1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почитување на работното време и културата на муштериите и вработените

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GirlLove, 19 јуни 2018.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ни добар ден, ни здраво, ни повелете не очекувам. Очекувам само да не ми се испонаша. На крај јас ќе и кажам и чао, и имај убав ден, и сѐ.
    Со луѓе работам, од мене уште никој не се пожалил. Ама и јас сум човек, сакам да се понашаш со мене ко што би сакала ти јас да се однесувам да сум на твое место на касата. Ништо помалку, ништо повеќе.
     
    Последна измена: 20 јуни 2018
    На PaLaVa, Victorian, blackwave и 11 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    По мое искуство немаме никаква култура. Не знаеме да чекаме во ред, не знаеме да испочитуваме работно време, не знаеме да си ги оставиме фрустрациите дома и на работно место да бидеме услужливи...

    Луѓето тоа муштеријата е секогаш во право го врзале во крпче и се помешале со Господ. Мислат и тие можат комотно да се изживуваат врз вработените зашто, еј, муштерии се и се секогаш во право. Вработените никаде во земјава не се доволно платени значи никаде не може да очекуваме љубезен однос.
    И така, сите си ги уништуваме деновите со лоши зборови и гестови, што придонесува за уште потмурна и напната ситуација...
     
    На PaLaVa, orevka, Annath и 21 други им се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.940
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Досега не сум наишла на арогантни продавачки, сите се биле љубезни и нешто што требало да го вратам ми го враќале без проблем, а и јас исто не сум правила проблеми.
    Знам кога има гужва трпеливо да си чекам, да не одам преку ред, да не одам да купувам 5 до 12 мада тоа никогаш не ми се случувало.
     
    На LadyC, ♡BuBaLe♡ и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Немаме никаква култура, ни осет ниту ние купувачите, ниту продавачите.
    Сум се изнагледала се и сешто се туркаат преку ред, им одзимаат време на продавачките за глупости, се прават приватни муабети и слично. Очигледно некои "муштеријата е секогаш во право" си го сфатиле ептен здраво за готово.
    Обично кога гледам дека некој зад мене чека ред со еден леб или млеко, ако не се брзам ептен давам предност и готово. Не ми пречи да почекам некоја минута плус ама ми пречи некултурата и туркањето, што ако си со едно шише вода или едно млеко, ако сака некој ќе ти даде ред, ако не нема и тоа е тоа.
    Што се однесува на производи со поминат рок во маалската продавница ми се има случено печурки, грашок, хопла дури и сок на кој бајаги им поминал рокот, затоа веќе избегнувам да купувам од таму освен ако е нешто ептен итно. А во поголемите маркети имам навика да го погледнам рокот особено кога е нешто на намаление или даваат гратис со чаша, чинија и слично или кога се работи за производи 1+1, 2+1 обавезно го проверувам рокот. Иако сметам дека тоа си е задача на вработените да си ги проверуваат производите и роковите на време, зошто сепак се работи за храна што не е воопшто мала работа.
    Не ми се случило да налетам на некултурни вработени во маркети ама сум слушала примери од познати дека има. Секому безразлика на кое работно место е може да му се случи да не му е денот ама сепак нервозата и фристрациите секој за дома нека си ги сочува. Јасно ни е на сите дека условите се никакви, платите мали ама штом сме го прифатиле тоа работно место треба да се почитуваат правилата и да се има некоја култура. Обично на секој маркет си пишува до колку е работното време и сигурно дека 10 минути пред затворање кога се пребројуваат каси и се спрема за одење, нема да ми текне да одам да сецкам 100 грама кашкавал.
     
    На blackwave, LadyC, MacenceEna и 7 други им се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.771
    Пол:
    Женски
    Дали е до нас или секаде низ светот вака не знам.
    Сум била и од страната на вработена и од страната на клиент.
    Салонот работеше до 20:00 и тогаш печатев спецификации и почнував со броење на прометот. Значи во 20:00 се ставаше клуч на врата. Дали сте свесни колку корисници влегуваа во 19:58 и секако љубезно културно сум ги услужувала па одложеното броење на промет ме задржало до 21, па додека стасам до маркетот кој ми е успат во 21: 42 а работел до 22:00 сум начекувала изрибани подови, затворена месара и спакувани касиерки кои пушеле пред врата. Незгодно ми било да газам да валкам. Имало и случаи кога со клуч на врата сум отварала да услужам корисник. Имало и случај кога маркет заклучен ни отвориле. Сето тоа е во склоп на постојан корисник, излегување во пресрет, моментално расположение.
    Еве пред некој ден, ми дадоа нова картичка од банка и ми кажаа дека после 18 може да ја користам. Бев на банкомат, подигнав пари и се упатив во пошта, која работи до 19.
    Влегов во 18:37 и уплаќав 4 фактури за градинки за децата. Службеничката така остро ме погледна од старт, толку грубо ги грабаше уплатниците па гласно кажуваше колку е саатот, превртуваше очи, дуваше, толку непријатно се осетив што на крајот и реков - се извинувам што дојдов олку касно, ама 100% бев убедена дека до 19 работите и си заминав.
     
