1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    авва Макариј Александриски

    Ако сакаш да извојуваш победа над страстите и лесно да ги натераш во бегство мноштвото мислени иноплеменици, собирајќи се во себе преку молитвата и со помош Божја слегувајќи во длабочините на срцето – побарај ги во себе оние три силни ѓаволски џинови, т.е. заборавноста, мрзливоста и незнаењето, од коишто се хранат, дејствуваат, живеат и се крепат во сластољубивите срца и во невоспитаните души сите останати страсти... Кога умот ќе ја спознае безуспешноста на своите спротивставувања на поранешните претстави, и ќе Му ја исповеда на Бог својата поранешна вина, веднаш исчезнува самото искушение и тој одново стекнува власт да внимава на срцето и со сета претпазливост преку молитвата да го чува, настојувајќи да влезе во највнатрешниот и невознемирлив простор на срцето, каде што веќе нема никакви лукави помисли.
     
    На Таа Сум, Mama25 и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Само сакам да кажам дека оваа тема за светите отци е за мене една од најубавите, кога ја читам во душата чувствувам блажина и наоѓам премногу корисни и поучни нешта кои ми помагаат. Сум пишувала и пак ќе пишувам на оваа тема, но ете така читајќи ми дојде ова да го напишам. Господ нека ве благослови!
     
    На Таа Сум, GirlLove, Ina Lina и 5 други им се допаѓа ова.
  3. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Свети Нил Мироточив- ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА


    Од околу 1900. година, па до средината на XX век, луѓето од тоа време ќе станат такви, што едвај ќе може да се препознаат.

    Кога ќе се приближи времето на Антихристовото доаѓање, разумот на луѓето ќе се помрачи од страстите плотски и само бесчестието и безаконието ќе се зголемува.

    Светот ќе биде непрепознатлив, ќе се измени изгледот на луѓето, благодарејќи на бесрамноста при облекувањето и чешлањето ,и нема да може јасно да се разликуваат мажите од жените.

    Тие луѓе ќе бидат дивјачки и ѕверски сурови заради соблазната на Антихристот. Нема да има почитување кон родителите, ниту кон постарите, љубовта ќе исчезне.

    А пастирите христијански, епископите и свештениците, ќе станат луѓе суетни кои што нема совршено да го разликуваат десниот пат од левиот.

    Тогаш христијанскиот морал и преданието ќе се изменат. Меѓу луѓето ќе ги снема скромноста и целомудрието, а ќе зацари блудот и распуштеноста.
    Лагата и среброљубието ќе ја надминат секоја мера, а тешко на оние кои трупаат богатство.
    Со општествата ќе загосподари блудот, прељубата, мажелоштвото, тајните дела, кражбите и убиствата.

    И во тоа идно време, заблагодарувајќи на силата на огромното злочинење и распуштеност, луѓето ќе се лишат од благодатта на Духот Свет кој го добиле на Светото Крштение, а воедно ќе ја изгубат и грижата на совеста.
    Црквите Божји ќе останат без Богобојажливи и благочестиви пастири и тешко на оние христијани кои ќе останат во светот и кои што совршената вера ќе ја изгубат, бидејќи ќе бидат лишени од можноста, од било кого да ја видат светлината на спознанието.

    Тогаш тие ќе се оддалечуваат од светот, барајќи во свештените прибежишта олеснување од духовните страдања, но, секаде ќе наидуваат на пречки и тегоби.

    И сето тоа ќе биде последица на тоа што Антихристот ќе успее да господри со сите и да постане владетел на целата вселена и што ќе твори чудеса и неверојатни знаци.

    Тој притоа ќе му даде порочна мудрост на несреќниот човек, така што овој ќе создаде такви откритија со кои што ќе може, еден човек со друг да разговара од едниот крај на земјата, на другиот!

    Тогаш луѓето ќе летаат во воздухот како птици и ќе шетаат по морските длабочини како риби.

