1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Philippa

    Philippa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    За помислите – старец Пајсиј Светогорец

    Сега ќе ви ја раскажам приказната која се однесува на еден многу стар монах од Капсала. „Машината“ на овој старец била од оние што создаваат само добри помисли. Во животот гледал само добри работи и бил слеп за секое зло. Еднаш го посетила група луѓе и му подариле мал радиоапарат. Стариот монах го зел во рацете и го проучувал со голем восхит. Запрашал каде е произведен, а посетителите му одговориле дека е направен во Јапонија. Додека го набљудувал, ненадејно се исполнил со радост и почнал да го бакнува радиото велејќи: „Слава на Бога!“ Посетителите го запрашале зошто Го прославува Бога и тој им објаснил:

    – Гледајте, многу сум среќен што јапонските христијани го ставиле знакот на светиот Крст врз производ што го направиле.

    Стариот монах го забележал позитивниот и негативниот пол (+ и -) на батериите и помислил дека тоа е знак на Светиот Крст. Неговиот ум создавал едноставна и позитивна мисла за радиото кое му го донеле посетителите, иако бил подвижник, и можел да развие негативна мисла и да се разлути на нив што му донеле таков непристоен поклон.

    Еднаш некој го запрашал истиот тој монах, зошто се осенува со крсниот знак, кога здогледува авион, а тој простодушно одговорил: „Зарем не гледаш, дете мое, дека неговиот облик потсетува на знакот на Светиот Крст?“

    Стариот монах ги омаловажувал лошите помисли поврзани со појавата на авионот, како што се, на пример, војните и бомбардирањата. Неговиот ум ја привлекол сличноста на овој облик со знакот на Крстот; изгледот и вревата на авионот направиле да помисли на распетието Христово“.
     
    На Таа Сум, GirlLove, SeaMermaid и 5 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    За простувањето

    Кога Господ Исус Христос умираше на Крстот, Он и во смртните маки се трудеше да им биде од корист на луѓето. Не мислејќи за себе, туку за луѓето, Он издивнувајќи изрече една од најголемите поуки што воопшто му ги дал на човечкиот род. Тоа е науката за простувањето. Оче, прости им, зашто не знаат што прават! Никогаш од ниту едно губилиште до тогаш не се чул таков збор. Напротив, оние кои до тогаш гинеле на губилиштата, без разлика дали биле прави или виновни, ги призивале боговите и луѓето за освета. „Освети ме“, тоа е зборот кој до Христа најчесто се слушал на губилиштата, а за жал, и денеска се слуша меѓу многу племиња, дури и кај оние кои се крстат со светиот Крст Христов. А Христос, при последниот здив, им простува на Своите потсмевачи, мачители и убијци, Го моли Својот Отец небесен да им прости и Он, и уште врз тоа наоѓа и извинување за нив – не знаат, вели, што прават!

    Зошто баш оваа поука за простувањето ја повтори Господ на Крстот? Од безброј други поуки, кои Он на земјата им ги даде на луѓето, зошто ја избра токму оваа поука, а не некоја друга, за да ја изрече со Својата божествена уста на крајот, токму на самиот крај? Без сомневање, затоа што особено сакал оваа поука да се запамети и исполни. Во незаслужените маки на Крстот, повеличествен над секое величество од светот и возвишен над царевите и судиите земни, над мудреците и учителите, над богатите и сиромашните, над друштвените реформатори и бунтовници. Господ Исус со пример за простување го запечати Своето Евангелие. За да покаже со тоа дека без простување ниту царевите можат да царуваат, ниту судиите да судат, ниту мудреците да мудруваат, ниту учителите да учат, ниту богаташите и сиромасите да живеат живот човечки, а не скотски, ни жестоките реформатори и бунтовници било што користно да направат. А пред сé и после сé да покаже дека без простување луѓето не можат Неговото Евангелие ниту да го разберат ниту – уште помалку – да го исполнат.