    На dayla, Victorian, blackwave и 11 други им се допаѓа ова.
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.006
    Пол:
    Женски
    Имам работено и во маркет и во обична продавница.
    Во маркет каса почнував да бројам во 10 за 10 (пример), потоа џогирање и секогаш затваравме 10,15минути покасно. Муштерија никогаш не сум вратила...
    А кога работев во продавница тоа беше страшно. Приватни газди... Пример ако ти е работно време до 9 а стигне роба ќе ја местиш и до 11 ако треба секако не платено. Ако ти дојде муштерија во 5 до 9 и се задржува внатре и 1 саат пробува се и на крај не купува ништо, ти ќе го чекаш тоа ти е работа...
    А за некултурата и кај продавачи и кај муштерии е на високо ниво кај нас за жал...
     
    На 1209, Victorian, blackwave и 7 други им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Јас најпрво очекувам култура од вработените. Ако своите проблеми не ги остават дома и идат на работа ко да е оф леле мајко и не се во можност културно да услужат муштерија, нека не очекуваат поинаков однос од муштериите. Не дека муштериите се нешто бог знае што. Како и да е кој и да е треба пред се да е човек со култура општо.
     
    На LadyC, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Тука лежи зајакот... никој не се буни и ништо нема да се промени.

    Менаџментот на соодветните продавници треба да одлучи дали и каква политика ќе спроведува. Во некои земји нема влегување во супермаркет 10 минути пред затворање - но тоа е официјално така уредено и јасно истакнато на врата, иам и обезбедување кое ги спречува купувачите да влезат, можат само да излезат тие што веќе се на каса. Во некои земји има влегување и после тоа, но прекувремениот труд уредно им е платен на вработените. Значи не треба муштериите да ги менуваат своите навики, туку начинот на кој што се водат продавниците.

    Она што не ми се допаѓа кај некои вработени, особено таксисти, што умеат да си го пикаат носот таму каде што не им е место. На пр. „-Вози нè мајсторе брзо до таму и таму!„ а тој „Касните друштво а? Хехехе, епа шо да ви праам... ќе си тргнувате на време другпат.„ или „А каде работите/студирате?„ - што му е гајле него?! Или ти разврзуваат муабет а вам не ви е до муабет и сл.
     
    На marchi-cool, Joi, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.907
    Допаѓања:
    32.508
    Пол:
    Женски
    Ако на продавачите не им се работи, нека седат дома. Никој не ги тера со сила да работат. Почитувам туѓо работно време, а сакам и моето време што сум го одвоила за да влезам во тој маркет, продавачот да го испочитува. Ако не знае да ме услужи, никогаш повеќе нема да влезам таму. Очигледно некои не се свесни дека во денешно време е тешко да се најде работа. Јас имам работено како продавачка, ама моите проблеми ги оставав дома. Не ми се виновни муштериите за да им се развикам. Ако културно ти давам пари, ти културно ќе ми го вратиш кусурот. А не да ми ги фрлаш парите. Има и такви продавачки на кои не им се работи, ама одат на работа за да не дремат дома. А некои молат за работа и од такви не можат да дојдат на ред. А има и муштерии кои очигледно никој не ги поднесува дома, па мораат некаде да ги истураат своите фрустрации.
     
    На marchi-cool и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Осет немаат пола нација и после вработените се криви.
    Кој не осетил на своја кожа не знае како е да работиш за минимална плата по маркети.
    Вработените по маркети посебно во лето немаат време ни да јадат нешто набрзина, не смеат да седнат, цел ден местат роба по рафтови, повеќе од 8 саати на нозе, 200 евра плата и 5 минути при крај на работното време му текнува на некој цел ден што дреме дома месо да му сечат. Ма мрш бре. Која љубезност ја барате пред да си одат? Ни волја имаат за работа, ни поттик и уште ќе дојде некој да се изживува.

    Осет немаат некои и точка.

    Си се шетаат луѓе без работа или пензионери и им текнува да пазарат нешто поголемо пред да се затвори касата. Како да не им речеш да си заминат? Да се правиш наудрен, а во себе да вриеш? И после вработените се криви.
    Има и вработени што се дрски, ама муштериите се тие главо без трошка осет и срам. Јас имам пари, а ти има да ќутиш и да ме служиш.

    И продавачките и чистачите имаат семејства, деца, родители што ги чекаат побрзо дома.
    Па уште читам има да ми пресечеш месо и точка.... Ќе ти пресече она не е проблем, само вие што немате осет е проблемот.
     
    На 1209, esperansa777, SuperGirl24 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.907
    Допаѓања:
    32.508
    Пол:
    Женски
    Најчесто пензионерите немаат осет. Дента кога пуштаат пензии, први се пред банка. Не чекаат ни да почне работното време. Уште пред 7 и 30 се нацртани таму. Божем ќе им ја земе некој пензијата.
     