    И кога сето тоа ќе се достигне, бедните луѓе во удобност ќе го минуваат животот, не знаејќи несреќниците дека е тоа – измама на Антихристот.
    А тој, злосторник, заблагодарувајќи на човечката суета, во брзо време толку ќе ја усоврши науката, со што луѓето ќе ги сврти од патот и ќе ги приведе кон неверие за постоењето наТроипостасниот Бог.

    Тогаш, Себлагиот Бог, гледајќи ја погибелта на родот човечки, ќе ги скрати деновите заради оние малубројните кои се спасуваат, зашто Антихристот ќе сака да ги соблазни, ако е можно, и избраните...
    Тогаш, ненадејно ќе се појави Мечот на казната и ќе го убие заблудувачот и слугите негови.
     
    На Таа Сум, mal.ecka, faye и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    За пријателството – Св. Некатриј Егински

    Пријателството е љубов на здрава душа спрема здрава душа. Пријателството, како излив на здрава душа, е свето, чисто, честито, верно, постојано, искрено, отворено, вистинито и вечно. Пријателството е добродетел, затоа што се основа на моралот и чистото живеење на здравата душа, затоа што се спојува и со самата добродетел и станува нејзин љубеник, ја прегрнува и со неа останува до века. Пријателството како добродетел се привлекува со слични и се потпира на сродни добродетели. Пријателството е врска помеѓу две слични души. Пријателството е страст на разумната душа, која со силна љубов ги спојува пријателите и која има порив со копнеж да го спои она што по природа е разделено. Пријателството има постојан и непроменлив морал. Пријателството е морална сладост, која ја радува душата. Пријателството секогаш трпи и страда и слуша. Аристотел рекол: „Пријателството е една душа во две тела“. Пријателството е посилно од роднинска љубов, бидејќи роднинската љубов е поради нуджност, а пријателството по произволност. Пријателството наоѓа благочестие спрема светињите на пријателот, чистота во живеењето, чесност во моралот, вера во карактерот, постојаност во одлуките, искреност во зборовите и слобода да говори што е исправно, корисно и вистинито. Пријателството е основа на благосостојбата на двајца добри луѓе на земјата, бидејќи единствено меѓу добри луѓе може да се развие вистинско пријателство. Платон вели: „Пријателството е согласност околу доброто и праведното, еднакво настроение во животот, едномислие во настроението и делувањето, љубезна согласност околу заедничкиот живот, заедница во доброто делување и страдање“.

    Има три вида на пријателство: по добродетел, по взаемност и по навика, а најдобро е по добродетел, бидејќи во добродетелта љубовта е силна.

    Ликот на пријателот

    Пријателот е добар човек, со здрава душа, мисли исправно, ја сака добродетелта, има беспрекорен морал, верен е во љубовта, искрен на зборови, има постојана душа, искрен советник е, отворен е, вистинољубив и правдољубив. Пријателот е слика и прилика на својот пријател и до крајност чувствителен го чувствува душевното расположение на својот пријател и страда со душевното страдање на својот пријател. Уште пред пријателот да му се исповеда, тој го претекнува и ита во негова помош уште пред тој и да му побара помош и подготвено се предава и му помага ако е во опасност. Пријателите на неговиот пријател се и негови пријатели. Го брани својот пријател и се подложува на опасност заради него. Во неговото тело обитава душата на пријателот. Тој е добар советник, секогаш го зборува она што е најдобро и се труди за честа и името на својот пријател. Светињите на пријателот се и негови светињи. Вистинскиот пријател е моќна заштита и кој го нашол него, нашол ризница. Пријателот е најголема среќа. Добриот пријател е непроценлива вредност, подрагоцена од секакво богатство. На неговата убавина нема рамна. Пријателот и во несреќите и во радостите останува ист. Вистинскиот пријател ги фали вредностите што се достојни за пофалба и отворено го куди она што е за кудење.

