1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поуки од светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 23 јануари 2012.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Сето она што го кажале или напишале светите отци не е отстапка од Светото Писмо, напротив, ни го појаснуваат она што е во него дадено. Можеби со наддадени зборови но со иста поента. Тие не измислиле ништо што во Светото Писмо го нема.

    А сега да продолжиме.

    Живеј со срцето на Небесата
    Непрестајно внимавај да не згасне во тебе духовниот живот, духовното умување. Размислувај почесто за сето она што го читаш и пееш или слушаш во црквата, или понекогаш дома. Живеј со животот на светиите, со молитвата, со нивниот ум, нивните добродетели: кротоста, смирението, незлобливоста, нештедењето себеси и одрекувањето од себеси, од својот спокој, благосостојба и уживање заради љубовта Божја и ближниот, со трпението, храброста, борбата, нивната вера, надеж и љубов. Нека ви биде крстот стегнат и светилата – запалени! Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе што го чекаат својот господар да се врати од свадба (Лука 12, 35-36).
    Ако читаш световни часописи и весници за да извлечеш што e од нив полезно за тебе како граѓанин и христијанин и семеен човек, тогаш најмногу и најчесто читај го Евангелието и делата на светите Отци, бидејќи за христијанинот е грев да чита световни дела, а да не чита дела боговдахновени. Ги следиш случувањата во надворешниот свет: не испуштај го од вид ниту својот внатрешен свет, својата душа: таа ти е поблиска и поскапоцена. Да се читаат само весници и часописи значи да се живее само со едната страна на душата, а не со сета душа, или да се живее само телесно, а не и со дух. Сѐ световно со светот ќе заврши. А светот поминува и похотите негови, сите потфати негови; а оној што ја извршува волјата Божја, останува довека (1. Јован 2, 17).
    Пристрасноста кон предметите неминовно со себе повлекува ладење кон Бог и кон делата на своето спасение, ладење кон ближниот, или омраза и завист кон него, ако од него зависи дали некои работи ќе ни бидат дадени, а тој не ни ги дава, или доколку сме принудени ние да му дадеме нешто. Затоа, добро е да се биде потполно рамнодушен кон предметите за да нема ни најмал повод за непријателство кон ближниот што е голем грев. Биди над пристрасноста кон трулежниот, суетен и краткотраен свет; живеј со срцето на небесата и сакај ги тамошните непропадливи добра, подготвени за оние што Го љубат Бог и ближниот.
    Свештеникот, како ангел Господов, треба да биде над сите страсти и вознемирувања на духот, сите световни пристрасности или неосновани стравови што доаѓаат од демонот; тој треба целиот да биде во Бог, само Него да Го љуби и само од Него да се плаши. Присуството на човечки страв подразбира дека тој сецело не се прилепил за Бог.
    Не загледувај се в лице телесно, туку попрво со внатрешното око набљудувај го лицето на својата душа какво е: да не го изобличиле страстите; истерај ја таа грдотија со молитвата и солзно покајание. Не загледувај се во убавата облека, таа е пропадлива, туку во непропадливата облека на душата своја, каква е: дали е валкана или нечиста поради честите гревовни падови – тајни и јавни, и да се стекнеме со облека на душата од нетрулежна убавина на кротоста, смирението, целомудреноста и чистотата, милосрдието, правдата.

    Свети Јован Кронштадски
     
    На Таа Сум, Serafima, Acka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Не го осудувај својот ближен; тебе ти е познат неговиот грев, но не и неговото покајание.
    Ава Доротеј
     
    На Таа Сум, Serafima, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, не преку соборите на нивните епископи, ниту преку пишувањата на нивните херои, ниту преку измамнички знаци и чуда, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, односно преку канонскиот авторитет на светите книги.

    - Свети Августин (354-430)
     
    На A-j-a и Orthophill им се допаѓа ова.
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.564
    Поведението на одредени личности е школски пример за Павлов рефлекс. Штом им „заѕвони“ пред очи некоја православна тема, веднаш почнуваат да „лачат“. Моќта на добриот тренинг е неверојатна!
    (поука од една оревокршачка)
     
    На korisnichka, Orthophill и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    „Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме не како што пишува, туку на друг начин. Но кога Светото Писмо сака да не научи нешто, тоа се толкува самото себе и не дозволува читателот да погреши. Затоа ве молам и преколнувам, да ги затвориме нашите очи за сè друго и исклучиво да го следиме канонот на Светото Писмо.“

    - Свети Јован Златоуст (354-407)
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Kirie Isu Hriste eleison me
    Gospodi Isuse Hriste pomiluj me
    Lord Jesus Christ have mercy on me
    Isusovata molitva svetite otci velat deka e skrateno sveto pismo. Vo nea ne samo sto go ispovedame Hristos kako Gospod tuku i ja barame Negovata milost.
     
