1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Еве нешто за што јас штотуку се просветлив

    ЗА СОНИШТАТА - Свети Игнатиј Брјанчанинов

    Твоите соништа се фантазии кои водат во прелест, ако не се чуваш. Треба да се внимава на умот и да се чува без слика и фантазии. НЕ ВЕРУВАЈ НА НИКАКВИ СОНИШТА и нека те покрие милоста Божја.

    За време на сонот на човекот, Бог, човечката природа ја уредил така , целиот човек во целост да се одмара. Тој одмор е толку целосен, што човекот ја губи свеста за своето постоење и доаѓа во состојба на самозаборав. За време на сонот се прекинато секое дело кое е поврзано со напор и кое се извршува свесно, под управа на разумот и на волјата; се продолжува она дело кое е неопходно за човековото постоење и не може да се одели од него. Во телото крвта продолжува да се движи, желудникот ја вари храната, белите дробови го извршуваат дишењето, кожата пропушта испарувања; во душата продолжуваат да се умножуваaт мислите, фантазирањата и чувствата, но не во зависност од разумот и волјата, туку во несвесно дело на природата.

    Демоните, кои имаат пристап до нашите души во будна состојба, имаат и за време на спиење. И за време на спиење тие не искушуваат со грев, додавајќи ги на нашите фантазии и своите. Исто така, кога ќе видат дека им обрнуваме внимание на соновите, тие се трудат да ги направат поинтересни, а во нас да поттикнат уште поголемо внимание кон тие привиденија, па така малку по малку да ја разбудат нашата доверба во однос на нив. Таквата доверба е секогаш поврзана со гордост, а гордоста го прави нашиот духовен поглед на себе лажен, при што и нашето дело се лишува од праведност; токму тоа е она што им треба на демоните. На оние кои отишле далеку во гордоста, демоните почнуваат да им се јавуваат во вид на ангели на светлината, во вид на маченици и преподобни, дури и во вид на Мајката Божја и на Христа, фалејќи го нивниот живот и ветувајќи им небесни венци со што ги возвишуваат на висина на гордост.
    Таквата висина воедно е и погибелна пропаст. Треба добро да знаеме дека во нашата состојба, која сеуште не е обновена со благодат, ние не сме способни да гледаме други сновиденија, освен оние кои создаваат душевни привиденија и демонски клевети.

    Многу ретко само, само во случај на крајна потреба, Ангелите Божји ни го претставуваат или нашиот крај или адските маки или страшниот, задгробен суд. Од такви сновиденија ние доспеваме до страв Божји, до умиление и плач заради себе. Но, такви сновиденија му се даваат многу ретко на подвижникот или дури и на тежок грешник по несфатливата Божја промисла; се даваат ретко, но не заради скржавост на Божествената благодат - не! - туку зашто сè што ни се случува надвор од вообичаениот поредок доведува до гордост и го поколебува смирението во нас, кое е толку неопходно за нашето спасение.

    Искуството покажува дека многумина кои се удостоиле во сон да ги видат митарствата, Страшниот Суд и други задгробни ужаси, кусо време биле потресени од видението, а потоа се расејувале, заборавале на видението и почнувале да водат невнимателен живот; напротив, оние кои немале никакви виденија, туку внимателно се поучувале во законот Божји, постепено дошле до страв Божји, постигнале духовен напредок и во радоста која ја раѓа веста за спасението поминале од земната долина на тагата во блажената вечност.

    Свети Јован Лествичник за учеството на демоните во монашките сновиденија, расудува на следниов начин: Кога ние, оставајќи го заради Господа својот дом и своите роднини се предаваме на странствување од љубов кон Бога, демоните се обидуваат да не вознемират со сновиденија, преставувајќи ни ги роднините како тагуваат или како умираат или како се заробени или дека заради нас трпат искушенија. Затоа, оној кој им верува на соновите личи на човек, кој трча по својата сенка настојувајќи да ја фати.

    Демоните во својата препреденост, според извесни знаци, тие заклучуваат што ќе се случи, па ни јавуваат однапред, за ние да се восхитуваме кога виденијата од сонот ќе се исполнат на јаве, па да почнеме високо да мислиме за себе - како веќе да сме блиску до дарот на проникливост. Како дух, демонот гледа што се случува во воздушниот простор. Забележувајќи дека некој, на пример, умира, тој за настанот на лесноверните им претскажува во сон. Меѓутоа, демоните ништо не знаат за иднината по предзнаење. Впрочем , и лекарите се во состојба да ни ја претскажат смртта!

    Често, демоните се престоруваат во ангели на светлината и земаат лик на маченик , па често на сон ни претставуваат како им приоѓаме на ангелите и мачениците. Кога ќе се разбудиме, тие нè исполнуваат со радост и со гордост. Тоа нека ти послужи како знак на измама. Бидејќи ангелите, кога ќе се јават, ги покажуваат вечните маки и Страшниот суд и прогонството од Царството Божје. Оние кои се разбудиле од таков сон се исполенти со трепет и натаженост. Ако поченеме да им се покоруваме во сон, демоните и во будна состојба ќе ни се потсмеваат. Човекот кој им верува на сновиденијата потполно е неискусен. Мудар е пак, оној, кој што воопшто не им верува. Верувај им само на оние сновиденија, кои ти ги објавуваат маките на Судот. Но, ако те доведуваат до очајување, тогаш и тие се од демонот. Неразумно е да се верува во сонови и колку страшна штета може да настане од такво верување. При обраќање внимание на соништата, во душата незабележително се поткраднува довербата во нив, па затоа и самото обраќање внимание на соништата строго се забранува.
     
    На Таа Сум, GirlLove, softy1 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Арх. Рафаил Карелин

    ✣✤✣

    Зошто христијаните ја губат љубовта?

    (Извадок)


    „Образованието на луѓето и традицијата на народот, колку и да се несовршени, за своја основа го имаат трудот да се сочува убавината и благородноста на човечката душа. Традицијата, обичаите, заедничкото мислење, возвишеноста на целомудреноста, спремноста на жртва – беа форми со кои се чуваше љубовта. Сега современиот човек им се потсмева и ги руши овие традиции; моралните принципи се сфаќаат како окови, во кои човекот низ историјата бил заклучен. Во сите историски епохи постоеше сфаќање за гревот и порокот, но тие беа оценувани како зла и болести, кои го разјадуваат човечкото друштво. Сега гревот и порокот престанаа да ги смутуваат луѓето: нешто друго ги смутува, всушност, а тоа е осудата на гревот.

    За луѓето, кои живееја пред потопот, во Светото Писмо е кажано дека беа плот, т. е. кај нив исчезнаа потребите на духот, се изопачија чувствата на душата, и започна власта на телото: човекот се изедначи себеси со своето тело, и затоа падна пониско од сè што живее на земјата. Кога човекот ја губи убавината на својата душа, тој не е во состојба да љуби, и не може да разбуди љубов кај другите. Во телото се вгнездуваат само инстинктите и мрачните страсти. Страстите се одвратни; човекот може да им се предава, но не може да ги љуби. Затоа луѓето, губејќи ја убавината – ја губат љубовта. Лагата, клеветата, демонскиот свет на наркотиците и алкохолот, блудот и развратот во најбесрамните облици, ги прави луѓето безобразни (без образ). Затоа меѓу луѓето се зголемува дистанцата, затоа емоционалната оладеност ја претвора земјата во гробница, во која се населени живи трупови.

    Во чистотата се крие духовната светлост и радост, а во гревот и порокот – тежината и духовниот мрак. Современиот свет сака на човекот да му ја одземе чистотата, да ѝ се потсмева, да ја уништи. Затоа, светот за луѓето сатана туѓ и празен. Човекот не ја чувствува болката на другиот, не сака и не може да го стопли со топлината на својата душа. Човекот е исплашен од светот и се штити од луѓето. Таа осаменост, свесна или несвесна, пустинска осаменост – тоа е најстрашното проклетство на нашиот век.“
    Извор: Премин портал
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    ПРЕПОДОБЕН ПОРФИРИЈ КАВСОКАЛИВИСКИ




    За децата треба повеќе да се молиме, а помалку да им зборуваме


    Сè се успева со молитва, со молчење и со љубов. Ги сфативте ли резултатите од молитвата? Љубов со молитва, љубов во Христа. Таа навистина носи полза. Колку повеќе ќе ги љубите децата со човечка љубов (која најчесто е патолошка), толку повеќе тие ќе бидат збунети и нивното однесување ќе биде негативно. Меѓутоа, кога вашата меѓусебна љубов и љубовта кон вашите деца ќе биде христијанска и света, тогаш нема да имате никаков проблем. Светоста на родителите ги спасува децата. За да се случи тоа, Божјата благодат треба да изврши влијание врз душите на родителите. Никој не се осветува сам. Божјата благодат потоа ќе ги просветли, ќе ги стопли и ќе ги оживотвори душите на децата.

    Многупати ми се јавуваат на телефон и од странство за да ме прашаат нешто во врска со нивните деца, како и за други прашања. Денес ми се јави една мајка од Милано и ме праша како да се однесува со своите деца. Јас ѝ го кажав следново:

    „Треба да се молиш, а кога ќе треба, ќе им зборуваш на децата со љубов. Повеќе треба да се молиш, а помалку да им зборуваш. Во однос на сите луѓе треба повеќе молитва, а помалку зборување. Да не стануваме напорни, туку тајно да се молиме, па потоа да зборуваме, и Бог ќе ни даде внатрешна потврда дали нашето зборување е приемчиво за другите. Ако, пак, не е, тогаш нема да зборуваме, туку само ќе се молиме тајно. Со зборувањето стануваме напорни, па ги тераме другите да реагираат, а понекогаш и да негодуваат. Затоа е подобро да им се зборува тајно во срцето на другите, преку молитва, отколку во нивното уво“.

    „Слушни да ти кажам: прво ќе се помолиш, а потоа ќе зборуваш. Така прави и со твоите деца. Ако постојано им делиш совети, ќе станеш напорна, па кога ќе пораснат ќе чувствуваат еден вид притисок. Значи, претпочитај ја молитвата. Зборувај им со молитвата. Зборувај Му на Бога, а Бог ќе им го каже тоа на децата. Значи, не треба твоите деца да ги советуваш на начин за да слушнат нивните уши. Можеш да го правиш и тоа, но пред сè треба на Бога да Му зборуваш за твоите деца. Кажувај го ова: Господи Исусе Христе, просветли ми ги дечињата. Јас Тебе Ти ги доверувам. Ти си ми ги дал, а јас сум немоќна, не можам да ги приберам. Затоа, Те молам, просветли ги. И Бог ќе им проговори, па ќе велат: Ух, не требаше да ја натажам мајка ми со тоа што го направив! А овие зборови ќе излегуваат од нивната душа со помош на Божјата благодат“.