    Еврипид вели: „Вистинските пријатели немаат ништо свое, туку имотот им е заеднички“. Ништо не е подобро од вистински пријател. Неговото советување делува посилно од секој лек на страдалната душа и напатеното срце на пријателот. Неговите зборови се животен лек. Добриот пријател може да има благодатно дејство и на душата и на телото на пријателот. Добриот пријател прима на себе сè што му недостига на пријателот и го милува најмногу она што добро се прави, а оној кој греши, најмногу го исправува. Пријателот станува разум, чувство и око за пријателот. Пријателот е олицетворение на добродетелта. Никој кој мрази не е пријател. Григориј Богослов вели: „Верниот пријател е богатство со душа, затворена градина и запечатен бунар, што се отвора во вистински час и од кој се црпи, а пријатели ги нарекувам добрите и убави и оние со кои сме соединети според добродетелта.“

    За неискрениот пријател

    Неискрениот пријател е човек користољубив, немил, се преправа, себичен, лицемерен и носи само лик на пријателство за да го искористи тоа. Лаже кога вели дека е пријател и го сокрива лукавството преправајќи се дека е верен. Го повикува на помош пријателот, а самиот одбива да му помогне, наоѓајќи илјада изговори. Пријател е само во успесите на пријателот, а во неуспесите се одрекува од него. Се сеќава на него кога тој е во благосостојба и се распрашува за него кога е далеку, а кога е среќен му посакува среќа, кога е здрав – здравје, кога е славен – слава и богати дарови му праќа додека е богат и прави сè за да го покаже своето пријателство; а брзо го заборава ако се случи некаква несреќа, па и не прашува за него и не се сеќава на него ниту кога се соседи. Го избегнува и колне, му префрла за глупавоста во неуспехот, кога е болен го заборава и не му ни приоѓа кога е несреќен, се одвраќа од него ако е жалосен, кога е понижен го презира, кога е осиромашен се трга од него, кога е во оскудица – не му помага и кога умира – не го жали. Таков е неискрениот пријател.

    За лукавиот, лош и подмукол пријател

    Лукавиот пријател е некорисен и опасен човек. Тој во својата душа нема ништо здраво, во неа нема ништо свето и ништо честито, безверен е, превртлив, лукав и подмукол. Не знае за искреност, а на јазикот носи лукавство и лага. Мисли лукаво, а во срцето свое чувствува подлост. Неговите зборови се благи, а намерите превртливи. Со зборови покажува пријателство, а тајно прави сплетки против својот верен пријател. За пријателот раширува лоши приказни и светилката на лукавството ја пали со зло. Гледа во далечина и мисли на гадости, додека со устата мрмори погани нешта. Тој е извор за покор на својот пријател. Пред очите на пријателот устата му е слатка и со зборови ќе му искаже похвала, додека подоцна не ги промени приказните и своите зборови со цел многумина да соблазни.

    Пријателството на злиот човек е пострашно од непријателство, бидејќи од тоа можеш да се сочуваш, а од ова – не. Лукавиот пријател е ненаситен, ниту целиот пријател да го изеде, не би се наситил. Бесрамен е, бидејќи додека прави пакости и го поткопува домот на оној кој е сигурен во неговото пријателство, не му е срам на усните да го носи чесното име на пријателството и да се претставува како пријател пред оној кого страсно го мрази. Неблагоутробен е, бидејќи утробата на лукавиот пријател не се трогнува. Она што е ’рѓата за железото, тоа е за пријателот пријателството на оној што мрази, бидејќи тоа го јаде не мртвиот, туку живиот пријател.
     
    На Таа Сум, CaperucitaRoja, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Свети Исаак Сирин

    Ме прашаа еднаш како може човек да стекне смирение. А јас одговорив: „Со непрестајно сеќавање на своите гревови, со надеж што се приближува до смртта, со сиромашна облека, со тоа што во секое време ќе го зема последното место и што во секоја прилика радо ќе ги прифаќа најлошите и најпонижувачки работи, ќе биде послушен и ќе го чува непрестајното молчание, нема да копнее да оди на собранија, ќе сака да остане непознат и ќе се смета себеси за ништожен, со тоа што нема да учествува во ниедна своја одлука, ќе ги ненавиди разговорите со мноштвото луѓе, и што ќе биде некористољубив; па и со тоа што секоја своја мисла ќе ја воздигне над какво и да е кудење и обвинување на кој било човек, како и над секое натпреварување (...), со тоа што сам и во осаменост ќе се бави само со својата работа и нема да се грижи за ништо друго на светов, освен за самиот себеси. Накусо: туѓинување (оддалеченост од светот), сиромаштија и живот во осаменост – ете од што се раѓа смирението и што го очистува срцето.
     
