Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почитување на работното време и културата на муштериите и вработените

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GirlLove, 19 јуни 2018.

  1. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    и јас сум љубезна но за возврат у повекето време ми е вратено со ароганција и расправија...среќа што можам комотно кога ке се изнервирам да отидам до WC и да се изнавикам и да се вратам на раб...јас сум многу живчан човек..среќа имам трпение издржувам но не е решение тоа..МОРАМ да те услужам но не морам да трпам срања...цел ден си на нога, имаш пауза и таа пауза ја скратуваш..јадеш и залакот ти застанува во грло зашто има гужва низ маркет..услужуваш задоволуваш колку што можеш и пак не бива а пак ти доаѓа иако наводно не бил задоволен...еве 2 недели немам слободен ден...фалело персонал ми вика шефицата а мене ме прашува ли некој што ми фали или дали имам планови? не реалноста е дека не им е гајле на повекето муштерии што цел ден влечеш пакети и трчаш цел ден и дека цел ден си под стрес

    како и да е планирам да сменам работа само да најдам друго нешто...може и истата работа само друго место зашто тука луѓево се гомна...ептен што се издвојуваат некои стални муштерии дури мерак ми е кога ке ги видам...добиваш енергија барем на 5 мин
     
    Последна измена од модератор: 21 јуни 2018
    На WildMk, SummerGirl и RAF Camora им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.682
    Пол:
    Женски
    Барај друга работа. Заради такви идиоти газди и шефови не ни ја бива државата.
     
    На FallenAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    конечно земав одмор..од кој ми е скратено 4 дена... се договоривме да вратам 2 дена 2 да ми скрати...океј се...после ја прашувам шефицава до кога сум ми вика па до тогаш...викам па нели рековте ке ми ги вратите тие 2 дена...ми вика нее јас ти реков ке ти бидат платени дека нема да ти ги вратам....е ај сега..
    и ме прашува што сум нерасположена да сум се насмевнала си мислам у себе иди еби се со се твојата насмевка и све

    а државава нема ни да ни ја биде со овој менталитет
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.682
    Пол:
    Женски
    А си размислувала да дадеш отказ??

    Мислам дека добро би било во темава да се дискутира и за шефовите и газдите на објектите. За нивниот однос спрема вработените.
     
    На FallenAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mr.X

    Mr.X Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Машки
    Не е овс проб
    Не е ова проблем на купувачите, туку се лошо изменаџирани работните обврски и времиња.
    Тие навечер брзаат да средат се, за тие сабајле кога ќе се отвори маркетот да немаат обврска и тука настанува проблем купувач-вработен.
    Според мене, ако менаџментот веќе сака да им функционира маркетот на ваков начин, треба да го намали работното време на маркетот за половина час минимум, а на вработените да им остане исто, за да во тие половина час се средат сите хигиенски активности и се пополнат сите празнини нс рафтовите.
     
  6. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    Размислувам веке некое време но прво да помине одморот и да најдам нешто друго па нормално ке дадам отказ..има во моја смена уште 2-3 колешки што планираат да си одат...и тоа искусни во работата со години па им е смачено..вчера другата шефица беше со нас во смена и јас викам фала богу од утре одмор и другата колешка вика леле а јас слободна тешко вас (на шала нормално)...а шефицава..леле па што ако не сте тука можеме и така и вака да функционираме...офф леле они незнаат глава кај им е можеле без нас...јас кога ке се вратам од слободен ден гледам колку можат едвај чекаат некој да дојде од што можат...

    сакаат се да завршиш за рок од 8 саати и да исчистиш рафтови и да услужиш муштерии и да туркаш роба потешка од тебе и да си насмеан цел ден и се...епа да ми извинат и камен да е еден ден ке пукне...

    ке завршиш работа како што треба и наместо да ти каже ејј супер...оо па ова другото на кого го остави...еднаш ми пукна филм и се развикав на шефицата:НЕ СУМ САМО ЈАС ВРАБОТЕНА НИЗ МАРКЕТОВ.. зашто стварно ми дојде до крајната граница...бевме 3 на смена и незаев што попрво...а знаат да пратат некој од нас на испомош кај други а незнаат да викнат некој на испомош кај нас...
     
    Последна измена од модератор: 21 јуни 2018
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.682
    Пол:
    Женски
    Во тоа е целиот проблем. За 12 000 очекуваат да им работиш на каса, да редиш роба, да примаш роба, да работиш во магацинот, да го чистиш маркетот, да остануваш прекувремено. Па кај го има тоа? Само кај нас.
     
    На FallenAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    па само кај нас...и ако направиш грешка оо куку мајко ке биде...

    ако се намали работното време супер ноо бетер потешко ке е ке треба дупло да завршуваш работи од што си работел...и платата да се накачи супер би било зашто за овие пари не вреди искрено...некој ке каже ехх биди среќна тоа што го имаш...дојди ти на мое место па ке збориме
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.090
    Пол:
    Женски
    Океј девојки, ве молам да се држиме до темата која се однесува на културата, а не на работните услови.
    Благодарам. :)

    Патем, @FallenAngell те замолувам да не испраќаш постови еден по друг, кликни на копчето редактирај и дополни го постот што веќе си го испратила.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mr.X

    Mr.X Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Машки
    Мој совет искрен ....... Глеј си за себе, а не за себе и зс другите. Не прави здружувања и не ги кажувај плановите на колегите. Колегите ти се колеги ама не и пријатели. Кога ќе сакаш да си одиш, тие идтите ќе бидат први шо ќе ти свртат грб, зашто заради твојот отказ нкв ќе ги појачаат за иЉадарче и ќе ќутат пред шефовите.
    Политиката на секоја фирма и менаџерски тим е декс без секого се може......и така. Не се удирај многу во гради и не се фали, туку најди си работс во која ќе те ценат и почитуваат.
    Брзо после твојот отказ ќе си најдат замена и работата ќе им продолжи, а верувај дека никој нема ни дс плаче по тебе ни телефон дс крене да ти се јави.
    Вака само се фрустрираш и си таложиќ нервоза.
    Искрено и од искуство ти го пишувам ова :)
     
    На Ana Chio, SummerGirl и FallenAngell им се допаѓа ова.
  11. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    не се фалам само кажувам реално..а замена ке најдат но реално кој и да дошол на обука избегал...не сум кажала планови на колегите тие први ми имаат кажано...така да не сум јас таа што се удира од гради само си кажувам реалната слика како се одвива кај мене на раб...а иљадарче да стават у џеб тешко зашто 2 напуштија и пак е исто
     
  12. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    Почитување на работното време и културата на муштериите и вработените...
    Мој одговор е дека нема ништо од погоре наведеното ни почитување ни култура...толку од мене на темава кој сака да разговара нека ми пише на чат.
     
    На GirlLove и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.682
    Пол:
    Женски
    Искрено, многу подобро сум била услужена од Албанци, отколку од Македонци. Се гледа дека луѓето се трудат да ги задоволат муштериите.
    Не барам да ми постилаат црвен тепих. Од нив барам само култура. А не да ми превртуваат очи кога ќе влезам во дуќан. А муштериите треба да покажат основна култура. А не да ги третираат продавачките како да се стока.
     
    На SV1911 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Mr.X

    Mr.X Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Машки
    Албанците, Турците, Торбешите отсекогаш биле трговци и тоа го пренесуваат и на поновите генерации. Имаат осет за трговија, знаат како да постапуваат со луѓето и се таму првенствено да го усреќат муштеријата, а не да му ги земат само парите.
    Нашиве вработени по маркетите не се трговци и искрено не се ни трудат да станат.
    Главен водечки мотив им е плата, која е обично мизерно пропотционална во однос на работното време обврски и права и тука доаѓа до главниот проблем во работните односи.
    Се додека не се смени свеста на самите вработени во една компанија (менаџери и "работници"), се додека не сфатат и едните и другите дека се директно зависни едни од други се додека има повеќе казни од награди во еден работен месец во фирмата никогаш ништо нема да мрдне од мртва точка.
    Таа политика е така скроена од самиот газда, бидејќи како би бил он ултимативно главен ако има слога меѓу вработените. Он им дава за право на мизерните менаџерчиња да се понашаат кско да се сопственици на животот на тие што се под нив во хиерархиското стебло, они се силат и команаат како дс е од татко им фирмата, пошто обично се шупаци со два грама памет и два големи одмора од школо (зашо ско би биле паметни, немало да дозволат газдата да ги манипулира) и сеат страв кај вработените на кои самата животна состојба и неповолна економска ситуација не им дава да се побунат, па си ќутат и трпат и се разболуваат од цела таа неправда.
    Едноставно ние самите кога сме во позиција на доминација и власт не сме повеќе луѓе, го губиме разумното и човечно размислување водени од исти такви претходни фрустрации кои на нас биле нанесувани, па се ни се укажала шанса ние да му е**ме мамицата на друг некој.
    На разумот и свеста ни треба генерална промена.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Само затоа што маркетот работи до 22.00, не значи дека секој дел е отворен за работа до 22.00. Ако делот за сецкање месо/сувомеснато/млечни производи е затворен помеѓу 21:30 и 22.00 тогаш купи спакуван, односно вакумиран производ.