    Ова е совршениот начин: мајката да Му зборува на Бога, а Бог да му зборува на детето. Ако не биде така, тогаш зборувај, зборувај, зборувај, и сè на едно уво ќе влегува, а на друго ќе излегува. На крај тоа ќе стане еден вид притисок. А кога детето ќе порасне, веќе почнува да реагира, односно да се осветува на некој начин кон татко му и мајка му, затоа што му вршеле притисок. Совршениот начин е еден: да зборуваат љубовта во Христа и светоста на мајката и на таткото. Зракот на светоста, а не на човечкиот напор, ги прави децата да бидат добри.

    Кога децата се повредени и ранети од некој сериозен проблем, тогаш немојте да се иритирате затоа што тие реагираат и зборуваат неубаво. Реално тие тоа не го сакаат, но не можат да реагираат поинаку во тешките моменти. Потоа се каат поради тоа. Меѓутоа, ако вие се изнервирате и се налутите, тогаш станувате едно со лукавиот, па така тој сите вас ве изигрува.



    Светоста на родителите е најдоброто воспитување во Господа





    Во личноста на децата да Го гледаме Бога и да им ја дадеме Божјата љубов. Треба и децата да научат да се молат. За да се молат, децата треба да имаат крв од родители што се молат. За ова некои грешат кога велат: „Штом родителите се молат и се благочестиви и го читаат Светото Писмо, тогаш и децата ги воспитале во „науката Господова“ (Еф. 6, 4), па во тој случај и децата ќе бидат добри“. Меѓутоа, факт е дека гледаме спротивни резултати поради вршењето притисок.

    Не е доволно родителите да се побожни, туку треба да не им вршат притисок на децата, сакајќи со сила да ги направат добри. Постои можност да ги избркаме децата од Христос доколку принципите на верата ги применуваме егоистички. Децата не сакаат притисок. Не ги принудувајте да одат со вас во црква. Можете вака да кажете: „Кој сака, може сега да дојде со мене или нека дојде подоцна“. Оставете во нивните души да проговори Бог. Притисокот што им го вршат „добрите“ родители на своите деца е причина што тие, кога ќе пораснат стануваат нескротливи и ја напуштаат Црквата и напуштаат сè друго, па прибегнуваат на други страни за да се задоволат. Т.н. „благочестиви“ родители, кои се грижеле своите деца да ги направат „добри христијани“, преку таа човечка љубов всушност им направиле притисок, па резултатот бил спротивен. Значи, додека децата се мали им се прави притисок, а кога ќе наполнат шеснаесет, седумнаесет или осумнаесет години се случува контраефект. Револтирани, тие почнуваат да се дружат со лоши друштва и да зборуваат недолично.

    А ако се развиваат во слобода, гледајќи го истовремено добриот пример на возрасните, тогаш се радуваме кога ги гледаме. Тајната се состои во тоа да бидеш добар, свет, за да бидеш инспиративен и да зрачиш. Врз животот на децата влијае зрачењето на родителите. Ако родителите упорно настојуваат, говорејќи: „Ајде да се исповедаш, ајде да се причестиш, ајде направи го ова или она...“, тогаш ништо не бива. Но детето те гледа тебе и она што ти го живееш и зрачиш наоколу. Дали Христос зрачи во тебе? Ако е така, тогаш тоа преминува кај твоето дете. Во тоа се состои тајната. Ако се постапува така додека детето е мало, тогаш кога ќе порасне нема да има потреба многу да се мачи. Токму во врска со ова прашање мудриот Соломон употребува една преубава слика, нагласувајќи го значењето што го има добриот почеток, добриот темел. Тој на едно место вели: „Кој ја бара од рано утро, нема да се измачува, зашто ќе ја најде како седи пред неговата врата“ (Мудрост Соломонова 6, 14). „Од рано утро“ значи дека од млада возраст се трудиш да ја имаш мудроста. Мудроста е Христос. Зборот „пред вратата“ значи „се наоѓа блиску“.

    Кога родителите се свети и го воспитуваат детето во Господа, тогаш тоа какви лоши влијанија и да има од околината, нема да му влијае, бидејќи пред неговата врата ќе се наоѓа Мудроста – Христос. Нема да се мачи за да ја стекне. Делува дека е многу тешко да станеш добар, но всушност е многу лесно доколку животот се почне со добри духовни доживувања. Потоа во текот на растењето не е потребен напор, затоа што тоа го имаш внатре во себе и тоа е твој живот. Не се мачиш, го имаш тоа доживеано, тоа е твоја сопственост, којашто ја одржуваш во текот на целиот твој живот доколку си внимателен.

    извор: Премин Портал
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, shushu и 6 други им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Архимандрит Рафаил Карелин

    Ние живееме во незнаење

    Древните мудреци одамна рекле: „Спознај се себеси“, меѓутоа, без благодатта не можеле да го остварат тоа. Сликовито говорејќи, нашата душа, едниствена и едноставна, за нашиот разум е нешто како кула поделена со прегради. Разумот обично ги гледа само горните простории и не знае што се случува во долните. Непријателите (демоните), можеби веќе одамна направиле подземен премин, влегле во кулата, ги зазеле нејзините внатрешни простории, а разумот тоа не го забележува. Тој е стражар кој го гледа само надворешното; тој мисли дека сѐ е мирно и добро, сѐ додека непријателот не се појави во горните простории, меѓутоа, тогаш по правило веќе е доцна и разумот станува беспомошен затвореник на страстите кои се побуниле, како цар кој ненадејно го заробиле бунтовниците.

    Разумот не се смирува од знаења, дури и од духовни. Напротив, немајќи основа во вид на послушание тој е наклонет кон славољубие и се гордее со знаењата, и често почнува да личи на змија која и нектарот од цвеќињата го претвора во пекол.

    Светите Отци учеле дека „благодатта се враќа по оној пат низ кој го напуштила човекот“. Сите сме паднале во Адам преку неговото непослушание кон Бог, па затоа основата на нашите гревови е нашата непослушна волја. Таа може да биде исцелена само со послушание: послушание кон Црквата, хиерархијата, духовните раководители; во нив ние го покажуваме послушанието кон Христос. Послушанието го раѓа смирението. Смирението ѝ ја дава можноста на благодатта да делува во човековата душа и тогаш човекот гледа во каква страшна опасност се наоѓа, какви отровни змии се вгнездуваат во неговото срце, какви страсти, налик на чудовишта се кријат таму: еден пустиник велел дека го гледал станата кој седел во неговото срце како на трон. Меѓутоа, благодатта не само што ни го покажува нашиот грев, туку таа и го врзува. Подвижниците безусловно тврделе дека човекот не е во состојба да го победи гревот со сопствени сили, како што детето не е во состојба да го совлада џинот, туку дека гревот може да биде победен само со Божјата благодат.

    Светите Отци учеле: „Послушанието е над постот и молитвата“. Ќе си дозволиме да кажеме дека послушанието е над самата љубов, бидејќи таа без послушанието е само душевно чувство – љубовта без смирение е глас на скриените страсти. Послушанието го раѓа смирението, смирението – покајанието, а покајанието – љубовта, но не онаа љубов, која може емоционално да се доживее или изобрази, туку проникнувањето на духот, кој ја созерцува убавината на Божјиот образ во секој човек.
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ликот на пријателот – Св. Нектариј Егински

    Пријателството е љубов на здрава душа спрема здрава душа. Пријателството, како излив на здрава душа, е свето, чисто, честито, верно, постојано, искрено, отворено, вистинито и вечно.

    Пријателството е добродетел, затоа што се основа на моралот и чистото живеење на здравата душа, затоа што се спојува и со самата добродетел и станува нејзин љубеник, ја прегрнува и со неа останува до века. Пријателството како добродетел се привлекува со слични и се потпира на сродни добродетели. Пријателството е врска помеѓу две слични души. Пријателството е страст на разумната душа, која со силна љубов ги спојува пријателите и која има порив со копнеж да го спои она што по природа е разделено. Пријателството има постојан и непроменлив морал. Пријателството е морална сладост, која ја радува душата. Пријателството секогаш трпи и страда и слуша. Аристотел рекол: „Пријателството е една душа во две тела“. Пријателството е посилно од роднинска љубов, бидејќи роднинската љубов е поради нуджност, а пријателството по произволност. Пријателството наоѓа благочестие спрема светињите на пријателот, чистота во живеењето, чесност во моралот, вера во карактерот, постојаност во одлуките, искреност во зборовите и слобода да говори што е исправно, корисно и вистинито. Пријателството е основа на благосостојбата на двајца добри луѓе на земјата, бидејќи единствено меѓу добри луѓе може да се развие вистинско пријателство. Платон вели: „Пријателството е согласност околу доброто и праведното, еднакво настроение во животот, едномислие во настроението и делувањето, љубезна согласност околу заедничкиот живот, заедница во доброто делување и страдање“.

    Има три вида на пријателство: по добродетел, по взаемност и по навика, а најдобро е по добродетел, бидејќи во добродетелта љубовта е силна.

    Ликот на пријателот

    Пријателот е добар човек, со здрава душа, мисли исправно, ја сака добродетелта, има беспрекорен морал, верен е во љубовта, искрен на зборови, има постојана душа, искрен советник е, отворен е, вистинољубив и правдољубив. Пријателот е слика и прилика на својот пријател и до крајност чувствителен го чувствува душевното расположение на својот пријател и страда со душевното страдање на својот пријател. Уште пред пријателот да му се исповеда, тој го претекнува и ита во негова помош уште пред тој и да му побара помош и подготвено се предава и му помага ако е во опасност. Пријателите на неговиот пријател се и негови пријатели. Го брани својот пријател и се подложува на опасност заради него. Во неговото тело обитава душата на пријателот. Тој е добар советник, секогаш го зборува она што е најдобро и се труди за честа и името на својот пријател. Светињите на пријателот се и негови светињи. Вистинскиот пријател е моќна заштита и кој го нашол него, нашол ризница. Пријателот е најголема среќа. Добриот пријател е непроценлива вредност, подрагоцена од секакво богатство. На неговата убавина нема рамна. Пријателот и во несреќите и во радостите останува ист. Вистинскиот пријател ги фали вредностите што се достојни за пофалба и отворено го куди она што е за кудење.