    На Таа Сум, Orthophill и Serafima им се допаѓа ова.
  6. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Свети Антониј Велики

    Знајте сигурно дека нема да можете ниту да напредувате, ниту да раснете, ниту да станете совршени, ниту јасно да го разликувате доброто од злото, ако не им се покорувате на своите отци.
     
    На Таа Сум, Mama25 и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345

    Целта на човековиот живот и не е ништо друго туку како да го очисти своето срцето како би тоа пропеало со радост.

    Можете да одиме каде што сакаме, го правиме она што го сакате, па сепак , тоа не е слобода. Слободата е онаа Господовата Слобода - кога човек е ослободен од тиранијата на мислите. Ако не го тиранизираат никакви помисли, кога живее во мир. Тој тогаш постојано е во молитва, постојано очекувајќи од Господа, работи по совеста и се труди. Секоја работа ја работи од срце. Севкупното наше битие треба да учествува во молитва, во работата, и во се. И нека не бидеме воини на неправедната страна, да не војуваме со никого. Мислено да не војуваме. Да бидеме ​​помирени со сите.
    Да не ги земаме навредите при срце.-отец Тадеј

    10-ти октомври, лето Господово 2013
     
    На Таа Сум, Mama25 и Orthophill им се допаѓа ова.
  8. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ако ја извадиме гредата од нашето око, тогаш нема да ја видиме раската во нашиот брат – нема да го судиме и осудуваме, односно штом сме ја виделе раската во окото на нашиот брат, а не во нашето, тоа значи дека постои греда во нашето око – дека судиме и осудуваме.
     
    На Таа Сум и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Браќа мoи, блажeни стe ситe виe, мажи и жeни, кoи вниматeлнo сe oттргнуватe oд oвиe три зла:

    1. oд бeзбoжнички мисли и сoвeти,
    2. oд грeшни дeла и
    3. oд сoблазнувањe на другитe.

    Ситe тиe три зла сe какo eдна иста oтрoвна змија кoја oд малeчка пoраснува вo гoлeма.
     
    На Таа Сум, Mama25, DELFIN-15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ако понижувањето за тебе e пофалба, сиромаштијата – богатство,
    а недостигот – изобилие, нема да умреш, зашто не може да се случи, оној што е правоверен и што се подвизува во благочестивоста да падне во нечистотијата на страстите и во демонска прелест.“

    Свети Макариј Велики
     
    На Таа Сум и Orthophill им се допаѓа ова.
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.564
    Св. Серафим Роуз - Што можеме да направиме за починатите?



    Бескрајна и неутешна би била нашата жалост за ближните кои се упокоиле ако Господ не ни дал вечен живот. Нашиот живот би бил бесцелен кога би завршил со смрт.

    Тогаш, каква би била користа од добродетелниот живот и добрите дела?

    Во тој случај, во право би биле оние, кои зборуваат: „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме“. Но, човекот е создаден за бесмртност, и Христос со Своето воскресение ги отвори вратите на Царството небесно, вечното блаженство за оние, кои верувале во Него и живееле праведно.

    Ако некој сака да ја покаже својата љубов кон починатите и вистински да им помогне, тоа може на најдобар начин да го направи така што ќе се моли за нив, особено со давање на нивните имиња да се спомнат на Литургија, кога се вадат честици за живите и упокоените и се спуштаат во Крвта Господова, со зборовите: „Измиј ги, Господи, со светата Твоја Крв гревовите на овде споменатите Твои слуги, по молитвите на Светиите Твои“.

    Ништо поголемо ниту подобро не можеме да направиме за преминатите, од тоа да се молиме за нив, споменувајќи ги на Литургија. Тоа секогаш им е неопходно, а посебно во текот на првите четириесет денови, кога душата на починатиот оди кон вечните живеалишта. Тогаш телото ништо не чувствува: тоа не ги гледа ближните кои се собрале, не го вдишува мирисот на цвеќето, не ги слуша надгробните беседи. Но душата ги чувствува молитвите кои се вознесуваат за неа, и им е благодарна на оние, кои се молат, и духовно им е блиска.

