„Ќе дојде време кога свештенството нема да живее според Евангелието, туку вие ќе живеете според Евангелието: епископите ќе им завидуваат на кучињата во нивните одаи, а црквите ќе бидат сквернавени од еретиците. Ќе дојде време кога ќе се тешите дома“. АРХИМАНДРИТ ТАВРИОН (БАТОЗСКИЙ)
Смиреноста не е мртвило. Смиреноста е доблест што се стекнува на тежок начин, преку борба, надминување на гордоста и високото мислење за себе. Патријарх Павле
Во пеколот нема оган? Некој цар сретнал јуродив и го прашал, од каде доаѓа. - Од адот - одговорил блажениот. - Што правеше таму? - Барав оган, да го запалам лулето. - И го запали ли? - Не, тамошниот цар, одговори дека нема оган. - Како тоа, зарем во адот нема оган – се зачудил царот. - И јас се изненадив – рекол јуродивиот. Но, домаќинот на адот ми одговори: овде немаме оган за да ти дадеме, овде секој го донесува својот оган. Тој оган и него самиот го гори.
Некои тврдат дека не ја доживуваат битката со блудот, но тоа е глупаво: сè додека постои разлика меѓу половите, ќе има битка. Главната работа, за љубовта Христова, е да не се приближувате кон жена кога ќе ве совлада телесна страст. Тоа е подвиг. Свети Гаврил Грузиjски
„Запомнете, треба да заминете од таму каде што луѓето се впуштаат во потсмев, подбивање, каде што им се исмеваат на своите ближни. Заминете, заминете, заминете кога ќе западнете во таква нечиста средина!“ ,,Покријте ги ушите и одете подалеку од тие несреќни потсмевачи и подбивачи...“ - Свети Лука Кримски
На Судниот ден, Пресветата Мајка ќе клекне пред својот Пресвет и Пресладок Син, нашиот Господ Исус Христос и ќе каже: „Господи, Боже мој и Сине мој, оваа измачена душа, иако згрешила, секогаш ме молеше. „Прости ѝ, помилуј ја и биди милостив кон неа“. И така, преку молитвите на Пресвета Богородица, ќе добиеме милост и во сегашниот век, и во времето на смртта, и на Судниот ден. Архимандрит Клеопа (Илије)
Многу е подобро да мислиме дека нашата смрт ќе дојде пред крајот на светот отколку дека крајот на светот ќе дојде пред нашата смрт! Св. Серафим Саровски
Зошто сме болни? Бидејќи сме нервозни. А зошто сме нервозни? Затоа што грешивме. Кога има неред во нашата душа, ова влијае врз нашето тело и нашето здравје се распаѓа. Но, ако дозволиме Христос да се всели во нашата душа, тогаш гревот се повлекува, нервозата се повлекува, болеста се Кога се предаваме на Христос, тогаш нашето духовно тело влегува во состојба на мир, што резултира со тоа сите наши органи и жлезди почнуваат да функционираат Потоа ќе лекуваме и ќе престанеме да страдаме Ако грижата за Бога и нашата душа ја довериме да бидат спокојни, тогаш Божјата благодат, заедно со овој душевен мир, може да работи на таков начин што болеста може да исчезне. Свети Порфириј Кавсокаливит .