    Еврипид вели: „Вистинските пријатели немаат ништо свое, туку имотот им е заеднички“. Ништо не е подобро од вистински пријател. Неговото советување делува посилно од секој лек на страдалната душа и напатеното срце на пријателот. Неговите зборови се животен лек. Добриот пријател може да има благодатно дејство и на душата и на телото на пријателот. Добриот пријател прима на себе сè што му недостига на пријателот и го милува најмногу она што добро се прави, а оној кој греши, најмногу го исправува. Пријателот станува разум, чувство и око за пријателот. Пријателот е олицетворение на добродетелта. Никој кој мрази не е пријател. Григориј Богослов вели: „Верниот пријател е богатство со душа, затворена градина и запечатен бунар, што се отвора во вистински час и од кој се црпи, а пријатели ги нарекувам добрите и убави и оние со кои сме соединети според добродетелта.“

    За неискрениот пријател

    Неискрениот пријател е човек користољубив, немил, се преправа, себичен, лицемерен и носи само лик на пријателство за да го искористи тоа. Лаже кога вели дека е пријател и го сокрива лукавството преправајќи се дека е верен. Го повикува на помош пријателот, а самиот одбива да му помогне, наоѓајќи илјада изговори. Пријател е само во успесите на пријателот, а во неуспесите се одрекува од него. Се сеќава на него кога тој е во благосостојба и се распрашува за него кога е далеку, а кога е среќен му посакува среќа, кога е здрав – здравје, кога е славен – слава и богати дарови му праќа додека е богат и прави сè за да го покаже своето пријателство; а брзо го заборава ако се случи некаква несреќа, па и не прашува за него и не се сеќава на него ниту кога се соседи. Го избегнува и колне, му префрла за глупавоста во неуспехот, кога е болен го заборава и не му ни приоѓа кога е несреќен, се одвраќа од него ако е жалосен, кога е понижен го презира, кога е осиромашен се трга од него, кога е во оскудица – не му помага и кога умира – не го жали. Таков е неискрениот пријател.

    За лукавиот, лош и подмукол пријател

    Лукавиот пријател е некорисен и опасен човек. Тој во својата душа нема ништо здраво, во неа нема ништо свето и ништо честито, безверен е, превртлив, лукав и подмукол. Не знае за искреност, а на јазикот носи лукавство и лага. Мисли лукаво, а во срцето свое чувствува подлост. Неговите зборови се благи, а намерите превртливи. Со зборови покажува пријателство, а тајно прави сплетки против својот верен пријател. За пријателот раширува лоши приказни и светилката на лукавството ја пали со зло. Гледа во далечина и мисли на гадости, додека со устата мрмори погани нешта. Тој е извор за покор на својот пријател. Пред очите на пријателот устата му е слатка и со зборови ќе му искаже похвала, додека подоцна не ги промени приказните и своите зборови со цел многумина да соблазни.

    Пријателството на злиот човек е пострашно од непријателство, бидејќи од тоа можеш да се сочуваш, а од ова – не. Лукавиот пријател е ненаситен, ниту целиот пријател да го изеде, не би се наситил. Бесрамен е, бидејќи додека прави пакости и го поткопува домот на оној кој е сигурен во неговото пријателство, не му е срам на усните да го носи чесното име на пријателството и да се претставува како пријател пред оној кого страсно го мрази. Неблагоутробен е, бидејќи утробата на лукавиот пријател не се трогнува. Она што е ’рѓата за железото, тоа е за пријателот пријателството на оној што мрази, бидејќи тоа го јаде не мртвиот, туку живиот пријател.

    Извор: ВРЛИНЕ ОСЕЋАЈНОГ ДЕЛА ДУШЕ – Св. Нектарије Егински
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    За благодатта Божја
    Архимандрит Георгиј Капсанис (Григоријатски манастир)

    ❈✤❈

    Доживувањето на несоздадената светлина е едно од најголемите божествени искуства и токму поради тоа, не секој е достоен да ја види; тој дар не се дава секому, туку само на малкумина, на оние кои особено напредувале во духовниот живот. Секако, мора да се каже дека не секое гледање на светлина е гледање на несоздадената светлина; ѓаволот на луѓето им прикажува лажна светлина, демонска и психолошка, за да ги убеди дека токму тоа е несоздадената божествена светлина - благодатта Божја.
    Треба да се преиспитаат претпоставките, кои ќе нѐ уверат дека различните искуства кои ги имаме се автентични, а не лажни.
    Првата претпоставка е нашето покајание. Ако немаме покајание за нашите гревови и ако не сме се очистиле од страстите, не можеме да Го видиме Бога. Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога – рекол Господ во Својата беседа на гората.
    Погрешно е да бараме божествени искуства користејќи вештачки средства и методи, како што прават еретиците, индусите и јога учителите. Тие искуства не се од Бога, туку се изнудени со психолошки средства.
    Светите Отци рекле: дај крв, за да примиш дух. Поинаку кажано, ако не дадеш крв, преку поттикнување на срцето на покајание, молитва, пост, на духовен подвиг воопшто, не можеш да ја примиш благодатта Божја, која доаѓа преку Светиот Дух. Вистинските духовни искуства се даваат на оние, кои од смирение не се молат за нив. Напротив, таквите луѓе Го молат Бога да им даде покајание и спасение. Оние, пак, кои со гордост Го молат Бога да им даде искуства – се опрелестуваат. Поради нивната гордост, ѓаволот ќе ги искористи и ќе им даде лажни, дијаболични искуства. Токму поради ова, втората претпоставка за автентичното искуство на благодатта Божја е скрушеноста.
    Третата претпоставка, неопходна за примање на вистинското духовно искуство, е да се биде во Црквата, а не одвоен од неа. Зашто, ако сме одвоени од Црквата - ѓаволот ќе нѐ поведе на погрешен пат. Ако овцата е одвоена од стадото, волкот ќе ја изеде. Безбедноста е внатре во стадото. Христијанинот е безбеден во Црквата. Ако е одвоен од неа, тој е подложен на самоизмама, слушајќи ги така лагите од луѓето и од демоните. Постојат примери за такви луѓе, кои биле непослушни на Црквата и на нивниот духовен отец, па затоа паднале во најтешка прелест. Биле убедени дека Го гледаат Бога и дека Он ги посетува, додека реално, нивните искуства биле демонски и погибелни.
    Луѓето имаат лажни искуства, тогаш кога се убедени дека истите можат да ги постигнат со сопствени сили; најчесто тоа се еретици, групи или религиозни собири, кои дејствуваат надвор од Црквата Божја. Тие се собираат, некој нов „пророк“ станува нивни водач и ги убедува дека тие имаат Божји посети. Во една прилика, ми се случи да присуствувам на еден состанок на пентакосталците во Америка. Нивната „црква“ личеше на школска училница. Најпрвин, почна да свири некоја музика на органа со нежни и бавни тонови. Како што се развиваше музиката, така таа стануваше поинтензивна, погласна и заглушувачка, предизвикувајќи со тоа егзалтација. Кога музиката заврши, свештеникот почна да зборува – најнапред благо, па погласно, за на крај да почне да вика, создавајќи исто така состојба на екстатичност. А потоа луѓето станаа хистерични, викаа, се движеа и ракоплескаа, испуштајќи неартикулирани гласови.
    Тогаш почувствував дека Духот Божји, Кој е Дух на мирот, а не на конфузија и егзалтација, не беше присутен меѓу нив. Јас навистина жалев за децата кои беа таму заедно со родителите и кои минуваа низ последиците од оваа колективна невроза.
    Како што претходно кажавме, ѓаволот ги користи ваквите луѓе и им претставува различни, навидум небесни знаци,така што тие луѓе, без да знаат, стануваат негови жртви. Уште повеќе, тој им дава и по некоја пророчка способност. Токму поради тоа што демонот може да се претстави и како светлосен ангел, треба да бидеме особено внимателни. Св. апостол Јован Богослов вели: Возљубени, не верувајте му на секој дух. Не се сите духови од Бога и нема секој дар да ги разликува духовите. Само духовните отци на Црквата Божја можат да ги разликуваат духовите.
    Нашата Црква е Црква на Педесетницата, а тоа е така бидејќи е Црква на
    Христа Воплотениот, Црква на Крстот Негов, Црква на Воскресението и на Педесетницата. Црквата е таа, којашто го прифаќа целиот Христов Домострој на спасението, а оној, кој изостава макар само еден дел, тој лажно Го интерпретира Бога. Може ли да има воскресение без крст? Може ли човек да Го види Бога, без да се распне себеси низ пост, молитва, покајание, понизност и исполнување на Божјите заповеди? Крстот, во животот Христов и во животот на христијанинот е нешто првенствено. Воскресението и Педесетницата се следните доживувања. Има такви, кои Го сакаат Воскресението, но без да се распнат себеси низ покајание, духовна борба и послушност кон Црквата. Поради тоа, тие се лишуваат и од Педесетницата.
    На секоја Литургија се случува Педесетницата. Како инаку лебот и виното стануваат Тело и Крв Христова? Зар тоа не се случува со слегувањето на Светиот Дух? Погледни ја Педесетницата! Секој свет олтар на Православната Црква е горната соба на Педесетницата. Неа ја имаме и во крштението, зашто со благодатта на Светиот Дух, човекот станува христијанин и се присоединува кон Телото Христово. Секое ракополагање на ѓакон или свештеник, а особено на епископ, е исто така нова Педесетница.
    И секоја исповед е Педесетница. Кога христијанинот, со понизност стои покрај духовникот и во покајание ги исповеда своите гревови, благодатта која на него слегува е од Светиот Дух. Секој собир и секоја Света Тајна во Црквата е исто така непрестајна Педесетница, зашто сето тоа се одвива во присуство на Светиот Дух. Токму поради тоа, речиси сите дела, молитви и таинства во Црквата почнуваат со призивот на Светиот Дух - Цару Небесни, Утешителу, Духу на вистината...дојди и всели се во нас...Го молиме Параклитот, Утешителот, Светиот Дух да дојде и Он доаѓа. Светиот Дух слегува таму, каде што Православната Црква, вистинската Црква Божја е собрана.
    Секој светија на нашата Црква, роден од Духот Свет е личност на Педесетницата. И во молитвата Оче наш ние велиме да дојде Царството Твое, а тоа значи да дојде благодатта, да ја примиме благодатта на Светиот Дух.
    Сето ова значи дека нашата Православна Црква непрестајно ја живее Педесетницата. Ние, браќа, го имаме благословот постојано да ја примаме благодатта Божја. Ја имаме можноста да станеме блиски со Бога, да се соединиме со Него, преку примањето на благодатта Негова. Нашата Црква е испитан и сигурен пат кон спасение. Тоа е Црква на пророците, на апостолите, отците, мачениците, светителите и на современите светии. Тоа е Црква, која две илјади години неискривено ја сочувала проповедтта на Светото Евангелие, иако таа била прогонувана од страшните еретици. Колку само непријатели ја гонеле низ вековите. Не само еретиците, туку и императорите со сите средства се обидувале да ја срушат. Но тоа не се случило. Илјадници маченици дарувала Црквата, а сепак, таа не била поразена – напротив, колку повеќе ја прогонувале, толку повеќе јакнела и се прославувала.
    Поради тоа, благодатта на Светиот Дух е во Црквата. Тоа е посведочено од многу светии, чии тела се нетлени, мироточиви, благоухани и чудотворни. И современите старци сведочат за присуството на благодатта на Светиот Дух. Каде на друго место се случува ова? Во која ерес и во која „црква“, луѓето се положуваат во гроб и при откопувањето нивните тела се покажуваат како нераспадливи и благоухани? Можеби сте чуле дека и моштите на Света Гора се благоухани. Тоа е затоа што моштите се од свети монаси. И сето ова се случува, бидејќи Светиот Дух е тука.
    Ова е нашата вера, вистинска, православна! Зошто да се одрекуваме од оваа вера и да бидеме следбеници на некои „нови спасители“, кои нè уверуваат дека се основачи на Црквата? Обидете се да забележите и да размислите за ароганцијата која тие ја поседуваат! Ние, кои имаме ваква богата и благословена традиција, имаме голема одговорност пред Бога. Низ ересите, ѓаволот се обидува да ја порази Црквата, но на крајот - тој е поразен. Тој смета дека ќе му направи зло на христијанскиот род, борејќи се против него, но Бог нема да го заборави Својот народ, зашто Он се грижи за неговото добро.
    Гледате ли колку е возвишена смислата на човековиот живот? Човекот не е создаден за да стане подобар, поморален, поправеден, поблагороден, туку да стане бог по благодат. Ако човекот се соединува со Бога, Кој е Бог по природа, тој исто така станува бог по благодат, поради милоста Божја и заради благодатта Негова.
    Поради ова, браќа, да останеме до крај постојани и цврсти во нашата православна вера и да имаме света цел. Така, ќе ја примиме благодатта Божја и благословот на Пресветата Богомајка – надежта на нашето спасение

