1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    МИЛОСТИЊА ВО ТАЈНОСТ


    Некој можеби не сака да му даде милостиња на еден Циган зашто знае некој болен кој се наоѓа во поголема невоња и има намера да му помогне нему.Ќе се најде некој минувач да му даде нешто и на Циганот,но на болниот нема кој да му даде.Како донесуваат заклучоци,а не ја знаат вистината.

    Се сеќавам во 1957 година живеев во еден манастир со идиоритмиски типик,кадешто за секое послушание монасите добиваа паричен надоместок во склад со тежината на даденото послушание.Бидејки тогаш во манастирите немаше доволно монаси,некои од браќата кои биле посилни извршувале многу послушанија,добивале поголем паричен надоместок,но и повеќе давале.Таму живееше еден монах кого го викаа Циција зашто не даваше пари.кога се упокои тој монах на неговото опело дојдоа сиромаси од различни краеви и го оплакуваа.Тие имаа волови и пренесуваа дрва,греди,зашто тогаш се се принесуваше со волови,не како денес-со камиони и со шлепери!А еве што правеше овој кутар монах,ги собираше парите што ги добиваше од послушанијата што ги извршуваше и кога ќе дознаеше дека некој човек има само еден вол или дека волот му погинал,му купуваше вол.А во тоа време голема работа беше да се купи вол,тоа чинеше пет илјади драхми,што тогаш вредеа многу повеќе отколку денес.Останатите монаси даваа пет драхми на некој сиромав,десет на друг,дваесет на некој трет, односно нивните добри дела се гледаа.А тој беше потполно не забележлив зашто не даваше како другите,туку парите ги собираше и на тој начин им помагаше на луѓето.И така сите го викаа циција,циција.Накрај,тоа му стана име.А кога се упокои,кутрите луѓе се собраа и плачеа...Тој ме спаси...Тој ме спаси говореа сите.
    Зашто во тоа време оној кој имаше вол можеше да пренесува дрва и така да го храни семејството.
    Манастирските отци беа целосно поразени.затоа ви велам од каде ние знаеме што прават другите?

    СТАРЕЦ ПАЈСИЈ СВЕТОГОРЕЦ
     
    На Таа Сум, Libera, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ах Старче, твои зборови мои солзи!
     
    На Таа Сум, vinozito1, Majski.Cvet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Cвети Григориј Палама

    Постот претставува корен на секоја добродетел и почеток на исполнувањето на Божјите заповеди...Постот и воздржанието им користат не само на добродетелите, туку и на побожноста; бидејќи постот мора да е проследен со воздржанието. Зошто? Затоа што, заситеноста од јадењата е пречка за очистителната жал и тага по Бог и смирението на срцето, коишто несклоноста за покајание ја преобратуваат во спасоносно покајание. Ограничувањата во храната и сонот, како и воздржувањето на сетилата, го смируваат срцето и го тераат да жали за гревовите.
     
    На Таа Сум, Libera, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    „Не критикујте и не осуђујте људе који вас окружују; гледајте на људе као на анђеле, оправдавајте њихове грешке и слабости, а само себе осуђујте као последњег грешника. Од свега што је неопходно у духовном животу, ово је прво.“ Јеромонах Серафим Роуз

    „О три ствари не жури да говориш: О Богу, док не утврдиш веру у њега; о туђем греху док се не сетиш свога и о сутрашњем дану док не сване.“
    (Св.владика Николај Велимировиќ)

    „Страсти су исто што и патње (скорби) и Господ их није од њих одвојио, већ је рекао:
    "Призови Мја в ден скорби твојеја и изму тја и прославиши Мја". И због тога у борби
    против сваке страсти нема ништа корисније од призивања имена Божијег... Нама пак,
    немоћнима, остаје само да прибегавамо имену Исусовом, јер су страсти, као што је
    речено, демони - и одлазе (од призивања овог имена).’’ Схиигуман Харитон Валаамски
     
    На Таа Сум, ecapereca, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Бог сака човекот да се поправа преку друг човек

    -Кога ќе се соочам со некој проблем и се молам за она што ме мачи, како да знам што е вољата Божја, старче?

    -Божјата волја не се открива така. Подобро е да прашаш за некој свој проблем. Немој да бараш известување од Бога, кога може да прашаш за совет некој човек, зашто можеш да паднеш во прелест. Еден човек одел во црква, застанувал пред иконостасот и велел: "Пресвета Богородице, да ги земам ли парите од кутијата?" Помислата му велела: "Земи ги"! "Добро ќе ги земам", велел и ги земал парите. Така еднаш, двапати, трипати. Клисарот се замислил што ова како некој да ги зема парите и решил подобро да внимава. И што да види! Дошол човекот и го повторил истото: "Пресвета Богородице", да ги земам ли парите од кутијата?"... "Добро ќе ги земам". И тогаш клисарот го фатил.
     
