Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Во болест, не ја напуштај молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме“ и ќе добиеш голема корист: молитвата брзо ќе те врати под дејство на благодатта, бидејќи таму каде што е утехата на Духот, болеста и очајот нема да останат.

    Свети Теолипт Филаделфиски
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Имај трпение со себеси и со Бога. Не се обидувај да ја разбереш тајната на Неговата промисла, затоа што тоа е далеку од човечкото разбирање. Во право време, Тој ќе ти ја објави Неговата волја, и ќе видиш дека Неговите патишта се совршени.

    св Исак Сирин
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Духовна мудрост може да се добие:

    1. Преку разговори и прашања со старешини и духовни отци кои се духовно мудри.

    2. Преку читање на светите книги, особено светоотечките и старечник.

    3. Преку посета на храмот Божји, каде што се проповеда Божјото слово.

    Не е излишно да се каже дека мудроста вклучува мудро користење на времето, добра природа, понизност, сеќавање на смртта, трезвеност, мудрост да се знае кога да се зборува и кога да се молчи; мудроста се состои и во изборот на пријател за себе и воопшто личност на која би можел да му ја довери душата и во заедништво со оние кои можат да бидат корисни со нивниот праведен разговор; мудрост - да правиш сè со совет од искусни луѓе, смислено; Трошењето пари на она што е неопходно е исто така мудрост.

    Преподобен Симеон (Желнин) Псково-Печерски
     
  4. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Бидете храбри и смело противставувајте се на ѓаволските напади, знајте дека нашата борба не е против плотта и крвта, туку против невидливите и злобни наши гонители, против сатаната и отстапничките сили, кои се предводени од него. Па затоа, ако некого го нападне похотлива мисла, не колебајте се, и не збунувајте се, туку потрудете се веднаш да ја одгоните со молитва, офкање и со солзи и да ја оддалечите од себе, спомнувајќи си за вечниот оган и за тоа дека овој оган е распалуван од гревовниот оган што се распалува во нашето тело. Па така, колкупати и да ве нападне лоша помисла, борете се против неа и уништувате ја докрај, за да не бидете судени. Ако со похотта заедно се случи и помрачувањето на помислите, издигнете го погледот на своето срце, заедно со чувството на тешкотијата подвижничка, пресечете ја оваа ѓаволска мрежа со помислата дека можеш да умреш секој миг. Секој што се труди нека се храбри со помислата за успокојувањето во бескрајниот и вечен живот.

    Светиот преподобен Теодор Студит
     
    На eliesaab и Lisandra им се допаѓа ова.
  5. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20250317_112503.jpg
     
    На mickey18 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Кога се стремиш кон промена, благодатта Божја те опкружува како штит. Тој не остава да се бориш сам, туку те поткрепува со Неговата невидлива рака.

    св Исак Сирин
     
    На Lisandra и Dominodancing им се допаѓа ова.
  7. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    "Народот.... убијци, криминалци, горди, завидливи, неправедни, крадци, тврдини, очајни, лепрозни, проститутки, содомисти, развратиници, блудници, содомисти, распуштеници и сите кој праваат било какво зло!
    Поради сите нив Господ самиот рече:
    „Ќе ви дадам водачи според вашето срце.
    Поради многуте наши гревови гневот Божји доаѓа врз синовите на противење (Еф. 2,2; 5,б;Кол. 3,6). Се плашам дека ние нема да страдаме по патот, како што страдаше градот Ерусалим поради многуте гревови на неговите жители.
    Старец Филотеј Зервахос
     
  8. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Машки
  9. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Колку само нашиот живот наликува на Страсната Седмица!*

    Во твојот живот ќе постојат луѓе, кои додека си мислиш дека ти се пријатели, тие веќе ти го свртиле грбот.
    Луѓе со кои ќе го делиш лебот на својата трпеза и тие нема да се двоумат со целив да те издадат. Исто како на Тајната Вечера.
    Ќе постојат луѓе кои ќе те ругаат, ќе те исмеваат, како бесни ќе те прогонуваат, ќе те измачуваат, ќе те влечат по судови, бидејќи едноставно, ќе ги прогонува вистината која ја говориш.
    Ќе има луѓе кои ќе ти натоварат крст на плеќите и ќе те натераат да го носиш на Голгота. А кога ќе стасаш таму на врвот, истите тие со радост ќе те распнат, ќе ти се ругаат и ќе го поделат она што останало од тебе. А притоа, да не си нужно виновен... Само затоа што постоиш...
    Гледаш, понекогаш, ги измачува самото твое присуство... Како на Велики Четврток вечерта. Како на Дванаесетте Евангелија.

