1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Еден отец се подготвувал да го изведе братот пред суд, имено, да го казни. Отишол кај авва Сисој и му рекол:
    „Оче, сакам да се донесе обвинение против мојот брат, којшто ми направи такво и такво зло“.
    „Ти прости му и оправдај го“.
    „Не“, рекол тој. „Ако му простам, ќе го направи тоа повторно. Тој човек треба да биде казнет!“
    „Добро, чедо мое. Тогаш, ајде да се помолиме, па потоа оди“. Паднале на колена и авва Сисој започнал да се моли: „Оче наш... и немој да ни ги простуваш нашите гревови, затоа што и ние не им ги простуваме на нашите должници!“
    „Не е така“, рекол монахот. „Вие погрешивте!“
    Но, бидејќи сакаш да го изведеш братот пред суд, ние вака треба да се молиме!“
    Монахот тогаш ја сфатил својата грешка, се покајал и не отишол да го пријави братот.
     
    На Таа Сум, rose60, ChocholateLover♥ и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Maruli

    Maruli Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  3. Maruli

    Maruli Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Nemam odgovor samo edno prasanje koe me izmacuva od sedmata godina.Sega imam 49 godini.Sekoja vecer moeto razmisluvanje bog sto e i kako se pojavi od sto se sozdade,ovaa planeta ovoj kosmos,univerzum ...........se ima pocetok i kraj .Koj e pocetokot na postooenjeto i koga e krajot.Koja e smislata na covestvoto.Ima li nekoj sajt nekoja kompetentna licnost sto mozi bar da mi odgovori i trgni ovie uzasni misli od mojata glava.
     
  4. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    1.Господ не го создал светот. Прочитај малце за Биг Бенг теорија ќе ти стане се јасно што е и како е.
    2.Вселената е бесконечна исто како и човековата глупост.
    3.Смислата на животот е да преживуваш секој ден
     
    На rose60 и ChocholateLover♥ им се допаѓа ова.
  5. Maruli

    Maruli Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Не ви посакувам ниту богатство, ниту слава, ниту успех, па дури ни здравје, а само мирот душевен. Тоа е најважно. Ако го имате мирот ќе бидете среќни.

    преподобен Алексиј

    Гневливиот ја убива и ја погубува својата душа. Да, и навистина, гневливиот ја убива и ја погубува својата душа затоа што целиот живот го поминува во смут и е далеку од спокојство. Тој му е туѓ на мирот, далеку е и од здравјето; затоа што и неговото тело непрестајно се топи, и душата тагува, и телото венее и лицето е покриено со бледило, и мислата го прелажува, и разумот изнемоштува, и помислите течат како река.

    преподобен Ефрем Сирин


    Ако ти кажеш навредлив збор, ако го навредиш братот, тогаш ќе го огорчиш не него, туку Светиот Дух.

    Св. Јован Златоуст
     
    На Таа Сум, rose60, friendy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Не треба без потреба да го откриваме своето срце на другите. Од илјада, може да се најде само еден, кој би ја сочувал твојата тајна. Кога и самите не можеме да ја сочуваме во себе, како можеме да се надеваме, дека ќе биде сочувана од другите?

    Преподобен Серафим Саровски
     
    На Таа Сум, friendy, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Знам дека овој текст не е од свет отец, но бидејќи не знам во која тема да го ставам затоа овде. Со години чуствував дека нешто со обичајот за носење мартинки, не е во ред и дека не е така наивно како што изгледа. Се согласувам со овој став на МПЦ.

    Став на МПЦ за Мартинките

    [​IMG]

    Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и бел конец) за здравје и среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во ‘мартинка’. Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господари не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога.

    Носењето на ‘мартинка’ е суеверен и магиски, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на ‘мартинката’, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крстче, која ни служи за молитва.

    Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто – без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас.

    Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.

    Став на МПЦ
     
    На friendy и Cka им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Овие па од МПЦ дур не кажат нешто глупо не се живи (facepalm)(facepalm)(facepalm) значи што ќе си му текне на Стефан тоа си кажува човекот. Се расфрла со пари од народот, не знае што да прави со нив, битно знае да кажува глупости.
     
  10. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Не гневи се и не биди злопамтило кон оној кој те наљутил, оти може да биде дека и самиот си крив за тоа.