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Старец Пајсиј (Светогорец) - Магии ( I дел )
    Бидејќи многупати ви зборував за Рајот, за ангелите и за светиите, за од тоа да имате некоја полза, сега ќе ви кажам малку и за пеколот и за демоните, за да познаете со кого се бориме, за повторно да најдете помош.
    Дојде во Колибата еден млад маѓепсник (=вражалец) од Тибет и ми раскажа многу работи од неговиот живот. Тоа дете, само што се одбило од доење, на возраст од три години, татко му го посветил на една група од триесет маѓепсници од повисок степен во Тибет, за да го воведат во нивната техника. Стасал до единаесеттиот степен на магија, а дванаесеттиот е највисок. На шеснаесет годишна возраст заминал од Тибет и отишол во Шведска за да се види со татко му. Таму, случајно сретнал еден, многу верен, православен свештеник и побарал да разговараат.
    Младиот маѓепсник воопшто незнаел што значи православен свештеник. Во салата каде што седнале да разговараат, почнал да му прави некои од неговите магии, за да му ја покаже својата сила. Поканил еден од главните демони Мина (Месец) и му рекол: „Сакам вода“. Се кренала една чаша од кујната, самата отишла до чешмата, чешмата се отворила и ја наполнила, поминала преку затворената стаклена врата и дошла во салата. Ја зел маѓепсникот и ја испил. Потоа му ги прикажал на свештеникот во салата целата вселена, небото, ѕвездите. Употребил магии од четвртиот степен и ќе напредувал до единаесеттиот степен. Тогаш го прашал свештеникот како гледа на се ова.„Бев готов“, ми рече, „да го убијам свештеникот ако ми го исмејуваше сатаната“. Но, свештеникот не му рекол ништо. Тогаш, младичот го прашал: „Зошто и ти не ми правиш знаци?“ „Мојот Бог е смирен“, му одговорил свештеникот и извадил еден крст давајќи му го да го задржи. „Повторно направими знаци“, му рекол свештеникот. Младичот го повикал главниот демон Месец, но Месец се тресел неосмелувајќи се да се приближи. Го повикал сатаната и тој исто - го гледа крстот и не се приближува. Единственото нешто што сатаната му го рекол на младичот било да стане и да си оди на Тибет. Тогаш младичот му се изругал на сатаната: „Сега разбрав“, му рекол, „дека твојата голема сила е една голема немоќ“. Во продолжение тој се катихизирал од добриот свештеник којшто му кажал за светите места и за Света Гора... Од Шведска отишол за Ерусалим каде што го видел и светиот оган. Од таму отишол во Америка за да ги изруга сатанистите коишто ги познавал, за да си го сменат умот; Господ го направи најдобар мисионер; и, од таму дојде на Света Гора.

    Добриот Бог, шокантно му помогна, затоа што од мал беше онеправдуван; молете се; бидејќи го напаѓаат маѓепсниците со сите демони. Кога мене ме напаѓаат штом доаѓам да му помогнам, колку повеќе него. Свештениците му читаа егзорцизми, рацете му пукаат и му тече крв. Кутрото дете, демоните многу го мачат; а, порано кога беше во пријателство со нив, не само што не го вознемируваа, но му помагаа и го услужуваа. Да се молите. Но, и самиот треба многу да внимава, зашто Евангелието вели, (Мт.12. 45), дека нечистиот дух кога ќе излезе од човекот „оди и донесува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму ќе живеат, та последната состојба на тој човек станува полоша од првата“.
     
    На Таа Сум и Mama25 им се допаѓа ова.
  7. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    еден од моите омилени и секогаш измолувани светии ЧИЈ ШТО СПОМЕН ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ
    Објави ни најубава добродетел, каде ги напасуваш своите овци, каде почиваш на пладне (Песни. 1,6)? Осветли не, напој не, води не, раководи не, бидејќи ете, сакаме да ги достигнеме твоите висини. Ти владееш над сите. Ми ја рани душата, па сега не можам повеќе да ја издржам силата на твојот пламен. Од каде да започнам со песната во твоја чест? Ти владееш со силата морска, бранувањето на морските бранови во бура, Ти го скротуваш и го умртвуваш. Ти како ранет војник, на земја ја уриваш гордата помисла. Со замавнувањето на силата твоја, си ги разбила твоите непријатели и твоите љубители ги правиш непобедливи (Пс. 88,10.11).