    Извор: bigorski.org.mk/index.php
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, friendy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Св. Јован Лествичник

    За љубовта, надежта и верата


    Верата е зракот, надежта - светлината, а љубовта е сончевиот круг. И сите тие сочинуваат еден блесок и еден сјај.
    Верата може да направи сè, сè да создаде. Надежта, ја повикува Божјата милост и ја прави непосрамена. А љубовта никогаш не слабее, не заостанува и не му дава мир на оној, кој е занесен од нејзиниот блажен восхит.
    Оној што сака да зборува за љубовта Божја, се осмелува да говори за Бога. А, да се зборува за Бога е ризично и опасно за луѓето кои не внимаваат многу. Вистината за љубовта им е позната на ангелите, но и ним – преку озарението. Бог е љубов (1. Јован, 4, 16), а оној што сака со зборови да објасни што е Он, го прави истото што и слепецот кој седи на брегот на океанот и сака да измери колку песок има на неговото дно.
    По својот квалитет, љубовта е уподобување на Бога, во мера која им е достапна на смртниците. По своето дејство, пак, таа е извор на верата, бездна на долготрпението, море на смирението.
    Љубовта , во вистинска смисла на зборот, е напуштање на секакви непријатни мисли во поглед на другиот човек. Зашто, љубовта не мисли зло (1. Кор. 13, 5).
    Љубовта, бестрастноста и боговосиновувањето се разликуваат меѓу себе само по името. Светлината, огнот и пламенот се постигнуваат со едно дејство. Така треба да се замислуваат и тие три доблести.
    Во согласност со копнежот за љубовта, во нас се јавува и стравот. Зашто, човекот во кого нема страв – или е полн со љубов, или душевно е веќе мртов.
    Не е нималку неприлично да се споредува копнежот со стравот, ревноста и предаденоста, служењето и љубовта кон Бога, со она што обично може да се види кај луѓето. Блажен е значи, човекот кој Го сака Бога онака, како што занесениот љубовник ја сака својата љубена. Блажен е човекот кој се плаши од Бога онака, како што осудениците се плашат од судијата. Блажен е човекот кој станал усрден во вистинската предаденост на Бога онака, како што благоразумните слуги се усрдни кон својот господар. Блажен е човекот кој во извршувањето на добродетелите станал ревносен така, како што се ревносни мажите кои, заради своите сопруги, се лишуваат себеси од сон. Блажен е човекот кој во молитва стои пред Господа, онака како што служителите стојат пред царот. Блажен е оној, кој се подвизува во непрестајно угодување на Бога, исто како што некои се трудат да им угодуваат на луѓето.
    Мајката не е така приврзана за своето доенче, како што синот на љубовта постојано е приврзан за Бога.
    Кога срцето на човекот е весело, тогаш и лицето негово сјае. Кога целиот човек е опфатен од љубовта Божја, тогаш и надворешно, на неговото тело, како во некое огледало, се забележува сјајот на неговата душа. Така се прослави и боговидецот Мојсеј. Оние кои го достигнаа тој рамноангелски степен, често забораваат на телесната храна. Јас мислам дека тие дури и не чувствуваат потреба за неа. Не е ни чудо: дури и луѓето кои ги измачува телесната желба често одбиваат да јадат. Сметам дека телото на овие бесмртници веќе не е ни подложно на болести (спротивно на сите природни закони). Зашто, нивното тело е очистено, и на извесен начин (преку дејство на пламенот на чистотата, кој во нив го пресекол пламенот на страстите) станало нетрулежно. Мислам дека, дури и она што го јадат, го јадат без наслада. Зашто, како што подземната вода ги напојува корените на билките, така и небесниот оган ги храни душите на овие свети луѓе.
    Согласно со растењето на стравот Божји, во човекот се јавува и љубовта. Врвот на чистотата е основниот услов за познавањето на Бога. Самиот Бог, на таинствен начин го воведува во Својата вистина оној кој своите чувства совршено ги соединил со Него. Зашто, сè додека не дојде до соединување на сите наши чувства со Бога, тешко дека ќе можеме да зборуваме за Него. Соединувајќи се со човекот, Единосушното Слово ја усоврши чистотата и со Своето доаѓање ја умртви смртта. А, тогаш кога смртта е умртвена, ученикот на вистинската теологија бива озарен од Бога. Зборот Божји, зборот кој од Бога доаѓа, Неговиот чист збор, пребива во веки. Оној што не Го познал Бога, за Него зборува со нагаѓање. Чистотата, пак, го прави својот ученик теолог, кој самиот од себе ги објавува догматите за Пресвета Троица.
    Оној што Го сака Господа, најнапред го засакал својот брат. Второто е доказ за првото. Оној што го сака ближниот, никогаш не ги поднесува луѓето кои се занимаваат со оговарање. Уште повеќе, бега од нив како од оган. Кој вели дека Го сака Бога, а на својот брат се лути, наликува на човек кој сонува дека трча.
    Моќта на љубовта е во надежта. Преку надежта очекуваме награда за љубовта. Надежта е збогатување со невидливи богатства; надежта е сигурна ризница пред ризниците. Таа е одмор од маките, таа е капија на љубовта, таа го убива очајанието, слика е на идните добра. Недостатокот на надеж претставува исчезнување на љубовта. Со неа се врзани нашите маки, на неа се градат нашите подвизи, неа ја опкружува милоста Божја. Монахот кој е исполнет со неа, ја употребува како нож со кој го сече унинието. Надежта раѓа искуство во даровите Господови. Зашто, оној кој не ги почувствувал даровите Божји, не може да не се сомнева. Надежта го победува гневот: таа не посрамува (Рим. 5, 5). А лутиот човек е непристоен.
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    За соништата


    Архимандритот Пантелејмон, од манастирот „Свето Преображение“ – Бостон, го раскажува следново за старецот Јероним:

    Еднаш, кога бев млад монах и се подвизував сам на околу 40 милји надвор од Бостон, ме посети еден студент на теологија. Човекот беше од Грција, но студираше во Америка. Ми кажа извонредни работи од неговиот живот, кога бил помлад – виденија, чуда, искуства итн. Не знаев што да кажам. Или би требало да е светител (да има достигнато голема духовна зрелост) или е опрелестен. Додека бев монах на Света Гора, научив дека сите соништа и виденија се измама, и да не им придавам значење и да не им верувам на таквите појави. Но што требаше да му кажам на тој човек – дека сè е од ѓаволот? Имаше отидено кај свештеници, епископи, учители и сите го исмеваа. Повеќе со никого не зборуваше за тоа. Слушнал дека постои некој монах од Света Гора, и со голем труд и трошоци дојде да ме види. Човекот изгледаше дека е побожен и урамнотежен. Од она што ми го кажа немаше очигледен знак дека се работи за прелест, но ѓаволот има многу тактики. Да му речам дека е од Бога? Од каде да бидам сигурен? Да му кажам, пак, дека е од ѓаволот? И за тоа не можев со сигурност да тврдам. Затоа му реков:

    - Слушај, брате. Јас сум млад монах и немам искуство со тие работи. Ниту сум видел некогаш сон, ниту видение. Ниту пак сакам да видам нешто такво, зашто ѓаволот честопати се преправа во ангел на светлината за да ги прелаже луѓето. Тебе ти треба искусен духовник за да ти помогне.

    - Да не познаваш некој таков? - Ме праша.

    - Овде во Америка, не. Во Грција запознав еден свет старец, со дарови на Пресветиот Дух, видовитост, прозорливост, пророштво.

    - Како се вика? Каде живее?

    - Се вика старец Јероним и живее во Егина.

    Тоа се случи во пролетта, 1961 година. Во летото тој отиде во Грција и го најде старецот во неговиот аскитирион. Му го раскажа сето она што ми го кажа и мене. Старецот тивко го слушаше без да проговори. Откако заврши студентот, тогаш старецот отвори уста и му рече:

    - Те жалам. Толку си слаб во верата, што Бог, за да не се удавиш, ти подаде рака. Блажени се оние кои не видоа, а поверуваа. Да, многу си слаб, па затоа е сето ова. Да се молиш и да внимаваш.

