Јас кога бев во манастирот Св. Гаврил Лесновски покрај литургијата на крај свештеникот рече после црква веднаш дома се одело не требало да се оди во кафуле на кафе затоа што потоа се жалиме лоши работи што ни се случувале кога сме се шетале после црква. И на Св. Прохор Пчињски кога бев монахот ми рече да се насмеам да не бидам толку сериозна. Но, тоа мене не ми се допадна што ми го кажа но, јас работам на тоа да го подобрам тоа кај мојата личност и да бидам почесто насмеана. Сетоа тоа благопријатно и дејствува на убавината.
Една жена беше прашана: Што добиваш од тоа што редовно му се молите на Бог? Таа одговори: Ја изгубив гордоста. Ја изгубив алчноста. Ја изгубив желбата. Го изгубив „лутината“. Ја изгубив страста. Го изгубив задоволството да лажам. Го изгубив вкусот на гревот. Изгубив нетрпеливост, очај и обесхрабрување. Понекогаш се молиме, не за да добиеме нешто, туку за да изгубиме работи што не ни дозволуваат духовно да растеме. Молитвата воспитува, зајакнува и лекува. Молитвата е таа што нè поврзува директно со Бога“. Православни Духовни поуки од Светите Старци
Сите ние грешиме, сите ги прекршуваме Христовите заповеди и законите на Светата Црква, но некои се препознаваат себеси како грешници со тоа што ги прекршуваат и се каат за своите гревови, додека други, наместо тоа, самите ги негираат законите и не сакаат да послушаат, велејќи дека овие закони се застарени, законите повеќе не се потребни, ние самите сме попаметни од оние кои ги дадоа црковните закони, кои Самиот Господ ги даде преку апостолите и Своите светии. Еве пред вас два патеки - патот на разумниот крадец и патот на оној кој преку товарот на богохулењето се спуштил во пеколот. Свети Јован Шангајски