    Горам од желба да дознаам како те видел Јаков зацврстена на врвот на лествицата (в. 1 Мојс. 28,12)! Како изгледал тој пат во висина, те молам кажи ми! Каков е начинот и смислата на редењето на степените, оние столбови кои во срцето свое ги постави љубителот твој (в. Пс. 83,6)? Колку се сакам да знаам? И колку време е потребно сите тие да се поминат? Оној кој те видел и кој се борел со тебе, не извести само за ангелите кои водат по лествицата; ништо друго не сакаше. Или поточно – не ни можеше да открие, ако треба сосема точно кажам.
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Древен расказ

    Еден старец го раскажа следново:
    Имало една девица во поодминати години, која имала голем страв Божји. Ја прашав што ја привело кон монашкиот живот. Таа, прекинувајќи ме, со воздишка ми одговори:
    “Моите родители, многопочитуван човеку, починаа уште кога бев дете. Татко ми беше скромен, со тивок карактер, но слаб и болен по тело. Тој беше толку проголтан од грижата за своето спасение, така што ретко некој од жителите на селото го гледаше. Ако некогаш се чувствуваше поздрав, го носеше дома плодот на својот труд, но поголемиот дел од времето го поминуваше во пост и страдања. Беше толку молчалив, така што оние кои не го познаваа, го сметаа за нем. Мајка ми, пак, обратно, водеше расеан и толку развратен живот, така што во целата земја немаше слична жена на неа. Таа беше толку зборлива, што како целото нејзино битие да беше јазик. Постојано се караше со сите, своето време го минуваше во пијанство со најневоздржливи мажи. Потроши сé од дома, значителниот имот не ги задоволуваше нашите потреби, а таткото ни ѝ ја беше предал целата грижа за домот. Мајка ми толку го злоупотребуваше своето тело, осквернувајќи го со нечистотија, така што малкумина од селото можеа да избегнат блудно соединување со неа. Таа никогаш не беше болна ниту од најлесната болест, туку од раѓање до старост се радуваше на одлично здравје.
    Татко ми, истоштен од долготрајна болест, почина. Веднаш потоа надвор се смрачи, заврна дожд, засветкаа светкавици, загрмеа грмотевици и цели три дена и три ноќи лиеше пороен дожд. Поради лошото време, неговиот погреб се оддолжи за три дни и жителите на селото, вртејќи глава, велеа: “Овој човек бил толку непријатен на Бога, така што дури и земјата не го прима за погреб”. Но, за да не се предаде неговото тело на распаѓање во самиот негов дом и пребивањето во него да не стане невозможно, некако го погребаа, иако дождот и лошото време не престануваа. А мајка ми, добивајќи уште поголема слобода по смртта на татко ми, почна уште повеќе да го злоупотребува телото, нашиот дом го претвори во дом на разврат, минувајќи го својот живот во раскош и веселби. Кога настапи нејзината смрт, таа се удостои со голем погреб: како самиот воздух да земаше учество во испраќањето на нејзиното тело.
    По нејзината смрт јас бев на млади години, и телесните желби веќе почнаа да дејствуваат во мене. Една вечер почнав да размислувам чиј живот да го изберам како пример за подражавање: на татко ми ли, кој живееше скромно, тивко и воздржано, но во текот на целиот свој живот не беше видел ништо добро за себе и го беше поминал животот во болести и маки, а кога почина, дури ни земјата не го примаше неговото тело. Ако таквиот живот Му беше угоден на Бога, тогаш од која причина татко ми, кој беше избрал да живее така, беше подложен на такви беди? Подобро да живеам како што живееше мајка ми, ми рече помислата: да се предадам на желби, раскош и телесно сладострастие. Нели мајка ми не беше пропуштила да изврши никакво скверно дело! Таа целиот свој живот го помина во пијанство, имаше добро здравје и среќа. Тогаш што? Јас треба да живеам како што живееше мајка ми! Подобро да им верувам на сопствените очи и на она што е очигледно, подобро да се насладувам на сé, отколку да верувам во невидливото и да се откажувам од сé.
    Кога јас, кутрата, се согласив во душата да изберам живот сличен на оној на мајка ми, настапи ноќ и заспав. Во сонот пред мене застана некој висок по раст, со страшен изглед. Тој ме погледна страшно и гневно, и строго ми рече: “Исповедај ми ја помислата на твоето срце”. Јас, исплашена од него, не смеев да го погледнам. Тој со уште посилен глас ја повтори заповедта да исповедам каков начин на живот ми се допаднал. Збунета од страв и заборавајќи ги сите свои помисли, јас реков дека не сум мислела за ништо. Но, тој ме потсети на сè што сум мислела длабоко во својата душа. Разобличена, јас почнав да го молам да ми дари прошка и ја објаснив причината за тие помисли. Тој ми рече: “Оди и види ги двајцата, и татка си и мајка си, потоа одбери си живот според твоја желба”. Велејќи го тоа, тој ме фати за рака и ме повлече. Ме однесе на едно големо поле со неискажлива убавина, со многу градини и различни плодородни дрвја, и ме воведе во тие градини. Таму ме пречека татко ми, ме прегрна, ме бакна и ме нарече своја ќерка. Јас го стиснав во својата прегратка и го замолив да останам со него. Но, тој одговори: “Сега тоа е невозможно, но ако ги следиш моите стапки, ќе дојдеш тука не по долго време”. Кога јас повторно почнав да го молам да останам, оној што ми го покажа видението, повторно ме фати за рака и ме повлече и рече: “Дојди и ќе ти ја покажам и твојата мајка, за да знаеш животот на кого од двајцата родители треба да го следиш”. Тој ме воведе во мрачна и темна куќа, каде што имаше чкртање со заби и мака, и ми покажа печка, која гореше со оган и каде вриеше смола, и некакви плашила стоеја крај вратата на печката. Погледнав во внатрешноста на печката и во неа ја видов мајка ми: таа беше потонала до врат во оган, чкрташе со заби и гореше во оган, а од црвот што не спие се развејуваше тешка смрдеа. Како ме виде, таа извика со ридање, нарекувајќи ме своја ќерка: “Тешко мене, ќерко моја! Овие страдања се последица на моите дела! Воздржанието и сите добродетели ми изгледаа достојни за потсмев. Јас мислев дека мојот живот во бесрамност и разврат никогаш нема да заврши, пијанството и прејадувањето не ги сметав за гревови. И ете! Јас ја наследив геената, се подложив на овие казни за краткото задоволство со гревови, за ништожни веселби се отплаќам со страшни маки. Еве каква награда добивам за занемарувањето на Бога! Ме фатија секакви, бескрајни беди. Сега е време за помош! Сега сети се дека си хранета од моите гради! Сега ми дај, ако си добила нешто од мене! Сожали се на мене! Овој оган ме гори, но не ме изгорува. Смилувај се на мене! Ме изгорува очајот во овие маки. Смилувај се на мене, ќерко моја, подај ми рака и изведи ме од ова место”. Кога одбив да го направам тоа, плашејќи се од страшните стражари кои стоеја таму, таа повторно почна да вика со солзи: “Ќерко моја! Помогни ми. Не презирај го плачот на својата родена мајка! Сети се на моите болки во денот на твоето раѓање! Не презирај ме! Погинувам во геенскиот оган”. Нејзиниот лелек предизвика солзи кај мене. Јас исто така почнав да лелекам, да плачам и да ридам. Тој плач и тие ридања ги разбудија моите домашни. Тие го запалија светлото и ме прашаа за причината за таквото страшно лелекање. Јас им го раскажав моето видение. Тогаш избрав да го следам животот на својот татко, убедена според Божјото милосрдие какви маки се подготвени за оние кои доброволно водат порочен живот”.