    Со зборовите за покајание Господ ја започна својата наука, а со зборовите на простување ја заврши. Покајанието е семе, простувањето е плод. Никаква похвала нема семето, кое не вродува со плод. Никакво покајание нема вредност без простување. Што би било општеството на луѓе без прошка? Еден ѕверилник среде природен ѕверилник. Што би биле сите закони човечки на земјата, освен неподносливи синџири, ако не ги ублажува простувањето? Зарем без простување може мајката да се нарече мајка, и братот – брат, и пријателот – пријател, и христијанинот – христијанин? Не, простувањето е главната содржина на сите овие називи.

    Да не постојат зборовите: прости ми! и: нека ти е простено!, човечкиот живот би бил сосема неподнослив. Нема таква мудрост на земјата која би можела да основа ред и утврди мир меѓу луѓето, без примена на простувањето. Ниту има такво училиште и такво воспитување, кое би можело да ги направи луѓето великодушни и племенити без вежбање во простувањето. Што му помага на човекот сета негова светска ученост, ако тој не е во состојба да му прости на својот ближен еден навредлив збор или еден навредлив поглед? Ништо. И што му помагаат на човекот сто ока масло пред олтарот, ако секоја ока не е сведок барем на една простена навреда? Ништо.

    О, кога ние би знаеле колку нам премолчувајќи ни се простува секој ден и секој час, не само од страна на Бога, туку и од страна на луѓето, и ние со срам би побрзале на другите да им простиме! Колку невнимателни, навредливи зборови исфрлуваме ние, на кои се одговара со молчење; колку јаросни погледи; колку неприлични движења; па дури и недозволени дела! И луѓето минуваат преку тоа, не враќајќи ни око за око и заб за заб.

    А што да речеме, пак, за простувањето Божјо? За ова е недоволен секој човечки збор. Потребен е божествен збор за да се опише неизмерливата длабочина на Божјото милосрдие и Божјото опростување. Таков збор ни искажува нам денешното евангелие. Кој друг на небото и на земјата би можел да го искаже и опише она што е во Бога, освен единиот Господ Исус, предвечниот Син Божји? Никој не го знае Отецот освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие (Мат. 11:27). Безмерното простување Божјо, Господ Исус го изразил во приказната за големиот должник. За тоа му даде повод апостол Петар, кој Го праша колку пати треба да прости на навредите на својот брат, дали до седум пати? На ова Господ одговори со познатите зборови: не ти велам до седум пати, туку до седум пати седумдесет. Споредете ги и овие два исказа и ќе ја видите разликата меѓу човекот и Бога. Петар мислеше дека го допрел врвот на милоста кога рече до седум пати. Господ Исус одговара – до седум пати седумдесет! И бидејќи Му се чинела и таа мера недоволна, Господ, за да биде појасно, ја раскажа следнава приказна. Царството небесно е како човек цар, кој намисли да се пресмета со своите слуги. Небесното царство не може да се искаже со зборови ниту со бои да се опише; тоа може да се уподоби донекаде на она што се случува во овој свет. Господ говори во приказни, затоа што е мачно подруго да се изрази она што не е од овој свет. Овој свет е помрачен и изобличен од гревот, но тој сепак не ја изгубил сосема сличноста со оној вистински свет. Овој свет не е дупликат на оној свет – далеку од тоа – туку само бледа слика и негова сенка. Оттука и можат да се прават уподобувања (споредби) меѓу тие два света, како меѓу тварта и нејзината сенка.

    Да побрзаме, браќа, да им ги простиме на сите гревовите и навредите, за и нам Бог да ни ги прости безбројните наши гревови и навреди. Да побрзаме, додека смртта не затропала на вратата и не викнала: доцна е! Зад вратата на смртта ниту ќе можеме веќе да простуваме, ниту нам ќе ни се прости.
     