    На Philippa, A-j-a и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    „Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината.“

    - Свети Атанасиј Велики
     
  8. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Свети Григориј Палама:
    „Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на ’подобриот дел‘. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку кое тој би можел да се соедини со Бог.

    Пресветата Дева, престојувајќи во храмот... со внимание и во непрестајна божествена молитва, Таа целата Своја стана и воспостави нов и неискажлив пат кон Небото, којшто јас ќе го наречам ’молчание на умот‘. И предавајќи го Својот ум на ова молчание, ја наткрили сета твар, и подобро од Мојсеј ја виде славата Божја, и беше посветена во божествената благодат, којашто никако не е подложна на силата на чувствата, туку претставува прекрасно и свештено созерцание – својствено за непорочните души и умови.

    Бидејќи причесна на ова (бого)созерцание, Пречистата – како што пеат црковните химни – стана светлоносен облак на навистина Живата вода, зора на таинствениот ден и огнена кочија на Логосот. (...) Таа токму затоа – не знаејќи за маж – и ја стекна благодатта да Го роди Богочовекот Христос“.
     
    На Таа Сум, Serafima и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Човековото срце е длабоко; како да се дознае што се случува во него, а уште повеќе, што во него треба да се случува во одредени ситуации? Секој има свој карактер, свое расположение, свои страсти, тежнеења, навики. Секој, значи, треба да има свој развој на внатрешното самопоправање; еден за сите невозможно е да се утврди. Самопоправањето не доаѓа од ладните заклучоци, туку од живото и ревносно делување кое се одвива длабоко во срцето. Христијанството е тајна не само во својата основа, туку и во дополнувањата. Постапката на неговото образование во срцето е слична на патот низ скриен и долг подземен тунел. Оној што ќе реши да стапне на тој пат ќе рече: еве го патот – и тој веќе врви по него. „Значи, кој може да се спаси“, ќе рече некој, откако ќе ги воочи тешкотиите на самопоправањето? – Ќе одговориме со зборовите на Спасителот: „за луѓето ова е невозможно, но за Бог сѐ е возможно“. Оној што решил да живее христијански живот преку Светите Тајни добива благодат од Светиот Дух Кој просветлува, укрепува и теши. Живеејќи со него, таа го води за време на опасното туѓинување на земјата, на најпремудар начин. И кој може да се надева дека сам ќе го поправи своето срце? – Зарем во ова свето дело некој може да очекува успех од помошта на човек и неговите постапки? Чујте што вели Господ: „Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши сквернавења, и од сите ваши идоли ќе ве исчистам. Ќе ви дадам ново срце, нов дух ќе ви дадам. Ќе Го внесам во вас Мојот Дух и ќе направам да одите по Моите заповеди и да ги пазите и да ги исполнувате Моите повелби (Езек. 36, 25-27). Сѐ е од Господ. Нему да Му се предадеме, на Неговото благодатно дејство, за од нас Тој да направи, како уметник и создател – добри и чесни садови – многу добри созданија. Од своја страна, ние можеме само да Му ја покажеме искрената желба за самопоправање и вистинската подготвеност да се покориме на Неговите барања. Што се случува со оној што ќе биде посетен од Господовата благодат, како таа го води по патот на очистувањето и состојбата на чистота и непорочност, – тоа Спасителот го покажа во параболата со блудниот син.

    Свети Теофан Затворник
     
    На LegallyBlonde13, Таа Сум, Philippa и 4 други им се допаѓа ова.
  10. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Пополезен е еден збор од опитен и смирен човек, што со болка излегува од длабочината на неговото срце, отколку мноштво зборови на површно мудриот човек, што заради умешноста на јазикот излегуваат брзо и од коишто душата нема никаква полза.
    свети Паисиј Светогорец
     
    На Таа Сум, sonuvana, Philippa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Philippa

    Philippa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Ниту ѕидовите, ниту раскошниот мебел не го прават домот дом. Богатите во величествените вили може никогаш да не знаат за дом. Но таму каде што се добрите односи, каде што љубовта го држи семејството заедно и кон Бог, таму секогаш ќе има среќа. Зашто добрите односи се насекаде небо.