    О, роднини и пријатели на починатите! Правете го за нив она, што е во ваша моќ и што најмногу им е потребно.

    Тој пат ве чека и вас, и знајте дека тогаш сите ние ќе посакуваме некој да нѐ спомене во молитва! Затоа и самите да бидеме милостиви кон починатите.

    Штом некој ќе се престави, веднаш повикајте го свештеникот или известете го за да може да ги прочита „Молитвите за излегување на душата“ кои треба да се прочитаат за секој православен христијанин, после неговата смрт.

    Погрижете се, доколку е можно, опелото да се отслужи во црква, и над починатиот, сѐ до опелото, да се чита Псалтир. Опелото и погребувањето не мора да бидат беспрекорно организирани, но апсолутно е неопходно опелото да се отслужи без кратења, во потполност. Тогаш сетете се на починатиот, со кој се разделувате, а не на тоа што вам ви е полесно..

    Заради тоа што секоја молитва за починатите е како капка вода за жедните, веднаш погрижете се за тоа починатите секојневно да се споменуваат на Литургија во текот на следните четириесет дена. Обично во црквите каде богослужбата се извршува секојдневно, починатите чии имиња таму се дадени се споменуваат четириесет дена, па и подолго.

    Но, ако опелото е отслужено во храм каде што нема секојдневно богослужби, роднините треба да се погрижат и обезбедат четириесетдневно споменување на Литургија во оние храмови каде секој ден се служи. Исто така, добро е за упокоениот да се даде прилог во манастирите каде се вознесува непрестајна молитва.

    Значи, парастосите и домашните молитви за упокоените ним им се корисни, како и добрите дела кои се прават во нивен спомен – милостината и прилогот во црква. Но, посебно корисно за нив е споменувањето на Божествената Литургија.



    Блажен Серафим Роуз
     
    На Таа Сум, A-j-a, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  12. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    о. Стефан Фримен - За ликот

    Ништо од човечкото тело не е толку интимно како лицето. Ние често мислиме на други делови од нашето тело кога кажуваме „интимни“, но нашето лице е тоа што открива најмногу за нас. Лицето е тоа што бараме да го гледаме за да видиме што сакаат другите да кажат, па дури и за тоа кои се тие. Важноста на лицето (ликот) повеќекратно е потцртана во Светото Писмо. Во Стариот Завет често го среќаваме изразот за тоа како се сретнуваме еден со друг – и ретко – со Самиот Бог – „лице во лице“.
    Во Новиот Завет, ап. Павле го користи јазикот на ликот за да го објасни нашето преобразување во образот Христов.
    Светите икони се несомнено најобилното изразување на „теологијата на лицето“, и можеби едни од најдлабоките влогови на Православието во светот и прогласување на тоа што значи да се биде човек. Секој светител, од најмалиот – до најголемиот, ги разделува истите атрибути како Христос на неговата икона. Ги гледаме сите, лице во лице. Во иконите ниту еден лик, никогаш не е прикажан во профил – со два исклучоци – Јуда Искариот и демоните. Зашто гледајќи го лицето, ние го сретнуваме некого како личност. Нашиот грев е тоа што нè оттурнува од лицето на другиот – нашиот напор да се направиме поинаку или помалку личносни. Тоа е манифестирање на нашето заминување од Бога.
     