    http://maranata0.wordpress.com/2013/04/ ... 5%D0%BD-4/
     
    На Таа Сум, Mama25, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Свети Амфилохиј Иконијски

    Трчај кон храмот, брзај да се исповедаш; фрли се во Божјите прегратки, бидејќи вратите на Божјиот храм се образ на прегратките на Бог Отецот. Таква е Црквата! Никого не отфрла, сите ги прифаќа, сите ги собира во својот скут, сите ги утешува, сите ги бакнува, сите ги прегрнува, бидејќи за неа е скапоцена користа на секој еден човек. Дојди и послушај!
     
    На Таа Сум, korisnichka, shushu и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    За љубовта – Св. Нектариј Егински

    Трудете се да имате љубов. Секојдневно барајте од Бога љубов. Заедно со љубовта доаѓа сето богатство на добра и добродетели. Сакајте, за да бидете сакани од другите. Дајте Му Го на Бога сето ваше срце, за да останете во љубовта. „Кој пребива во љубовта, пребива во Бога и Бог во него“ (1 Јован 4:16). Должни сте да имате големо внимание во меѓусебните односи и да се почитувате еден со друг како свештени лица, како икони Божји. Никогаш не гледајте на телото или на неговата убавина, туку на душата. Внимавајте на чувствата на љубов, затоа што ако срцето не се загрева со чиста молитва, љубовта е во опасност да стане телесна и неприродна; во опасност е да го помрачи умот и да го согори срцето.
    Треба секојдневно да испитувате, затоа што можеби нашата љубов не произлегува од врската на нашата заедничка љубов кон Христа; можеби не извира од полнотата на нашата љубов кон Господа. Оној, кој бдее за да ја сочува чистата љубов, ќе се сочува од замките на лукавиот, кој се обидува малку по малку да ја преобрати христијанската љубов во љубов заедничка и сентиментална.
     