    Преподобен Антониј Велики
     
    На Таа Сум, rose60, L.i.n.a.a и 4 други им се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    За постот
    Подвигоположникот и Спасител наш, Господ Исус Христос, пред стапувањето на подвигот за избавување на човечкиот род, се укрепил со долготраен пост. Сите подвижници, исто така, пред да почнат да Му служат на Господа, се наоружувале со пост. Поинаку не стапувале на крсниот пат, туку со подвигот на постот. Успехот во подвижништвото, ие го мереле со успехот во постот.
    Постот не се состои во тоа да се јаде еднаш, туку во тоа да не се јаде многу. Неразумен е оној испосник, кој чека до одреденото време, а тогаш на трпезата се предава на ненаситно јадење и со телото и со умот. Кога се работи за расудување за храната, треба да се внимава на тоа да не се прави разлика меѓу вкусните и невкусни јадења. Тоа дело, инаку својствено за животните, не е пофално за разумниот човек. Ние од пријатната храна се одрекуваме за да ги смириме немирните делови на телото и за да дадеме слобода на дејственоста на духот.
    Вистинскиот пост не се состои единствено во истоштување на телото, туку и во тоа, оној леб што сакаме да го изедеме, да им се даде на гладните.
    Кон строг пост светите луѓе не пристапувале одеднаш. Тие постепено, малку по малку, се навикнувале на скромна храна. Навикнувајќи го својот ученик Доситеј на пост, преподобниот Доротеј од неговата маса постепено одделувал мало парче леб, така што неговата секојдневна храна од четири фунти, на крајот дошла на осум лоти леб.
    Покрај сето тоа, светите испосници, на чудење на другите, не знаеле за слабост, туку секогаш биле бодри, силни, и подготвени за дело. Болестите меѓу нив биле ретки и животот им траел необично долго.
    Духовниот живот доаѓа до совршенство и се појавува во чудесни појави, по мерка во која телото на испосникот станува тенко и лесно. Тогаш духот ја врши својата дејност како во болно тело. Надворешните сетила како да се затвораат, а умот, одделувајќи се од земјата, се вознесува на небо и целосно се потопува во согледување на духовниот свет.
    Сепак, не може секој да го прими строгото правило на воздржување во се, или да се лиши од се што може да служи како олеснување во немоќите. "Кој може да прими, нека прими" (Мат. 19,12).
    Храната треба секојдневно да се употребува колку што е неопходно за телото, крепејќи се, да биде пријател и помошник на душата во извршувањето на доблестите. Во спротивно, може да се случи да ослат бее и душата, доколку телото се истошти.
    Во петок и во среда, и особено во деновите на четирите поста, храната, по примерот на светите отци, употребувај ја само еднаш дневно, па ангелот Господов ќе се прилепи покрај тебе.

    Св. Серафим Саровски
     
    На Таа Сум и A-j-a им се допаѓа ова.
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Учителка на љубовта

    Молитвеното сострадание прави чуда. Љубовта не го стасува современиот човек. Тој сето време ја бара и сожалувајќи се, си спомнува за овие зборови од Писмото: „…и заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина“ (Мт. 24,12). Но, душата која верува знае дека таа самата е одговорна за љубовта, и дека нејзината природна и постојана учителка, не е ништо друго, туку молитвата. Кога едно срце во молитвено сострадание се допира до друго, во двете срца слегува Божјата благодат, која твори чудеса. Молитвата е показател за љубов. Ако човек никогаш не се молел за никого, значи дека тој никого не љуби. И нему му е тешко да ја разбере длабоката смисла на зборовите на преподобен Силуан Атонски : „Да се молиш за сите луѓе е исто како да пролеваш крв“. Неопходно е да се учиме на љубов во молитвата. И поради тоа да се запрашаме: често ли ние се молиме за луѓето, а ако се молиме, усрдно ли го правиме тоа? Боли ли нашето срце за некој друг, освен за нас и нашето семејство? Од молитвата за ближниот најчесто нѐ оттргнува јавниот грев на човекот, навредите, кои ни се нам причинети, како и резултатот од тоа – повреденото самољубие. Но, зошто? Па, и на човек, кој паднал во грев, потребно му е сострадание, и навредата бара молитвено исцелување. Кое било очигледно зло на светот, не треба да нѐ плаши и турка во бегство. Напротив, на христијанинот му прилега молитвено да бдее, како што за тоа говори и апостол Павле: „А Мојот праведник ќе живее од верата, ако ли се повлече, Мојата душа нема да благоволи во него“ (Евр. 10, 3. Солзите исплакани во сострадателна молитва за некој човек, Бог ги чита со поголема грижливост, од онаа со која нуркачот го подига бисерот од дното на морето. Така блажена Ксенија, толку го љубела мажот ѝ што после неговата ненадејна смрт сиот живот го поминала молејќи се за него. А молитвата ја претворила Ксенија од молебница за еден близок човек во закрилница за стотици илјади луѓе. Верата, доколку е жива, а не механична и магично-егоистична, ќе го води човекот во молитвена состојба. И тоа одвреме-навреме, повеќе за другите отколку за себе. Во секој храм, одвреме-навреме гледаме вљубени. Се држат за раце, влегуваат во црквата, која им била по патот, и шепотејќи си палат свеќи. Можеби мечтаат за тоа како ќе се венчаат… Токму сега добро би било да почнат да се молат еден за друг. Тоа ќе биде првиот чекор на патот кон бесценетата длабочина на единството и внатрешното созвучје. За да се достигне ова, во бракот потребно да се молиме секогаш: во добросостојба, во сиромаштија, во здравје, во немоќ, во моментите на искушенија и грев, во деновите кога се бдее над колепката на првороденото… Со молитвата треба да се преминат сите соблазни и да се излечат сите рани. Потребно ќе биде и во Царството Небесно да влеземе никако поинаку туку со молитвата. Сепак, во тоа царство на Љубовта, Светиот Дух продолжува да раѓа во луѓето молитва и „посредува за нас со неискажливи воздишки“ (Рим. 8,26). Протојереј Андреј Ткачев