    На Таа Сум, Serafima, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.564
    „Добра војна војував, трката ја завршив, верата ја сочував“ - свети апостол Павле
     
    На Таа Сум, Orthophill, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Зошто страдаме, во зло? Најчесто од две главни причини: прво, или мислиме за себеси многу повеќе отколку што реално претставуваме и значиме за другите, а тие не нè прославуваат и почитуваат согласно нашата идеjа за самите себе; и второ, или, пак, посакуваме за себеси повеќе материјални блага и телесни задоволства, или мислиме дека повеќе сме заслужиле, од она што реално го имаме. На кратко, страдаме заради разликата што се појавува помеѓу нашите острастени желби и реалноста.
    Ако нешто не сме или ако нешто немаме, така е затоа што, најверојатно, не сме способни да сме и не сме способни да имаме, а без притоа да не отпаднеме од Бог. А, Бог тоа го знае. Знам дека повеќето ќе ме прашаат: зошто тогаш некои се и зошто имаат, а очигледно немаат ништо со Бог, а зошто, пак, некои не се и зошто немаат, а по сè изгледа дека тоа не би било препрека за нивниот однос со Бог? Кој сака да ризикува да полуди нека размислува зошто е тоа така, а кој сака еден ден да сфати (колку ќе му биде дадено) зошто е тоа така, односно кој сака да биде и да има, нека се смири пред Божјата Промисла за нашето спасение, спасението на целиот Адам.
    митрополит Струмички Наум
     
    На Таа Сум, Serafima и luvena им се допаѓа ова.
  15. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Старец Паисиј Светогорец

    Искушенијата што ги допушта Бог се соодветни на нашата издржливост. Но за жал, многу често кон нив се додаваат зајадливите шеги и безрасудните зборови на немилосрдните луѓе, така што тогаш веќе гориме. Силниот ветар вообичаено ги крши тенките дрвја и ги откорнува оние без длабоки корени, а на длабококорените им помага уште повеќе да ги продлабочат.
     
    На Таа Сум, friendy, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Машки
    † Свети Епископ дедо Николај Охридско-битолски и Жички

    Знаеш ли, чедо мое, зошто се затвораат облаците тогаш, кога полињата се жедни за дожд, а се отвораат тогаш, кога полињата не сакаат дожд?

    Од злосторството на луѓето се збуни и природата, и го напушти својот ред.

    Знаеш ли, чедо мое, зошто нивите донесуваат тежок плод на пролет, а во лето даваат јалова жетва?

    Затоа што и ќерките човечки го замразија плодот на својата утроба, и го убиваат уште во цутот.

    Знаеш ли, чедо мое, зошто изворите пресушуваат, и зошто плодовите на земјата ја немаат повеќе онаа сладост, што ја имаа порано?

    Поради гревот човечки, од кого влезе немоќта во сета природа.

    Знаеш ли, чедо мое, зошто победоносниот народ трпи порази од својата неслога и раздор, и јаде леб загорчен од солзи и пакост?

    Затоа што ги победил душманите околу себе, а не ги победил во себе.

    Знаеш ли, чедо мое, зошто мајката ги храни, а не може да ги нахрани своите деца?

    Затоа што, доејќи ги не им пее љубовна песна, туку песна на омраза кон соседот.

    Знаеш ли, чедо мое, зошто луѓето станаа грди и ја изгубија убавината на своите претци?

    Затоа што го отфрлија ликот Божји, што однатре од душата ја прави убавината на ликот, и облекоа земски лик.

    Знаеш ли, чедо мое, зошто се умножија болестите и страшните помори?

    Затоа што луѓето почнаа да сметаат дека здравјето е грабање од природата, а не дар од Бога. А она што се граба со мака, со двојна мака мора и да се чува.

    Знаеш ли, чедо мое, зошто луѓето се борат за земја, и не се срамат од својата еднаквост со кртовите?

    Затоа што земјата им никнува низ срцето, па очите го гледаат само она што расте во срцето. И затоа што, чедо мое, гревот премногу ги изнемоштел за борба за небото.

    Не плачи, чедо мое, набрзо ќе дојде Господ и ќе уреди сè.
     
    На Таа Сум, angelce1, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Без разлика дали си во црква или во твојот дом, или на село; без разлика дали чуваш овци, или градиш згради, или си присутeн на забави каде што се пие, не престанувај да се молиш. Кога можеш, приклони ги колената, кога не можеш, посредувај во твојот ум, “навечер и наутро и на пладне“. Ако молитвата и претходи на твојата работа и ако кога ќе станеш од постела твоите први движења се придружени од молитвата, гревот не може да најде начин да ја нападне твојата душа
    (Св. Ефрем Сирин).
     