    Туку...
    Сум работела и во обична маалска продавничка, и во покултурна продавница, а моментално работам во маркет. Имам работено и во продавници во Америка. Треба да се најдеш на двете страни за апсолутно да разбереш како е. И како вработен и како купувач секогаш сум културна, дури мислам дека некогаш и претерувам. Но, така ми е сетиран мозокот.

    Она што ми смета кога сум купувач е што ретко кој ми вели и "здраво", а камо ли пак "повели" или "фала". Читам дека повеќето имате позитивно искуство од тој аспект и не ми е јасно од која причина така се однесуваат кон мене. Поготово што јас прва ги поздравувам и кога подавам пари велам повели и кога ја добивам сметката велам фала. Мислам дека им делувам многу помладо, па можеби тоа е причината. Во секој случај, јас како вработен исто се однесувам и со деца и тинејџери, ништо не ми менува возраста на купувачот.

    Она што ми смета како вработен е што почести се случевите откако ќе ги обавестиш дека можеш да им наплатиш уште 5 или 10 минути, купувачите се лутат. Мое е да кажам, бидејќи тие се правилата и така функционира местото и забрането е куцање после 9 (кое е официјалниот крај на моето работно време, но јас останувам 30 до 60 минути плус, за да ги завршам останатите работи при затварање). "Уште 5 минути?" - и ти се смеат - "е како сега јас да купам за 5 минути?". Или најлошото од се': "Е сега зошто ме брзавте, ќе потрошам само 2000, а планирав 5." :^)
    Оуууууууууууукеј.

    Не дека си се бранам сега нешто, но од искуство кажувам - секое место функционира на различен начин. Нивниот начин никаде не е објаснет и не значи дека секогаш баш мора до последната минута да бидат купувачите услужени. Но во никој случај не смее вработени да си дозволат да превртуваат очи или да испуштаат незадоволни звуци. Ако ти е одобрено или е пак правило да започнеш да растргаш работи 15-30 минути пред крајот на официјалното работно време, имаш право тоа да го кажеш на купувачот со надеж дека ќе има разбирање. Ако не ти е дозволено, ќе мораш да истераш како што е наложено.
     
    На Joi, SV1911, sorbet и 5 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Едно со друго се тесно поврзани Реин.
    Размисли, ќе видиш.
    За 30.000, не да се смеам и да бидам љубезна... абе црвен тепих ќе им постилам на муштериите.
    За 9.000 и неплатени прекувремени, без одмор и слободни денови, последно што ќе ми текне, е да се смешкам 12 часа.
     
    На FallenAngell и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.682
    Пол:
    Женски
    Сепак мислам дека голема улога има и карактерот на самиот човек. Јас сум била неуслужена и од личност што зема плата околу 300 евра. Факт е дека на некои не им се работи.
     
    На FallenAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Да. Но прво да го надминеме проблемот со условите за работа, па после ќе можеме да разговараме за непристојни работници. Бидејќи така, ќе бидат изолирани само непристојните, а вака не знаеме кој навистина непристоен, а кој е само преработен.
     
    На FallenAngell и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.090
    Пол:
    Женски
    Не ми текнува дали има тема за работни услови, односи меѓу шефови и вработени, ако нема може да се отвори.
    Оваа е за односи меѓу клиенти и вработени.
    Тука не е место зашто и никогаш не можеме да знаеме точно во какви услови работи вработениот, дали е задоволен или не, па да знаеме зашто така се однесува. А и како муштерии тоа не нѐ интересира, сме дошле, сме побарале услуга, сакаме да ја добиеме културно и чао, пријатно.

    Нека си продолжи темата како што беше, а за жалење од работни услови може нова да се отвори.
     
    На crimson, cresa-jagoda и DAngel им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ок, ти си знаеш.
    Иако не се согласувам дека не знаеме во какви услови работат.
    Знаеме за сите фирми (од прилика), какви услови и плати нудат.

    Ви посакувам плодна дебата за симптомот на болеста. :)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.