    Извор: http://agapi.mk/ljubovta-pravi-cuda/
     
    На Таа Сум, snezan4e, Orthophill и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Човекот до мене – ближен или туѓинец?

    Љубете се еден со друг, како што Јас ве возљубив вас… Овие слова допираат до нашето срце, ја радуваат нашата душа, а и покрај нивното остварување, овоплотувањето ни се чини тежок подвиг. Можеме да зборуваме за различни видови на љубов. Има едноставен, вообичаен опит на љубовта, кога членовите на едно семејство меѓусебно се љубат, кога таткото и мајката ги љубат своите деца, кога децата возвраќаат на таа љубов, кога љубовта, радосна и светла, ги соединува младоженецот и невестата. Ваквата љубов, која се јавува како радост и светлина, ја надминува сета темнина на вообичаениот живот. Сепак, и таа е кршлива и несовршена. Веројатно знаете како родителите ги љубат нивните деца, и колку се децата беспомошни да одговорат на таа љубов. Oдговaраaт на моменти – но не постојано. Вие знаете како меѓу брат и сестра постои основна љубов, но таа нив нецелосно ги опфаќа. И затоа, да се зборува за тоа дека една таква едноставна, природна човекова љубов претставува исполнување на заповедта Христова, да се зборува дека таа претставува остварување на Царството Божјо на земјата, е сè уште невозможно. Тогаш, за што зборуваме ние? Христос нам ни говори дека сме должни да се љубиме еден со друг – Тој не прави никаква поделба. Што сака со тоа да ни каже? Христос, ми се чини, сака да ни каже дека ние сме должни, за секој човек што го среќаваме, познат или непознат, туѓинец, привлечен или не, да имаме на ум дека тој човек има вечна судбина. Овој човек Бог го привел од небитие во битие, за да го изврши Својот неповторлив придонес во животот на човековиот род. Овој човек, нам како на луѓе може да не ни се допадне, може да ни биде туѓ, може да ни биде неразбирлив – но тој бил од Бога повикан во овој свет, за Бог да направи нешто (преку него) што ние не сме во состојба да направиме во овој свет, . Дури и повеќе од тоа: тој е ставен на мојот животен пат, за да ми открие нешто. Најпрво, би ми ја открил мојата неспособност да гледам на секој човек како на икона. Умееме ли ние еден на друг така да гледаме? – Се плашам дека не умееме. Се плашам дека ги делиме луѓето на ближни, драги и, во најдобар случај, на туѓинци. А, на тие „туѓинци“ треба да им обрнеме особено внимание, зашто тие ни го поставуваат прашањето: Ти со Христа си или без Него? Затоа што тој човек, кого Христос го возљубил до крстна смрт, ти не сакаш да го познаеш. Тој е за тебе туѓинец, неразбирлив, тебе не ти е грижа за него; кога тој не би бил на светов, тебе би ти било толку лесно и добро. Зарем тоа е христијанска љубов? Ние сме должни да се навикнеме за секој човек кој го среќаваме да велиме: Тој е икона Христова, тој е образ Божји, овој човек е пратеник Божји. Тој е испратен, за да ме научи на нешто, за нешто да ми открие, за да ми постави прашање, за да ме приведе кон Бога. Некогаш умееме да го правиме ова одредено време; но некогаш не го правиме сè до моментот кога е веќе предоцна. Си спомнувам за разговорот со еден руски свештеник, борец во Белата армија, којшто сите години на својот живот поминат во прогонство ги посветил на борбата против болшевизмот, којшто со целатасета своја душа го отфрлал Сталин. Во еден момент, дознал дека Сталин е мртов. И во истиот тој момент, со него се случило нешто неочекувано. Имено, тој си помислил: „а што ако Бог му суди на Сталин, онака како што јас му судев и како што сè уште не можам да престанам да му судам?! Го мразев. Кога Сталин ќе застане пред Него, нема ли Бог да се сретне со омраза и отфрлање, и тоа не на некое време, туку за вечноста?!“ И се сеќавам, ми кажа дека се соочил со таков ужас за себе си, што се втурнал во олтарот, се фрлил на колена, и извикал: „Господи, прости за омразата, која ја имав кон тој човек! Тој сега се наоѓа пред Страшниот Суд; Господи не ја примај мојата осуда против него…“. Тоа е веќе крајност; во таква состојба никој од нас не е, и да не даде Бог некој да се најде. Но, кој знае? Колку луѓе постојат, кои ние не ги љубиме, не ги прифаќаме, туку ги отфрламе, иако не до таа мера… Ете, да помислиме и со каков вид на љубов љубиме. Љубиме ли ние со онаква љубов со каква што децата ги љубат своите родители; со каква што невестата и младоженецот се љубат меѓусебно; со љубовта на неразделните пријатели кои никогаш не се соочиле со болка и одрекување? Или пак, љубиме онака како што љубат луѓето, окружени со туѓинци, за кои ближен не постои, кои својот ближен го сакаат сè додека тој не им навлегува во животот, кого тие го отфрлаат штом им се најде на патот… Доколку можеме вака да мислиме за било кого (а уверен сум дека можеме да мислиме за многу луѓе околу нас), тогаш ние сè уште не сме разбрале што значат Христовите зборови: „Љубете се еден со друг, како што Јас ве возљубив вас“. Тој го возљуби секој еден од нас, не поради нашите добродетели, не поради нашата убавина, не поради нашата добрина, туку поради тоа што нам ни е толку потребна љубовта, за да можеме да постанеме луѓе, за да дојдеме при себе, за да можеме да постанеме нова твар, за да започнеме да живееме… И ете, погледнете се еден со друг, макар и во оваа црква, макар и помеѓу вашите познати, и поставете си го прашањето: го љубам ли јас овој човек со таква љубов? Ако не, тогаш јас сè уште не сум започнал да љубам со љубовта Христова. И колку е тоа страшно! Колку е страшно кога ќе помислам дека кога ќе застанам пред Бога, околу мене ќе има луѓе, кои сум ги познавал целиот живот, и за кои ќе речам: „овие луѓе овде – ниту сум ги љубел, ниту сакам да ги познавам. Јас сакам да влезам во Твојот рај, Господи, а таму место за нив нема, како што за нив место нема ниту во моево срце на земјава!“ Да размислиме, дека заповедта Христова: љубете се еден со друг, како што Јас ве возљубив вас – не е едноставна заповед; таа од нас бара да направиме огромен пресврт во нашиот живот. Да размислиме. Да размислиме дури и за човекот, кој до нас сега седи: тој е мој ближен или обичен туѓинец? Тој постои ли за мене или не постои? А ако постои, во која мера? И како? Да размислиме за тоа. Затоа што, порано или подоцна ние ќе застанеме пред Христа, Кој ќе ни рече: „Јас за овој човек дојдов во светот, Јас за овој човек умрев на крст. И ако него го отфрлаш, тоа ти само Мојот подвиг на љубов го отфрлаш; ти си туѓинец за мене, поради твојот сопствен избор“. Амин.
    Митрополит Антониј Сурожски

