1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина Стив Џобс

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 6 октомври 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Технолошкиот гениј Стив Џобс, кој долго време се бореше со рак на панкреасот, почина на 56-годишна возраст.

    Тажната вест за визионерот кој не се плашеше да го промени светот и успеа да ги донесе iPhone, iPad и iPod во рацете на милиони лојални потрошувачи ја потврди претставник на Apple, а подоцна и неговото семејство.
    „Брилијантноста, страста и енергијата на Стив беа извор на бројни иновации кои го збогатија и подобрија животот на сите нас. Светот е неизмерно подобар поради Стив“ – се вели во соопштението на Apple.

    „Apple изгуби визионер и креативен гениј и светот загуби неверојатен човек. Оние од нас кои беа доволно среќни да го познаваат и да работат со Стив изгубија драг пријател и инспиративен ментор. Стив остава зад себе компанија која само тој можеше да ја изгради и неговиот дух вечно ќе биде основа на Apple“ – пишува на сајтот на компанијата.
    „Стив почина мирно опкружен од своето семејство. Во неговиот јавен живот Стив беше познат како визионер, а во неговиот приватен живот тој многу се грижеше за своето семејство. Многу сме им благодарни на многуте луѓе кои ги споделуваа своите желби и молитви за време на последната година од боледувањето на Стив“ – се вели во соопштението на семејството на Џобс.

    Стив беше во брак со неговата сопруга Лорен 20 години. Тие имаат еден син и две ќерки. Џобс има и уште една ќерка, Лиса Бренан-Џобс, од поранешна врска.

    Веста за смртта на Џобс инстантно го обиколи светот и допре до некои од најмоќните луѓе, кои секогаш ќе имаат неизмерна почит кон Стив како човек и инвентор.

    „Навистина сум тажен поради веста за смртта на Стив Џобс. Јас и Мелинда испраќаме искрено сочувство до неговото семејство и пријателите и со сите оние до кои допре Стив преку неговата работа. Ние се сретнавме за првпат пред 30 години и бевме колеги, конкуренти и пријатели во текот на повеќе од половина наши животи. Светот ретко гледа некој што имаше толку силно влијание, чиј ефект ќе го чувствуваат многу идни генерации“ – објавил Бил Гејтс преку соопштение.

    „Стив, благодарам што ми беше ментор и пријател. Благодарам што покажа дека она што можеш да го изградиш може да го промени светот. Ќе ми недостигаш“ – објавил Марк Цукерберк.

    „Стив Џобс беше најголемиот пронаоѓач по Томас Едисон. Тој го стави светот на врвот на нашите прсти“ – рекол Стивен Спилберг.