    На Таа Сум, SeaMermaid, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Двајца монаси си ги миеја на реката своите лончиња, кога видоа како се дави една шкорпија. Едниот монах веднаш ја фати и се обиде да ја извади на брегот, но таа го боцна. Додека тој продолжи да го мие лончето, шкорпијата пак падна во водата.

    Монахот пак ја спаси, а шкорпијата пак го боцна.

    Другиот монах го праша: „Брате мој, зошто продолжуваш да ѝ помагаш, не знаеш ли дека во природата на шкорпијата е да боцка?"

    „Да". - одговори монахот-„но во мојата природа е да помагам" - одговори монахот.

    Извор: Премин портал
     
    На tessie, Таа Сум, GirlLove и 6 други им се допаѓа ова.
  5. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Не е баш најсоодветно ова да го постирам овде,но ќе го ставам овде зошто и Светите Отци на Црквата имале многу слични искуства и стално укажувале на овие работи.Се работи за вистински настан.


    Демонски шамар


    Во еден град во Австралија си живеел еден православен брачен пар со две деца, но за жал целото семејство било многу оддалечено од Христа. Мајката никогаш не одела во црква. Еднаш, на инсистирање на својата пријателка, двете отишле на служба во еден храм на денот на неговиот празник. Таа многу се израдувала кога видела дека пред црквата се продаваат икони и купила две – Христос за својот син, а Пресвета Богородица за својата ќерка. Кога дошла дома, ги ставила иконите во собите на своите деца.

    Нејзиниот син бил во целост предаден на разврат и секоја ноќ се забавувал до зори. На ѕидот на неговата соба биле прикачени многу фотографии од голи познати личности. Меѓу нив мајката ја закачила и Христовата икона. Една ноќ синот имал силна главоболка и не излегол да се забавува. Заспал рано, но наеднаш се разбудил. Видел дека светлото во неговата соба е запалено и кај затворената врата од собата стоел некое високо полуголо суштество, со влакнеста кожа, големи нокти, одвратно на лик. Самата негова појава предизвикувала страв и одбојност. Тоа бил ѓаволот. Со див рапав глас тој му рекол на младиот човек: „Слушај ваму, сите желби ти ги исполнувам. Оној таму (и покажал на иконата од Христос), што ќе ти е Тој?“ Потоа му се приближил и му удрил шамар по лицето. Младичот само што не полудел од страв. Кога малку се соземал, тресејќи се тој истрчал во собата на своите родители и тука легнал меѓу нив, покривајќи се преку своето лице. Подоцна на своите родители им раскажал што му се случило. Едниот образ му бил потечен и помодрен од ударот.

    Веднаш отишле во црквата и побарале помош од свештеникот. Токму од самиот свештеникот (Отец Х. К.) кој го видел со свои очи помодрениот образ на младичот и го слушнал од него настанот, ние и го добивме ова сведоштво.
     
    На Таа Сум, rose60, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  6. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Не е Свет отец но е добро напишано :)