    Кога подоцна го чув сето ова, зашто и самиот студент дојде и ми раскажа, а една година потоа го видов старецот пак, и самиот тој ми го раскажа случајот, се воодушевив од расудувањето и методот на старецот. Со еден збор го запази студентот од гордост.
     
    На Таа Сум, Mama25, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Овој свет не можа нити да се спаси ниту да се подобри со мудрост која е од истиот овој свет.
    Овој свет може да се промени само со сила од небото.
    Ти како христијанин ја имаш таа сила.
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, Ella.313 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Канонизиран старец Паисиј Светогорец

    Според информативната агенција Ромфеа, која го пренесува последното официјално соопштение на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, старец Паисиј Светогорец е впишан во Диптихот на светите.
    - Денес, вторник, 13 јануари 2015 година, под претседателство на Сесветиот Патријарх, Свештениот и Свет Синод се собра на редовно заседание. Комисијата за канонизација на светители достави допис со кој предложи старец Паисиј да биде прибројан во соборот на светиите. После подробно запознавање со претставените факти, Синодот едногласно ја изгласа одлуката за прибројување на монахот Паисиј Светогорец во соборот на светиите. Денот на празнување на неговиот спомен е 12 јули.

    По неговите свети и преподобни молитви, Господ Бог да нè помилува и спаси.

    Направете си го животот поедноставен

    Ако луѓето се оддалечуваат од природниот, едноставен начин на живот, стремејќи се кон удобностите, така ја зголемуваат напнатоста и не наоѓаат мир. „Пријатниот живот“, поминат во духот на овој свет и неговата среќа, раѓа светска напнатост. Надворешното образование, кое ја растројува човечката душа, секојдневно води стотици луѓе на психоанализа кај психијатар. (Душевните болници се во пораст, психијатрите завршуваат разни специјализации, но повеќето од нив не веруваат во Бога, ниту го прифаќаат постоењето на душата. Како тогаш ќе можат таквите луѓе да му помогнат некому, кога и самите тие се преполни со напнатост?)
    Кога човекот ќе ја сфати подлабоко смислата на животот, напнатоста отстапува. Кога ќе видиме човек, кој и покрај тоа што има сѐ, напнат, загрижен и тажен, знаеме дека му недостига Бог. На крајот на краиштата, богатството само по себе ги мачи луѓето, бидејќи материјалните работи не ја исполнуваат душата – тоа е двојна мака. Сласта која со себе ја носи едноставноста, луѓето сѐ уште не ја вкусиле.
    Едноставноста одмора!
    Наместо да ги поедноставувате работите, за да не губите време, вие вложувате во „многувременото“, сакате сѐ да биде совршено и се измачувате со тоа. Би требало да барате совршенство во духовните работи. Не ги трошете своите сили на надворешната убавина. Разубавете ја својата душа!
    Убавите и привлечни работи не ги успокојуваат луѓето, затоа што сето тоа еден ден ќе се претвори во прав. Душата вреди повеќе од целиот свет.
    Христос ќе нѐ праша како духовно сме му помогнале на светот и какво духовно дело сме направиле, а не какви ѕидови сме изѕидале. Нив нема ни да ги спомне. Не велам дека не треба да се гради, но тоа треба да се прави како што треба, зашто прво треба да биде духовното дело, а по него сѐ останато.
    Луѓето кои се светски настроени, велат: „Блазе на оние што живеат во палати и имаат удобност“. Но вистински се блажени оние што успеале да го поедностават животот, да се ослободат од стапицата на светскиот напредок и така да се спасат од ужасната напнатост на нашето време. Ако човекот не го направи животот едноставен, многу ќе се мачи.
    Сега на сите ви нагласувам, и на монасите и на мирјаните, едноставноста е многу важна. Многу од тоа што го прават луѓето не е неопходно, затоа и ги јаде напнатоста. И повеќето разводи потекнуваат од премногуте обврски, од кои може да те заболи глава. Двајцата работат, и таткото и мајката. Децата остануваат сами во домот. Заморот, нервозата, мали проблеми, големи расправии, и автоматски настапува разводот.
    На денешниот човек потполно му е туѓа радоста на монашкиот живот. Не размислува дека треба од нешто да се одрече, дека треба малку да се помачи. Мисли само за тоа како другиот е успешен и направил две висококатници, третиот научил пет јазици, а тој ништо. Ќе купи подобар автомобил, но повторно ќе биде незадоволен, затоа што некој друг ќе има уште подобар. На таквата мака ѝ нема крај!
    Неблагодарноста и алчноста се големи зла! Човекот е обземен со материјалните работи и секогаш е обземен со грижи и напнатост...
    Подлабоко размислувајте за смислата на животот. „Најнапред барајте го небесното Царство.“ Оттаму потекнува едноставноста и правилното поставување на сѐ.



    За зависта – Старец Нектариј Виталис
    јул12 by Маран Ата

    Човекот, драги мои браќа, почнува да старее не тогаш кога ќе му побелее косата, туку тогаш кога ќе му поцрни срцето! Не смееме да го тргнеме од ум тоа дека не постојат само телесни болести. И душата може да боли и да се разболи. Една од душевните, и тоа една од најсериозните болести, е зависта. Колку ли само несреќа, колку ли трагедии меѓу луѓето предизвикала зависта!…

    Телесната болест можеме да ја откриеме врз основа на видливите симптоми. А според симптомите, кои ја издаваат зависта, лесно го препознаваме човекот, кој живее под нејзината власт. На крај, големо проклетство, големо безумие и голем злочин е да се завидува на другите луѓе. А што, всушност, е зависта? Кога некој се жалости и се јаде заради среќата на другиот, заради неговите доблести и напредувања. Истовремено се труди на секој начин и со кое било средство сето тоа да го расипе, да го уништи. Гледате, на пример, кога некој пожолтува, се онерасположува, се буни и трепери кога ќе види или чуе нешто за напредокот, добродетелите или убавината на друг човек, тој сосема сигурно во душата ја има зависта. Не сака другите да бидат среќни. Не може да ги гледа како напредуваат, како се возвишуваат и стануваат подобри од него и затоа со сите средства и на секој начин се обидува да му ја затруе радоста, да му го намали успехот. Кога би било можно завидливиот човек да ја има молњата на располагање и кога би можел да ја фрли – само тоа, се разбира, никој да не го забележи – на куќата, на делата на луѓето на кои им завидува, и сето тоа да го сруши и уништи… Тоа сигурно со голема злоба би го направил! Но, кога веќе тоа не е возможно, завидливиот пронаоѓа и користи едно друго оружје – клеветата, која е чедо на зависта. Човекот, на кој му завидува, може да покаже некоја, па и најмала, несовршеност во карактерот. Завидливиот ги занемарува сите други доблести и својот поглед го насочува само кон тоа слабо место. Го зголемува, го развива и тогаш им го сервира на другите… Па дури и неговата жртва да не покажува ниту најмала видлива маана или слабост, завидливиот ја создава од ни од што. Неговата болна фантазија го измислува или го создава она што не постои.

    Го прашале еднаш еден мудрец кои очи гледаат подобро: сините, црните или смеѓите. Тој одговорил: завидливите! Очите на завидливиот човек го гледаат и она што е најситно. Го гледаат дури и она што… не постои. Само едно не гледаат: доброто! Ма го гледаат и тоа, но погрешно, затоа што не можат да ја поднесат неговата блескавост… Завидливите клеветници се како муви, кои не се грижат за целото здраво човечко тело, туку доаѓаат и застануваат на раната. Оној кој завидува на доблестите и вредноста на другиот и се труди да ја уништи, со тоа покажува дека не ја сака добродетелноста. Напротив, ја мрази, не може во себеси да поседува складност, префинети чувства, душевна убавина.

    Како секоја страст, така и зависта го замаглува и помрачува човечкиот разум до таа мера, што е во состојба да ги изврши и најголемите злодела. Онаа сатанска енергичност што ја покажува завидливиот човек, само за да ја уништи добродетелноста, убавината, возвишеноста, остава силен впечаток и предизвикува страв. Не пропушта ниту една прилика да го понижи, да го разжалости и да го повреди понекогаш зад грб, а понекогаш во лице, човекот против кого што се свртува неговата завист. Ќе се труди да оцрни и со клевети, со лицемерие и злоба да ги изврти и најпростодушните постапки на човекот кому завидува. Клеветата и лицемерието се драгоцено оружје на завидливиот. До каде, навистина, може да отиде завидливиот? До какви изобличувања и до какви злосторнички заблуди?… Праведниот да го обележи како неправеден. Невиниот како виновен. Спасителот како измамник! Јунакот како предавник! Добродетелниот како убиец! Речено е дека зависта е најправедна, но и најнеправедна страст. Навистина е најнеправедна, затоа што ги ранува невините и простодушни срца. Но, и најправедна е, затоа што дење и ноќе како црв ја јаде утробата на завидливиот.

    Браќа мои, ајде да си ги покоруваме себеси своите најубави чувства. Ако ги оставиме незауздени, ќе нè одведат во страст и во најдобар случај, едноставно ќе згасне насмевката од нашите усни, а другите ќе ги направиме несреќни. Никогаш не треба да отвориме уста, за да кажеме нешто лошо за својот ближен. И никогаш не смееме да слушаме нешто лошо за својот ближен ниту било што лошо да гледаме во својот ближен! Ако на својот животен пат сретнеме некој величествен, вистинска слава, јунаштво, среќа, талент, добродетел, да не допуштиме во нас да се роди црвот на зависта, да ни ја сотре душата, да ја изгубиме радоста и да смислуваме што да направиме сето тоа да исчезне.

    Илјада пати е подобро душата да ни ја исполни восхитување и ликувањето да ú даде крилја на нашата душа. И тогаш спонтано ќе прошепнеме два слатки збора за создателите, чинителите на добро. Колку ќе им значи таа наша изјава и колку тоа служи за заедничкото добро! А потоа, тоа исто восхитување и тоа исто ликување ќе нè вдахнови, ќе нè побуди и ќе пробуди во нас копнеж и сила да дејствуваме и да се воздигнеме високо!

    Извор: О зависти – Старац Нектарије Виталис



    Модератор: Ве молиме, не испраќајте две мислења едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
     
    Последна измена од модератор: 14 јануари 2015
    На Таа Сум, Mama25, Makide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Нека е здрава и жива мојата пријателка Весна, која ги постира овие поуки, за да јас ги превзмам и поставам овде.