Зошто се опасни нашите гревовни страсти? Што е страст? Тоа е гревовна приврзаност, болна склоност на нашата природа кон она што ни штети и не разрушува однатре. Страста – тоа е грев којшто преминал во навика. Во внатрешноста на човекот се јавила потреба од некаков си грев, нешто незапирливо не влече кон него, противењето на таа наклонетост предизвикува внатрешна болка, болка која како да вели: „Поскоро задоволи ме, инаку нема да имаш мир“. Страста е нешто што те гризе од внатре: завист, љубомора, осудување, блуд, червоугодие… таа лишува од внатрешен спокој, го раскинува срцето, предизвикува бура од помисли, го помрачува умот, а волјата ја стега со челични притисоци. Човекот буквално станува исполнител на туѓа, злобна волја, го прави она што не би го правел во здрава состојба на душата. Секоја гревовна зависност воопшто е уривање, уништување на она убавото што Бог го всадил во секого од нас. Страста паразитира на нашите природни способности, потреби, дарови и ги претвора во штета за човекот. Потребата за јадење и пиење се претвора во стомакоугодие и пијанство, потребата за љубов во блудна похота, потребата за совршенство – во гордост и самоувереност. Отец Валериј Духанин
Не брзај кон јадењето и пиењето, туку побрзај кон Божјото дело, и кога го извршуваш не мисли на нив. Постојано помни пред Кого си застанал, со Кого разговараш, Кого воспеваш. Целиот биди во Бога и на тој начин припаѓај Му целосно само Нему; моли се со радост во срцето; од се срце служи им на ближните како на себеси, и не дозволувај да има неслога во мислите и во срцето, Господи! помогни „ без тебе не можам да правам ништо. “ (Јн. 15, 5). Свети Јован Кронштадски
Библијата не е дозволенa да се чита во училиштата, но е дозволено да се чита во затвор. Доколку децата можеа да ја читаат Библијата во училиште, многу од нив немаше да мораат да ја читаат во затвор. Свештеник Петр Гурјанов
Ако некој страда и се воздржува од секаква храна што ги распалува страстите и прави други работи, кои можат да и помогнат на душата да се избави од гревовните привлечности, тој го приготвува патот, за кој се говори во Светото евангелие: „Пригответе го патот на Господа“ (Лука 3, 4). А кој од суета или ненаситност, или од лаги, или од чревоугодие или од нешто друго, а не за да Му угоди на Бога презема на себеси да живее таков живот, тој „не ги прави рамни патеките Негови“ (Лука 3, 4). Тој презема труд за приготвување пат на Господа, но нема да се удостои да го има на овој пат Бога за свој сопатник. Свети Максим Исповедник
„Не сине, судбина не постои, Господ сам урeдува и води сè. Никој не знае кога ќе се роди, и кога ке умре . Сè се случува според волјата на Господа и Тој одлучува за секој од нас. Понекогаш нè става на искушенија. Но запомни дека сатаната нè искушува многу, многу почесто, особено ако гледа дека нашата вера се колеба и може да не придобие. Господ не нè искушува да нè казни, туку предупредува да се вратиме на вистинскиот пат, макар и залутале да се покаеме и да се вратиме. Запомни го ова, додека си жив ништо не се случува случајно, ниту со тебе, дури ниту со овој цвет пред нас, туку се се случува според Божјата волја. Не си дојден овде случајно денес, ниту пак случајно ти го раскажав сето ова. Сето тоа е Негова волја. " Света Кнегиња ЕЛИСАВЕТА Фјодоровна.
Овој ангел е именуван на денот на твоето крштевање. Од денот на твоето крштевање тој те придружува и не смее да те остави. Тој е оној кој конечно ќе ја земе вашата душа во свои раце и ќе ја води на Судниот ден. И кога ќе дојдат демоните и ќе речат „тој го направи тоа, го направи другото, го направи овој грев и другиот“, тогаш вашиот ангел ќе рече „да, тој ги направи овие, но во исто време го направи и ова добро и другото добро“. Ова е адвокатот кој ќе ве поддржи. Затоа внимавајте да не го оттурнете. Го видов во ваша близина…. Свети Јаков Цаликис
Ако сакаш да ѝ помогнеш на Црквата, подобро е да се промениш самиот отколку да се обидуваш да ги менуваш другите. Доколку се промениш себеси, непосредно си променил еден дел од Црквата. Се разбира, кога сите би го правеле тоа Црквата би била поинаква. Но, денес, луѓето се занимаваат со сè друго, освен со себеси. Зашто работата на себе бара труд, а занимавањето со другите е лесно. Св. Пајсиј Светогорец
Биди дарежлив кон другите и немој да им даваш според заслугата туку според нивната потреба. Сето добро што им го правиш на другите, ќе ти биде вратено порано или подоцна, како што и сето зло што си го нанел некому се враќа во твојата внатрешност. Св.Јован Кронштатски