многу ретко има почит онака од душа-вистински друго се е корист,затоа прво себе почит па кој колку заслужил
Имам почит спрема секого, без разлика на полот, возраста, итн. Мислам дека почитта е многу важна. Но, пред се се почититувам самата себеси, за да може и другите да ме почитуваат.
Почит и почитување - една од работите по кои се разликуваме од останатите живи суштества. Немора да ги сакаме сите, доволно е да ги почитуваме нив, нивните размислувања, однесувања, нивната личност... Самопочитта според мене е едно од најважните чувства кои човекот треба да си ги упатува себеси. Ако самиот ти не се почитувш, како ќе очекуваш другите да те почитуваат. Кога сите би имале почит и би почитувале светот би бил поубаво место за живеење...
Нормално дека себеси се почитувам а секој друг човек го почитувам според неговите заслуги и неговото однесување
Сметам дека секој човек се почитува себеси.Човек без самопочитување и достоинство,според мене не е човек. Во врска со почитта кон останатите,се однесувам онолку колку што заслужиле. Почитувајте,и ќе ве почитуваат
Почитувањето е доблест, показател на зрелост, карактер, култура. Имам почит за сите, секој го почитувам на свој начин. Децата од мали треба да се учат да ги почитуваат другите луѓе, а посебно повозрасните. Пред се треба да се почитуваме и цениме самите себе си, за другите да не почитуваат. Ако не се почитуваш сам/а како ќе очекуваш другите да те почитуваат.
Колку ме почитуваш, толку ќе те почитувам. Ако на почеток не ми искажеш почитување, после е џабе. Такви особи не можам да почитувам.
Секој човек што си посеал тоа и ќе си жнее, јас секогаш се раководам по ова. Мразам лицемерија и подлост, оној кој ме почитува јас го почитувам дупло повеќе, а оној кој не ме почитува едноставно за мене е цела индиферентност. Е сега почитувањето има повеќе облици, почит и култура на улица имам за секого, поздрав исто така, за разлика од подлабоката почит спрема некој со кој живееш или си живеел.. почитувај и ќе бидеш испочитуван, за оние луѓе што не ценат ништо за мене се ставени на игнор и инфдиферентност од самиот старт па колку сакаат можат да зборат и да се однесуваат, сето тоа повеќе не допира до мене.
Почитувањето е основа на меѓучовечката комуникација и треба е застапено во секоја релација. На тој начин се градат семејните, пријателските, љубовните, колегијалните односи и се развиваат доблести кои упатуваат на воспитно-културната компонента кај личноста. Таквите особини взаемно разменети создаваат подлабоки врски и се перцепираат низ призмата на себепронаоѓање и прифаќање на другите. Ги почитувам другите без оглед на возраста и ме почитуваат на обостран начин. А онаа друга група што отсекогаш постои, ја сместувам на маргините на комуникацијата.
Се почитувам себеси,а ги почитувам и другите особено тие што ме почитуваат мене.А тие што не ме почитуваат за таквите нема место во мојот живот.
Ако се почитуваме себеси , ќе ги почитуваме и другите . За да не почитуваат, мора да почитуваме ПОЧИТТА Е ВЗАЕМНА !
Oвoј пoим зa жaл е реткa пoјaвa вo oпштествoтo денес. Речиси и дa јa немa, секaкo, секoјa чест нa исклучoците. Имaм пoчит и пoчитувaм. Се пoчитувaм и себе си, нoрмaлнo. Меѓутoa, нaвистинa некoи луѓе не зaслужувaaт ни дa ги плукнеш. Тaкa дa, oние штo ме пoчитувaaт - ги пoчитувaм пoвеќе, a oвие пaцентиве ги игнoрирaм.
Кога најпрво му пристапувам на некој секогаш имам почит кон него, но ако понатака тој се однесува не баш добро и пристојно тогаш и мојата почит се губи. Почитувам и сакам да ме почитуваат. Секогаш побитно ми е да стекнам почит од другите отколку внимание.
Исто како и искреноста, почитувањето е многу скап поклон кои не треба да го очекуваме од ефтини луѓе. А што се однесува до самопочитувањетo, мислам дека тоа е една од најголемите доблести што може да се вродат и да бидат кај човекот. Ако се самопочитуваш ќе ѓи цениш и почитуваш другите.