    На Таа Сум, vinozito1, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Свети Ефрем Сирин

    Човекот кој трпеливо поднесува кога го озборуваат или навредуваат личи на оној кој го заклучил лавот во кафез, а оној кој одговара со озборување и со навреди, личи на човек којшто самиот себеси се удира (со оружје).
     
    На Таа Сум, cooll и friendy им се допаѓа ова.
  12. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Ко се користи љубављу, даће му Бог и срећу.
    (Отац Тадеј)
     
    На Таа Сум и friendy им се допаѓа ова.
  13. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Болката, грижата, стравувањата, трагедијата на душата се резултати на човечкиот пад, до кој дошло заради човековото самољубие. „Испарувањето“ на егото раѓа грижи во душата, додека природната состојба на човекот е радост, зашто Бог е радост, а душата е здив Божји, Он ја створил и она кон Него оди. Заради тоа, грижата му е туѓа на човечкиот живот и за неа не постои никакво оправдување.


    Но денес, не може да се најде радосен човек, што значи и дека не може да се најде врамнотежен, мирен, природен човек. Грижата е страшна болест која беснее во вселената, можеби и најголемата мака на човештвото, најголемата негова драма. Таа не само што е предворјето на пеколот, туку доживување на пеколот уште во овој живот.
    Отсуството на радоста значи отсуство на Бога, додека радоста е доказ за присуството Негово. Ако некој човек од овој свет, испратен на привремено, се радува на страстите, минливи и залудни, тој можеби и има некаква наслада, некое задоволство, но всушност, ако малку обратиме внимание, ќе видиме дека во неговиот живот има неволји и грижи, како што ни вели и Светото Писмо ни кажува: "Неволја и тага во душата на секој кој прави зло“, како што не е возможно со исполнувањето на законот Божји да постои грижа.
    Радоста е нешто ретко, но тоа не значи дека таа е и нешто големо: таа е природна, како што е и природно човекот да гледа. Некој кој е слеп може да каже: „О! Ти гледаш?“ Така, кога некој е радосен, останатите се чудат и го прашуваат: „Радосен си?“ - зашто, одрекувајќи се од Бога во својот секојдневен живот, сме се навикнале на тага, лага, грев, на темната потсвест на човечкото суштество. Според тоа, радоста не е нешто ново. Таа е еден елемент кој нам ни помага во духовниот живот.
    архимандрит Емилијан Симонопетриски
     
    На Таа Сум, eticka, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Ава Антониј
    Тројца отци имале обичај секоја година да одат кај блажениот Антониј. Двајца го прашувале за помислите и за спасението на душата, додека третиот секогаш молчел, ништо не прашувајќи. После многу доаѓања, со оглед на тоа дека братот секогаш бил молчалив и ништо не прашувал, ава Антониј му рекол:
    „Толку години доаѓаш и ништо не ме имаш прашано.’’
    А тој му одговорил, велејќи:
    „Доволно ми е да те гледам, оче. ’’
     
    На Таа Сум, Philippa, meleh и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    ***
    Оној кој се научил да Му благодари на Бога за своите болести, не е далеку од светоста.
    Свети Јован Златоуст

    ***
    Болен ли си, или сиромав - трпи. Ништо освен трпението, Бог не бара од тебе. Трпејќи благодушно, ти секогаш ќе се наоѓаш во добро дело. Кога и да погледне на тебе Бог, ќе види дека ти правиш добро или пребиваш во доброто штом благодушно трпиш, додека кај здравиот човек добрите дела се со прекини.
    Зошто посакувајќи ја промената на својата положба, ти посакуваш да го смениш доброто за полошо?!
    Свети Никодим Светогорец

    ***
    И кон слепиот и кон лепорозниот и кон умно растроениот и кон доенче и кон криминалец и кон незнабожец покажи почит, како кон образ Божји.
    Што имаш ти со неговите немоќи и недостатоци?
    Пази на себе, за да немаш недостиг во љубовта.
    Свети Игнатиј Брјанчанинов
     
