Почетници на гитара

Дискусија во 'Музика' започната од dejan123, 24 јуни 2011.

  1. dejan123

    dejan123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Деновиве планирам да си купам акустична гитара, а немам искуство. Има ли некој гитарист кој може да ми објасни нешто? Има ли некои скали кои треба за почеток да се научат бидејќи над песните акордите ги пишува со големи букви. Ве молам објаснете...
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Часови по гитара

    Ќе се обидам да ти помогнам, иако баш и не знам да свирам нешто посебно бидејќи не вежбав доволно, а плус моментално немам жици. :)
    Жиците се бројат од доле, па нагоре, т.е. 1 (E), 2 :l:, 3 (G), 4 :d:, 5 (A) и 6 (Е).
    [​IMG]

    Дуровите се бележат со голема, а моловите со малечка буква (пр. D-dur; a-moll).

    За почеток би можел да ги научиш A-dur, D-dur, C-dur, G-dur.
    Можеш да ги најдеш на гугл. :) Со тоа што ќе ги свириш наизменично, па откако ќе ги извежбаш можеш да почнеш да свириш и песни.
    Мислам дека „Немој сречо, немој данас“ од Рибља Чорба е лесна за почетници, исто како што и „Кад сам био млад“ и „I'ill be there for you“ oд Бон Џови. :)

    Доколку те интересира уште нешто, слободно прашај, доколку можам ќе ти помогнам. :)
     
  3. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Дурот стои над секој збор каде што треба да смениш. Пример свириш А-мол ти доаѓа збор а над него имаш Г-дур, тогаш менуваш.
    Ти кажа Вајлд за ''Тад сам био млад''. Многу е лесна за свирење. Имаш само два дурови. А-мол и Г-дур. Ритамот можеш да го свириш како оргиналот, ама можеш и да импровизираш. Исто така звучи убаво.
    Први дурови кои треба да ги научиш за да можеш да свириш комотно ти се: а-мол, А-дур, Г-дур, е-мол,
    Е-дур, д-мол, Д-дур, Ц-дур и во многу песни се среќава многу често ф-мол.
    На почетокот ќе ти биде потешко додека да свикнеш бргу да ги менуваш прстите. Научи го прво тоа, вежбај ги скалите, потоа почни со песни. Ќе ти биде полесно кога ќе ги научиш. :)
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Тоа заборавив да ти спомнам, на почетокот многу ќе те болат прстите бидејќи треба цврсто да ги држиш жиците за да излегува тон. Дури може и да почне да ти се лупи кожата на врвовите, но со тек на време се навикнуваш и ќе ти се стврднат врвовите на прстите и ќе немаш гајле. :)
     
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Зависи и накакви жици ќе свири. Од пластичните не се лупат многу прстите. А од оние другите мене и над 10 пати ми се имаат лупено :lol:
     
  6. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    И јас на времето бев надежен почетник, ама ништо. Научив неколку дурови и една цела песна и толку бидна. И сега ме фаќа мерак чат-пат, па си барам и симнувам туторијали, ама никако да ја земам гитарата в раце. Се надевам дека желбата да свирам на гитара нема да ја однесам во следниот живот. :D

    Инаку на времето да имаше интернет сигурно ќе ме гледавте во некој бенд.[​IMG]


    Еве добра страна за почетници на гитара (на српски е страната).
    http://www.gitare.info
    А и на youtube има буквално се, па со упорност и вежбање може и од дома да се научи.
     
  7. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    http://www.youtube.com/watch?v=O_n9Dys8K2o

    И оваа е за почетници. Ептен е лесна. Јас го знам само интрото и дел од првата строфа сега зимото пак ќе учам да свираам. :)
     
  8. ToFe

    ToFe Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
  9. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    И јас сум моментално почетник и ги учам нотите на 1 па 2 па 3 жица и тн.......
    Ако сакаш да научиш некоја полесна песна:Ода на радоста( Ode to joy),Ten little indians и Тwinkle twinkle little star.......... :) :)
     
  10. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    149
    Има ли некоја што сака да учи?
     
  11. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    149
  12. Aerodromka

    Aerodromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    117
    И јас сакам да се научам да свирам на гитара.Сега имам 27 години и ми викаат касно ти е.Тоа требаше додека беше мала да учиш.Додека бев мала од оправдани причини не учев да свирам.Кажете ми кај кого да одам на часови по гитара(Предложете ми некој) и колку пари е?
     
