Пофалби имам за тоа што многу совети има од некои членки тука. Браво за таа што е во подфорум секс што е pinned од една членка, многу корисни работи, браво.
Иако сум машко ама морам да признаам дека femina, иако настана како форум за женскиот сајт femina, сепак прерасна во најголем и најпознат македонски форум на интернет, па мора да ги пофалиме тука жените )) има и доста мажи тука како членови па мислам дека не им пречи многу на жените, не би ни требало, и мислам дека е баш убаво што е вака шаренолико
Јас сум на Фемина веќе 10 години, некогаш помалку, некогаш повеќе активна. Во дневникот мој немам толку изнапишано за мене, ко на Фемина. Никого не познавам лично, но тука сум споделила многу убави и неубави работи, желби, мислења за религија, кавги за политика, поддршка за слабеење итн. Има форумски ликови чии мислења ми недостасуваат, има тинејџерки што тука пораснаа, има експерти од сите области од домаќинство до наука. Сега сум бремена па имам и време (а и потреба) да висам по форуми, оти врска неам од Бременост. И тука ми испукаа филм некои фацки, пробав да ублажам ситуација, госпоџата вреѓа ли вреѓа. Прво пофалба до Админите на Категоријата Бременост што одма ги избришаа мислењата, уште пред да ги пријавам и пред да имам можност да ги прочитам два пати, што би ми создало уште поголема болка. Се убив од плачење цел ден. После таа случка, пробав со други форуми, с'ска ме фати од реклами што летаат на сите страни. Толку несредено, никакво. Тука научена на ред и чистота Викам ќе се вратам на Фемина, кој не ми го поднесува стилот, не мора да ме чита, нека ме оговара во приватни пораки. Друго што е тука најубаво, ретко се наоѓа женски форум што ги има сите ама баш сите теми што и требаат на една жена. А тука ги има сите. Неспоредливо подобар е овој Форум од сите други женски форуми. Голема благодарност до Фемина што постои, а најмногу на Модераторите и Админите што се трудат да ја одржат позитивната атмосфера, па банираат и бришат кога ќе претераме (а сите некогаш сме претерале ) . Спојлер Ете јас во 2011 имам 20 мислења дека Киро Глигоров е предавник на Македонија. Денес да ме прашаш зошто сум пишувала така , поима неам, за Киро ни тогаш ни сега не сум знаела ништо.
Е ова е модератор на место. Не ја фалам пошто ја знам, него пошо си ја врши работата као шо треба.Прв пат ми брише мислење, и кажува зашто.А не, до толку ве мрзи шо ќе избришете и не ви ни текнува да кажете зашто.А таму кај шо сте ме бришале има и други офф топици.А малата се испонаша, па си доби рикверц. @Dream-Girl гушки
Кога сме кај тема за модератори од цел модераторски тим @Dream-Girl и @RainBow се најдобри. Добри,културни,фини,брзо реагираат, секогаш кога ќе си пријавам мислење во музика одма добивам одговор.Секоја чест за вас двете најдибри сте
Сите модератори си ја вршат својата должност на свој начин.Не дека другите се лоши во тоа,но најмногу имам пофалби за @Dream-Girl и @cresa-jagoda .Браво за вас девојки,продолжете така
Гооолема пофалба до админките и модераторите, што успеваат да го одржат форумов толку долго. Член сум скоро 6 години. Немам голема активност, искрено до пред 3 месеца неможев да се логирам, мој пропуст, не се ангажирав да сменам лозинка бидејки ја заборавив, но често сум ве читала. Како и да е сватив дека кога човек има слободно време подобро е да го помине тука отколку на фб. Ќе бидам искрена мислев дека никој не е активен овде. Но сум згрешила. Има супер форумџики и супер теми за секого. Поздрав Продолжете вака.
На неколку форуми сум најавена, но на фемина највеќе сум уклучена. Ми се свиѓа што се убаво уредени темите и модераторите се горе доле сите океј. Е сега може и подобро уредување на темите, но на други форуми е многу полошо. Пример, на кајгана кога сум уклучена, за тема да најдам едвај се снаоѓам