    Извор femina.mk


    Почивај во мир голем човеку.
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    my role model, R.I.P
    го обожавав човеков и неговата работа и му се восхитував, баш ми е жал што не видовме уште многу од него, сепак и ова што го направи е повеќе од доволно
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Го читав говорот кој го дал во 2005 година на универзитетот Стенфорд за дипломираните и да ви кажам право - се расплакав. :(
    Ме трогна.
    Почестен сум што можам да бидам со вас денеска на вашето дипломирање на еден од најдобрите универзитети во светот. Јас никогаш не дипломирав. Всушност, ова е најбислку што сум дошол до дипломирање на колеџ. Денеска сакам да ви раскажам три приказни од мојот живот. Тое тоа. Ништо повеќе, само три приказни.
    Првата приказна е за поврзување на точките.
    Го напуштив Рид Колеџот после првите 6 месеци, но продолжив да одам на некои предавања повремено уште 18 месеци пред целосно да се откажам. Но зошто го напуштив колеџот?
    Тоа започна уште пред да се родам. Мојата билошка мајка била млада, недипломирана студентка на факултет и одлучила дека е најдобро да ме даде на посвојување. Таа била сигурна дека треба да бидам посвоен од луѓе кои завршиле факултет, па така се било средено да бидам посвоен од адвокат и неговата сопруга. Но во последниот момент кога сум излегол тие сепак одлучиле дека сакаат девојче. Па така моите родители, кои биле на листа на чекање, добиле повик доцна во ноќта и ги прашале: Имаме неочекувано машко дете, дали го сакате? Тие рекле: Секако. Мојата биолошка мајка подоцна дознала дека мојата мајка никогаш не завршила ниту средно училиште. Одбила да го потпише последниот договор за посвојување. Се согласила дури неколку месеци подоцна кога моите родители ветиле дека еден ден јас ќе одам на факултет.
    17 години подоцна јас се запишав на колеџ. Но наивно избрав колеџ кој беше скоро исто скап колку и Станфорд, и целата заштеда на моите родители од работничка класа беше потрошена школарина. После 6 месеци, не можев да ја видам вредноста на тоа. Немав идеја што сакам да правам со мојот мојот живот и немав идеја како колеџот може да ми помогне да сфатам што сакам. А овде ги трошев сите пари што моите родители ги штеделе цел живот. И така се откажав и верував дека се на крај ќе биде добро. Беше многу страшно во тоа време, но кога сега гледам наназад тоа беше една од најдобрите одлуки што сум ги донел во животот. Во моментот кога го напуштив колеџот, можев да престанам да одам на предавањата што не ме интересираа, и почнав да упаѓам на предавањата кои ми изгледаа инетерсно.
    Не беше се толку романтично. Немав соба во домот, па така спиев на подот во собите на моите пријатели, враќав празни лименки Кока Кола за 5 центи депозит за да можам да си купам храна, и пешачев по 7 милји меѓу градовите секоја недела вечер за да можам да имам барем по еден добар оброк неделно во Харе Кришна храмот. И многу од она што го преживеав заради тоа што ја следев својата љубопитност и интуиција се испостави како бесценето подоцна. Дозволете да ви дадам еден пример:
    Рид Колеџот во тоа време го нудеше можеби најдобриот курс по калиграфија во земјата. Во кампусот секој постер, секој натпис, секој цртеж, беше толку убаво рачно напишан. Бидејки се откажав од факултетот и не морав да одам на нормалните предавања, одлучив да одам на часовите по калиграфија да научам како ова се прави. Научив за сериф и сан сериф начините на пишување, за варијациите на простор помеѓу различни комбинации на букви, за тоа што прави една типографија да биде убава и сл. Беше преубаво, историски, уметнички суптилно на начин на кој што науката тоа не може да го претстави, и за мене тоа беше фасцинантно.
    Ништо од ова не ми даваше надеж дека некогаш практично ќе го искористам во животот. Но, 10 години подоцна, кога го креиравме првиот Мекинтош компјутер, се ми се врати. И сето тоа го дизајниравме во Мек. Тоа беше првиот компјутер со убава типографија. Ако никогаш не се појавев на тој курс на колеџ, Мек никогаш немаше да има различни и пропорционално раздвоени фонтови. А бидејќи Виндоус целосно го копираше Мек, тоа значи дека ни персоналните компјутери немаше да имаат фонтови воопшто. Ако никогаш не се откажев, немаше да упаднам на часовите по калиграфија, и компјутерите можеби никогаш немаше да имаат топографија како што имаат денеска. Секако, беше невозможно да се поврзат точките тогаш додека бев на колеџ. Но кога гледав 10 години наназад, беше се многу јасно.
