Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    А ти ќе бидеш таму на состанокот да ги анкетираш и нив?
    Која чест Тања, Столтенбер и сите твои омилени луѓе на куп кај нас, возбудена?

    Види шо се дешава тука кај нас ради нивните идеологии.

    На состаноците како и секогаш, ќе дробат празна слама, ќе ги подучуваат нашиве како уште поише да пропаднеме, можеме ние уште појако и подоле во дното, не се даваме така лесно нели?

    И го спомна Апасиев, која случајност, нафрли нешто дека тие што си ги анкетирала што се изјасниле ко русофили биле од Левица, и еве ти го Апасиев здиве ама со право.

    Еу е најдобра нели, нејзините закони, правила и протоколи се за доброто на сите, ќе не спасат, а бе Тања бе..

    Ова генијално решение ви го кажаа да го пренесете ли? Како ти текнуваат вакви работи бре.
    Како да го пречекаат? Би сакала да можат и атентат да му напраат полесно ќе ти биде тогаш и после не сакала конфликти..
     
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    Трамп како по обичај се фали, ама да, мислам дека ќе ја спуштеше топката затоа што тој кога беше претседател не се замараше со ситуацијата во Украина, а Демокративе имаа бизнис интереси таму и не им се дава тоа на Русија.
    Се работи претежно за Арапи кои влегуваат преку РФ во Финска, не си добро информирана.
    Не ме восхити, тоа си се нормални цени, толку отприлика чинеше храната и во Македонија (надвор од Скопје) до кај 2018 негде, дури не се досетија некои дека можат и повеќе да профитираат.
     
    Последна измена: 21 ноември 2023
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Да, ама за жал @Аргентина * oвдека купување храна за 550 денари за цела недела одамна е научна фантастика, и пред војнава просечната плата во Украина беше 50 евра повисока од нашата, минималецот им е помал од нашиот. Нема пазарење под 1.000 денари овде и тоа не се работи за луксуз. Најевтино кафе кај нас е 90 денари во слаткарница, не во елитен кафич. За 370 денари ако седнеме две лица да пиеме две кафиња и да јадеме две колачиња, нема кај мене за тие пари. И во Охрид пред 3-4 години бев последен пат, нес на плоштад платив 150 денари, сега да не е 200 на таа локација? Скапи сме. Да, во право си, се извинувам, мигранти биле, не Руси, отпосле имаше информација кои биле тие. Ама донесоа одлука ај што руска кола не може да влезе во Финска, ни со велосипед не може.

    Немаме ние никакво право да им се смееме за сиромаштија. Во војна се, а испаѓа имаат повисока куповна моќ од нас со оглед на цениве. Русија глуми велесила, а платите се африкански. И тие дрско се фалат дека нив никој не им треба, најсилни, имаат се во нивната држава, а од друга страна гледаш видеа стопати фала за бунда, стопати фала за фрижидер. Имаше видеа, самите Руси се снимале во Мариупол, пукнала канализиска цевка во зграда, па одат, снимаат од влез во влез, па цели ѕидови со урина, фекалии слој 10 сантиметри во ходници и бараат некој од Русија да дојде да го санира тоа. Зошто се снимаат? Самите поттикнуваат исмејувања. Продаваат станови во Мариупол, туѓи станови секако за 35.000 долари. Значи преевтино, арно ама каде фали тереса, каде бањата е руина, а некои станови беа полни со отпад внатре. Зошто снимаат такви работи и самите Руси се објавуваат? Нели сфаќаат дека со тоа покажуваат дека немаат осет за реалност и нормалност? Како со овој ментален склоп мислат дека веќе се над Западот или дека му парираат?

    Кара Калас од Естонија сака да го замени Столтенберг во НАТО. Тоа ќе влијае на Украина. Ќе видиме како. Искрено мислам дека Молдавија и Украина ако запнат со некоја реформа, пред нас ќе влезат во ЕУ. За нас како тргнало Србија ќе биде ЕУ, Вучиќ има амбиција да достигне просечна плата опд 1.400 евра.
     