    Преподобен Серафим Саровски
     
    На Таа Сум, softy1, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    „И кога (грчкиот филозоф) Сократ се обидуваше, преку расудување и испитување, да ги донесе овие работи во светлина и да ослободи луѓе од демоните, тогаш, демоните лично, со помош на луѓето кои уживаат во беззаконието, ја заговорија неговата смрт, како атеист и богохулец, под обвинение дека „тој воведувал нови божества“.
    И во нашиот случај тие покажуваат слична активност. Логосот не преовладуваше само помеѓу грците за да ги осуди овие работи преку Сократ, туку исто така и помеѓу варварите кои беа осудени лично од Логосот, кој зема форма и постана човек и беше наречен Исус Христос.“

    - Светиот маченик Јустин Филозоф (1 Апологија, 5 погјавје)


    Овде свети Јустин поучува дека Логосот (Исус Христос) бил присутен и во грчкиот филозоф Сократ. Според Јустин, Сократ бил исто така Божји пророк кој ги предупредувал грците да се отргнат од идолите во кои престојувале демоните.
    Интересно е ова гледиште на Сократ, но јас лично, иако многу го почитувам Јустин како силен христијански апологет во почетокот на вториот век, сепак сметам дека овде погрешил и дека Исус не зборувал преку Сократ, бидејќи Сократовата (и Платоновата) елинистичка филозофија (мудрост) во многу работи се разликува од христијанството и од старозаветната Божја објава и од мудроста која Бог ја објавил преку Соломон во Библијата.
     
    Последна измена: 7 октомври 2016
  13. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Меѓу великите монаси, познати египетски подвижници беше и авва Агатон. Тој особено се одликуваше со смирение и трпение. Сакајќи да го проверат тоа, еднаш во посета му дошле неколкумина браќа. Тие го прашале: „Авво, слушнавме дека си горд, дека ги презираш другите и дека си блудник?“ Авва Агатон им одговорил: „Да, тоа е вистина.“ „А дали си озборувач и клеветник?“ И на тоа прашање, тој им одговорил потврдно. Но, кога го прашале: „Авво, дали си еретик?“ Тој им одговорил: „Тоа не! Јас не сум еретик.“ Потоа го прашале: „Авво, те молиме кажи ни зошто ги признаваш претходните особини, а третата не ја признаваш?“ Тој им одговорил: „Тоа првото го прифаќам, бидејќи тоа е корисно за мојата душа, но да се биде еретик значи да се биде одвоен од Бога, а јас не сакам да бидам одвоен од Бога.“



    (од Старечникот)
     
    На Таа Сум, Serafima, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Ние треба да живееме, како што се врти тркалото – само со една точка да се допираме до земјата, а со сите останати да се стремиме нагоре.

    Преподобен Амвросиј Оптински
     
    На Таа Сум, Serafima, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Еден старец бил запрашан: „Како можам да Го најдам Бога?“ Тој одговорил: „Постејќи, бдеејќи, трудејќи се, посветувајќи се, а најмногу од сè, расудувајќи. Ти велам, многумина си ги повредија своите тела без расудување и си заминаа од нас, без никакво преуспевање. Нашите усти смрдат од пост, го знаеме Писмото напамет, ги кажуваме Давидовите псалми, но го немаме она што Бог го бара: милосрдие и смирение“.

    свети Макариј Велики
     
    На Таа Сум, Serafima, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Не можеш самиот да ги уништиш страстите, туку помоли Го Бога и Он ќе ги уништи нив, ако тоа е полезно за тебе.

    свети Анатолиј Оптински
     
    На Таа Сум, Serafima, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Светоотечки поуки за смирението

    Св. Варсануфиј Велики и Јован Пророк

    † Првото смирение се состои во тоа братот да го сметаш поразумен и во се’ подобар од себе, или себеси да се сметаш за најмал од сите. Второто смирение, пак, се состои во тоа своите подвизи да ги препишуваш на Бога. Тоа е совршеното смирение на светиите.

    † Во сите случаи треба да прибегнуваме кон смирението, зашто смирението лежи на земјата, а оној кој лежи на земјата, не може да падне. А оној, пак, кој се дига на високо, лесно паѓа.

    Св. Григориј Богослов

    † На смирените им се дава опростување на гревовите.

    Св. Григориј Синаит

    † Кога ѓаволот гледа дека некој живее плачејќи, тој таму не пребива, затоа што се плаши од смирението што доаѓа од плачот.

    Св. Димитриј Ростовски

    † Биди така смирен, како што си создаден смирено од Бога.

    Св. Ефрем Сирин

    † Блажен е оној кој секогаш доброволно се смирува себе си , затоа што ќе биде овенчан од Оној Кој доброволно Себе Си се смири.

    Авва Исаија

    † Смирение е да мислиш за себе дека си грешник и дека ништо добро не правиш пред Бога.