    Сите сакаме да одиме во рајот, но никој од нас не сака да умре


    Сите ние теоретски говориме за спасението на душата, за рајот. Во последно време, кога светоотечките текстови во кои се зборува за очистување, обожување и сл. ни се сѐ подостапни, зборуваме теоретски, без да ги извадиме нашите срца од овоземното, световното. А под световно не нужно мислам на тоа кога на човека му е добро, или се забавува, туку на заборавањето дека нашиот престој на овој свет е привремен, и нашата негрижа за вечноста. Сите ние се трудиме надворешно добро да се однесуваме, да ги исполниме своите религиозни обврски колку што можеме… и што е последица на сето тоа? Немаме ниту внатрешен мир, ниту радоста ја имаме, што Христос ни ја ветил дека ќе ја добиеме ако го следиме Неговиот пат. Наместо ова, се чувствуваме стресно, онерасположено, депримирано… а овие нешта не се плод на Светиот Дух. Систематски ги одвраќаме нашите мисли од смртта, како вечно да ќе живееме на овој свет. Сите сакаме да одиме во рајот, но никој од нас не сака да умре! Ако не умреме, Христос нема да нѐ воскресне. Но, најпрво мора да умреме за духот на овој свет, кој нѐ држи врзани за земјата, за минливоста, кој нѐ исклучува од вечноста. Ако немаме вера во воскресението, тогаш нашите мисли за смртта се темни и црни. А наводно „го чекаме воскресението на мртвите, и животот во идниот век.“ Црквата ни наложила да го читаме Символот на верата секојдневно, од полуноќница до повечерие. Најчесто, пак, сувопарно го рецитираме, како да извршуваме некаква религиска должност, без суштински да се вдлабочиме во зборовите. Христос дојде да ги отвори небесата за нас, да нѐ ослободи, да нѐ разреши од секакви системи, и за секого да отвори единствен пат по кој ќе го доведе до Себе и ќе го соедини со Себеси. И ова ќе се случи единствено кога најпрво ќе го бараме Царството Божјо.

    Јеромонах Макариј Светогорец
     
    На Таа Сум, Philippa и sonuvana им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Потруди се постојано да се стрeмиш кон Христос!

    Потруди се постојано да се стрeмиш кон Христос. Гледајќи го твојот стремеж, Господ ќе ти даде сѐ што е неопходно. Си згрешил? Веднаш покај се.

    Бог не го напушта човекот, туку човекот го напушта Бог. Пеколот е отуѓување од Бог.

    Бог е бесконечна Љубов, Добрина и Правда. Оној што ја сака добрината и правдата, тој Го љуби Бог и Бог него го љуби како Свое сопствено дете.

    Љубовта ги надминува сите правила и закони.

    Верата и љубовта се здобиваат преку страдање.

    Постои само еден излез од секоја ситуација: големо покајание и враќање во Мајката Црква.

    Срамно е и грев е кога човек што нема вистинска љубов и вистинско покајание упорно тврди дека православните ќе се спасат, а другите ќе бидат осудени. Не можеме да кажуваме и да заклучуваме такви работи (дали некој ќе биде спасен или осуден), не само за здрав човек, туку и за оној што е болен и умира. Господ вели: „Ако видете дека некој е на смртна постела, не судете му, зашто не знаете како ќе му биде судено“.

    Гревот е едно, а пеколот нешто друго. Не станува збор за иста работа. Исто така, спасението е едно, а небото (или Царството Небесно) нешто друго. Не е исто. Треба цврсто да веруваме дека без крштение, оној што не се облекол во Христовата светлина нема да го види Царството Божјо. Нам (православните) ни е дадено повеќе и затоа од нас ќе се бара повеќе.

    Има една изрека кај светите Отци: „Три работи ќе го изненадат спасениот човек на небото: прво, дека е на небото; второ, дека ги гледа оние што не очекувал да ги види, и трето, дека не ги гледа тие што очекувал да ги види таму“.
     
    Последна измена: 20 септември 2016
    На Таа Сум, sonuvana, P.S.love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Исус рекол:

    "И никого на земјата не нарекувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец"
    (Исус Христос во ев. Матеј 23:9, Библијата)

    Како вие ја разбирате оваа Христова заповед? На што се однесува? Кого Исус ни вели да не го нарекуваме 'отец'? Ок, разбирам дека православните ќе речат дека ова не се однесува на светите отци или на свештениците, ама ако не се однесува на нив, тогаш на кого се однесува?
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Машки
    Прозелиту,
    побарај си друг цитат да го лажиш народот, оти пак се правиш поголем од светиот апостол Павле, а не си! Светиот апостол Павле им порачал на Кроинтјаните:
    „Зашто, ако имате и на десетина илјади наставници во Христа Исуса, многу татковци
    немате, бидејќи јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелието
    .“
    Дали според тебе свети апостол Павле ги прекршил заповедите Христови?
     
    На sonuvana, Petra777, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Не ги прекршил. Апостол Павле никого не нарекувал „аба“ или „абину“ (отец, татко), ниту пак неговите ученици го нарекувале отец. Тука апостол Павле симболично ги користи зборовите „татко“ и „ве родив“ во дадениот контекст.

    Оваа Христова заповед се однесува на понизноста и НЕКОРИСТЕЊЕ на почесни титули од страна на водачите во црквата. Еве ја заповедта во нејзиниот контекст каде што Исус зборува за фарисеите и книжниците:

    5 А сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; затоа ги рашируваат своите молитвени записи и ги прават големи ресите на облеките;
    6 ги сакаат: челните места по гозбите и првите места во синагогите;
    7 поздравите на јавните места и луѓето да ги наречуваат ‘рави’ (учителе).
    8 А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа.
    9 И никого на земјата не наречувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец.
    10 Ниту се наречувајте наставници, зашто е Еден вашиот Наставник - Христос.
    11 А поголемиот меѓу вас нека ви биде слуга.
    12 Кој се воздига себеси - ќе биде понизен; а кој се понизува себеси - ќе биде возвишен.”

    Овде гледаме како Исус ги опишува религиозните водачи од тоа време кои биле желни за почести и почесни титули како „раби“ (учителе) или „аба“ (отец).
    Денес може да се види сличната ситуација на религиозни водачи кои што се воздигаат над обичните верници, се облекуваат во посебни великодостојнички одора со големи златни крстови, им ги подаваат рацете на верниците за да им ги бацуваат и тоа во пониска положба за верникот да треба дури и да направи поклон пред „отецот“. И денес можеме да видиме како на некои религиозни водачи им се даваат почесните места во гозбите, религиозните објекти, првите места во камерите, одма тука десно до премиерот или претседателот итн. Значи на оваа „свештеничка гордост“ се однесува горната Христова заповед, а не на она што Павле им го вели на христијаните од Коринт.
     
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Машки
    Епа и ние де, исто како свети апостол Павле, симболично...
    Знаеме дека имаме еден Отец (Патер) Небесен...
     
    На Rama и Philippa им се допаѓа ова.
  12. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    [​IMG]
    Ѓаволот ни помага да правиме милостина, да постиме, да девствуваме, да градиме цркви бидејќи знае дека може да не` фрли во гордост. Само две нешта нема ѓаволот да те остави да правиш: да велиш „Господи Исусе Христе, помилуј ме“ и да одиш да се исповедаш.

    Старец Никон Светогорец
     
    На Таа Сум, Chica.Loca, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Ве молам, браќа, немојте никогаш да ја напуштате молитвата, ниту, пак, да ја запоставувате... Било да јаде, пие, седи дома, патува или прави нешто друго, е должен непрестајно да повикува„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме...“ Со ова спомнување, душата што себеси се принудува на тоа може во себе да пронајде сè: најнапред внатре во своето срце ќе го пронајде она што е зло, а потоа и она што е добро. Ова спомнување ќе го поттикне движењето на змијата, но и ќе го смири. Ова спомнување може да го изобличи гревот што живее во нас и може да го уништи. Ова спомнување може да ја придвижи целата сила ѓаволска во срцето и може да ја победи и постепено да ја искорени: Името на Господ Исус Христос слегувајќи во длабочината на срцето ја уништува змијата што ги запоседнала неговите пространства, а душата ја спасува и ја оживува.
    Непрестајно, значи, биди со Името на Господ Исус Христос, така што срцето да Го опфати Господ, и Господ срцето, и така да станат едно. Впрочем, ова не е нешто што може да се изврши за ден-два. Тоа трае со години и бара многу време, затоа што е потребен голем, долгогодишен подвиг за да се истера ѓаволот и да се всели Христос. Ве преколнувам, значи, да не ги оддалечувате своите срца од Господ, туку да стражарите над нив и да ги чувате, сеќавајќи се секогаш на нашиот Господ Исус Христос, додека Името Господово не се вкорени во вашите срца и додека тие не престанат да мислат на ништо друго освен на тоа да се прослави Христос во вас.