    Извор: http://agapi.mk/antonij-surozski-blizniot/
     
    На Таа Сум, Orthophill, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    ,,Сите сонца и сите ѕвезди не вредат колку една душа, а гледај денес колку многу луѓе си ги продале душите за материјални нешта, за злато, за облека, за страсти, за сласти. Ако човек ја потроши душата своја на пороци и гревови, нема да може да ја откупи- па макар би станал и господар на сите сончеви системи.’’ (Св. Јустин Ќелиски)

    „ Без разлика колку и да страдаме, ќе дојде време кога сето ова ќе заврши и секој од нас ќе отпочине во согласност со трудот кој го вложол. Дали страдаш? Дали тагуваш? Дали плачеш поради неволјите? Дали си уморен? Охрабри се, затоа што така се здобива Царството Небесно...“ - Старец Ефрем

    „Само срцето на човек кое постојано со покајание се чисти од егоизмот, себичноста и страстите, може вистински да Го возљуби Бог и другите луѓе. Егоизмот и љубовта се противречни. Честопати се случува егоизмот да верува дека љуби, но оваа „љубов“ е само патина на љубов што ги прикрива себичноста и саможивоста...“

    Старец Георгиј Капсанис
     
    На Таа Сум, Rama, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Mислам дека вреди да се прочита :) :)

    Патот на човекот кон Бога и патот на Бога кон човекот проаѓа низ човековото срце- пишува архимандрит Рафаел Карелин. Токму таму, во срцето човечко е средбата меѓу Бога и нас. Бог нема да Го сретнеме во величенствените катедрали или во старите цркви и манастири, ако претходно не Го примиме во нашите срца. Христијанството без покајанието е лицемерие, исмејување со Бога и опасно.

    Покајанието е чинот на помирување на човекот со Бога. Нема друг пат до Божјото Царство- освен преку покајанието. Покајанието е бунт на човекот против самиот себеси. Човекот по својата природа е бунтовен против Бога; а во покајанието тој станува бунтовник против самиот себеси, против својата грешна природа. Тоа е процес во кој човекот се одрекува од својот поранешен грешен живот, бара прошка од Бога и сила во иднина да не ги повторува старите гревови, туку да живее живот според волјата Божја.