    Како да се спуштиме до спасоносното смирение, напуштајќи ја надуената гордост?

    Ние во тоа треба да се подвизуваме со сите сили, притоа ништо не запоставувајќи со изговор дека нема да имаме штета (ако не се трудиме). Душата е подобна на она кон што копнее, добивајќи го изгледот и обликот на она што го прави. И твојот надворешен изглед, и облеката, и одот, и седењето, храната, постелата, домот, и работите во него нека бидат благопристојни. И зборовите, и песните, и односите со ближните нека ти бидат во голема мера насочени кон смирението, а не кон виското мислење за себе. Во твоите зборови нека нема софистика (надмудрување), ниту неумерена милозвучност во твоето пеење, ни горди и надуени зборови во твојот говор, туку во сѐ отсекувај го фалењето. Биди добар кон пријателот, мек кон помошникот, незлоблив кон дрскиот, човекољубив кон сиромашните. Утеши ги напатените, посети ги натажените, никого не презирај. Љубезно поздравувај, одгроварај со светло лице, кон секого биди благонаклонет. Немој самиот да се фалиш, немој другите да ги поттикнуваш да зборуваат за тебе, не прифаќај недоличен разговор. Колку што можеш криј го предимството. Самиот обвинувај се за гревовите и немој да чекаш другите да те разобличуваат, за да станеш сличен на праведникот кој, прв, самиот се осудува, и да бидеш сличен на Јов кој не се срамел пред другите во градот, зборувајќи за својот пад. Немој да бидеш суров во укорувањето на другите и не разобличувај брзо и пристрасно. Немој да ги осудуваш неважните грешки како најстрог праведник. Оние што паднале, прифати ги и духовно исправувај ги, според советот на апостолот, кој вели: „Внимавајќи на себе, да не бидеш и ти искушуван“. Труди се да не бидеш славен од луѓето, како што се трудат другите да бидат прославени, сеќавајќи се на Христос Кој вели дека оние што самоволно се покажуваат пред луѓето и прават добрини со намера да ги видат луѓето ја губат наградата од Бога. Затоа што, вели: „Веќе ја примија својата награда“. Според тоа, немој да си нанесуваш штета сакајќи да те видат луѓето. Бог сѐ гледа: барај ја славата пред Него, Кој дава блескави награди. Меѓутоа, можеби ти си устроен со првенство и опкружен си со многу луѓе кои те прославуваат? Сепак, биди рамен на потчинетите, како што е речено: „Не како да располагате (господарите) со Божјото наследство“. Немој да бидеш како световните старешини, бидејќи на оној што сака да биде прв, Господ му нареди да им биде слуга на сите. Кратко речено, стреми се кон смирението, како да си заљубен во него. Сакај го и ќе те прослави. На тој начин, прекрасно ќе чекориш кон вистинската слава, кон славата пред ангелите и пред Бога. Христос пред ангелите ќе те признае за Свој ученик. Тој ќе те прослави доколку твоето смирение стане слично на Неговото, бидејќи вели: „Научете се од Мене, зашто сум кроток и со смирено срце, и ќе најдете мир во своите души“. Нему, вечна слава. Амин.

    Свети Василиј Велики
     
    Последна измена: 15 јануари 2015
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, Makide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Старец Порфириј

    Не смееме да се плашиме од антихристот и трите шестки

    Ова што ќе го раскажам се случуваше за време на катастрофата во Чернобил. Луѓето беа вознемирени и секој ден десетици од нив го посетуваа старец Порфириј близу Атина, прашувајќи го што ќе се случи, и дали Антихристот ќе дојде за да нè жигоса со трите шестки.

    И тогаш старецот ме праша:
    „Отец Атанасиј, чедо, сега веќе сум слеп, моите очи не работаат затоа што имам рак на хипофизата, но сепак имам духовни очи и гледам. Пред да заминеш, сакам да ми кажеш што вели старец Емилијан за бројот 666 и за антихристот?“
    Му одговорив: „Кога пред неколку дена се собравме заедно, тој нè посоветува да не се грижиме. Наместо тоа, ни рече да се бориме за да оствариме жив однос со Христа, и да не му посветуваме особено внимание на антихристот, за да не се случи тој да стане центар на нашиот живот, наместо Христа“.
    Во истиот момент старецот удре со раката на креветот и рече: „Што велиш, чедо, што велиш?! Слава Му на Бога, најдов духовник што се согласува со мене! Чедо, што сторија овие духовници? Ги возмутија душите на верните, им создадоа психички проблеми на мноштво луѓе и семејства. Луѓето не можат да спијат, земаат лекарства и апчиња за заспивање, зашто не можат да заспијат. Но, што е ова? Христос не ги сака овие работи, чедо. Може да ти кажам нешто?“
    „Кажи, старче“, му реков.
    А старецот рече: „За нас, христијаните, откако ќе оствариме опит со Христа, антихристот не постои. Кажи ми, на овој кревет тука, седам јас; можеш ли и ти да седнеш на него?“
    Му одговорив: „Не, старче.“
    Ме праша зошто, на што му реков дека доколку и јас седнам, ќе го скршам.
    Потоа повторно ме праша: „Зарем никогаш нема да можеш да седнеш на креветов?“
    Јас му реков: „Кога ти ќе станеш, јас ќе можам да седнам“.
    И тогаш ми објасни: „Токму така, дете. Истото се случува и со нашите души. Кога Го имаме Христа во нас, зар може да дојде антихристот? Може ли нешто спротивно на Христа да влезе во нашите души? Затоа што Го немаме Христа во нас, дете, поради тоа се плашиме од антихристот. Кога Христос е во нас, сè околу нас станува Рај. Христос е сè, чедо, и не треба да се плашиме од противникот; ова кажувај им го на сите.
    И, да ти кажам уште нешто. Ако истиот тој антихрист дојде сега со некаков ласерски апарат и присилно ме жигоса со трите шестки, нема да се вознемирам. Ќе ме прашаш ‘Зарем не е тоа жигот на ѕверот?’. Да, тој е, но дури и илјада пати неизбришливо да ме жигоса, jaс нема да се вознемирам. Зошто? Затоа што, чедо, кога првите маченици биле фрлани на дивите ѕверови, тие само се прекрстувале, и ѕверовите станувале како јагниња. Ги фрлале го морињата, тие се прекрстувале, и морињата се сушеле, а тие оделе како по суво. Ги фрлале и во оган, а тие се прекрстувале, и огнот се гаснел. Благословено мое чедо, што станавме ние? Веруваме ли во Христа? Во силата на Крстот? Зошто дојде Христос? Зарем не дојде за да нè поткрепи во нашите слабости?
    Ова кажи му го на старец Емилијан, и на сите луѓе – да не се плашат од антихристот.
    Ние сме деца Христови, ние сме чеда на Црквата“.
    Ова остави голем впечаток врз мене.
    Потоа додаде: „Може ли да ти кажам уште нешто?“
    Му реков: „Те молам, старче“.
    „Патријархот Димитриј, како дојде во Атина?“ – Со авион, – реков. „Така, знам дека дојде со авион. Зар мислеше дека доплива дотука? Со чии документи дојде?“
    „Со пасош, старче“, реков. – Грчки или турски? – Не знам – реков. – Ете, се правиш мудар. Дојде со турски пасош. А каков е грбот на Турција, знаеш? Реков: „Не знам, старче“. – Е сега претера, не го знаел грбот на Турција?! Ќе ти кажам – тоа е полумесечина. А знаеш ли што велеле Светите Отци за полумесечината по појавата на Мухамед? – Не, старче – му одговорив.
    Во шега ми рече: „Е па тогаш треба да си ја земеш дипломата и да си ја искинеш. Каков богослов си ти? Полумесечината е символ на антихристот. Доколку е така, и ако пасошот на патријархот го има символот на антихристот (и кој знае уште колку многу полумесечини во печатите што ги удираат при секој влез и излез), дали ова значи дека нашиот патријарх е антихристот? Не, чедо, не! Не ја упростувајте евангелската порака дотолку!
    Христос не е буквалист, како нас, луѓето кои се обидуваме да ги одбраниме нашите мислења. Оди, и ова кажи му го на старец Емилијан, и на луѓето:
    Не смееме да се плашиме од антихристот и трите шестки.“

    Извор: Ανθολόγιο Συμβουλών Γέροντος Πορφυρίου, 2003.
    Извор: http://agapi.mk/ne-smeeme-da-se-plasime-od-antihristot/
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, Ella.313 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Плачот по Бог е радост во Светиот Дух

    За да пребиваме во благодатта, потребно е да ги исполнуваме Христовите заповеди, затоа што Христос, како што вели преп. Максим Исповедник, „се крие во Своите заповеди“; таму и ние можеме да Го најдеме. Ние можеме да зедничариме со Него преку Неговите заповеди. Ако христијаните постојано и цврсто внимаваат на заповедите тогаш започнуваат да се отстрануваат гревовниот талог и гревовните навики, и гревовноста во нивната душа се заменува со желба за Бог. Желбата за Бог, пак, е дар на Божјата благодат и се појавува благодарение на исполнувањето на заповедите и непрестајната молитва. Како што велат светите Отци: „Умот, кој ја вкусил благодатта на Светиот Дух не може да се смири, дури ни за секунда, ако не зедничари со Бог“.

    Кога човекот ќе се навикне на постојната комуникација со Бог, тогаш неговиот ум почнува да се просветлува и тој ја гледа целата големина на својот грев, целата големина на својот пад, многу поразлично од порано. Умот се просветлува и ја гледа сета длабочина на својата гревовност, но тој не очајува, не се разочарува, не губи смелост, туку гревовите, кои просветлениот ум ги гледа, стануваат храна за неговото покајание. Тогаш човекот започнува вистински да се кае.

    Првите зборови на Христос, кога Тој за првпат излегол да проповеда, биле: „Покајте се!“ Во грчкиот јазик тој глагол многу прецизно ни укажува на смислата на оваа Христова заповед: „кајте се постојано“. Но иако покајанието придонесува за плач на срцето, сепак тоа не е некакво меланхолично расположение, туку радосно.

    Тој „плач по Бог“ светите Отци го нарекле радосен, затоа што истиот дава радост, ликување, човекот чувствува вистинска радост, но тоа не е некаква психолошка состојба, туку плод од Светиот Дух. Тука се и солзите, а како што вели преп. Исаак Сирин: „Солзите се знак за Божјата милост“.

    Ако човекот продолжи со овие духовни активности: исполнувањето на заповедите, покајанието, потоа плачот, солзите, тоа е можност да ги избегне гревовите.