    Св. Исаак Сирин

    † Има смирение поради страв Божји, а има и смирение од љубов кон Бога.

    Св. Јован Златоуст

    † Кој се правда пред Бога, нечист е, макар и да е посвет од сите луѓе; напротив, оној кој себеси се смета за последен меѓу сите, станува праведен.

    † Покајанието го обновува паднатиот; плачот заради гревовите чука на небесните врати, а смирението ги отвора.

    Св. Јован Кронштатски

    † Ние сме должни пред другите не да се воздигнуваме, туку да се смируваме.

    Св. Јован Лествичник

    † Смирението е извор на расудување.

    Св. Макариј Оптински

    † Подобро е за нас, откако ќе ги согледаме своите падови, да се смируваме и неволно да се сметаме себеси за полоши од другите, отколку да ги гледаме своите божемни подвизи, а да на се потопуваме во длабочината на смиреномудрието.

    Св. Максим Исповедник

    † Како што оганот и водата не можат да бидат заедно, така и самооправданието и смирението се исклучуваат едно со друго.

    Св. Нектариј Егински

    † За да Го пронајдете Господа, смирете се себеси до прав, зашто Господ се гнаси од гордите, додека ги љуби и посетува смирените по срце. Затоа и вели: „Но, на кого ќе погледнам? На оној кој е со смирен дух и кој трепери од моите зборови“ (Ис. 66,2).

    Старец Николај (Гурјанов) Залитски

    † Смирението е како полн пченчен клас – колку е пополн и позрел, толку потешко и пониско паѓа кон земјата.

    Авва Пимен

    † Што значи да се верува? Да се верува значи да се пребива во смирение и милост.

    Св. Серафим Соболев

    † Без смирението, ниту една од добродетелите нема никаква спасителна сила за нас.

    Св. Силуан Светогорец

    † Сакам да се научам на смирение и Христова љубов, никого да не навредам и разжалостам, туку за секого да се молам како за самиот себе.

    Св. Симеон Нов Богослов

    † Оној што сака да биде мудар бидејќи ги минал сите науки и е упатен во надворешната мудрост, никогаш нема да се удостои да проникне во тајните Божји и да ги спознае, ако претходно не се смири…отфрлувајќи ја заедно со умисленоста и така добиената ученост.

    Св. Филарет Московски

    † Вистина е дека преку ден можат да се видат ѕвездите, но од длабочина. Длабочината мора да биде ниска и вертикална, недостапна за сончевата светлина. Колку човекот е подлабоко во своето смирение, толку подобро го гледа Небото.
     
    На Таа Сум, Serafima, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да го ставам ова, мислам океј е овде. Добро е да се слушне.

     
    На Таа Сум, Serafima и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Свети Јован Златоуст:
    Заповедано ни е да имаме само еден непријател, ѓаволот. Со него никогаш не се помирувај! Но со ближниот, никогаш да не непријателствуваш во срцето.

    Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/zapovedano-ni-e-da-imame-samo-eden-neprijatel/ .
     
    На Таа Сум, Serafima и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Во вашите беседи не зборувајте за религиите – и тогаш ќе победите. Дозволете му на човекот кој има поинакво мислење да се излее, нека зборува и зборува… Нека почувствува дека се сретнал со спокоен човек. Делувајте врз него со својата добронамерност и молитва, а потоа кажете неколку збора. Ништо нема да направите ако остро зборувате, ако на пример, му речете „Ти лажеш!“ Што ќе биде од тоа? Вие сте како овци меѓу волци. Што да правите? Однадвор бидете мирни и молете во себеси. Бидете подготвени, бидете образовани, бидете храбри но заедно со светост, кротост и молитва. Но, за да постапувате вака, потребно е да бидете свети. Човек може да биде свет каде и да се наоѓа. И среде најбучниот град, човек може да се освети.

    + + +

    Еднаш Старецот ми рече: „Ти си побожен човек. И сакаш да ги натераш своите ближни да бидат исто толку верни и побожни луѓе како тебе. Мислиш дека така ќе успееш? Само ќе направиш штета. Принудувањето побудува отпор кај луѓето. Ти му велиш на човека „направи вака“, и тој не сака, затоа што ти си му го рекол тоа. Во него се крева бран на отпор и тој ќе ги игнорира твоите зборови. Меѓутоа, ако ближниот забележи дека и ти самиот правиш нешто, тогаш, можеби, и тој ќе почне да прави нешто. Човекот те гледа и си мисли: „Ако тој направи така, и јас ќе направам“.

    Св. старец Порфириј Кавсокаливиски


    Извор: http://pravoslavie.mk.
     
    На Таа Сум, korisnichka, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.