    Уште еднаш, не можете да ги поврзете точките гледајќи нанапред, можете да ги поврзете точките само ако гледате наназад. Така, морате да имате верба дека точките некако ќе се спојат во иднината. Морате да верувате во нешто, во среќа, судбина, живот, карма, што и да е. Овој пристап никогаш не ме изневерил, а ги направи и сите разлики во мојот живот.
    Мојата втора приказна е за љубовта и губитокот.
    Бев среќен, дознав што сакам да правам многу рано во мојот живот. Воз и јас го направивме Apple во гаражата на моите родители кога имав 20. Работевме напорно, и за 10 години Apple прерасна во компанија од само двајца во компанија вредна 2 милијарди долари и 4000 вработени. Штотуку ја објавивма нашата најфина креација, Макинтош, една година претходно, а јас имав 30 години. И тогаш бев отпуштен. Како можеш да бидеш отпуштен од компанија која си ја стартувал? Како Apple растеше, така ангажиравме некого за кого мислев дека е доволно талентиран да ја води компанијата со мене, и првата година и нешто работите одеа добро. Но нашите видици за иднината почнаа да се разликуваат и почнавме да паѓаме. Кога конечно бевме доле, нашиот борд на директори застанаа на негово страна. Па така со 30 јас бев избркан. Се она што беше фокус на мојот живот заврши, и јас бев девастиран.
    Навистина не знаев што да правам сам со себе во следните неколку месеци. Чувствував дека сум разочарал некоја претходна генерација на претприемачи, дека ми паднала штафетата која претходно ми ја подале мене. Се ретнав со Дејвид Пакард и Боб Ноијс и пробав да им се извинам што толку многу заебав. Бев таква јавна пропаст што дури помислив да си одам од долината. Но нешто полека почна да изгрева во мене – се уште го сакав она што го правев. Нештата во Apple не се изменија ни малку. Јас бев избркан, но се уште бев заљубен. И затоа решив да започнам одново.
    Не го видов тоа тогаш, но излезе дека отказот од Apple беше најдоброто нешто што ми се случило. Тежината да бидеш успешен беше заменета со леснотијата да бидеш почетник одново, помалку сигурен во се околу мене. Тоа ме турна во еден од најкреативните периоди во мојот живот.
    Во текот на следните 5 години, ја создадов компанијата која ја нареков Next, уште една компанија со има Pixar, и се заљубив во прекрасна жена што ми стана сопруга. Pixar започна да го создава првиот компјутерски анимиран долгометражен филм, Toy Story, а во моментов е најуспешното студио за анимација во светот. Во невиден круг на случувања, Apple го купи Next, така јас се вратив во Apple и технологијата која ја развивавме во Next сега е срцето на ренесансата на Apple. A Лорен и јас имаме прекрасен фамилијарен живот заедно.
    Скоро сум сигурен дена се ова немаше да се случи доколку не добиев отказ во Apple. Беше одвратно да се прими таа терапија, но очигледно на пациентот му требаше. Понекогаш животот ќе те удри со цигла во глава. Не губете надеж. Уверен сум дека единственото нешто што ме одржа да продолжам беше тоа што го сакав тоа што го правам. Морате да најдете што е тоа што го сакате. А тоа се однесува и на вашата работа и вашиот љубовен живот. Работата ќе ви пополни еден голем дел од вашиот живот и единствениот начин да бидете целосно задоволни е да го работите она што верувате дека е одлична работа. А единствен начин да ја завршувате добро работата е да ја сакате. Ако се уште не сте ја пронашле, продолжете да барате. Не се откажувајте. Со целото срце ќе го почувствувате тоа кога ќе ја најдете. И, како и секоја добра врска, ќе биде се подобро и подобро како ќе поминуваат годините. Па така барајте додека не ја пронајдете, не се откажувајте.
    Мојата трета приказна е за смртта.
    Кога имав 17 години, прочитав цитат кој што звучеше вака отприлика: Ако го живееш секој ден како да ти е последен, тогаш еден ден сигурно ќе бидеш во право. Остави впечакот на мене и од тогаш во последните 33 години, ќе се погледнев во огледало секое утро и ќе се прашав: Ако денеска е последниот ден од мојот живот, дали би сакал да го правам тоа што имам намера да го правам денеска? И ако одговор беше НЕ неколку дена по ред, знаев дека треба да сменам нешто.
    Сознанието дека ќе бидам мртов наскоро не најважната алатка која и помогна да правам големи одлуки во мојот живот. Бидејќи скоро се, сите надворешни очекувања, целата гордот, сите стравови од понижување или неуспех, сите овие нешта паѓаа во вода соочени со смртта, оставајќи го само она што е навистина битно. Сознанието дека еден ден ќе умрете е најдобриот начин да ја избегнете замката дека имате што да изгубите. Веќе сте голи, нема причина да не го следните вашето срце.
    Пред една година ми беше дијагностициран рак. Имав скенирање во 7:30 наутро и одеднаш се покажа дека имам рак на панкреасот. Тогаш не ни знаев што е панкреас. Докторот ми кажа дека скоро сигурно имам тип на рак кој не се лечи и дека не треба да очекувам да живеам повеќе од 3 до 6 месеци. Докторот ме советуваше да одам дома и да си ги средам сите работи, што во докторски шифри значи да се подготвам да умрам. Тоа значи да пробате да има кажете на вашите деца се она што сте планирале да им го кажете во следните 10 години за само неколку месеци. Тоа значи да се осигурате дека се е средено за да може на вашата фамилија да и биде што е можно полесно. Тоа значи да се збогувате.
    Живеев со таа дијагноза цел ден. Подоцна тој ден имав закажано биопсија, каде што ми спроведоа ендоскоп низ моето грло, преку стомакот, ставија игла во мојот панкреас и земаа неколку клетки од туморот. Јас бев под седативи, но мојата сопруга, која беше таму, ми кажа дека кога ги виделе клетките под микроскоп докторите почнале да плачат бидејќи се покажало дека е тоа многу редок тип на рак на панкреасот кој што сепак се лечи со операција. Се оперирав и сега сум добар.
    Ова беше најблиску што сум се соочил со смртта и се надевам дека тоа ќе биде најблиску што ќе се соочам во следните неколку декади. Преживувајќи го тоа, сега можам со поголема сигурност да ви го кажам следново отоколку кога смртта беше чист интелектуален концепт: Никој не сака да умре. Дури и оние што сакаат да одат во рајот не сакаат да умрат за да одат таму. Сепак смртта е дестинација која сите ја делиме. Никој никогаш не и избегал. И така треба да биде, бидејќи смртта е единствената најдобра иновација на животот. Таа е агентот за промена на животот. Го чисти она што е старо и прави пат за новото. Сега новото сте вие, но еден ден не многу далеку од денеска, вие постепено ќе станувате старото и ќе се чистите од патот. Се извинувам што сум драматичен, но ова е многу точно.
    Вашето време е ограничено, па така не го трошете за да живеете нечиј туѓ живот. Не бидете заглавени во догма која е живот по резултат на туѓото мислење. Не дозволувајте шумовите од туѓите мислења да го удават вашиот внатрешен глас. И најважно од се, имајте храборост да го следните вашето срце и интуиција. Тие некако веќе знаат што вистински сакате да бидете. Се друго се споредно.
    Кога бев млад, имаше едно прекрасно издание наречено Каталог за целата Земја, кое беше библија на мојата генерација. Беше напишано од еден дечко Стујард Бранд недалеку од Манло Парк, и тој го донесе во живот благодарение на неговиот поетски допир. Ова беше во доцнитњ 60ти, пред персоналните компјутери и пишувањето на компјутер, па така се беше направено со машина за чукање, ножици и полароид апарат. Беше еден вид на Гугл во печатено издание, беше идеалистично и преплавено со одлични алатки и забелешки.
    Стујард и неговиот тим издадоа неколку изданија на Каталогот, па кога ги поминаа сите теми го издадоа и посленото. Тоа беше во средината на 70тите а јас бев на ваша возраст. На последната страна на тоа издание се најде фотографија на пат рано наутро, онај на кој можеш да се замислиш како стопираш ако си доволно авантурист. Под неа беа зборовите: Остани гладен. Остани луд. Тоа беше нивна порака за крај кога се одјавуваа. Остани гладен, остнаи луд. И отсекогаш го посакував тоа за мене. И сега кога дипломирате за да почнете од почеток, ви го посакувам тоа вам.
    Останете гладни. Останете луди.
    [​IMG]
    Жално е што вакви умови и луѓе прерано го напуштаат светот.