    свети Јован Златоуст
     
    На Таа Сум, Serafima, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Свети Старец Пајсиј Светогорец

    Еднаш прашав еден човек: „Што си ти, борец за Христа или борец за искушувачот? Знаеш ли дека постојат борци за искушувачот?“ Христијанинот не треба да биде фанатик, туку сите луѓе да ги сака. Оној, кој без размислување се расфрла со зборови, макар и да бидат тие точни, чини зло.

    ...... Да не фрламе камења на луѓето… во име на христијанството.

    Оној, кој разобличува некој грешник пред другите или со страст зборува за некоја личност, него не го поттикнува Светиот Дух, туку… некој друг дух. Етосот на Црквата е љубовта: се разликува суштинското од правното. Црквата на сé гледа со долготрпение и гледа секому да помогне, што и да направил, колку и да е грешен. Кај поединечни побожни христијани гледам некоја чудна логика. Во ред е нивната побожност, добра е нивната склоност кон доброто, но потребно им е и духовно расудување и ширина, за нивната побожност да не ја проследува тесноградост, тврдоглавост (како што народот вели: арбанашки инает).

    Основата на сé е духовноста, а од неа произлегува духовното расудување, бидејќи инаку останува на штурото „слово на законот“, а „словото на законот убива“. Оној, кој има смирение, никогаш нема себеси да се поставува за учител на другите; таквиот човек повеќе слуша и кога ќе го прашаат за мислење, одговара смирено. Никогаш нема да рече „јас“, туку „помислата ми вели“ или „Отците велат“, односно, говори како ученик. Оној, кој мисли дека е способен другите да ги исправува, има големо самољубие во себе.– Старче, кога некој од добра склоност започне некое дело и оди во крајност, дали тоа е отсуство на расудување?– Да. Самољубието го поттикнува на такво делување, само што тоа не го сфаќа, бидејќи не се познава себеси, затоа и оди во крајност. Многупати некои од побожност го почнуваат своето делување, но до каде стигнуваат!

    Да ги земеме за пример иконоборците и иконопоклониците. И едните и другите оделе во крајности! Иконоборците ги палеле и фрлале иконите… а иконопоклониците ги стругале Христовите икони и тој прав го додавале во светиот Путир за подобра да биде Светата Причест! Затоа Црквата била принудена да ги подигне високо, а кога поминал спорот, ги спуштила ниско, за да им се поклонуваме и да искажуваме почит спрема изобразените личности.
     
    На Таа Сум, Serafima, Orthophill и 4 други им се допаѓа ова.
  15. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Свети Игнатиј Брјанчанинов - за молитвата

    На Бога не Му се потребни нашите молитви. Он знае што ни е потребно и пред да го побараме тоа. Он им ја предлага Својата милост дури и на оние кои не ја бараат. Молитвата ни е потребна нам. Бидејќи молитвата ги соединува луѓето со Бога. Без молитвата, одвоени сме од Бога. Колку повеќе се молиме, Он ни станува се` поблизок.
     
    На Таа Сум, Philippa, Bulgarian и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Зошто христијаните мораат да носат толку тешки крстови?

    Многумина со двоумење ги поставуваат прашањата: „Зошто патот кон небесното Царство е толку тежок?“ и „Зошто христијаните мораат да носат толку тешки крстови?“ На овие и слични прашања христијанинот треба секогаш да одговара дека тоа Му е угодно на Бога. Нашиот Бог е премудар и го љуби човековиот род; Тој знае што да прави со нас. Ако навистина сакаме да бидеме вистински ученици на Исус Христос, односно кротки ученици, послушни и предадени на Господ, ајде самите себеси и целиот наш живот да Му го предадеме на нашиот Бог. Треба да укажеме на неколку јасни и разумни причини поради кои патот кон небесното Царство е толку тежок, како и на тоа дека не можеме да го избегнеме овој пат ако сакаме да се спасиме:

    1.Небесното Царство е највозвишеното блаженство, најголемата слава и чест, и најнеисцрпното богатство; затоа, ако за добивање и на најмалото земно богатство потребни се многу труд и грижи, како тогаш неописливото богатство би можеле да го здобиеме без напор?