    На Таа Сум, cooll, angelce1 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Одговорност на љубовта, делување со расудливост и љубов – Старец Пајсиј Светогорец

    Словото од законот убива
    Еднаш прашав еден човек: „Што си ти, борец за Христа или борец за искушувачот? Знаеш ли дека постојат борци за искушувачот?“ Христијанинот не треба да биде фанатик, туку сите луѓе да ги сака. Оној, кој без размислување се расфрла со зборови, макар и да бидат тие точни, чини зло. Познавав еден благочестив писател, кој на мирјаните секогаш им се обраќаше со многу суров јазик, кој, меѓутоа, толку длабоко продирал, што ги потресувал до срж. Еднаш ми рече: „На еден собир на една госпоѓа ѝ реков вака и вака.“ Но, начинот на кој тој тоа ѝ го рекол, сосема сигурно ја дотолчил. Ја навредил пред сите. „Внимавај“, му реков, „ти на луѓето им фрлаш златни венци со дијаманти, но така како што ги фрлаш, им ги кршиш главите, не само оние чувствителните, туку и тврдите“. Да не фрламе камења на луѓето… во име на христијанството. Оној, кој разобличува некој грешник пред другите или со страст зборува за некоја личност, него не го поттикнува Светиот Дух, туку… некој друг дух. Етосот на Црквата е љубовта: се разликува суштинското од правното. Црквата на сé гледа со долготрпение и гледа секому да помогне, што и да направил, колку и да е грешен.

    Кај поединечни побожни христијани гледам некоја чудна логика. Во ред е нивната побожност, добра е нивната склоност кон доброто, но потребно им е и духовно расудување и ширина, за нивната побожност да не ја проследува тесноградост, тврдоглавост (како што народот вели: арбанашки инает). Основата на сé е духовноста, а од неа произлегува духовното расудување, бидејќи инаку останува на штурото „слово на законот“, а „словото на законот убива“. Оној, кој има смирение, никогаш нема себеси да се поставува за учител на другите; таквиот човек повеќе слуша и кога ќе го прашаат за мислење, одговара смирено. Никогаш нема да рече „јас“, туку „помислата ми вели“ или „Отците велат“, односно, говори како ученик. Оној, кој мисли дека е способен другите да ги исправува, има големо самољубие во себе.
     
    На Таа Сум, angelce1, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    За осудувањето на туѓите гревови - ава Доротеј
    ***
    Старците не учеа да ги избегнуваме и малите гревови, ако сакаме да не паднеме во поголеми и потешки. Бидејќи од тие незначајни попуштања, во душата се создава лоша навика и незабележливо се паѓа во уште поголеми гревови.

    ***
    Ти го знаеш само неговиот грев. И додека Бог го милува, ти го осудуваш и ја губиш својата душа. Си го видел неговиот грев, но не и неговото покајание. Дали ти знаеш колку солзи проронал човекот за тој грев пред Бог?!
     
    На Таа Сум, Mama25, jesicaalba и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Св. Нил Мироточив

    За покајанието

    ✤✣✤

    О, човеку, зошто си заклучил дека е невозможно (после падот) да достигнеш спасение? Зошто мислиш дека веќе не треба да се бориш и подвизуваш, а не одлучуваш дека напротив уште повеќе ти следува да се бориш и подвизуваш за спасение? Охрабри се, не бој се, зашто Бог претрпе крст заради спасението твое! Како можеш после тоа да тврдиш дека нема спасение за тебе?

    Зошто се плашиш од немоќните? Зошто ги сметаш за силни? Крстот Господов ќе ја сруши сета сила на нивното лукавство. Сето она нивно фалење со кое немоќно се правеа важни дека се силни! Се обидоа во една прилика немоќните лукаво, со фалба и хулење да се исмеат на еден преподобен отец (св. Антониј Велики). За да може на лукав начин преподобниот да го наведе на фалбаџиство и хула, ѓаволот му рече: „Како можам оче да се спасам?“ Ова прашање на ѓаволот за можноста на покајание за него, беше лукава намера преподобниот да се наведе на фалење и хула, зашто ако попуштеше на ова лукавство и примеше при срце такво нечуено нешто, како што е спасението на ѓаволот, неизбежно ќе паднеше во суетна гордост и фалење со ова невоможно нешто, а ако, пак, од друга страна ја отфрлеше како невозможна, ќе похулеше така на Творецот Кој во милосрдието би бил надминат од сопственото создание.