    He will be missed.
    :(

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... F8uR6Z6KLc
     
    На senza.parole, Eva22, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  4. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    R.I.P Steve Jobs :( ;(
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Нека почива во мир. Она што го остави зад себе има голема вредност и неговото дело и име ќе се паметат уште доолго време.
     
    На Eva22 и Neytiri им се допаѓа ова.
  6. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Човек кој го смени светот. Многу постигна..
    Нека почива во мир ;(
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Нека почива во мир. :worried:
    Искрено човеков заслужи да поживее уште. Криво ми е што нема да видиме уште едно негово ново дело.
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    R.I.P. :(
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Говорот кој го даде на универзитетот Стенфорд е нешто што секој треба да го зачува некаде во меморијата. Навистина би било премногу добро кога би можеле да се водиме по неговите зборови, реално во нашата земја и не можиме баш да си дозволиме да го напуштиме факултетот на половина и да ги следиме инстинктите иако тоа можеби во иднина би ни ја донело најголемата среќа и најголемиот успех. Реално не знам колку од нас би одговориле потврдно на ова „ Ако денеска е последниот ден од мојот живот, дали би сакал да го правам тоа што имам намера да го правам денеска? “. Мислам дека многу мал број. Можеби и нема такви. Понекогаш треба да се има храброст и да се превземи ризик и тоа доволно голем кој ќе ти го промени цел живот, иако можеби некогаш поради таа постапка ќе се најдиш на дното.

    Секоја чест, јас се поклонувам пред вакви умови :bow:
    Генијалец кој замина рано, верувам дека имаше уште многу работи да му подари на светот, но што е тука е. Нека почива во мир.
     
    На Eva22 и julie77 им се допаѓа ова.
  10. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Жал ми е што почина ваков човек. Навистина придонесе многу за развојот на технологијата и треба да биде запаметен. Но многу други луѓе во светот секојдневно умираат и никој не се грижи за нив, а кога ќе умре некоја позната личност секогаш се крева прашина. Тоа баш и не ми е во ред. Како и да е, нека почива во мир.
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Да научиме нешто од овој голем човек. Нека почива во мир...
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    Па фала Богу, тешко нас ако жалиме за секој што ќе го напушти овој свет. Тогаш би биле постојано во жалост. Не можиме да ги жалиме сите, не ги ни познаваме сите кои умираат, не добиваме ни информации за тоа. Немојте да правите споредби на смрт на позната личност и смрт на „обични смртници’“. :^)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Постојат три јаболка кои го сменија светот. Тоа што го гризна Ева, тоа што го удри Њутн, и тоа што го создаде Стив Џобс.

    Лесна ти земја.
     
    На cigarce, ana-banana, TennisBabe и 4 други им се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Светот изгуби голем човек, човек кој создаде јаболко кое го промени светот и начинот на живеење.
    Заслужува секогаш да биде споменуван и да биде запаметен, како тој така и неговите говори.
    Она што Џобс го створи, не може секој. Токму затоа треба да има резервирано место во меморијата на секој човек!

    R.I.P. Steve Jobs, thanks for Apple!
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Леле колку ми е жал за човеков.
    Почивај во мир, голем човеку :(
     
    На Eva22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Му се восхитувам :bow: од дното до врвот !!! Ова поштувам штета за мене што не ја знаев правата вредност на човеков т.е неговиот пат кон успехот . Одвојте 15 минути за говорот на овој ЧОВЕК ретко допира нешто вакво до мене но ова е :x . Уаа за публиката морам да кажам :Down:

    Феноменалниот говор на Стив Џобс кој не смее да се пропушти!


    http://www.youtube.com/watch?v=gxGC52TP ... r_embedded


    Човекот кој го задолжи светот со бројни уреди – од персонален компјутер, до мп3 плеер и смартфон, Стив Џобс не се родил баш со ’сребрена лажичка’. Неговиот животен пат полн со падови и подеми го раскажа на неверојатен начин – така што на секој од нас ќе му даде мотив и причина плус да одиме напред.

    Прочитајте го говорот што Стив Џобс им го кажа на студентите на Универзитетот Стемфорд во јуни 2005г.

    „Почестен сум што можам да бидам со вас денеска на вашето дипломирање на еден од најдобрите универзитети во светот. Јас никогаш не дипломирав. Всушност, ова е најбилиску што сум дошол до дипломирање на колеџ. Денеска сакам да ви раскажам три приказни од мојот живот. Тоа е тоа. Ништо повеќе, само три приказни.

    Првата приказна е за поврзување на точките.

    Го напуштив Рид Колеџот после првите 6 месеци, но продолжив да одам на некои предавања повремено уште 18 месеци пред целосно да се откажам. Но, зошто го напуштив колеџот?

    Тоа започна уште пред да се родам. Мојата биолошка мајка била млада, недипломирана студентка на факултет и одлучила дека е најдобро да ме даде на посвојување. Таа била сигурна дека треба да бидам посвоен од луѓе кои завршиле факултет, па така се било средено да бидам посвоен од адвокат и неговата сопруга.