    На Таа Сум, vinozito1, stylishh и 4 други им се допаѓа ова.
  16. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Целта на христијанскиот живот
    Молитвата, постот, бдението и сите други христијански дела се добри сами по себе, но во нив не се состои целта на нашиот христијански живот. Тие служат како неопходни средства за постигнување на таа цел. Вистинската цел на нашиот христијански живот се состои во стекнување на Светиот Дух Божји. Постот, пак, бдението, молитвата, милостината, и секое дело направено заради Христа, се средства за здобивање на Светиот Дух Божји. Запамтете, брате, дека само доброто дело направено заради Христа, донесува плодови на Светиот Дух. Она што не се прави заради Христа, макар и да е добро, нема да ни донесе награди во идниот живот, ниту ќе ни даде благодат Божја во овдешниот живот. Затоа Господ Исус Христос и рекол: кој не собира со Мене, расипува. Доброто дело не може да се нарече поинаку, туку собирање. Затоа што, тоа и ако не е заради Христа сторено, сепак е добро. Светото Писмо говори: Во секој народ Нему му е мил оној кој се плаши од Него и кој твори правда. И, како што гледаме од свештената историја, оној кој твори правда, во толкава мера му е мил на Бога, што на капетанот Корнелиј, кој се плашел од Бога и кој творел правда, му се јавил ангел Господов за време на молитвата и му рекол: испрати луѓе во Јопа и повикај го Симон првоповиканиот Петар… Тој ќе ти каже зборови со кои ќе се спасиш ти и целиот твој дом.
    И така, Господ ги употребува сите Свои божествени средства за на секој човек да му даде можност, во идниот живот да не се лиши од наградата за своите добри дела. Но, за ова е потребно да се започне овде со вистинска вера во нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји, Кој дошол во светот да ги спаси грешниците, и со здобивање на благодатта на Светиот Дух, Кој во нашите срца го воведува Царството Божјо и Кој ни го отвора патот кон блаженството на идниот живот. Меѓутоа, со тоа се завршува таа угодност на Бога до добри дела кои не се направени заради Христа: нашиот Создател дава средства за нивно остварување. Од човекот зависи дали ќе ги оствари или не. Затоа Господ и им рекол на Евреите: кога би биле слепи, не би имале грев; а сега велите: гледаме, така вашиот грев останува. Ако искористи човек, слично на Корнелиј, тоа што неговото дело сторено, не заради Христа, да е угодно на Бога, и ако поверува во Неговиот Син, ќе му се смета и делото од тој вид, како да е сторено заради Христа и заради верата во Него. Во спротивен случај човекот не е во право да се жали што неговото добро дело пропаднало. Ова последното никогаш не се случува при правење на било какво добро дело заради Христа. Затоа што доброто дело сторено заради Него, не само што подготвува венец на правдата во идниот живот, туку и во овој живот го исполнува човекот со благодат на Светиот Дух, бидејќи како што е речено: Бог Духот не го дава на мерка. Бидејќи Отецот Го љуби Синот, и се дал во Неговите раце.
    Така е тоа, ваше богољубие! Во стекнувањето на овој Дух Божји, значи, се состои и вистинската цел на нашиот христијански живот, додека молитвата, бдението, постот, милостината и другите доблести заради Христа се само средства за здобивање на Духот Божји.

    Св. Серафим Саровски
     
    На Таа Сум и Serafima им се допаѓа ова.
  17. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Промени се себе си,
    тогаш,
    ќе промениш илјадници други околу себе “.

    Свети Серафим Саровски


    После раговорот често сум се покајувал,
    а после молчењето - никогаш!

    Авва Арсение
     
    На Таа Сум, kva, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Бог нема потреба од слава, но сака ти да постанеш достоен за прослава.

    - Св. Василиј Велики

    ***

    Христовиот слуга подобро се познава по кротоста на својот карактер, отколку по името кое му го дале родителите.

    - Св. Јован Златоуст
     
    На Таа Сум и Makide им се допаѓа ова.
  19. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Свети Анатолиј Оптински (Помладиот)- За ересите во последните времиња и исповедање на верата


    21 ви -јули, лето Господово 2013



    Свети Анатолиј Оптински (Помладиот)- За ересите во последните времиња и храброто исповедање на верата