  13. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    5.732
    Пол:
    Женски
    јас можам да се наречам intermediate малку повеќе од почетник сеуште учам секако и почнав кога имав 9-10 години кога ми ја купија првата гитара :$
    порано давав пари за класови ама џабе беше се а и учителот ништо не ме научи и ги прекинав и почнав сама да си се учам од книги, јутуб видеа и слушање квалитетни гитаристи :lol:
    немам електрична, планирам да купам или дедо мраз ќе си ја направи работата :rofl:
    за ептен почетници прво требa да ги знаеш имињата на деловите и жиците од гитарата основни работи како тоа, за да знаеш за што се прави муабет на пример кога ќе речам жица А или G после се учат лесни акорди , би ти предложила прво да ги научиш дур акорди : А дур , G дур , C дур , E дур, Д дур мислам овие 4 се одлични за почеток да ги научиш додека ја навикнеш раката ;) , после почни да учиш МОЛ акорди и скали , ученето на скали ќе ти помогне многу во свирењето и исто така ако сакаш да направиш твоја музика ( соло ) .. има на интернет можеш да најдеш песни со 3-4 акорди многу лесни што можеш да ги свириш за да се вежбаш на брзина на менување на акордите и за да ги навикнеш прстите ( од прво прстите многу ќе те болат ама после ќе се навикнеш ако вежбаш) e сега електрична ти е полесна од акустична гитара , ама јас би ти рекла да почнеш на акустична затоа што звукот можеш да го чуеш чисто и јасно , ако се научиш на акустична прво , полсе на електрична ќе ти биде многу полесно зошто жиците се полабави и не треба многу да стегаш како на акустична . исто така штимај ја гитарата или некој нека ти е штима ако не знаеш ти ( или купи си tuner :lol: ) на секоја една недела.. вежбај често ако сакаш да се научиш треба да вежбаш - ова од искуство ти го кажувам .. некогаш ќе мислам дека нема шанси нешто да отсвирам и ќе го вежбам 1-2 недели и ќе го научам :)
     
  14. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Ај да ве замолам,ако знаете да ми предложите некои туторијали од јутјуб за да научам да свирам. :?: Ја купив гитарава пред 2дена,што се вели уште не почната со свирење почнав да се нервирам. |( Не можам баш да се снајдам,па ако знае некој,нека остави линкови од добри туторијали,Благодарам однапред.
     
    На SexyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    5.732
    Пол:
    Женски
    штом си ја купила сега прво почни да ги учиш како се викаат деловите и имињана на сите жици :) E(low) A D G B E (high)
    оти ако почнеш одма со акорди нема да знаеш за што се прави муабет кога ќе речат жица А или друга
    ( само штимај ја гитарата почесто , оти некогаш проблемот може да е до тоа )
    почни со овие
    http://www.youtube.com/watch?v=ppoiecarX-o
    потоа почни лесни акорди да учиш , прво ДУР научи ги немај гајле за другите :) и вежбај секоја ден 3-4 акорди навикни ги прстите и раката навикнија на побрзо менување на акордите , не брзај по полека прави ги и со време ќе се навикнеш ..еве видеа некој најдов :
    http://www.youtube.com/watch?v=OGE4ZVbaDFQ
    гледај го цело видео убаво објаснува :)

    и пс. ако се нервираш нема да научиш :D take it easy
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pinkberry

    pinkberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    564
    Знае ли некој околу колку се движат цените на акустичните гитари?
     
  17. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    @pinkberry , половните се поевтини,од 1500 па нагоре,а нова ако сакаш,баш во Скопје во ГТЦ видов беа 8000денари мислам,новите се поскапи нели,но има и нова од 3000 па нагоре,но има и разлика во квалитетот.
     
    На pinkberry му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Deniere danse

    Deniere danse Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    да не знае некој/а некој пеач или пејачка што пее пониски песни ???
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.546
    Пол:
    Женски
    Јас сум почетник во гитара и да те утешам неможиш да бидиш полоша од мене :tmi: Така да со среќа :l: Ќе видиш и не е толку тешко како што ќе мислиш на почеток :)
     
  20. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    5.732
    Пол:
    Женски
    електрична Конечно купив пред еден месец и многу малку време ми зеде да се навикнам после 5 години искувство со само акустична
    многу многу е полесна за свирење нормално жиците се потанки и многу полесни за стегање .. никогаш не сватив колку вреди акустична додека не ја имав електричнава гитара.. и пак ќе речам со акустична се почина , чист звук ..:D
    јас никогаш не бев нежна со гитари :rofl::tmi: барем сега можам да свирам рок и метал соло после години од пробување да направам pull-off на 17ти фрет на дебели жици :nod:
     
    На BoneMachine и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.