    На Joi и supergirlmb им се допаѓа ова.
  12. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    59.583
    Пол:
    Женски
    10 за 10 машината смее да се измие па дури и 15 за 10 машината смее да се мие.
     
    Последна измена: 20 јуни 2018
  13. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Имам работено во трговија и велам недај Боже да морам пак.Има премногу безобразни луѓе. Особено постари.На еден цигарите му биле стари што јас сум ги продала па мене дојде да ми вика,како јас да ги произведувам.Друг ми мафта со кондоми пред нос,на крај вели мислев дека се бомбони.Ова јас бевоколу 22год,а овие над 50.
    Пред некој ден пазарев во Кам,на каса никој,само една вработена внатре,реди роба кутрата по рафтовите,и додека дојде на каса,и се развика човекот многу чекал(исто постар).Видов дека не и беше сеедно вели и вие многу чекавте,не и викам уиживај знам дека не си само за на каса.
    Значи,прво и основно вработените во маркет сеи касиери,и чистачи,и редачи на рафтови,и приматели на роба.А газдите за да заштедат на плати маста им ја вадат.Мене ми е грев да се однесувам така кон нив.
    Е за во бутик или нешто кај што нема толку работа(секако дека има бутици кај што има многу),редно е да те услужат,како да одлучам што да купам ако не пробам.А за работното време,секако треба да се почитува,секој има фамилија дома и обврски.
    За во државни фирми како трчаме на време да појдеме,оти катанче ќе најдеме пола саат порано, така треба и за приватните фирми.
     
    На 1209, SV1911, FallenAngell и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Машина за сецкање да, може да се измие, ама во Рамстор и Тинекс и во 15 до 10 ке ти исецкаат ако побараш.

    А во врска со примерот, сум напишала машина, а мислев на вага за мерење.
     
    На SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. *Ane*

    *Ane* Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Ocigledno ke te razbere samo toj so raboti istoto ko tebe...
    I mene me nerviraat takvi luge..osebeno koa dosle u 18 i 45 ,a im teknalo deka zaboravile neso u 21 i 55 :(
    A ustvari ne zaboravile tuku odmorile,pa im se prijalo :)
    A najvise me nervira nasabajle koa ke gi vidam ko misiri dremat pred vrata...a znaat koa otvarame ,ali se brzale za na rabota :(
    A ustvari oni 8saati se na pauza :)
    Taka da ne si sama ...i site sto kritikuvaat,se edninod niv na zalost :(
     
    На GirlLove и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Закон еден до кога смеат маркети да се отворени, да се види по колку саати работат продавачките неделно и дали откако ќе се затвори маркетот имаат платено пола саат или саат време за да исчистат, измијат машини и слично? Ако газдите им бројат работно време до 22 а се затвора точно во 22 тогаш јас и каса би затворила и машина би измила и во 22:00 низ врата. Па муштериите нека се бунтуваат кај него. Само знаејќи како е ситуацијата во Мк, на крај оштетени ќе бидат продавачките, само за да може сопственикот да ги исцеди максимално и да му работат прекувреме бесплатно.
     
    На 1209, blackwave, Mr.X и 11 други им се допаѓа ова.
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    59.583
    Пол:
    Женски
    Баш за еден од овие маркети кажувам.
    Да јас ќе услужам во 15 за 10 но имам дозвола тоа време да кажам љубезно дека машините се покиснати со средства за дезинфекција и да се извинам.
    Но сето ова во ситуација ако јас сум сама на смена на споен деликатес со месара кои имам две машини за мелено да мијам и две за деликатес а негде има и три машини на деликатес.
    Мислам дека ме разбра,почитуван потрошувачу:D
    ПОЧИТУВАНИ ПОТРОШУВАЧИ ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА ХИПЕР МАРКЕТОТ РАМСТОР РАБОТИ ДО 22 ч ВЕ МОЛИМЕ ДА СЕ УПАТИТЕ КОН КАСИТЕ ЗА НАПЛАТА,ПРИЈАТНА ВЕЧЕР:rofl::rofl::rofl:
     
    На Doozy и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Како ви сметаат работни саати? Останувате после работно време за чистење и средување на маркетот, дали тоа ви е во склоп на работно време и платено или до 22 е крај на работното време?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Не не се криви вработените. Криви се работодавците. Зашто пишале до 22 работат и зашто рекле на вработените во 22 да си одат. не се прави тоа така. Пиши до 9 и 30 работи маркетот а вработените до 10 за да можат да се средат. Јас после 8 не одам во маркет. Може ако снема цигари во дуќан ама тој до 12 работи не е фрка.
     
    На senza.parole, Joi, smooch и 4 други им се допаѓа ова.
  20. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    59.583
    Пол:
    Женски
    До 22ч ми е работно време најкасно 10 и 10 сум низ врата.
    Има известување дека маркетот е затворен и ако сум готова напуштам реон а најкасно 5 мин сум се задржала после 10 саат.
    Почнувам од 3 до 10.
     
    На Doozy, SummerGirl и Bridget им се допаѓа ова.