1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почитување на работното време и културата на муштериите и вработените

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GirlLove, 19 јуни 2018.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Јас не сметам дека лошите работни услови се одраз на дрско однесување на вработените. Нивната некултура е. Мене и човек на улица кога ми се обрати за било што сум културна, а не кога некој ми дојде на работно место. Основна култура се учи дома. Не спаѓа и не е дел од описот на ни едно работно место.
     
    На Feminka192, dayla, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Како што има некултурни муштерии, така има и некултурни продавачки. Сосема се согласувам со тебе дека се е до културата на човекот. Се случува да ме игнорираат кога ќе влезам, да ми превртуваат очи, да прават гримаси, и др. Како да не им се работи.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Пак ќе речам, ти работиш за 30-40 илјади.
     
    На Belgin1 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Ако не им се работи, нека седат дома. Јас имам работено за 6 000. Кога бев на разгвоор ни беше кажано дека ако сакаме да го задржиме работното место, мораме да ќутиме и да се смееме. И покрај се, морав да бидам љубезна. Не ми беше сеедно да работам за толку малку пари, ама подобро да работам, отколку дома да трпам за леб.
     
    На dunika, dayla, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Јас реков, не барам посебен третман. Не барам ни учтивост, само не ми го уништувај денот. За другите твои муштерии не ме интересира, ко што ни тебе не те интересира за моите.
    Пред малку ми се јавија промотерки на телефон. Немав намера да купам ништо. Културно ја ислушав, не и се развикав, и дадов да се доискаже.
    Ама тоа и е работа. Може мене ми е досадна ама сигурна сум дека и таа не сака да досадува, така ја тераат. Знам дека секој разговор се снима. Што е во моја моќ, ќе направам да изгледа како да е најдобрата промотерка на свет.
    Никогаш нема да наштетам никому, само не ми го уништувај денот.
     
    На realGirl, Lolipop23, sanja.burgundy и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Видете, ниту едно работно место не е толку платено за да си културен со сите муштерии.

    Што сум јас, како клиент, виновна за висината на платата, тортурата која вработениот ја трпи од газдата или за тоа што наместо четворица, еден вработен ја врши работата? Не сум ја виновна за туѓите проблеми и очекувам истите да не бидат мој проблем и причина за нервоза. Фрустрациите на друго место, не сум ја должна да трпам селско однесување јер платата е ниска.

    Ехеее, да знаете пак јас колку пати сум била нервозна ради икс причини неврзани со продавницата, па ниту на една продавачка не сум и превртила со очи, ниту пак сум и повишила тон. Ниту пак со келнер сум се однесувала надмено јер ја си имам проблеми.

    Пример, паѓам на испит, не по моја вина и нервозна сум. Седнувам на кафе да разбистрам мисли, по која логика келнерот треба да трпи тортура од моја страна јер ја сум учела месец ден и сум дала пари а сепак не сум го положила испитот?

    По која логика шалтерските работници во банка треба да трпат неписмени граѓани? Платата во некои банки е 250 евра а секој ден објаснуваат како се пополнува уплатница. Дури некогаш објаснуваат дека мора да се земе бројче за да бидат услужени.

    Престанете со цимолење дека платите се ниски, сите знаеме дека се ниски. Ако не ви одговара платата, тогаш најдете друга работа. Не се купувачите дојдени да ве трпат додека вие си ги лечите фрустрациите врз нив.

    Не мора да ги поздравувате сите со ред, не мора ниту да посакате убав ден, доволно е насмевка и да сте културни. За да не се разбереме погрешно, некултурни купувачи заслужуваат поинаков третман.
     
    На calm-girl, realGirl, crimson и 16 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано @Rebecca_R . Би рекла и секој од себе тргнува.
    Само ќе кажам дека дури и кога некој некултурно и нервозно ќе ни одговори треба ние да си ја покажеме нашата култура. И мене ми се случило да дадам некој нервозен одговор, ама кога за возврат сум добила насмевка ми паднало многу незгодно за моето однесување. И сум се извинила и дала некое кратко објаснување. И на двете страни ни бил подобар денот.
    И одамна кога работев како келнерка, ќе седнеше некој нервозен и ќе ми се истуреше, јас со насмевка, и веднаш е поинаква ситуацијата отколку двете страни да земат да се расправаат. Едниот да ја смири ситуацијата е доволно. :)
     
    На calm-girl, 1209, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Треба малку и чувство за заедница, од сите нас зависи ситуацијата во државава.

    Иначе, се согласувам со Реин, дека не треба да се дозволи да ескалира ситуација поради таква банална работа.
     
    На poenta и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Ова кога некој ке каже -Работиш за 500,600 евра и дужен си за тие пари да трпиш кој стигне на глава да ти се качува ми се повраќа. И ја сум работник со работно време и тој што работи за 200 евра е работник со работно време.

    Скапан народ сме факт е, и на повеќето лично задоволство им е да деградираат и омаловажуваат кај ќе стигнат. И ја 15 минути пред крај на работно време не завршувам работа на никого при цел ден од 8ипол работни саати. Се знае фајронтот за што е, да досредиш да се спакуваш и да си идеш, а не да те заглави некој на работа зошто во последен момент му текнало дека му треба нешто. И не платата не ми е ниска ама тоа не е причина на клиентите да им дубам на трепавици само затоа што им се може.