    2.Небесното Царство е награда, и тоа највредна; а каде се добива награда без труд? Затоа, ако треба да се потрудиме и избориме за некоја земна и минлива награда, колку повеќе би требало да се потрудиме за да ја спечалиме вечната награда?

    3.Ние треба да ги носиме своите крстови, затоа што сакаме да се наречеме христијани, да бидеме ученици и следбеници на Исус Христос и да учествуваме во Неговата слава. Каков што е Господарот, Учителот и Главата, такви треба да бидат и потчинетите, учениците и следбениците. Исус Христос Својата слава ја доби преку страдања; соодветно на тоа, и ние можеме да влеземе во таа слава само преку патот на страдањата.

    4.Сите ги носат своите крстови и сите страдаат. Носењето на крстот не е типично само за христијаните. Не! Крст носат и нехристијаните или оние што не веруваат. Разликата е во тоа што на првите (христијаните) крстот им служи како лек и средство за здобивање на небесното Царство, додека на другите тој им е средство за мачење и казна. Со текот на времето кај првите носењето на крстот станува сѐ полесно и порадосно, за на крајот да се претвори во носење венец на слава; а кај другите тоа станува сѐ потешко и помакотрпно, за на крајот сите крстови на светот да се претворат во едно големо и неподносливо бреме, кое ќе ги притиска нивните глави и под кое вечно ќе страдаат. Но, зошто е тоа така? Затоа што едните го носат крстот со вера и предаденост на Бога, а другите роптајќи и хулејќи на Бога. Значи, христијаните, не само што не треба да ги избегнуваат крстовите, ниту да роптаат против нив, туку напротив, треба да Му благодарат на Исус Христос затоа што им ги пратил, и деноноќно да се заблагодаруваат затоа што им овозможил да бидат вброени меѓу Неговите крстоносци. Бидејќи, ако Христос не пострадаше за светот, никој од нас никогаш не би влегол во небесното Царство, без разлика колку страдања и маки претрпел; затоа што тогаш би страдале како осудени и отфрлени престапници на Божјата волја, без надеж и утеха. Вака, пак, и ако страдаме, страдаме за спасение, за искупување, со надеж и утеха дека ќе примиме награда.

    О, милослив Господи, колку е голема Твојата љубов кон нас! О, Исусе Христе, колку се големи Твоите добри дела! Ти и самото зло во светот го насочуваш кон нас за наша полза и спасение. Христијанине! И самата благодарност кон Исус Христос те обврзува да одиш по Него. Исус Христос дошол на земјата заради тебе; заради тебе ја испил чашата на страдањата; зар ќе одбиеш да проголташ една горчлива капка, заради Него?

    Свети Инокентиј Московски
     
    На Таа Сум, Philippa, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  17. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    „Бори се во духовната борба и Бог ќе ти даде сили. Борејќи се се сретнуваме со слабости, недостатоци и наши грешки. Борбата е огледало на на нашата духовна состојба. Кој не се борел, не се запознал себеси. Внимавај дури и на малите греши. Ако од невнимание направите грев, не губете надеж, туку брзо станете, помолете Му се на Господ Кој може да ве подигне. Претераната тага во себе крие гордост. Претераните жал и безнадежност се штетни и опасни, и честопати се преувеличуваат од страна на ѓаволот за да се прекине напредокот на оној кој се бори. Во себе имаме слабост и страсти, и длабоко вкоренети мани. Сето тоа не може да се скрши преку колената, ниту со помош на слабостите и тешките таги, туку со трпение и истрајност, храброст, труд и трезвеност.

