ги лечите само нивните тела“. 8. Многу луѓе доживуваат пекол уште во овој живот, зашто срцето им е преполно со страсти. 9. Колку што човек повеќе се соединува со Христа, толку помалку чувствува страв. 10. Слава Му на Бога! Кога ќе речете „Слава Му на Бога,“ сите демони затреперуваат. 11. Многу е важно својот духовен живот да го живееме со радост и љубов, а не поради чувство на должност. Треба да го земеме предвид краткото време кое ни е дадено за живот.
Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне. Не му вели на пријателот свој: „Оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам” кога си во состојба да му помогнеш, зашто не знаеш што ќе роди утрешниот ден. Не крои зло против ближниот свој, кој е придојден и кој со доверба живее при тебе. Не се карај со човек без причина, кога не ти направил никакво зло. Соломонови изреки (Сол.3;27,30)
24 кратки молитви на Свети Јован Златоуст 1. Господи, не ме лишувај од твоите небесни и вечни добра. 2. Господи, откупи ме од вечните адови. 3. Господи, дали со разум или дело или со ум и разум згрешив, прости ми. 4. Господи, избави ме од секаква потреба и незнаење и заборав и мрзеливост. 5. Господи, избави ме од секое искушение и напуштање. 6. Господи, просветли го моето срце, да не се помрачи од лукава желба. 7. Господи, јас како човек грешам, а ти како Бог помилуј ме. 8. Господи, види ја болеста на мојата душа и дај ја твојата благодат на мојата помош, за да се прослави Твоето Свето име во мене. 9. Господи Исусе Христе, запиши го името на твојот слуга во книгата на животот, дарувана за мене. 10. Господи, Боже мој, не направив ништо добро, но никогаш не ми недостига Твојата милост. 11. Господи, заврни ја врз моето срце росата на милоста Твоја. 12. Господи, Боже на небото и на земјата, спомни ме мене грешникот, одвратниот, злиот и одвратниот според Твојата голема милост, кога ќе дојдеш во царството Свое. 13. Господи, прими ме во покајание и не оставај ме. 14. Господи, не воведувај ме во искушение. 15. Господи, дај ми чувство на добрина. 16. Господи, дај ми солза и спомен на смртта и тагата. 17. Господи, дај ми откупување на моите помисли. 18. Господи, дај ми смирение, решителност и послушност. 19. Господи, дај ми трпение, долготрпеливост и кротост. 20. Господи, засади го во мене коренот на доброто, твојот страв. 21. Господи, навистина те сакам со сета моја душа и ум и срце, и чувај ја Твојата волја во сè. 22. Господи, покри ме од зли луѓе и демони и страсти и од сè што е непримерно. 23. Господи, како што планираш, Господи, како што знаеш, Господи, како што сакаш, нека биде волјата Твоја во мене. 24. Господи, нека биде Твојата волја, а не мојата, по молбите на Пресвета Богородица и на сите твои Светии, нека е благословен засекогаш.
„Човекот памети многу работи, но никако не може да запамти една работа, колку и да му се повторува, дека тој влегува во овој свет без имот и го напушта овој свет без имот“. Свети епископ Николај Велимировиќ.
Помил ми е оној човек кој згрешил, но знае дека згрешил и се кае, отколку оној кој не згрешил, па се смета себеси за праведен. - Авва Сармат
Сакајте ги грешниците, но мразете ги нивните дела и не презирајте ги поради нивните мани, за да не бидете искушувани од слични зла и вие. Свети Исак Сирин
Свети Гаврил Лесновски: „Како што есента носи зреење на плодовите, така и човекот треба да созрее во верата.“
Многумина, иако имаат проблеми кои ги предизвикале со своите гревови, не одат кај духовникот, кој може сосем сигурно да им помогне, туку завршуваат така што се исповедуваат кај психијатар. Им ги раскажуваат своите приказни, ги прашуваат за совет, и ако треба да ја преминат реката, фрлени се во неа, па се удавуваат, или излегуваат, но каде излегуваат... А ако отидат кај духовникот да се исповедаат, лесно би преминале на другата страна преку мостот, бидејќи преку Светата Тајна Исповед дејствува Божјата благодат и тие преку неа добиваат ослободување. Старец Пајсиј Светогорец .
Треба да се молиме со покајание, со солзи, со почит со ведрина и голема смиреност. Нашите гревови не треба да нѐ спречат да се молиме. Ние треба да се срамиме од нашите гревови, но тие не треба да нè спречуваат во нашите молитви. Иако си грешник, пријди кон Бога со молитва, за да можеш да се помириш со Него; дај Му можност да ти ги прости гревовите, а и ќе ти ги прости за да ја покаже Својата љубов кон човештвото. Св. Јован Златоуст
"Ѓаволот прво го бомбардира човекот со мисли, а потоа го напаѓа. Ѓаволот не напаѓа човек ако прво не го скрши со мисли. Затоа што добрите мисли го штитат човекот; тие му доаѓаат како панцир!" (Старец Паисј Светогорец).
Ако ти дојде некое ненадејно искушение, не обвинувај го оној, преку кого тоа дошло, и ќе добиеш помош. Зашто дали преку него или преку некој друг, ти си бил должен да ја испиеш горчината од чашата на Божјата промисла. Свети Максим Исповедник
Единствената птица која се осмелува да го нападне орелот е врана. Таа ќе слета на неговиот грб и му го гризе вратот. Орелот нема да се брани себеси. Не трошете си го времето или енергијата во борба. Ќе лета високо во небото и ќе лета уште повисоко, така враната станува потешка поради недостаток на кислород. На крајот, враната паѓа сама. Не се борете со враните. Издигнете се на поголеми височини и тие ќе исчезнат. Свети Владика Николај Велимировиќ
Немој да бидете посветени на храната, напитоците, облеката, луксузот, големите куќи и луксузен мебел. Ни на здравјето. Немој да се грижите за овој живот. Приврзаноста за овој минлив живот и преголемата грижа за нивното здравје многу луѓе заскитаа по патеките кои одстапуваат од Божјите заповеди. Свети Јован Кронштатски
Пресуди им, Господи, на оние кои ме навредуваат, и собори ги оние што се борат против мене; земи оружје и штит и дојди ми на помош; извади го мечот и пресретни ги гонителите мои; кажи ѝ на душата моја: „Јас сум спасение Твое!” (Псалм 34: 1-3).
Велиш: Имам многу тага. Но, јас ќе ти кажам, или уште подобро, Самиот Господ вели: понизи се и ќе видиш дека твоите неволји ќе се претворат во мир, па и самиот ќе се изненадиш и ќе речеш: Зошто толку многу страдав и тагував порано? ? Но сега се радуваш затоа што се понизи и дојде благодатта Божја; Сега си барем сам во сиромаштија, радоста нема да те остави, бидејќи имаш мир во душата, за што Господ рекол: „Мојот мир ти го давам“. Така, Господ и дава мир на секоја понизна душа. Свети Силуан Атонски