    Чедо мое знај дека во последните денови ќе настапат тешки времиња, како што вели Апостолот. И, поради недостаток на побожност, во црквите ќе се појават ереси и расколи, како што предскажувале Светите Отци, тогаш на архиерејските престоли и во манастирите нама да има луге опитни и искусни во духовниот живот. Поради тоа ересите ќе се шират насекаде и ќе прелажат многумина. Непријателот на родот човечки лукаво ќе делува за да би ако е можно, во ерес да ги вовлече избраните. Тој нема веднаш грубо да ги отфрли догмите за Света Троица, божеството на Господ Исус Христос, за Пресвета Богородица, но ќе почне неприметно да го искривува учењето на Црквата, кое нам ни го предале Светите Отци од Светиот Дух. Делата на непријателот и неговите лукавства ќе ги приметат само мал број од луѓето, оние кои се наискусни во духовниот живот.
    Еретиците ќе завладеат со Црквата, секаде ќе поставуваат свои слуги, а побожноста ќе биде занемарена. Но Господ нема да ги остави Своите слуги без заштита. Он рекол: “По плодовите нивни ќе ги познаете”, така и ти по плодовите, т.е. по делувањето на еретиците, настојувај да ги разликуваш од вистинските пастири. Тие духовни арамии (крадци) кои го разграбуваат духовното стадо “не влегуваат низ вратата во овчото трло, туку од друго место”, како што рекол Господ Исус Христос, т.е., ќе влезат на незаконски начин, уништувајќи ги со насилство Божјите устави. Затоа Господ Исус Христос ги нарекува разбојници (Јн. 10,1).
    Навистина нивната прва должност е прогонување на вистинските пастири, нивно затварање, бидејќи без тоа не може стадото да се разграби. Затоа, сине мој, кога во Црквата ќе видиш навреување на божествениот чин, на Отечкото Предание и од Бога востановениот поредок, знај дека еретиците се веќе појавиле, иако можеби одредено време ќе го кријат своето зловерие, или непријатно ќе ја искривуваат божествената вера, за да успеат подобро, да ги залаже неискусните.
    Прогонувани ќе бидат не само пастирите, туку и Божјите слуги, бидејќи ѓаволот кој ги раководи ересите не трпи благочестие (побожност). Ќе ги препознаеш овие волци во овча кожа по нивната горделива природа, властољубие, славољубие. Ќе бидат клеветници, предавници кои секаде ќе сејат омраза и злоба, затоа и Господ рекол дека по нивните плодови ќе ги познаеме. Вистинските слуги Божји се – смирени, братољубиви и на Црквата послушни.
    Голем притисок од еретиците ќе трпат монасите, а монашкиот живот тогаш ќе биде исмеван. Особено во манастирите , ќе се намали бројот на монасите, а оние кои ќе останат ќе трпат насилство. Овие омразители на монашкиот живот, кои само изгледаат побожно, ќе настојуваат да ги приведат монасите на своја страна, ветувајќи им заштита и световни добра, а заканувајќи им се со прогонување на оние кои нема да се покорат. Од овие закани маловерните ќе ги зафати големо очајание. Ако го доживееш тоа време, сине мој, радувај се, бидејќи тогаш верниците, кои нема да имаат никакви други добродетели, венци ќе добиваат само поради останување во вистинската вера, по зборовите Господови: “Секој , кој ќе ме признае пред луѓето, ќе го признаам и Јас пред Својот Отец Небесен”(Мт. 10,3).

    Плаши се од Господа, сине мој! Да не го изгубиш подготвениот венец, да не бидеш отфрлен од Христа во вечна темнина и мака храбро стој во верата и, ако е потребно, со радост трпи прогонувања и други неволји, бидејќи со тебе ќе биде Бог... и светите Маченици и Исповедници со радост ќе го гледаат твојот подвиг.
    Но, во тие денови, тешко на монасите кои се врзале зо имоти и богатства, и кои поради љубов кон раскошот ќе се потчинат на еретиците. Тие ќе ја успијат својата совест, говорејќи: “Ќе го зачуваме и ќе ја спасиме обителта (манастирот) и Господ Бог ќе ни опрости”. Несреќни и заслепени, воопшто нема да помислат дека преку ересите и еретиците во манастирите ќе влезат и демоните, и тогаш тие нема веќе да бидат света обител (манастир) туку – голи ѕидови, од кои засекогаш ќе отстапи благодатта.
    Но Бог е поголем од демонот и никогаш нема да ги остави своите слуги и вистински христијани ќе има до крајот на времето, но тие ќе избираат осамени и пусти места. Не плаши се од неволји, туку плаши се од погубни ереси, бидејќи тие ја одземаат благодатта и одвојуваат од Христа. Затоа Господ Исус Христос заповедал еретиците да ги сметаме за незнабошци и цариници.
    И така, крепи се, сине мој, во благодатта на Господ Исус Христос, со радост итај во подвигот на исповедање и поднесување на страдања, како добар војник на Господ Исус Христос (2 Тим. 11,1-3), Кој рекол: “Биди верен до смртта и ќе ти дадам венец на животот”(Откр. 2,10). Нему со Отецот и Светиот Дух чест и слава и сила во сите векови. Амин.



    Извор: Слово против сектите
     
    На Таа Сум, vinozito1 и Serafima им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    За зависта – Старец Нектариј Виталис


    Човекот, драги мои браќа, почнува да старее не тогаш кога ќе му побелее косата, туку тогаш кога ќе му поцрни срцето! Не смееме да го тргнеме од ум тоа дека не постојат само телесни болести. И душата може да боли и да се разболи. Една од душевните, и тоа една од најсериозните болести, е зависта. Колку ли само несреќа, колку ли трагедии меѓу луѓето предизвикала зависта!…