    Последна измена: 21 ноември 2023
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.615
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Тие вести дека Украина бара и нема војници се вртат од лани. Не гледам дека истите вести придонесоа Русија да победи или Украина да капитулира. Платеници бараат од прв ден исто како што Русија собира Срби, Кубанци, Сиријци. Многу спуштивте критериуми, Русија се претставува како неприкосновена воена сила и економски независна, ко за пример уште не ни лоцираа од каде им доаѓаат тие дрончиња што паѓаат во Москва, а не па да ги лоцираат лицата што ги пуштаат и да ги приведат. И кога гледам вести си велам добро бре зар не им е срам секој втор ден да соопштуваат дека собориле дронови во Москва? Се претставуваат како некој што ќе се тепа со цел свет без проблем, на вести уште Бахмут се зборува, историја.
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.615
    Платеници бараат од прв ден и платениците се потрошија?
    Никакви критериуми немам, ниту јас нешто имам да докажувам за оваа војна, од прв ден велам дека е залудна. Е добро, не е залудна за америте што ја купија Украина за без пари, а за русите што купуваа (исто за безпари) во ,,освоените,, територии, времето ќе покаже. Само тие што изгубија животи, фамилии и мир, за нив е залудна, ама па некому ќе се стемни, некому ќе се раздени...everybody knows...the fight was fixed, the poor stay poor, the rich get rich ...
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Untitled.png

    Oва сега го видов. Руска артиска дошла да настапи во ДНР, ги погодиле со химарс, цела сала отишла. Како можат млади луѓе уметници да поддржуваат и слават тероризам, окупации, геноциди? Оваа е не знам која по ред што пее по ДНР, ЛНР, и загинала, другите се живи. За овие само треба една листа да се состави и до крај на живот под санкции, да не излезат од Русија, ДНР, ЛНР и слични терористички енклави. Значи ќе дојдеме, ќе ве потепаме, ќе ви земеме куќата и после ќе пееме, најголемото достигнување на руската младина. Јаааооо, па не биле шовинисти.

    За платеници, бираат кого ќе примат. Ако ви текнува кога почна војната, наши новинари се јавија на бројот, прашуваа што, како, тие од другата страна не кажаа ништо за пари, туку ги интересираше дали заинтересираниот има воено искуство и какво. Не даваат пушка и куршуми кои патем им се просени на секоја будала што ќе се јави. Дури имаше информации дека странските платеници се многу подобри од грузиските. Веројатно еден странски платеник менува 3 украински војници обучени само месец дена.

    П.С. во Запорожје Чеченците барале и Русите експресно им изградиле џамија, во тој дел што е под руска контрола. Не смее Русија да не исполнува чеченски барања. Син му на Кадиров се шета по Русија, па од 3, сега има 5 награди, оти тепал Русин и го штител исламот. Го шетаат од република на република и му врачуваат награди за доброто дело што го сторил.
     
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    Kаде виде некој да им се смее?
    Жално што консумираат храна која е сигурно контаминирана.
    https://www.bbc.com/future/article/20230221-the-toxic-legacy-of-the-ukraine-war
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Вчера првпат видов прилог од руски канал за вагнеровец останат без нозе. Рампи за инвалиди не ни имале во градот.

    https://76.ru/text/gorod/2023/11/21...vCRDpwQNVjIqoleJ1VljzaL1dcWcmQNeIDIHTNxWjKINA

    И војници им изгинале во нападот на концерот, има и снимка.

    https://76.ru/text/incidents/2023/1...W69x7p2ZEEJ1R_6shjpuJUFlsCQbKq-iMI4cbNxcghxcM

    https://76.ru/text/economics/2023/11/21/72926021/?
    utm_source=fb&utm_medium=social&utm_campaign=76&fbclid=IwAR2mMf4PBKiJOdpq8xmVNNP1-CeXpEntEt3HhhdOg1OLZTzE2shyi1y7olk

    Еве ви од руски медиум дека од 2024 година во тоа гратче ќе има поскапување. Чоколадото ќе било луксуз. Ееее, еве ви руски медиум, западните пропаганда ширеле, ова она. Добро е што не сме велесила, ќе беше скапо чоколадото во Македонија.
     
    Последна измена: 22 ноември 2023
  10. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.656
    Пол:
    Машки
    Тање уште те држи опсесијата со Русија?