    Погрешно е покајанието да се поистоветува со жалењето за гревовите или со зборувањето за нив. Човек може искрено да жали за своите гревови, без притоа да се кае. Човек може да зборува отворено за своите гревови, без да ги исповеда пред Бога како свои гревови. За жал, некои луѓе дури и се гордеат со своите гревови. Некои, пак, се натпреваруваат во гревот! Иако покајанието во себе вклучува и жалење за гревовниот живот и исповед на гревовите- сепак е повеќе од тоа. Покајанието е враќање назад при Бога, признавање пред Него дека сме грешни и цврста решеност да не ги повторуваме нашите стари гревови.

    Апостолот и евангелист Јован пишува:

    ,,А Евангелието, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа дека Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина. А ако речеме дека со Него општиме, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината.

    А ако, пак, во светлина одиме, како што е Он самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг општиме, и крвта на Исуса Христа, Неговиот Син, нè очистува од секаков грев.

    Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас.

    Ако ги исповедаме гревовите свои, Он е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда.

    Ако, пак, речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажец и словото Негово не е во нас.’’ (Прво соборно послание на светиот апостол Јован Богослов 1:5-10).

    Покајанието и исповедта на гревовите се неопходни за да општиме со Бога. Според зборовите на апостолот Јован- оние кои велат дека немаат гревови- тие се лажат самите себеси, но и Бога Го прават лажго! Решението е да се покаеме и да се исповедаме, со цврста увереност во Божјото ветувањет дека Тој е верен и праведен и дека врз основа на Неговата голема милост ќе ни ги опрости гревовите.

    Меѓутоа, покајанието не е чин кој се врши само еднаш во животот. Човекот паѓа во грев многупати и колку е подобар- толку повеќе станува свесен за својата грешност и за гревовите кои ги прави секојдневно. Затоа, покајанието е чин кој треба да се случува што почесто. Дури, најправилно е да се рече дека покајанието е начин на живот! Големите светци на Православието своите животи ги минувале во покајание и од нив треба да научиме и ние. Да Го молиме Бога да ни даде вистинско покајание и свесност за нашата огревовеност, а потоа и сила и ревност за да не ги повторуваме нашите стари навики и гревови. Нека што почесто нашите усни и срца извикуваат: ,,Господи, помилуј ме грешниот’’.
     
    На Таа Сум и Serafima им се допаѓа ова.
  17. Philippa

    Philippa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    За простувањето

    Господ нам ни дарувал сѐ, а наше е да бидеме добри. Доколку ние обрнуваме внимание на негативните особини на поедини луѓе кои ни се обраќаат, не можеме да имаме мир и спокој.
    Зошто Господ наредува да ги сакаме непријателите? Не е тоа заради нив, туку заради нас.

    Се додека ја задржуваме во себе мислата за навредата која ни ја нанеле непријателите, пријателите, роднините, ближните, ние ќе немаме мир и спокој и ќе живееме во пеколна состојба. Треба да се ослободи таквото зло, да се исфрли како ништо да не било, и да опростиш сѐ. Се е значи опростено.

    Само тогаш ние сме соучесници на мирот. И тој мир не прави само во нас благосостојба, радост и утеха, туку и кај сите оние кон кои ги упатуваме нашите мирни и тивки мисли, полни со љубов и доброта.

    Преподобен отец Тадеј
     
    На Таа Сум, softy1, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  18. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    "Грешниците кои се каат и понатаму се спасуваат; и митниците и прељубниците исчистени преку покајанието, ќе влезат во небесното Царство. Милосливиот Бог и понатаму ги повикува кон Себе сите оние што се свртеле, ги чека и им ветува милост.

    Љубениот Отец и понатаму ги прима Своите блудни синови, кои се враќаат од далечните земји и им ја отвора вратата на Својот дом, и ги облекува во најубавите облеки, на сите ставајќи им прстен на раката и чевли на нозете, и им заповеда на светиите да се радуваат со Него: „Радувајте се, ангели и сите Мои избрани! Грешници, вратате се кај Мене, луѓе, Мои созданија, создадени според Мојот образ и подобие. Оние што гинеа сега се спасени, оние што беа мртви сега се повторно живи, изгубените се најдени“.

    Слава на Неговата добрина! Слава на Неговата љубов кон човекот! Слава на Неговото сожалување! Слава на Неговата дарежливост! Кутри грешници, зошто сѐ уште чекаме во далечната земја и не тргнуваме кон Отецот? Зошто сѐ уште умираме од глад? Зошто се полниме со грев како мешунки? Во домот на нашиот Отец има сѐ, и во изобилство. Таму дури и наемниците имаат имаат доволно и им останува вишок.

    Нашиот Отец нѐ чека со голема желба и ревност, и со љубов гледа на нас, кои се враќаме од далеку, нѐ гледа со сожалување, мили сме Му, ќе нѐ прегрне и ќе нѐ љуби со Својата света љубов. Нема да не кара и ќе ги заборави нашите гревови и нечистотии, а сите Негови ангели и избраници ќе се радуваат поради нас.

    Да си дојдеме на себе, да станеме, трнеме и побрзаме кон нашиот Отец, и секој со смирение и тага нека Му каже: „Отец! Згрешив пред Тебе и пред небото, и веќе не сум достоен да се наречам Твој син; прими ме како еден од Своите наемници“.

    Да побрзаме, побрзаме, о, грешници, додека сѐ уште има време, додека Отецот чека, додека вратата на Неговиот свет дом не се затворила. Да се покаеме додека Божјата благодат сѐ уште делува, додека не дошло времето да ја вкусиме Божјата правда, вечниот суд." - Свети Тихон Задонски
     
    На Таа Сум и Serafima им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Св. Ефрем Сирин: За рајот

    Блажен е оној кој копнее за Рајот, бидејќи и Рајот копнее за него, со радост му ја отвора својата врата, го прима во својата прегратка, го радува со песни во своите раце, широко му ги отвара своите пазуви и го сместува во нив. Но, се отклонува и бега од оној кој и самиот се отклонува од Рајот, бидејќи рајската врата, е врата на искушение, иако ги љуби луѓето. Затоа овде обезбеди се со клучот од Рајот и понеси го со себе. Духовна е таа врата која што толку копнее по тебе, која толку ти се радува и весели, бидејќи се знае, таа премудро ги мери оние кои што влегуваат низ неа – дали е некој мал или голем, по сечиј раст и заслуги сама се отвара и со својата мера покажува кој е совршен, а кој има недостатоци. Луѓето гледаат дека се пропаднало, богатството исчезна, телесните задоволства повеќе ги нема, убавината и власта исчезнаа и поминаа, и таму тие се потсетуваат на тоа и тагуваат поради тоа што се мачат, свесни се дека тоа што го стекнале е само сон, а нивното богатство – сенка. Го изгубија она што го имаа, а го најдоа она што го немаа, а несреќата која што толку ја мразеа ги снајде.


    Тоа во што се надеваа повеќе го нема, тоа од што се плашеа, тоа и го најдоа. И тагуваат бидејќи се понижени и покрадени, бидејќи нивното некогашно пребивалиште било лажно, а сегашното мачење вистинско, што нивниот спокој исчезна, а казната е бескрајна. Ги гледаат праведниците и гледаат дека нивните страдања поминаа, дека нивните маки биле привремени, бремето краткотрајно, како никогаш и да не чувствувале тага, како нивниот пост да бил еден сон после кој тие стануваат како од сон и го наоѓаат Рајот и за нив припремената трпеза во Царството. За туѓинците рајската вистина е недостапна, но самиот тој ја нуди својата прегратка на оние кои што влегуваат во него. Радосниот поглед ги упатува праведниците, во себе го сместува целиот свет, опфаќа големо море. За туѓинците рајската вистина е недостапна, но самиот тој им ги нуди своите прегратки на оние кои што влегуваат во него. Радосен поглед им упатува на праведниците, во себе го сместува целиот свет, опфаќа големо море, тој на горните им е близок, на своите – пријател, а на туѓинците – непријател. Во неговата градина видов плодоносни смокви. Осудените со радост би си исплетиле венец од нивните листови и голите би сакале да се покријат со нивните лисја, но таа го посрамува голиот, и иако му ја покрива неговата голотија, му предизвикува тага, бидејќи во земјата на славата самата облека за голиот е срам.Кој е во состојба да ги изброи убавините на Рајот? Прекрасно е неговото устројство, блескав е секој негов дел, простран е рајот за оние кои обитаваат во него, светли се неговите одаи, неговите извори пружаат наслада со нивното благоухание, но кога тие се излеваат кон нас, го губат своето благоухание на нашата земја, бидејќи го добиваат вкусот на земјата и така стануваат питки за луѓето. Онаа волја, на Кого се се покорува, водите кои што го натопуваат Рајот ги собрала во вид на река, ги сместила на земјата и им заповедала да излегуваат на ист начин како што се создава и водата во внатрешноста на облакот, и оваа се разлева во воздухот, според заповедта на оваа волја.Ги украсил и ги збогатил со разноликост убавините на Рајот Уметникот кој и ги исткајал. Секој степен во Рајот е поукрасен од претходниот и во иста онаа мера во која еден друг се надвисуваат, толку и со убавината еден со друг се надминуваат. За најниските Бог го одредил најнискиот дел на Рајот, за средните – средниот, а за највисоките – највисокиот дел.


    Кога праведниците се качуваат на степените кои им се одредени во наследство, тогаш секој во склад со својот труд праведно ќе биде издигнат на оној степен кој што го заслужил и на кого мора да пребива.Како што е голем и бројот и разликите во степените, така голем е и бројот и разликите во чинот на оние кои ги населуваат: првиот степен е одреден за покајниците, средината за праведниците, највисокиот – за победниците, а дворецот на Божеството е возвишен над се. И Ное на самото дно на ковчегот ги сместил животните, во средината птиците, а самиот, слично на Бога, обитавал во горниот дел на ковчегот. И на Синај јудејскиот народ стоел во подножјето на планината, свештениците на падините, Арон на средината, Мојсеј на висината, а славата Господова го покривала врвот на планината.Преку ковчегот и гората Синај ни е покажана тајната, каков е распоредот во градината на Животот. Во нив Творецот ни ја прикажал сликата на добро уреденото, во се прекрасното и во се посакуваниот Рај. И висината и убавината своја, благоуханијата и растенијата свои, Рајот е ризница на сите богатства, тој е слика на Црквата.

     
    На Таа Сум, Serafima, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    ОПШТ ОПИС НА СТРАСТИТЕ И БОРБАТА СО НИВ

    Има осум главни страсти: стомакоугодување, блуд, среброљубие, гнев, тага, униние, суета и гордост.


    Има два вида на страсти: природни, што се раѓаат од природните потреби, како на пример стомакоугодувањето и блудот, и неприродни, што немаат корен во природата, како на пример среброљубието. Нивните дејствија се манифестираат/изразуваат на четири начини: некои дејствуваат само во телото и преку телото, како стомакоугодието и блудот, а некои се манифестираат и без содејство на телото, како суетата и гордоста; потоа, некои се поттикнуваат однадвор, како среброљубието и гневот, а некои произлегуваат од внатрешни причини, како унинието и тагата. Ваквата пројава на дејствијата на страстите ни дава повод да ги поделиме нив уште на два вида, плотски и душевни: плотските се раѓаат во телото и го хранат и насладуваат телото, а душевните произлегуваат од душевни склоности и ја хранат душата, додека честопати делуваат разорно за телото. Последните се лечат со просто внатрешно лечење на срцето, а плотските се лечат со двократни лекови – и надворешни и внатрешни.

    Нешто од кажаново ќе го појасниме со поопширно расудување. Имајќи причина во телото, страстите на стомакоугодувањето и блудот понекогаш се будат без содејство на душата поради возбудувањето на потребата од којашто произлегуваат. Меѓутоа, тие со себе ја повелкуваат и душата, заради нејзината заедница со телото. За да се обузда нивниот налет, не е доволен само напорот на душата, но притоа е неопходно и телото да се скроти со пост, бдеење, со исцрпување со помош на труд, па и со прибегнување кон привремена осаменост, а честопати и кон потполно отшелништво. Тие произлегуваат од порочноста на душата и телото, па затоа можат да бидат совладани единствено со нивен обостран труд. Суетата и гордоста во душата се раѓаат без посредништво на телото. Зашто, каква потреба има суетата од нешто телесно, кога душата ја доведува до пад само со желбата за пофалба и слава? Или, каква улога имало телесното дејствие во падот на Луцифер во гордост. Тој неа ја зачнал единствено во душата и помислата, како што говори и пророкот: Говореше во своето срце: Ќе се искачам на небото… изедначувајќи се со Севишниот (Ис 14,13-14). За ваква гордост, тој немал никаков поттик однадвор. Таа се родила и целосно созреала во неговата внатрешност.

    Овие осум страсти имаат различно потекло и различно делување. Меѓутоа, првите шест, т.е. стомакоугодувањето, блудот, среброљубието, гневот, тагата и унинието се меѓусебно соединети со некое особено сродство, т.е. претераноста во една доведува до следната. Зашто, од претерано стомакоугодување неопходно произлегува блудната похот, од блудот (се јавува) среброљубието, од среброљубието гневот, од гневот тагата, од тагата унинието. Затоа против нив е потребна борба во истиот поредок, преминувајќи во борбата со нив од претходните кон оние што следат: за да го победиме унинието, најпрво треба да ја совладаме тагата; за да ја отераме тагата, претходно треба да го совладаме гневот; за да го згаснеме гневот, треба да го згазиме среброљубието; за да го искорнеме среброљубието, треба да ја скротиме блудната похот; за да ја совладаме блудната похот, треба да ја зауздаме страста на стомакоугодувањето. И двете останати страсти, т.е. суетата и гордоста, меѓусебно на ист начин се соединуваат: засилувањето на едната е почеток на другата. Од претерана суета се раѓа страста на гордоста. Во истиот поредок се стекнува победата и над нив: за да се истреби гордоста потребно е да се совлада суетата. Меѓутоа, тие по својот вид не се соединуваат со претходните шест. Тие не се раѓаат од нив, туку напротив по нивното истребување. Во овие две страсти, ние особено паѓаме по победа и триумф над другите страсти. Инаку, бидејќи се наоѓаат во наведениот меѓусебен однос, овие осум страсти честопати се делат на четири сојузи: блудната похот со особена врска се соединува со стомакоугодувањето, гневот со среброљубието, унинието со тагата, а гордоста со суетата.