    Преподобниот, кому ова му го откри благодатта на Светиот Дух, сфати дека е ова сплетка на соблазнителот, лукавиот Велзевул, па му одговори:

    „Оди на висока гора, соблечи се, застани потполно соголен и излевај молби кон Бога, Царот Небески, за Он да ти го отпушти твоето лукаво мудрување“. Лукавиот му одговори на преподобниот: „Каква молитва да направам на високата гора и како да се соголам? И без тоа не носам облека! Како тоа велиш да се соголам?“

    Светиот, пак, му одговори: „На висока гора соголи се, ослободувајќи се себеси од својата препреденост и лукаво мудрување, да немаш повеќе никакво лукавство во срцето свое. Така стој совршено гол на високата гора 40 дена и 40 ноќи (во житието стои 3 год.), немајќи никакво покривало на својата глава, односно никаква лукава помисла, подигај ги рацете свои и непрестајно во тие 40 дена повторувај: ’Помилуј, ме Боже, помилуј ме, Мене, кој сум потполно опустошување во Царството Твое! Кон Тебе, Господи се управени очите мои; на Тебе се надевав, не отфрлај ја душата моја!‘“

    Преподобниот не успеа да го заврши својот говор, кога демонот разгневен викна: „Замолчи, расипано старче! Зар јас, на ништожниот Цар да се поклонам? А кој друг има царство какво што имаме ние? Во наши раце е третина од Неговото Царство и што Му останало Нему за да би можеле да Му се поклонуваме како на Цар?“

    Тогаш на преподобниот му стана јасно дека ова е духот на хулата; се сети дека ѓаволот исто така се трудел во пустината да Го соблазни Христа и дека се фалел пред Него со гревовите човечки.

    Сеќавајќи се на ова, преподобниот се помоли на Бога, го проколна демонот и тој како чад исчезна од кај него. Преподобниот Му оддаде слава на Бога за своето избавување од духот на хулата, кој намераваше со своите лукавства да го наведе подвижникот на хула и фалење и со тоа да го фрли во адската бездна, како што соборил мноштво монаси...

    Значи, ѓаволите не пропаѓаат неповратно затоа што Бог не им проштева, туку затоа што не само што не се каат, туку и се гордеат со своите богомрски дела...

    Зашто Бог не ја сака смртта на грешникот, туку да се обрати и да остани жив. На сите начини се трудеше Бог да не пропадне Јуда, зашто Јуда сепак, беше човек и Бог го чекаше Јудиното покајание, но Јуда не се одврза од јажето за да појде под Крстот и да Му рече: „Јас Те распнав, прости ми... Мојата злобна помисла Те искачи на Крст; биди милосрден спрема мене...“

    Да ги беше рекол овие неколку зборови, исполнувајќи ги со дела на покајание, Христос би го примил. А со какви тоа дела да ги исполни?

    Делата се овие: да плаче горко, да воздивнува ридајќи и жалосно плачејќи; Но Јуда не постапи така, не се фрли пред Христа, туку се фрли на земјата за да се обеси, не обрнувајќи внимание за тоа дека гранката три пати се свитка под него, и дека на Крстот го чекаше семилостивиот Христос!... Колку што благонаклон беше св. Василиј кон Јосиф, толку беше благонаклон и Христос кон Јуда, чекајќи од него покаен збор, но Јуда наместо тоа повеќе сакаше да ја стави јамката на грлото свое – Искариот!

    Гледа Христос во далечината од Крстот, не ќе ли го здогледа Јуда... Он Кој копнее по спасението на луѓето, копнееше исто така и по Јудиното покајание и го бараше...
     
    На Таа Сум, elisabeta, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.