    Телесната болест можеме да ја откриеме врз основа на видливите симптоми. А според симптомите, кои ја издаваат зависта, лесно го препознаваме човекот, кој живее под нејзината власт. На крај, големо проклетство, големо безумие и голем злочин е да се завидува на другите луѓе. А што, всушност, е зависта? Кога некој се жалости и се јаде заради среќата на другиот, заради неговите доблести и напредувања. Истовремено се труди на секој начин и со кое било средство сето тоа да го расипе, да го уништи. Гледате, на пример, кога некој пожолтува, се онерасположува, се буни и трепери кога ќе види или чуе нешто за напредокот, добродетелите или убавината на друг човек, тој сосема сигурно во душата ја има зависта. Не сака другите да бидат среќни. Не може да ги гледа како напредуваат, како се возвишуваат и стануваат подобри од него и затоа со сите средства и на секој начин се обидува да му ја затруе радоста, да му го намали успехот. Кога би било можно завидливиот човек да ја има молњата на располагање и кога би можел да ја фрли – само тоа, се разбира, никој да не го забележи – на куќата, на делата на луѓето на кои им завидува, и сето тоа да го сруши и уништи… Тоа сигурно со голема злоба би го направил! Но, кога веќе тоа не е возможно, завидливиот пронаоѓа и користи едно друго оружје – клеветата, која е чедо на зависта. Човекот, на кој му завидува, може да покаже некоја, па и најмала, несовршеност во карактерот. Завидливиот ги занемарува сите други доблести и својот поглед го насочува само кон тоа слабо место. Го зголемува, го развива и тогаш им го сервира на другите… Па дури и неговата жртва да не покажува ниту најмала видлива маана или слабост, завидливиот ја создава од ни од што. Неговата болна фантазија го измислува или го создава она што не постои.

    Го прашале еднаш еден мудрец кои очи гледаат подобро: сините, црните или смеѓите. Тој одговорил: завидливите! Очите на завидливиот човек го гледаат и она што е најситно. Го гледаат дури и она што… не постои. Само едно не гледаат: доброто! Ма го гледаат и тоа, но погрешно, затоа што не можат да ја поднесат неговата блескавост… Завидливите клеветници се како муви, кои не се грижат за целото здраво човечко тело, туку доаѓаат и застануваат на раната. Оној кој завидува на доблестите и вредноста на другиот и се труди да ја уништи, со тоа покажува дека не ја сака добродетелноста. Напротив, ја мрази, не може во себеси да поседува складност, префинети чувства, душевна убавина.

    Како секоја страст, така и зависта го замаглува и помрачува човечкиот разум до таа мера, што е во состојба да ги изврши и најголемите злодела. Онаа сатанска енергичност што ја покажува завидливиот човек, само за да ја уништи добродетелноста, убавината, возвишеноста, остава силен впечаток и предизвикува страв. Не пропушта ниту една прилика да го понижи, да го разжалости и да го повреди понекогаш зад грб, а понекогаш во лице, човекот против кого што се свртува неговата завист. Ќе се труди да оцрни и со клевети, со лицемерие и злоба да ги изврти и најпростодушните постапки на човекот кому завидува. Клеветата и лицемерието се драгоцено оружје на завидливиот. До каде, навистина, може да отиде завидливиот? До какви изобличувања и до какви злосторнички заблуди?… Праведниот да го обележи како неправеден. Невиниот како виновен. Спасителот како измамник! Јунакот како предавник! Добродетелниот како убиец! Речено е дека зависта е најправедна, но и најнеправедна страст. Навистина е најнеправедна, затоа што ги ранува невините и простодушни срца. Но, и најправедна е, затоа што дење и ноќе како црв ја јаде утробата на завидливиот.

    Браќа мои, ајде да си ги покоруваме себеси своите најубави чувства. Ако ги оставиме незауздени, ќе нè одведат во страст и во најдобар случај, едноставно ќе згасне насмевката од нашите усни, а другите ќе ги направиме несреќни. Никогаш не треба да отвориме уста, за да кажеме нешто лошо за својот ближен. И никогаш не смееме да слушаме нешто лошо за својот ближен ниту било што лошо да гледаме во својот ближен! Ако на својот животен пат сретнеме некој величествен, вистинска слава, јунаштво, среќа, талент, добродетел, да не допуштиме во нас да се роди црвот на зависта, да ни ја сотре душата, да ја изгубиме радоста и да смислуваме што да направиме сето тоа да исчезне.

    Илјада пати е подобро душата да ни ја исполни восхитување и ликувањето да ú даде крилја на нашата душа. И тогаш спонтано ќе прошепнеме два слатки збора за создателите, чинителите на добро. Колку ќе им значи таа наша изјава и колку тоа служи за заедничкото добро! А потоа, тоа исто восхитување и тоа исто ликување ќе нè вдахнови, ќе нè побуди и ќе пробуди во нас копнеж и сила да дејствуваме и да се воздигнеме високо!
     
    На Таа Сум, hermosa, Espadrila и 4 други им се допаѓа ова.