    Ниедна од страстите не се манифестира само на еден начин.

    Така стомакоугодието се манифестира на три начини: или раѓа желба за јадење пред одредениот час, или посакува храна до преситување, не разликувајќи го квалитетот на храната, или бара вкусна храна. Оттука имаме исхрана без правило, прејадување и сластољубие. Од овие три (страсти) произлегуваат разни зли болести во душата: од првата се раѓа поплака од манастирскиот устав, од што до неподносливост расте незадоволството од манастирскиот живот, по што обично следи и бегство од манастирот; од другата се буди похота и сладострастност; а третата доведува до среброљубие и не дава место на Христовото сиромаштво.

    Постојат три облици на блудната страст: првиот се извршува преку мешање на едниот пол со другиот; другиот настанува без мешање со жена, поради што Господ го поразил Онан, синот на патријархот Јуда (1Мојс 38,9-10), и кој во Писмото се нарекува нечистотија; третиот се извршува со умот и срцето, и за него Господ во Евангелието говори: Секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое (Мт 5,28). На овие три облици укажал и блажениот апостол во следниот стих: затоа, умртвете ги своите земни членови: блудот, нечистотијата, страста, и другото (Кол 3,5).

    Има и три облици на среброљубие: првиот на оној што се одрекол од светот не му дозволува да се ослободи од секој вид на поседување; вториот оној што веќе раздал сè на сиромашните го поттикнува повторно да стекне ист таков имот; третиот ја разгорува желбата за стекнување кај оној што претходно немал ништо.

    Има три облици на гнев: првиот е оној што пламти во внатрешноста; вториот е оној што се изразува во зборови и на дело; третиот е оној што долго време тлее и се нарекува злопамтење.

    Тагата има два облика: првиот настапува по престанувањето на гневот, или се јавува при нанесување на штети, губитоци и неисполнета желба; другиот настанува од стравот за својата судбина, или од неразумните грижи.

    Постојат и два облика на униние: едниот фрла во сон, а другиот изгонува од ќелијата.

    Суетата е разнообразна, но можат да се различат два главни облика: во првиот се превознесуваме со телесните предимства и видливите предмети; во другиот се распламтуваме со желба за суетна слава заради духовни предмети.

    И гордоста има два вида: првиот е плотски, а другиот – духовен, којшто е поштетен. Таа особено ги искушува оние што напредувале во некои добродетели.

    Овие осум страсти го искушуваат целиот човечки род, иако сите не напаѓаат на ист начин. Зашто, кај некој главно место зазема духот на блудот, кај друг преовладува гневливоста; кај еден владее суета, кај друг господари гордост. Според тоа, бидејќи сите страсти напаѓаат на сите, секој од нас им робува на различен начин и различен поредок.

    Затоа, потребно е да водиме борба со овие страсти. Откако ќе открие која страст најмногу му штети, секој човек против неа треба да ја усмери главната борба, вложувајќи секакви напори и грижи за нејзино следење и совладување, фрлајќи против неа во секој момент стрели на срдечен плач и воздишка, и непрестајно проличувајќи солзи во молитва кон Бога, заради прекратување на борбата што го возменирува. Зашто, никој не може да совлада ниту една страст, додека не се убеди дека со свои сили и труд не може да извојува победа над неа, иако за да се очисти од неа, и самиот е должен деноноќно да пребива во секаков труд и секаква грижа.

    Кога таквиот борец ќе почувствува дека се ослободил од своите главни страсти, ќе треба со потполно внимание да ги прегледа скровиштата на своето срце, за да види која од преостанатите страсти е најсилна, па да ги подигне сите духовни оружја против неа. Победувајќи ја на овој начин секој пат некоја главна страст во себе, тој побргу и полесно ќе извојува победа и над останатите, послабите.

    Кога ќе победиш една или неколку страсти, не треба да се превознесуваш. Инаку Господ, кога ќе ја види надменоста на твоето срце, ќе престане да го оградува и штити, и ти, оставен, повторно ќе бидеш вознемируван од страна на страста која, со помош на благодатта Божја, веќе си ја победил. И пророкот не би почнал да се моли: Господи, не предавај ја на ѕверовите душата што ти се исповеда (Пс 73,19), да не знаел дека оние што се превознесуваат со срцето, повторно биваат препуштани на страстите што ги победиле, за да се смират.

    свети Јован Касијан Римјанин
     
    На Таа Сум, Serafima, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.