Кој се моли за своите непријатели, тој нема да си спомнува за злото што му го направиле; а оној што го пази јазикот свој - тој не го навредува ближниот свој. Ако те навреди братот твој, воведи го во твојот дом, а не биди мрзлив да појдеш кај него и да јадеш леб со него; правејќи го ова, ќе ја избавиш од неспокој душата твоја и не ќе имаш пречки за време на твојата молитва. Aвва Евагриј
Не плашете се од ништо, макар и сите да тргнат против вас, бидејќи Господ е позади вас! Ваша Мајка е Самата Царица Небеска, а по Неа сѐ се управува! Свети Серафим Саровски
Речено е: “Вкусете и ќе видите колку е благ Господ! Блажен е оној човек, кој на Него се надева!” (Псал. 33, а ова вкусување е несомнено дејствувањето на силата на Духот, која го извршува служењето во срцето. Затоа оние што се синови на светлината и на служењето на Новиот Завет во Светиот Дух, тие не биваат научувани на ништо од луѓето, а нив ги учи само Светиот Дух Самиот Бог. Самата благодат ги пишува законите на Духот во нивните срца. За тоа тие потврда треба да бараат не само во Светото писмо, кое е напишано со мастило, зашто Божјата благодат и врз плочите на срцето ги впишува законите на Духот и небесните тајни. А тоа е така, затоа што срцето е Господово и тоа му припаѓа на Небесниот Цар во целиот телесен состав. И кога благодатта ќе завладее со срцето, тогаш таа царува над сите членови и над помислите, зашто таму се и нашиот ум и сите наши помисли; таму е и копнежот на нашата душа. Затоа благодатта ги проникнува сите долови на телото. Свети Макариј Велики
...Ако потајно очекуваш благодат - внимавај: се наоѓаш во опасна положба! Таквото очекување сведочи дека за себе скриено сметаш дека заслужуваш почести, а пак тоа покажува дека во тебе тлее гордоста. По гордоста лесно доаѓа и за неа лесно се фаќа - прелеста. Прелеста е оддалечување од Вистината и од Светиот Дух, Кој содејствува на Вистината, и тоа оддалечување кон лагите и кон отфрлените духови, кои ја подржуваат лагата. Прелеста постои уште во гордоста, во укажувањето чест на самиот себе и во очеку- вањето на благодат. Тоа се нејзините почетни облици, како што пупката, цветот и р'кулецот се почетни облици на зрелиот плод. Свети Игнатии Брјанчанинов
Немој го судиш грешникот, затоа што не го знаеш неговиот крај; немој да го величаш праведникот, затоа што не го знаеш неговиот пад. св Марк Пустиник
„Ако се бориме против страстите, но не можеме да ги надминеме, тоа значи дека имаме гордост или дека осудуваме некого.“ Свети Пајсиј Светогорец
“И кога целиот наш живот би го поминале во среќа, повторно би биле строго казнети ако не сме воделе грижа за спасението на децата. Децата не се случајна добивка и ние сме одговорни за нивното спасение“. -Свети Јован Златоуст- Никогаш не го предавај Бога. Издржи ги сите искушенија и вратите на Рајот ќе ти се отворат. Свети Гаврил Грузијски
Препушти се на болестите, препушти се на тагите, препушти се на староста, кога главата ти е веќе седа, и само бескрајно повторувај: „Слава Ти, Господи, слава Ти!“ И сите твои болести ќе исчезнат, и сите твои таги ќе се распрснат, и сè ќе стане 10 пати подобро отколку што беше, а твојата старост ќе биде само благослов за тебе. И мудроста ќе се појави. Дали знаете што значи понизност? Ова е кога човекот, во своите болести, таги и секакви неволји, се смирува до таа мера што Господ, гледајќи го неговото трпение, му дава мудрост. Фалете го Господа во секое време, без разлика што ви се случува. И ќе видите вистински чуда! Архимандрит Алипиј Воронов
Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше. Матеj (6; 19-21)
„Децата не сакаат притисок. Не ги принудувајте да одат во црква. Може да им речете вака: „Кој сака, може да дојде со мене сега или да дојде подоцна“. Дајте му можност на Бога да зборува со нивните души“. „Не смееме да го принудуваме другиот човек. Ќе дојде неговиот час, ќе дојде тој момент, ние треба само да се молиме за него. Со молчание, трпение и пред сè со молитва, ние таинствено им принесуваме полза на другите луѓе“. Старец Порфириј Кавсокаливит
Човекот може да ги победува страстите, но не може да ги искоренува. Тој добил власт да не прави зло, но не добил власт да не помислува на злото. А вистинската побожност не се состои само во тоа да не правиме зло, туку и во тоа - да не помислуваме за него. Оној што помислува за злото, - во него нема чистота. Зашто, како може да има чисто срце оној, кој го валка со своите нечисти помисли; тоа тогаш се затемнува како што се затемнува огледалото од прашината. Свети Симеон - Нов Богослов
И монаштвото е Крст И бракот не е ништо помалку но Крст. А без Крстот нема да можеме да го видиме Христос. Архимандрит Јован Крестјанкин
Секој труд треба да се започне само со благослов на духовен отец и не треба да се менува, дури и ако самиот ангел се појави пред вас во прекрасна величина. Свети Гаврил Грузијски
Со Божја милост стануваме наутро. Првото нешто што треба да го направиме е да клекнеме, да ги кренеме рацете кон Бога и да се помолиме. Сонот е слика на смртта. Спиеме и не знаеме каде сме, не го чувствуваме времето и стануваме повторно. И се молиме наутро долго време, бидејќи молитвата ни дава светлина, а оваа светлина свети во текот на целиот ден. Старец Ефрем Филотејски и Аризонски
Кога ќе те обвини некој за нешто, што си го направил или не си го направил, ако молчиш, тоа ќе го направиш според примерот на Господа Исуса Христа, а ако кажеш што и да било - било да си го направил или не тоа за што те обвинуваат, - тоа нема да биде по примерот на Господа Исуса, а ако противречиш, - се разбира, тоа ќе биде против Него. Преподобен Авва Исаија
Не разговарај со секого за Бога и за добриот живот. Ова не го говорам од завист, туку затоа што пред неразумниот ќе се покажеш смешен. Сличното им се допаѓа само на оние што се слични, за ваквите разговори нема многу слушатели или поточно, тие се многу ретки. Затоа е подобро за ова да не говориме, зашто ова го сака Бог заради нашето спасение. Св.Антониј Велики
Еден ученик еднаш праша старец: - Како да научам да ги разликувам луѓето - на кого да верувам, а од кого да се плашам? - Прво ќе ви кажам од кого да се плашите - рече старецот. Чувајте се од лажна скромност! Кога ќе видите некој што се поклонува пред вас, тој ве гушка и ве крева во добро расположение - од тоа најмногу плаши се! - Зошто, старче? -Објасни ми! - Затоа што тој е првиот што ќе ве предаде! - одговара старецот со воздишка. - А на кого да верувам? - Верувај му на оној кој не ти ласка, туку ти ја кажува вистината каква и да е; таквите први ќе ти дојдат на помош! - рече стариот монах. Искрената скромност секогаш е ненаметлива и тешко се наоѓа, но кога ќе се најде - никогаш нема да ве предаде. Старец Петроније Светогорац