    Милион пати сум била сведок како по маркетите им се дерат потрошувачите на вработени особено на оние на каса ако не им искуцаат доволно брзо сметка, ако мораат да станат да проверат артикл и милион работи кои не зависат од нив. Ама нели сите ние сме во журба негде и не може да се почека 5 минути плус. Па тука имаш вреѓање, па пцуење, па превртување со очи ко небаре никој од нив не бил некогаш почетник на работа па поспоро работел додека да научи или никогаш не му излгегла непредвидена ситуација.

    Во 9 од 10 ситуации секогаш се покажало дека потрошувачите се тие кои што се дрски без разлика за каков сектор станува збор ( не е само продавница и кафич) отколку вработените. А што правиме со оние безобразни што доаѓаат пред почеток на работно време и ти праат притисок да им завршиш работа порано и не те оставаат на раат униформа да облечеш зошто ти стојат на врат? Јас работам во приватна медицинска компанија која меѓу другото има приватни лаборатории низ град и вработените во нив секој ден се жалат дека пред работно време доаѓаат пациенти. Работно време е од 7-30, пациентот уште во 7 нацртан пред лабораторија. Тоа нели е безобразлук? Или дека поскапо пари плаќа од државно па му дава сила да ти се беси на врат.

    Ценете ги малце луѓето, некој мака видел додека дошол до таа работа па макар била платена и 100 евра. Платата не дерминира дали денес некој ќе биде насмеан или намрштен, битно е да ја заврши работата а не и дворски шут да изиграва зошто некој ќе се усети увреѓен ако не биде истретиран како паша.
     
    На Feminka22, WildMk, crimson и 10 други им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.853
    Пол:
    Женски
    Јас две години работев на каса, некои знаат каде некои не и можам да кажам дека најголем дел од клиентите се безобразни и безосетни. И јас сум клиент некому и гледам да се однесувам со максимална почит спрема неговото време, 10 мин пред затворање не влагам оти не знам дали сте запознаети ама да се избројат неколку каси, да се испратат извештаи, да се собере промет кој некогаш надминува и 1000 евра не е работа од 5мин и никој мене не ме плаќа да останам после работно време за да го средам тоа, значи јас треба да го средам во работно време и во 16:00 да затворам зошто инспекција мене може слободно да ме казни ако сум отворена после тоа време.

    Ние имавме брифинг секој ден од 7:30 до 08:00 значи времето ми започнува од толку и јас не сум должна да бидам таму ни минута порано, пензионерите посебно беа пред врата 7и30 ии без разлика колку и да им објаснувавме дека од 8 почнуваме, тие се туркаа на врата, влегуваа со изговор само да прашам, се расправаа и денот ти го започнуваат преубаво. Во 8 јас застанувам на каса на која и треба 5мин да се вклучи систем и 5мин да ја избројам, така да има тој осет дека јас не дека не сакам не можам да го услужам и место да влезе во 8и 10 тој влегува во 8:00 и се расправа, дига притисок и мој и негов.

    Исто и во саботи кога се работи до 16 часот, тој ми влегува 1мин пред затворање и ми вика ама само да платам ќе ме исклучат, чекај малце не сум ти јас крива што чекаше ти до последна секунда за да те исклучат па да ми креваш глас и да ми се дереш како сме некултурни и неуслужливи. Значи физички не можам да те услужам у 5 за 4 зошто мене една уплата ми е уште плус 10мин работа и ќе си отидам во 5.
    Исто ако веќе е 15:30 и има доста луѓе во дуќан следните што ќе влезат ги известуваме дека нема да стигнеме да ги услужиме зошто сме до 16, па кој како сака нека сфати, јас мислам дека е фер и културно, зошто ако еден од тие е за договор по автоматизам јас не можам друг да улужам и ако продолжат да влегуваат никогаш нема да затвориш...

    Значи пред се се треба осет и култура, муштериите да се свесни дека 10 мин минимум им треба на касиерките да спремаат за затворање ии да не го злоупотребуваат, а продавачите да сфатат дека сепак пола час пред тоа е многу и е неклутурно да го одбиеш клиентето зошто сепак имаш уште добир 20мин на располагање.

    Јас си кажувам дека напушив толку поради ова, секојдневниот стрес и расправање со 99% некултурен народ ме доведе до психичко попуштање и депресија, така да проблемот е до муштериите, го кажувам ова зошто и јас освен касиер сум муштерија постојано.
     
    На crimson, dunika, macka91 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    21.270
    Како си се изнасмеав на ова. Има пар моменти погодени и за почитување на работното време, ама 22-ката ме прсна од смеа. :lol:
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.747
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Сешто држи земјава. Муштерии се дерат ако се потрошило тоа што го бараат, ако цената на производите е променета, ако пивото е топло, и др. Ма избркани дома се тие. Никој не ги сака па врз вработените лечат фрустрации.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Културата е се’ уште на многу ниско ниво, секој еден треба да научи како да се однесува како купувач, да се почитуваат и вработените, да се почитува нивното работно време, нивната пауза и сл.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.