Почитување на работното време и културата на муштериите и вработените

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GirlLove, 19 јуни 2018.

  1. GirlLove

    GirlLove Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    9.857
    Пол:
    Женски
    Кога ќе научи македончето дека не се влегува во дуќан 15 минути пред затворање и не се влегува додека вработените го местат излогот?!
    И до кога професиите келнер,продавач, таксист ќе се потценуваат?

    *одделена тема од СДК
     
    На PaLaVa, Lolo5, SummerGirl и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.755
    Допаѓања:
    138.566
    Можеби тогаш кога вработените во супермаркет ќе научат дека се на работа до 22 часот и ако сакам да ми исецкаат нешто во 21и45 тие се должни да го сторат тоа а не да ми викаат во 21и23 мин дека ја исчистиле машината за денес не сецкаат веќе..
    Ма немој.. оди во Германија да научиш дека и во 21и55 сецкаат..
     
    На Bitter-Sweet, PaLaVa, Bloom19 и 35 други им се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    9.857
    Пол:
    Женски
    Ууфф женска, полека хаха. Како прво, ова е Македонија, работам и во недела, сменувам два автобуси за да стигнам до дома. Имам автобус во 22:10 а ако не го фатам тој нареден ми е во 22:45, при што открши Веро чекам уште еден, кој го има во 22:20, 23:05. И дома стигам во 23:40. Дали во таа 'твоја' Германија има ваков градски превоз? Прашувам за недела. Постот се однесуваше за недела, јас не појаснив очигледно.
    Второ, за Бајрам бев втора смена и работев уште пола саат плус,што нормално не е платено. Не се бунам, тоа е тоа.
    Дали во таа 'твоја ' Германија се плаќа прекувремено?
    Дали ти имаш работено трговија?
    Дали знаеш колку сме фрустриран народ?
    Дали некој ти има дојдено во ете 21:45, а ти ги следиш сите негови желби, правиш комбинации, ги правиш сите можни комбинации, а при тоа муштеријата сам си чепка шо други комбинации и ти прави буквално лом. На крај,, ти се заблагодарува и ти вели дека ќе дојде друг ден.
    Ова за тебе е Ок?
    Имам завршено факултет, што не е ништо во денешно време тоа работам нешто сосем трето. Ми беше тешко во почетокот, но се навикнав. Секогаш си останувам дур не си ја завршам работата, и работам повеќе од што треба.
    Не споредувај небо и земја.
    Македонија и Германија се сосема различни земји.
     
    Последна измена: 19 јуни 2018
    На PaLaVa, FallenAngell, stilas7 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.854
    Допаѓања:
    143.756
    Пол:
    Женски
    епа онда јас што работам у здравство и ми дојдеш у 4 нема да те примам. пошто ја у 15 за 4 ќе се спакувам за да фатам бус по твојава теорија па ти цркај кој те врти.
    какви сте бре станати ...
     
    На blackwave, Mr.X, Feminka22 и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.755
    Допаѓања:
    138.566
    Не знам мила, сори, јас сум сама свој газда. Во мојата Германија јас со кола се возам.. :)
    Ама со тука додека догурав, поминав повеќе од што треба..

    Смени си работно место ако не ти одговара постоечкото :)
    Ама не е фер за клиентите што ги имате да си играте играчки за нивни пари ..

    Не може утре кога ќе ми дојдеш како клиент јас да ти речам - ејј извини ама чек ин беше до 18 часот хах..ајде одете си дома, џабе сте платиле аранжман :)
     
    На blackwave, Mr.X, Victorian и 12 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.628
    Допаѓања:
    232.848
    @GirlLove навечер, па и недела, нема толку редовен превоз во Германија.
    Ќе си чекаш саат додека стаса првиот автобус, па барем уште час вториот, е некогаш има и трет и четврт воз/трамвај/автобус. Дома додека стасаш таман со тие од диско што се прибираат.
     
    На blackwave, Mari*, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.465
    Пол:
    Женски
    Во здравство вработените спремни се за идење дома пола саат пред време секогаш(минимум).
     
    На Плавуша123, Mari*, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    8.854
    Допаѓања:
    143.756
    Пол:
    Женски
    :rofl: оди ма бегај
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.465
    Пол:
    Женски
    Па бегаме секој ден порано..и јас работам у здравство.
     
    На Victorian, CoCoGiiiRL, Mari* и 8 други им се допаѓа ова.
  10. GirlLove

    GirlLove Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    9.857
    Пол:
    Женски
    Ако си сама свој газда,, извини,не се мешај.
    Ќе сменам и сум во план.
    Гледај, никој не рече дека ги враќаме клиентите. Досега ниту еден немаме вратено а тоа е најстрого забрането. Нормално дека се останува и поле работно време, јас барем,а моите колешки гледаат што побрзо да заминат.
     
    На WildMk, SummerGirl, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    9.857
    Пол:
    Женски
    Да не се повторувам. Шо мешате здравство со трговија?
    Кажав дека не враќам клиенти назад после работно време.
     
    На toogood, WildMk, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    54.578
    Пол:
    Женски
    Вработените кај нас до 22 планираат да се дома. :!:

    Мрчев и јас пред некое време во 40ката, пола сат пред завршување на работно време машините измиени. Во 10 минути до 22 се брои пазар, касата затворена.