    Ќе има тажни денови во твојот живот. Глуви. Неми. Денови како Велики Петок.
    Сето ова ќе дојде. И нека биде. Не е важно. Не очајувај. Имај вера.
    И имај на ум дека Страсната Седмица не завршува на Велики Петок.
    Во зорите на Великата Сабота... Тогаш завршуваат страдањата...
    Нека воскресне Бог!
    Елевтериј Г. Елевтеријадис.
     
    На Lisandra и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Машки
  11. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Мојата душа се сети на љубовта Господова и моето срце се разгоре и мојата душа му се предаде на длабокиот плач, бидејќи толку многу Го нажалив Господа, мојот Возљубен Создател.
    Он не си спомна за моите гревови. И тогаш мојата душа му се предаде на најдлабокиот и најжален плач, за Господ да ја помилува секоја душа и да ја земе во Своето Небесно Царство.

    И мојата душа плаче за целиот свет.

    Не можам а да не зборувам за луѓето што ги љубам до солзи. Не можам да молчам, затоа што мојата душа секогаш тагува по народот Божји, и со солзи се молам за него. Не можам а да не ви зборувам, браќа, за милоста Божја и за лукавството на непријателот.

    Св.Силуан Атонски
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Ако почувствуваш болка, значи си жив. Не си бесчувствителен. Ако ја почувствуваш болката на ближниот, значи дека си вистински човек!

    отец Јован Петров
     
  13. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20250322_093643.jpg
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Не се измачувај себеси сакајќи да се разбереш сѐ. Живеј едноставно, моли се ревносно, и остави го останатото на Бога.

    св Теофан Затворник
     
    На Bitter-Sweet и Lisandra им се допаѓа ова.
  15. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Подобро е да носиш стара облека и да се грижиш за својата душа во страв Божји, отколку да се облекуваш раскошно и да живееш непристојно.

    Свети Ефрем Сирин
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    По суштина е добар само едниот Бог. Добар е и оној што Го подражавал Бога, зашто и негова цел е лошите да ги присоедини кон Добриот по суштина, за и тие да станат добри. Затоа, кога го навредуваат тој благословува; кога го гонат трпи, кога го хулат утешува; кога го убиваат се моли за оние што го убиваат (сп. 1. Kop. 4, 12-13). Toj прави се што е потребно за да не отпадне од својата цел од љубовта.
    Свети Максим Исповедник
     
  17. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Машки
  18. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Додека сме млади, потребно е да бидеме искушувани, бидејќи младоста лесно скршнува од правиот пат.

    Со текот на времето, ќе престане борбата и ќе дојде долгопосакуваниот мир.
    Не очајувај, без разлика колку тие страсти и да те напаѓаат.

    Бог ги љуби оние кои се борат и возвраќаат на ударите.

    Старец Ефрем Филотејски
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    „Го осудуваш твојот брат? Со, тоа го осудуваш и Бога! Да, братот згрешил, но ти не знаеш дека Бог му простил“.

    Свети Гаврил Ургебадзе.
     
    На Lisandra и Milobebence им се допаѓа ова.
  20. mickey18

    mickey18 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Машки
    Кога навистина ве мачат искушенијата, кога ќе стане неподносливо, одите пред Крстот, молете се на колена, побарајте милостива помош. Само бидете на колена пред Крстот и ќе ја почувствувате оваа благословена поддршка.

    Господ сигурно ќе ви помогне: вашите мисли ќе се смират, вашите грижи ќе поминат, ќе дојде мир и вашата тага постепено ќе исчезне. Преку искуството во животот секој нека ја научи силата на Крстот Господов!

    Схиархимандрит Зозима Сокур