    Патот кој води кон совршенството е долг. Молете Го Бога да ве крепи. Со трпение да ги пресретнете вашите падови, брзо да станете, и да трчате а не да стоите како деца на местото каде што сте паднале, неутешно плачејќи и пискајки.

    Бдејте и молете се да не паднете во пропаст. Не очајувајте ако често паѓате во старите гревови. Многу од нив се јаки по природа и навика. Меѓутоа, со време и со трудољубивост се победуваат. Нешто нека нѐ ве фрла во безнадежност.“ - Св. Нектариј Егински
     
    На Таа Сум, GirlLove, Philippa и 4 други им се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    2.738
    Пол:
    Женски
    RAZLIČNI KE BIDAT NAŠITE SREDBI SO BOGA

    " Na site ni predstoi sredba so Boga, lice vo lice,no na različni načini ja očekuvame istata,kako što ženite na različni načini gi očekuvaat svoite privremeno otsatni maži.

    Prvata tolku mnogu taguva po mažot koj ne e so nea,da ništo ne i e dovolno za uteha. Taa bukvalno, so mnogu malku hrana, preživuva,vo srceto i mislite postojano nasočena kon povtornata sredba so sakaniot.

    Toa e slika na sovršena ljubov kon Boga. No taa ljubov e dar Božiji i nie nemožeme,niti sme dolžni da ja predizvikuvame na veštački način.

    Medjutoa,postoi i druga žena.Taa ne taguva po mažot kako prvata,no i ne ja osuduva,ne i zaviduva,tuku se prekoruva sebesi, poradi toa što ne umee da saka so tolku golema ljubov.
    Nabljuduva i počnuva da ja kopira prvata,koja umee vistinski da saka,pa iako ne i e prirodno da se vozdržuva od strasti,taa toa i go čini,so nadež deka ke i se vrati so kamata pri povtornata sredba so mažot.
    Nejzinata nadež e opravdana,nejzinata sredba radosna ke bide. Taa nalikuva na podvižnik, koj ne go dostignal sovršenstvoto,no se stremi kon istoto.

    Tretata žena ne čuvstvuva strasna ljubov kon mažot i ne ni žali poradi toa.Taa živee poradi sopstvenite zadovolstva,iako go izbegnuva otvorenoto bezakonie. Seedno i e dali mažot ke i se vrati ili ne.

    No postoi i žena koja ne saka povtorna sredba so mažot,se plaši,bidejki znae deka negovoto vrakanje ke gi razotkrie site nejzini bludni i loši dela. Taa ke mora da odgovara za istite i da pretrpi kazna. Toa e žena koja si ja uskratuva semejnata radost.

    Bezakonieto i mlakosta ne go nasleduvaat Carstvoto Božje."

    Protojerej Konstantin Ostrovski
     
    На Таа Сум, Philippa, HUNK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    "За божествените и светите верувања на нашата вера, не смееме да дадеме ниту најмала забелешка, ако таа не е потврдена од Светото Писмо... Не ми верувајте затоа што ви кажувам нешто, освен ако истото не е потврдено од Светото Писмо. Нашето спасение, кое е нашата вера не е мудро размислување, туку е докажана преку Светото Писмо.“
    - Кирил Александриски
     
    На Orthophill и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Свети Атанасиј Велики откако ја запишал целата листа на книгите од Стариот и Новиот завет од Библијата заклучил со следниве зборови:

    „Овие книги се изворот на спасението, за оние кои се жедни да можат да се напојат со живите зборови кои ги содржат. Само во нив се содржи доктрината на побожноста. Да не се осмели човек кон нив да придодаде или да одземе. Бидејќи токму за ова Господ ги посрамоти Садукеите кога им рече „Во заблуда сте, бидејќи не го познавате Писмото.“
    - Свети Атанасиј Велики, 39-то Велигденско послание