    Ние знаеме дека гревовите започнуваат од помислите, кои потоа преминуваат во зборови и дела. Ако човекот постојано се подвизува во делото на покајанието, прво ќе има можност да ги избегне гревовите со дело, па ќе продолжи да се бори со гревовите извршувани преку збор, и на крајот ќе ја започне борбата со помислите. Така умот ќе почне да Му се приближува на Бог, преку тој созерцателен живот.

    Тогаш умот ја вкусува Божјата благодат, тој го гледа не само својот гревовен живот, туку и Божјата, Татковската и Мајчинската интервенција на Божјата промисла. И тогаш тој веќе преминува на следната фаза: излегува од првиот стадиум на верата, оној после Светото Крштение, и преминува на следната лествица – на созерцателната вера. Затоа што просветлениот и облагодатен ум го гледа својот живот во Божјата промисла и благодарение на тоа тој станува вистински (цврст) верник.

    Како што знаеме, Христос посветил големо внимание на верата, која е клуч кон тајната на благодатта. Како што читаме во Светото Евангелие, Христос при секое чудо ја фалел верата кај народот, на пример: „О жено! Голема е твојата вера“, или на друго место: „... не сум видел толку голема вера“.

    Ве уверувам дека ако продолжиме вака ќе го вкусиме она за кое заборувал Христос, затоа што Христовата Црква не е Црква на никаква идеологија, не е Црква на философијата, туку Црква на духовниот опит. Кога човекот живее со Божјата благодат, тој целосно се посветува на Бог, односно според зборовите на Христос, тој најпрво го бара Божјото Царство и Неговата правда, а сѐ останато му се придодава.

    Архимандрит Ефрем Ватопедски
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Господ вака му се обраќа на човекот

    Сине, дали некогаш си размислувал дека сѐ што допира до тебе, истовремено допира и до Мене, бидејќи сѐ што се однесува на тебе, се однесува на зеницата од Моето око. Ти си скапоцен во Моите очи, бесценет, и Јас те засакав, па затоа Мене Ми е особено задоволство да те воспитувам.

    Кога искушенијата ќе се појават и непријателот ќе надојде како река, знај дека тоа доаѓа од Мене, дека твојата немоќ чувствува потреба од Мојата сила, и дека си сигурен само тогаш кога Јас се борам за тебе. Ако се наоѓаш во тешки ситуации, меѓу луѓе кои не те разбираат, кои не водат сметка за тоа дали ти е пријатно, кои те отфрлаат, тоа доаѓа од Мене.

    Јас сум Богот Кој управува со околностите. Ти неслучајно си се нашол на своето место. Тоа е токму она место кое Јас ти го одредив. Ме молеше да те научам на смиреност, па еве, види: те ставив во онаа средина, во она училиште, каде што се учи таа лекција. Твоето опкружување и луѓето кои живеат со тебе, само ја исполнуваат Мојата волја. Ако се наоѓаш во кусок од пари, тешко врзуваш крaј со крај, тоа доаѓа од Мене, затоа што Јас располагам со материјалните средства. Јас сакам Мене да Ми се обраќаш и да зависиш од Мене. Моите резерви се неисцрпни. Јас сакам да се увериш во Мојата верност и вистинитоста на Моите ветувања, за да не се случи, во твојата неволја, да ти речам: „Вие не верувавте во Господ вашиот Бог“ (5 Мој. 8, 12-13). Ако ја преживуваш ноќта на болката, ако си одвоен од твоите ближни, тоа доаѓа од Мене. Јас сум Утешителот и Исцелителот на болестите, Јас го допуштив тоа за Мене да Ми се обратиш и во Мене да ја пронајдеш вечната утеха.

    Ако си се разочарал во својот пријател, во некој кому си го открил своето срце, тоа доаѓа од Мене. Јас допуштив да се разочараш, за да покажеш дека Господ е твојот најдобар пријател. Некому мораме да му го поклониме срцето, но ако го поклониме некому на земјата, сите можат да нѐ повредат.

    Јас сакам сѐ да Ми принесуваш и да Ми се доверуваш. Некој те наклеветил. Таа работа препушти Ми ја на Мене, на своето прибежиште, за да се ослободиш од лошиот јазик. Јас ќе ја изнесам твојата вистина на светлината од денот и ќе ја докажам твојата невиност.

    Ако твоите планови се срушиле и си паѓал со душата и телото, тоа доаѓа од Мене. Ти правеше планови и Ми ги кажуваше за Јас да ги благословам, но Јас сакам да Ми се препуштиш за да раководам со околностите во твојот живот. Тогаш одговорноста за сѐ ќе падне на Мене, затоа што таа е премногу тешка за тебе и самиот нема да можеш да излезеш на крај со неа.

    Ако неочекувано те снашле животни неволји и ако тагата ти го исполнила срцето, знај, тоа доаѓа од Мене. Јас сакам твоето срце и твојата душа секогаш да бидат огнени пред Моите очи и со Моето име да ја победуваш секоја малодушност. Ако веќе подолго време не добиваш вести од оние кои ги сакаш, па паѓаш во малодушност, очај и негодуваш, тоа доаѓа од Мене. Преку страдањата на твојата душа, Јас ја испитувам силата на твојата вера во Моите ветувања и силата и моќата на твојата молитва за ближните, бидејќи ти нив не ги препушти на покровот на Мојата Пречиста Мајка, ниту на Мојата татковска грижата и љубов кон нив.

    Ако си тешко болен од минлива или неизлечива болест, па си прикован за постелата, знај дека тоа доаѓа од Мене. Јас сакам, во својата телесна немоќ, уште полабоко да Ме запознаеш. Сакам да не негодуваш заради тоа што ти е пратено искушение и да не ги испитуваш Моите непроценливи планови за спасението на човечките души, туку со доверба да Ми се препуштиш и да дојдеш под Мојата закрила.

    Ако си размислувал да направиш некое дело заради Мене, а наместо тоа си паднал во постела и си изгубил сила, знај дека тоа доаѓа од Мене. Кога беше презафатен со своите обврски, и твоите мисли беа далеку од Мене. Потсети се дека некои од Моите најдобри соработници се оддалечија од светските работи за во мир да научат да се молат непрестајно. Ако неочекувано си повикан да заземш некоја тешка и одговорна положба, оди, прифати ја, и потпри се на Мене. Јас ти ја доверувам таа задача, бидејќи затоа те благословил Господ Бог во сите твои дела, во сѐ што ќе правиш со своите раце.

    Денес ти го давам овој сад со елеј, совет од Светата Живототворна Троица. Дете мое, слободно употребувај го. Секоја тешкотија што ќе се појави, секој навредлив збор што ќе го примиш, секоја пречка во твојата работа која може да те натажи и обесхрабри, секоја своја немоќ и неспособност - освети ги со овој елеј. Помни дека секоја неволја е Божја поука, можност нешто да научиш. Секоја острина ќе отапи за да не се повредиш. Затоа во своето срце втисни ги зборовите кои денес ти ги објавив – тоа доаѓа од Мене. Затоа што ова за тебе не се само зборови, туку твој живот!


    Блажен Серафим Роуз





    [​IMG]
     
    Последна измена од модератор: 29 јануари 2015
    На Таа Сум, A-j-a, ChocholateLover♥ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Можат ли, старче, да се молат упокоените?

    Тие се освестуваат и бараат помош, но сами на себеси не можат да си помогнат. Сите оние кои се наоѓаат во адот само заради еден престап, би сакале Христос да им подари барем пет минути за покајание. Ние кои сме живи, имаме уште време за да се покаеме, но тие, сиротите починати, не можат сами на себе да си ја поправат положбата, туку очекуваат помош од нас. Затоа наша обврска е да им помагаме со нашата молитва.
    Оние кои за време на животот не се покајале и кои имаат барем малку усрдност, свесни се за својата вина, се каат и трпат заради своите гревови. Бараат да им се помогне и молитвите на верните им помагаат. Бог, значи им пружа прилика, дури и сега, кога се пред Него виновни, да им се помогне сѐ додека не се случи Второто доаѓање. И како што во овој живот, ако некој му е пријател на царот, може да посредува царот да му помогне на некој виновник, исто така ако некој е „пријател” со Бог може со молитвата да се застапува за умрените пред Бог и да ги префрли „обвинетите” од еден „затвор” во друг, подобар; од еден „притвор”, во друг, подобар. Може дури и да ги префрли во „соба”, или во „стан”.
    Како што го ублажуваме страдањето на затворениците со освежувачки напитоци и други работи, кои им ги носиме, исто така и на мртвите им го ублажуваме страдањето со молитвите и со правењето милостиња за нивната душа. Молитвите на живите за оние што се упокоиле и помените се последна прилика која Бог им ја пружа за да добијат помош, додека не се случи последниот Суд. После Судот повеќе нема да има можност да им се помогне.

    А дали, страче, оние што неодамна починале имаат поголема потреба за молитва?

    Кога некој ќе го осудат на затвор, нели му е многу потешко во почетокот? Треба да се молиме за оние упокоени кои не Му угодиле на Бог, за Бог нешто да направи за нив. Особено кога знаеме дека некој бил тврдокорен човек и дека водел грешен живот, тогаш треба многу да се молиме, за него да се служат Божествени Литургии, четириесет последователни Литургии за неговата душа, да се дава милостиња на сиромашните за спасение на неговата душа, за Бог да го помилува. Така, сето она што тој не го направил, го правиме ние за него. А на човекот кој поседувал добрина, дури и ако животот не му бил добар, бидејќи имал добра волја, со малку молитва може многу да му се помогне.

    Кога некој ќе умре и побараат од нас да се помолиме за него, дали е добро, старче, секој ден, сѐ до четириесетиот ден, да измолиме цела бројаница за него?

    Ако измолиш цела бројаница за него, моли се воедно и за сите упокоени. Зошто цела возна композиција да оди на своето одредиште со еден патник, кога може да собере и многу други? На толкуте упокоени, сироти, тоа им е неопходно и бараат помош, но немаат никој да се моли за нив! Некои луѓе често прават помени само за некој свој. А на тој начин не му помагаат ни на својот упокоен, бидејќи нивната молитва не Му е толку угодна на Бог. Бидејќи направиле толку помени за него, нека направат истовремено помен и за непознати упокоени.

    Старец Паисиј Светогорец
     
    На Таа Сум, A-j-a, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Можеби не е најсоодветно за оваа тема, но е поучително :).

