Самопочитта е основна, ако не се почитувате себе си, не можете да очекувате да ве почитуваат ниту другите.
Што поконкретно подразбирате под почит? Јас имам чувство дека луѓево под почит подразбираат да правиш тоа што сакаат тие. Инаку себе си се сметам за човек кој почитува различности (почитувам хомосексуалци, припадници на различни религии...). Но никако не почитувам или поточно несакам луѓе што мислат дека можат да го контролираат животот на другите. Прост пример мајка на дечко која е против љубовна врска, сака девојката да го остави дечкото и притоа бара почит од девојката. Јас сваќам дека бара да го остави.
Многу изгубив респект према луѓе, има неколкумина кои можам да ги издвојам што искрено ги почитувам, а и генерално луѓето имаат погрешни критериуми за почит. Само со карактер може да се купи почитта барем кај оние што размислуват трезвено и имаат морален компас, остнатите што паѓаат на слава, пари, материјализам нејќам да ги коментирам.
Ги ценам луѓето кои почитуваат. Но ако немаме почит кон самите себе,тогаш ќе неможеме да ги почитуваме другите.
Најбитно е да се почитуваш сам себе пред се. Инаку почитувам постари лица, блиските и луѓе што навистина заслужиле почит со некои нивни постапки и дела.