    Но, во последниот момент, тие сепак одлучиле дека сакаат девојче. Па така моите родители, кои биле на листа на чекање, добиле повик доцна во ноќта и ги прашале: Имаме неочекувано машко дете, дали го сакате? Тие рекле: Секако. Мојата биолошка мајка подоцна дознала дека мојата мајка никогаш не завршила ниту средно училиште. Одбила да го потпише последниот договор за посвојување. Се согласила дури неколку месеци подоцна, кога моите родители ветиле дека еден ден јас ќе одам на факултет.

    17 години подоцна јас се запишав на колеџ. Но наивно избрав колеџ кој беше речиси исто скап колку и Станфорд, и целата заштеда на моите родители од работничка класа беше потрошена школарина. После 6 месеци не можев да ја видам вредноста на тоа. Немав идеја што сакам да правам со мојот мојот живот и немав идеја како колеџот може да ми помогне да сфатам што сакам. А, овде ги трошев сите пари што моите родители ги штеделе цел живот. И така се откажав и верував дека се на крај ќе биде добро.

    Беше многу страшно во тоа време, но кога сега гледам наназад, тоа беше една од најдобрите одлуки што сум ги донел во животот. Во моментот кога го напуштив колеџот, можев да престанам да одам на предавањата што не ме интересираа, и почнав да упаѓам на предавањата кои ми изгледаа интересно.

    Не беше се толку романтично. Немав соба во домот, па така спиев на подот во собите на моите пријатели, враќав празни лименки Кока Кола за 5 центи депозит за да можам да си купам храна, и пешачев по 7 милји меѓу градовите секоја недела вечер за да можам да имам барем по еден добар оброк неделно во Харе Кришна храмот. И многу од она што го преживеав заради тоа што ја следев својата љубопитност и интуиција се испостави како бесценето подоцна. Дозволете да ви дадам еден пример:

    Рид Колеџот во тоа време го нудеше можеби најдобриот курс по калиграфија во земјата. Во кампусот секој постер, секој натпис, секој цртеж, беше многу убаво рачно напишан. Бидејќи се откажав од факултетот и не морав да одам на нормалните предавања, одлучив да одам на часовите по калиграфија да научам како ова се прави. Научив за сериф и сан сериф начините на пишување, за варијациите на простор помеѓу различни комбинации на букви, за тоа што предизвикува една типографија да биде убава и сл. Беше преубаво, историски, уметнички суптилно на начин на кој што науката тоа не може да го претстави, и за мене тоа беше фасцинантно.

    Ништо од ова не ми даваше надеж дека некогаш практично ќе го искористам во животот. Но, 10 години подоцна, кога го креиравме првиот Мекинтош компјутер, се ми се врати. И сето тоа го дизајниравме во Мек. Тоа беше првиот компјутер со убава типографија. Ако никогаш не се појавев на тој курс на колеџ, Мек никогаш немаше да има различни и пропорционално раздвоени фонтови. А бидејќи Виндоус целосно го копираше Мек, тоа значи дека ни персоналните компјутери немаше да имаат фонтови воопшто. Ако никогаш не се откажев, немаше да упаднам на часовите по калиграфија, и компјутерите можеби никогаш немаше да имаат типографија каква што имаат денеска. Секако, беше невозможно да се поврзат точките тогаш додека бев на колеџ. Но кога гледав 10 години наназад, беше се многу јасно.

    Уште еднаш, не можете да ги поврзете точките гледајќи нанапред, можете да ги поврзете точките само ако гледате наназад. Така, морате да имате верба дека точките некако ќе се спојат во иднината. Морате да верувате во нешто, во среќа, судбина, живот, карма, што и да е. Овој пристап никогаш не ме изневерил, а ги направи и сите разлики во мојот живот.

    Мојата втора приказна е за љубовта и загубата.

    Бев среќен, дознав што сакам да правам многу рано во мојот живот. Воз и јас го направивме Епл во гаражата на моите родители кога имав 20 години. Работевме напорно, и за 10 години Епл прерасна во компанија од само двајца во компанија вредна 2 милијарди долари и со 4.000 вработени. Штотуку ја објавивме нашата најфина креација, Мекинтош, една година претходно, а јас имав 30 години. И тогаш бев отпуштен. Како можеш да бидеш отпуштен од компанија која си ја стартувал? Како што Епл растеше, така ангажиравме некого за кого мислев дека е доволно талентиран да ја води компанијата со мене, и првата година и нешто работите одеа добро. Но нашите видици за иднината почнаа да се разликуваат и почнавме да паѓаме. Кога конечно бевме доле, нашиот борд на директори застанаа на негова страна. Па така, со 30 години, јас бев избркан. Се она што беше фокус на мојот живот заврши и јас бев уништен.

    Навистина не знаев што да правам сам со себе во следните неколку месеци. Чувствував дека сум разочарал некоја претходна генерација на претприемачи, дека ми паднала штафетата која претходно ми ја подале мене. Се сретнав со Дејвид Пакард и Боб Нојс и пробав да им се извинам што толку многу зафркнав. Бев таква јавна пропаст што дури помислив да си одам од Долината. Но нешто полека почна да изгрева во мене – се уште го сакав она што го правев. Нештата во Епл не се изменија ни малку. Јас бев избркан, но се уште бев заљубен. И затоа решив да започнам одново.

    Не го видов тоа тогаш, но излезе дека отказот од Епл беше најдоброто нешто што ми се случило. Тежината да бидеш успешен беше заменета со леснотијата да бидеш почетник одново, помалку сигурен во се околу мене. Тоа ме турна во еден од најкреативните периоди во мојот живот.

    Во текот на следните 5 години, ја создадов компанијата која ја нареков Некст, уште една компанија со име Пиксар, и се заљубив во прекрасна жена, која ми стана сопруга. Пиксар започна да го создава првиот компјутерски анимиран долгометражен филм, „Приказна за играчките“, а во моментов е најуспешното студио за анимација во светот. Во непредвидлив круг на случувања, Епл го купи Некст, така јас се вратив во Епл и технологијата која ја развивавме во Некст сега е срцето на ренесансата на Епл.

    А, Лорен и јас имаме прекрасен семеен живот заедно.

    Речиси сум сум сигурен дека се ова немаше да се случи доколку не добиев отказ во Епл. Беше одвратно да се прими таа терапија, но очигледно на пациентот му требаше. Понекогаш животот ќе те удри со цигла во глава. Не губете надеж. Уверен сум дека единственото нешто што ме одржа да продолжам беше тоа што го сакав тоа што го правам. Морате да најдете што е тоа што го сакате. А, тоа се однесува и на вашата работа и вашиот љубовен живот. Работата ќе ви пополни еден голем дел од вашиот живот и единствениот начин да бидете целосно задоволни е да го работите она што верувате дека е одлична работа.

    А, единствен начин да ја завршувате добро работата е да ја сакате. Ако се уште не сте ја пронашле, продолжете да барате. Не се откажувајте. Со целото срце ќе го почувствувате тоа кога ќе ја најдете. И, како и секоја добра врска, ќе биде се подобро и подобро како што ќе минуваат годините. Па така, барајте додека не ја пронајдете, не се откажувајте.

    Мојата трета приказна е за смртта.

    Кога имав 17 години, прочитав цитат кој што звучеше отприлика вака: Ако го живееш секој ден како да ти е последен, тогаш еден ден сигурно ќе бидеш во право. Остави впечатокот на мене и од тогаш во последните 33 години, ќе се погледнев во огледало секое утро и ќе се прашав: Ако денеска е последниот ден од мојот живот, дали би сакал да го правам тоа што имам намера да го правам денеска? И ако одговор беше НЕ неколку дена по ред, знаев дека треба да сменам нешто.

    Сознанието дека ќе бидам мртов наскоро е најважната алатка која ми помогна да правам големи одлуки во мојот живот. Бидејќи скоро се, сите надворешни очекувања, целата гордост, сите стравови од понижување или неуспех, сите овие нешта паѓаа во вода соочени со смртта, оставајќи го само она што е навистина битно. Сознанието дека еден ден ќе умрете е најдобриот начин да ја избегнете замката дека имате што да изгубите. Веќе сте голи, нема причина да не го следните вашето срце.

    Пред една година ми беше дијагностициран рак. Имав скенирање во 7.30 наутро и одеднаш се покажа дека имам рак на панкреасот. Тогаш не ни знаев што е панкреас. Докторот ми кажа дека скоро сигурно имам тип на рак кој не се лечи и дека не треба да очекувам да живеам повеќе од 3 до 6 месеци. Докторот ме советуваше да одам дома и да си ги средам сите работи, што во докторски шифри значи да се подготвам да умрам. Тоа значи да пробате да има кажете на вашите деца се она што сте планирале да им го кажете во следните 10 години за само неколку месеци. Тоа значи да се осигурате дека се е средено за да може на вашата фамилија да и биде што е можно полесно. Тоа значи да се збогувате.

    Живеев со таа дијагноза цел ден. Подоцна тој ден имав закажано биопсија, каде што ми спроведоа ендоскоп низ моето грло, преку стомакот, ставија игла во мојот панкреас и земаа неколку клетки од туморот. Јас бев под седативи, но мојата сопруга, која беше таму, ми кажа дека кога ги виделе клетките под микроскоп докторите почнале да плачат бидејќи се покажало дека е тоа многу редок тип на рак на панкреасот кој што сепак се лечи со операција. Се оперирав и сега сум добар.

    Ова беше најблиску што сум се соочил со смртта и се надевам дека тоа ќе биде најблиску што ќе се соочам во следните неколку декади. Преживувајќи го тоа, сега можам со поголема сигурност да ви го кажам следново отколку кога смртта беше чист интелектуален концепт: Никој не сака да умре. Дури и оние што сакаат да одат во рајот не сакаат да умрат за да одат таму. Сепак смртта е дестинација која сите ја делиме. Никој никогаш не и избегал. И така треба да биде, бидејќи смртта е единствената најдобра иновација на животот. Таа е агентот за промена на животот. Го чисти она што е старо и прави пат за новото. Сега новото сте вие, но еден ден не многу далеку од денеска, вие постепено ќе станувате старото и ќе се чистите од патот. Се извинувам што сум драматичен, но ова е многу точно.

    Вашето време е ограничено, па така не го трошете за да живеете нечиј туѓ живот. Не бидете заглавени во догма која е живот по резултат на туѓото мислење. Не дозволувајте шумовите од туѓите мислења да го удават вашиот внатрешен глас. И најважно од се, имајте храборост да го следните вашето срце и интуиција. Тие некако веќе знаат што вистински сакате да бидете. Се друго се споредно.

    Кога бев млад, имаше едно прекрасно издание наречено Каталог за целата Земја, кое беше библија на мојата генерација. Беше напишана од еден дечко Стујард Бранд недалеку од Манло Парк, и тој го донесе во живот благодарение на неговиот поетски допир. Ова беше во доцните 60ти, пред персоналните компјутери и пишувањето на компјутер, па така се беше направено со машина за чукање, ножици и полароид апарат. Беше еден вид на Гугл во печатено издание, беше идеалистично и преплавено со одлични алатки и забелешки.

    Стујард и неговиот тим издадоа неколку изданија на Каталогот, па кога ги поминаа сите теми го издадоа и последното. Тоа беше во средината на 70-тите а јас бев на ваша возраст. На последната страна на тоа издание се најде фотографија на пат рано наутро, онај на кој можеш да се замислиш како стопираш ако си доволно авантурист. Под неа беа зборовите: Остани гладен. Остани луд. Тоа беше нивна порака за крај кога се одјавуваа. Остани гладен, остани луд. И отсекогаш го посакував тоа за мене. И сега кога дипломирате за да почнете од почеток, ви го посакувам тоа вам.

    Останете гладни. Останете луди.“

    Стив Џобс
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Нека почива во мир!
    Жалосно прво за млад човек, сепак 56 години се премалку се според мене, најубавите години!
    Визионер и технолошки гениј кој не само што допринесе, туку го промени од корен! За најубаво гризnато јаболко на светот, секоја чест :clap:
    Му се восхитувам.
    Rest in peace
    [​IMG]

    P.S "3 apples changed the world: Adam and Eve’s forbidden apple, Newton´s apple and finally, Steve´s Apple"
     
    На Eva22 и Neytiri им се допаѓа ова.
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    I couldn't care less...
     
  20. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477