    Проповедта на најлошиот светогорски монах


    [​IMG]

    Се сеќавам, додека бев на Света Гора, еден ден дојдоа луѓе од некаква телевизиска куќа. Таму беше забрането новинарите да земаат интервјуа, но понекогаш и тоа се случува, тајно, кој ли ќе ги знае. Некој новинар дошол со камерата и започнал да го интервјуира најлошиот монах на Света Гора. Мислиш – како да знаеја кој е! Знаете, сето она најлошо што може да си го замислите, најлошата слика што можете да ја видите. Тој, клетиот, беше човек кој целосно ја изгубил насоката. Кога чувме дека токму од тој наш несреќен брат зеле интервју, си рековме: „Ај, Пресвета Богородице! Што ли зборел сега, како ли се претставил…“

    А, еве што се случило. Го прашале дали има светители на Света Гора, и тој одговорил: „Има!“ „Можеш ли да ни кажеш кој свет човек познаваш“, продолжиле да го распрашуваат и тој им одговорил: „Старец Паисиј“.

    Кога дознавме дека го рекол ова, кога го гледавме интервјуто, се зачудивме. И си рековме, „Зарем тој да рече вакво нешто?!“. Секако, луѓето не му веруваа на овој монах, и го прашаа:

    – Добро, зошто е свет?

    – Видете, го нарекуваат свет, а јас не знам дали е свет, дали пости, дали бдее, дали се моли со бројаницата и прави поклони, не знам за тие работи, можеби и ги прави. Но едно нешто знам – јас, како што можете и да видите, не сум добар монах и тоа го кажувам – пијам, се опивам, никогаш не постам, не одам на служби…

    Точно, пустиот по цели денови скиташе по кафеаните во Кареа, и секоја ноќ полицијата го прибираше.

    – Другите отци ме презираат, не ме сакаат, ме сметаат за ништо и би биле многу среќни, доколку некако се решат од мене. Но секоја година, бидејќи немав друг начин да заработам за малку леб, Паисиј ме викаше кај него да му ги пресечам дрвата, иако имаше многу други подобри монаси кои можеа да го сторат тоа. Тој ми велеше „ела, оче, да ги пресечеме дрвата за оваа година“. Ќе појдев кај него, и ќе ме прашаше колку пари му барам за тоа, и јас ќе му речев, на пример, десет илјади драхми, а тој ќе ми одговореше – „Петнаесет илјади ќе ти дадам! Ти си добар и сиромав човек, ќе ти дадам петнаесет!“ Кога работам кај други монаси, ме убиваат од работа, ме тераат да ги сечам, да ги носам, да ги редам, им задоволував еден куп хирови, а тој честопати ме прашуваше: „Оче, се измори ли? Седни си малку да отпочинеш!“ И, додека ги сечев дрвата, ги носев и ги редев, тој цел ден ќе ми помагаше, како да беше мој работник и слуга; ми плаќаше повеќе и се грижеше за мене. Тој не знаеше да готви, но внимаваше да има конзерви, да има вино, да се најадам добро, постојано ме честеше со разни нешта и ми велеше: „Одмори малку, да те почестам, да каснеме“. И како да не беше доволно, кога ќе дојдеше некој посетител, ме фалеше пред него и велеше: „Гледаш ли колку добар монах имаме овде, земете благослов од него!“ И ете, јас мислам дека овој човек е свет, затоа што ги прави овие нешта.

    Кога го чувме, ова, ние си рековме: „Гледаш, најлошиот светогорец ја кажа најубавата проповед за Света Гора!“

    Извор: Премин портал
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, Makide и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    „Еве го најкраткиот и најлесниот пат кон спасението:
    биди послушен,
    воздржувај се, не осудувај,
    чувај ги умот и срцето од лоши помисли и мисли дека сите луѓе се добри и дека Господ сите ги љуби.

    Поради тие смирени мисли благодатта на Светиот Дух нема да те напушти и ќе речеш: „Милостив е Господ“.

    Ако осудуваш, ако ропташ, ако си самоволен, душата ќе ти запусти, иако многу се молиш на Бога. Тогаш ќе речеш:
    „Ме заборави Господ“.

    Но, не те заборавил Господ, туку ти си заборавил да бидеш смирен, и затоа Божјата благодат не живее во твојата душа.
    Во смирената душа благодатта лесно се вселува и ѝ дава мир и спокојство во Бога.

    Божјата Мајка била смирена повеќе од сите и затоа Ја слави небото и земјата.
    Бог ќе ги прослави оние, кои ќе се смират и тие ќе ја видат славата Господова.“

    Свети Силуан Атонски
     
    На Таа Сум, GirlLove, ChocholateLover♥ и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Ручекот со старец Паисиј
    Мислам дека вториот пат, кога појдов кај старец Паисиј, бев мал, имав 18 години, и тој ме задржа кај него – тогаш за прв пат останав кај него – и ми рече: „Сега ќе јадеме!“ Го прашав што ќе јадеме, а тој ми одговори: „Ќе ти приготвам голема трпеза, нели имам гости!“ Тој се шегуваше со мене: „Имам риба, бакалар, ќе направиме голема трпеза!“ И, ајде да јадеме. Тој немаше маса. Излеговме надвор, на полјаната, каде имаше еден камен. Тој рече: „Тука ќе јадеме. Само една минутка, да ја поставам масата!“ И појде и донесе една покривка, на која имаше нацртано различни работи – банани, грозје, дињи. Тој рече: „Оваа покривка ја постилам само кога имам официјални гости, а не секој ден.“ И што имаше? Ништо немаше, имаше сув леб. Ме праша: „Сакаш ли чај?“ Јас ниту тогаш, а и ниту сега не пијам чај, и му реков: „Сполајти, не сакам!“ Тој извади свеж лук – имаше засадено пет-шест главички – и една марула. Јадевме маслинки, лук и марула. Околу нас беше празно, но никогаш нема да го заборавам тоа дека, пред да почнеме да јадеме, тој рече: „Сега да се помолиме.“ Станавме да се помолиме. Тој ги крена рацете и рече: „Оче наш, Кој Си на небесата…“. Како да ви кажам, навистина Бог беше таму! После јадењето ја кажа и благодарствената молитва. А што јадевме? Ништо – стар сув леб, кој во друг случај, дури и да ми платат, немаше да го изедам, една главичка сув лук и една марула. Но, никогаш нема да го заборавам тој момент, тоа беше најскапото јадење во целиот мој живот.

    + + +

    Така и вие кои имате семејства, во вашите домови, научете се едноставно пред да седнете и да јадете, да станете и да ја кажете молитвата „Оче наш“, а по јадењето, таа убава молитва после јадење: „Ти благодариме, Христе Боже, за земните блага со кои нè насити. Те молиме, не лишувај нè и од Твоето небесно царство!“
    Митрополит Атанасиј Лимасолски
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, Makide и 2 други им се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Монологот БОЖЈИ

    Архимандрит Калиник Мавролеон


    Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес.
    Забележав дека беше многу зафатен обидувајќи се да најдеш соодветна облека за да одиш на работа.
    Се надевав дека ќе најдеш некој момент да Ми кажеш едно „добар ден"! Но ти беше многу зафатен.
    За да видиш дека сум до тебе, го направив многубојното небо за тебе и црцорењето на птиците.
    Штета што ни тогаш не го забележа Моето присуство.
    Те гледав како брзаш за на работа и пак чекав.
    Претпоставувам, поради твојата зафатеност, немаш време ни да ми кажеш два збора.
    Кога се враќаше од работа, го видов твојот умор и твојот стрес и ти испратив ситен дожд, за да те ослободи од притисокот на денот.
    Мислев дека, правејќи ти ја оваа добрина, ќе се сетиш на Мене. Но за возврат, ти нервозно ми даде псовка. Толку многу посакував да ми прозбориш. Како и да е, денот е уште голем. Потоа го вклучи телевизорот и додека ја гледаше омилената програма, Јас чекав. Потоа вечераше со твоите домашни и повторно не се сети на Мене.
    Гледајќи те толку уморен, го разбрав твоето молчење и ја изгаснав светлината на небото, за да можеш да се одмориш, но не те оставив во црна темнина.
    Оставив будни мноштво ѕвезди. Беше толку убаво...
    Штета што не го забележа тоа... но не е важно
    Можеби навистина се освести дека Јас сум тука за тебе? Имам поголемо трпение отколку што можеш ти да замислиш.
    Сакам да ти го покажам тоа, за и ти да им го покажеш на оние околу тебе. Те сакам толку многу, така што ќе те трпам. Сега, за некој миг, повторно ќе се разбудиш.
    Не Ми останува ништо друго, освен да те сакам и да се надевам дека, барем денес, ќе Ми подариш малку време од твоето време...
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, A-j-a и 2 други им се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    За надежта (19.02.2013)



    Сите кои имаат цврста надеж во Бога, се искачуваат кон Него и се просветлуваат со сјајот на вечната Светлина.

    Вистинската и мудра надеж се гледа во тоа што човекот нималку не се грижи за себе, и тоа од љубов кон Бога и заради добродетелите, знаејќи дека Бог се грижи за него. Ако, пак, човекот сам се грижи за своите работи и кон Бога молитвено се обраќа само тогаш кога го снаоѓаат неизбежни несреќи, во сопствените сили не гледа соодветно средство да ги надмине, па дури тогаш почнува да се надева во Божјата помош – таа надеж е суетна и лажна. Вистинската надеж го бара само Божјото Царство, а уверена е дека сѐ земно, што ѝ е потребно во овој минлив живот, ќе ѝ биде дадено. Додека не ја спечали таа надеж, нашето срце нема да може да има мир ни спокој. Дури тогаш надежта ќе го смири и во него ќе излее радост. Неа ѝ се достојни поклоните, а пресветата Уста рекла: „Дојдете кај Мене сите кои сте изморени и обременети, и Јас ќе ве одморам!“ Тоа значи дека тие својата надеж ќе ја положат на Господ и така ќе најдат олеснување во трудот и својот страв.

    Во Евангелито според Лука за Симеон е кажано: „Нему Светиот Дух му беше прорекол дека нема да види смрт, дури не Го види Господ Христос“. Праведниот старец не ја гасел својата надеж, туку Го чекал возљубениот Спасител и, со радост земајќи Го во своите раце, рекол: „Сега го отпушташ својот слуга со мир, Владико“, одам во Твоето посакувано Царство, затоа што се надевав на Тебе.

    Свети Серафим Саровски
     
    На Таа Сум, ChocholateLover♥, friendy и 2 други им се допаѓа ова.