    Дали сериозно мислите дека во Германија има црнци со листови од палми кои ги ладат вработените во маркет? :rofl:
     
    На Sanjichka007, Mari*, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    92.438
    Пол:
    Женски
    Да ми објасни некој зашто мора по маркетиве да ставаат обавезно некоја фатена на микрофон да дава инфо? Ква ква , ааааааааа, уајииоииаааа (кашла) бла бла бла лалалалааааааа (зарипнат кокошки глас) је*ало вам чувство за претставителни ликови.
     
    На blackwave, gjoker4e, SummerGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    21.805
    Пол:
    Женски
    Обично во Германија месото си го прибираат порано во фрижидери.. 15 до 10 е нормално да ги средат машините да ги чистат.. Никој нема да ги чека нив да привршат за да затворат супермаркет.. А притоа има полни фрижидери со спакувани салами и други видови сирења, кашкавали ,месо и слично.
    Од каса обично најавуваат 10 мин пред затворање да се приберат сите на каса , да платат.. Пошо нели крај на работно време. Маркетот затвора 22ч точно. Ни минута покасно.

    Јас работам исто во продавница, 19ч затвораме, сабота во 16ч. Не само ние него цел трговски се затвора во 19ч/16ч. 10 мин пред крај се викаат сите на каса. Има секојпат некој кој трола и пред затварање да си полни корпа ама јас морам касата на време да ја затворам..млже и слободно да не му наплатам и да си замине така.
    Секој треба да го почитува времето на другиот и да се има малку обзир..
    Јас сакам на време да си дојдам дома да си ја видам фамилијата а не да заглавувам на работа зошо некој немал време или желба со време да си испазари
     
    На PaLaVa, 1209, mareane и 16 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.871
    Допаѓања:
    51.750
    Нормално е касата да се затвори точно кога завршува работното време, не смееш да откуцаш ништо после работно време, и готово, ама ако јас сакам да купам 10 минути пред крај на работно време, јас сум уште пред крај на работното време и ти си должна да ме услужиш исто како да сум дошла 3 часа порано.
    И тоа е тоа, нема никакви филозофии. И јас на работа работам до крај на работно време, не викам "извини ама јас ќе си одам сега, не примам повици 15 минути пред крај на работно време"
     
    На blackwave, senza.parole, Sanjichka007 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    21.805
    Пол:
    Женски
    Никој не ти брани 10 мин пред затварање да пазариш, јас можам да те потсетам само дека сме при крај на работно време за да си знаеш со време да дојдеш пред да се затвори касата да си платиш. Шознам до сега никој не се побунил .
     
    На SummerGirl, toogood, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.871
    Допаѓања:
    51.750
    Тоа е друго. Касата се затвара и готово. Тука збориме дали ти се буниш што ти доаѓаат. Се побуни феминката дека не се научиле луѓето кога треба да одат во маркет.
     
    На LiliBoz и Dust им се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    21.805
    Пол:
    Женски
    Јас разбрав што точно сака да каже феминката,, може не се изрази најдобро па ја сватија погрешно .. Значи на секој може да му се случи да мора касно да испазари ама да се има осет према вработените, значи во 5 до 12 да ти сецка 200 грама шунка а веќе ја средила машината не е во ред според мене .
    Од друга страна муштеријата е главен да ама да не се сваќа буквално и да се правиш отмен према вработен.. Како што и вработениот треба љубезно да те услужи
    Мада секаде има и такви и такви.. Обично странците овде се ужасни, тоес се Не љубезни. Ама тоа е до луѓето . Или го имаш во себе или не.едно љубезно заблагодарување и убав ден ни муштеријата го кошта ни вработениот
     
    На PaLaVa, mareane, SuperGirl24 и 16 други им се допаѓа ова.
  19. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    5.337
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав погоре гоментарите и ств народов нема осет нема осет немам зборови!Порано вакви не сме биле бе луге порано сме имале култура сме знае кога како сеа ужас!

    За тоа што доагат на крај на раб време секаде ги има
    Еве случка кај мене на раб некои одредени месеци работиме по 10 сати т.с до 18часот ,точно во 18 часот едната врата ја затвараме имаме и други врати ама тие отворени до пола и преку нив влагат гледат дека пола светла се изгасени и скоро сите врати затворени и се бутат влагат и досаѓат по 10-15 мин ,а некој живее на др крај од Ск и кога ќе те заглават вака коса ти се крева.

    Според закон ако работиш и после работното време и дојде испекција и провери дека не е затворено може комотно да те казни и зашто поради некои што немаат осет.


    Сакам да кажам дека ми е преку глава дојдено од сите од најмили до најнемили!
    Толку мн раб сакам да направам ама немам подршка што е најлошо

    незнам повеќе што да кажам едноставно тотално се разочарав од некои луге
     
    На SummerGirl, CoCoGiiiRL, ♡BuBaLe♡ и 4 други им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.412
    Допаѓања:
    48.847
    Пол:
    Женски
    Некултурно е да отидеш пет минути пред крај на работно време и да очекуваш услуга за која очигледно треба повеќе од пет минути.
    Муштеријата е секогаш во право, и да, треба да се биде љубезен, ама тоа не е оправдување за немање осет.
     
    На PaLaVa, 1209, SuperGirl24 и 24 други им се допаѓа ова.