    Инаку чоколадото секаде е поскапено како и цела храна што е, не е само во овај некој си град во Русија (facepalm)

    Туку битно масите крцкаат со храна 8)
    164.jpg
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Добро е испод веста да ги читнеш коментарите на Русите. Јаделе неквалитетен леб од добиточно жито. Самите си пишале, не им измислувам јас. Платите 10 години не биле покачени. Убаво си е пишано во текстот, курсот рубља - долар ги ремети поради увозот, лошите мерки на централната банка за стабилизација на рубљата, покачени даноци и последен фактор што сите ги погаѓа климатски промени. Штом сакате да сте како Русите, платите никако да не се качуваат во март 2024 година, има време, 2034 ене кај е, за 10 години.

    Дури пишале во коментарите, ќе држеле диета поради скапотијата, ќе биле витки како во СССР. Јааооо, да не ти се верува.

    Превод со гугл транслејт

    Маслото од оружје ќе ви помогне правилно да подготвите разбиена ракета, за десерт подморница со нуклеарна боева глава - убав апетит за нас, внуци на народот.. Честитки за победникот - се е потрошено на милитаристи и помош *браќа*
     
    Последна измена: 22 ноември 2023
  12. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.656
    Пол:
    Машки
    Само нека се држат Русинките вакави какви што се нека јадат што сакаат, очигледно им годи :wasntme:
     
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    Да бе првпат си видела, од коа го збориш ова дека си пратиш вакви прилози и видеа, не знам како крипи не ти е и не ти се превртвуваат црева од вакви работи. Ко садист да си бре човече.:worried:
    Хахахахаха, ок еве и да јадат, а кажи ми Американците шо јадат бе Тањо? Ете они се велесила нели јака. Висококвалитетна храна гнетат таму сите а? Ај жити се не се глупирај, смешна си.
    Аууу Тањо, ти прееска сабајлето се јави у Здраво Македонијо кај Роберт? :wasntme:
    Ти беше жими све. Пуштен беше телевизорот и коа слушам се јавува некоја, абе 200% твојот став и твоите зборови ги кажа. Не за војнава туку за Македонците збореше, шо сме ги хејтале Еу и Нато, иделе нашиве по Еу држави да работат, а не сме сакале да влеземе у Еу па и ние самите не сме знаеле шо сакаме.
    Уште коа рече, па шо не идат Македонците на Исток шо се тепаат сите за Западот... :lol:
    И не беше пензионерка по гласот, така да можно е ти да си.
     
    Последна измена: 22 ноември 2023
  14. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.656
    Пол:
    Машки
    Хахааааа :rofl::rofl:
     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    Да бе, како збореше, ко да ја слушаш Тања. Ама Тања ќе рече „не сум бе ја, кај ја“.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Сега читам со гугл транслејт, увезените вина се 2 до 2.5 пати поскапи.
    Не, сум јас. Не гледам тв нешто многу. Епа гледаш, има и некој друг со слично размислување. Таму и да пробаш да вртиш, нема шанси да добиеш од пензионери, тие може вратат пред 7 часот. Утрово српски канали гледав нешто. Првпат од руски медиум гледам дека покажале некој нивни осакатен, тоа сакав да кажам. Еееј, да знаев ќе пуштев тв утрово. Ми направи смешка сега. хахахах. Кое време беше тоа? Утрово станав во 8 и 10, доцна за мене инаку. Ранобудник сум.
     
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    Истомисленичка некоја а, ок.
    Ама не беше бе пензионерка, се познава тоа одма.

    Појма неам колку беше сабајле, 8 и нешо може.

    И викаш не си ти, како е можно тоа? :?:
     
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.656
    Пол:
    Машки
    Немаат гајле Вотка ќе пијат :)
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Порано следев, абе се јавува една пензионерка од Скопје со младешки глас, тенок и нежен, пријатен онака. Пред некој ден на Алфа се јави истата во таа емисијата Збор по збор. Не бе, да сакаш да добиеш таму, ќе окапеш на телефон.
     
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.433
    Допаѓања:
    13.928
    Пол:
    Женски
    хахахахаха и после не си пратела вакви утрински емисии. :rofl:

    Не знам ја таа работа ама ко тебе да те слуша човек, баш останав до крај дур не се изгаси да видам Тања шо ќе каже.:rofl: