1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По десет години...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Unfaithful18, 5 јуни 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Како се замислувате себеси по десет години? Што се зацртале во животот што треба да го исполните до тогаш?
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    за 10 год? :^) па би требало да имам завршено факултет, да имам работа... и здравје деца фамилијааа :D
     
    На Emma.Sun му/ѝ се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    во врска или брак,сеедно,со човек со кој ќе ми биде прекрасно,динамичен живот,со многу шетања,дружења,патувања,професионално максимално остварена,независна...
     
    На cresa-jagoda и Emma.Sun им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Во донос на проффесијата, една од опциите е раководител на некој сектор во некоја голема фирма (знам кој сектор, а веројатно и која фирма, ама ај да не ги плашам ако ме прочита некој од таму :D )
    Втора опција е сопственичка на мала фирма
    Трета опција е во некоја компанија во странство (да не се издавам каде :D )

    Во однос на образованието - доктор на науки (и тука да не се издавам за областа)

    Се надевам дека до тогаш ќе ни се прошири семејството, ако го натерам овој мојов :D. Ако не - мајка на пубертетлии :D

    До тогаш ќе ги имаме исплатено тековните кредити, и се надевам дека ќе земеме нови - за нови работи :D
    И едно кајче морам да си купам, па што сака нека биде.

    Се надевам дека ќе се дружам со истите пријатели, ако не се распрскаме низ светот, како што веќе се случи со дел од нив. Како и да е, со многу дружење и шетање. За 10-тина години би требало да имам прошетано добар дел од светот. Тој период некаде во план ми е Африка... па да видиме...
     
    На cresa-jagoda, simonka93, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Ууууу многу сакам да размислувам долгорочно...
    Во однос на образование ќе се задоволам и со магистерска диплома,ама заработена надвор од државава и во поинаков правец од ова што моментално го студирам,чисто за да разбијам досада и да проширам хоризонти и можности,иако татко ми нишани подалеку,па сака доктор да станам...ќе се прашаме за тоа.Ми е во рамките на можностите,но не се поклопува со моите желби и амбиции.
    Вработена во една банка или ееедна компанија,точно знам кои,ама и јас како Ариел ќе си поќутам!Само што малку посеверно од тука...шансите ми се солидно реални заради темелот кој сега го градам,ама се зависи од тогашните мои расположенија и состојби.
    Мажена,со барем едно дете,а ако ме прашувате по 20 години,сигурно со три бандити покрај мене (кога се од мене,поинакви не можете ни да очекувате :D ).
    Живот во куќичка надвор од градот,ама сепак блиску,мирно окружување и пријатен амбиент во моите омиелни земјени тонови.
    Познавајќи се себе си нема да ми седи мирен газот и веќе до тогаш ми се чини пеш и пливајќи ќе го поминам светов,Рт Добра надеж мора да осети моја нога.Од мала ми е пуста желба.(а и еден остров со безобразно име к*ре,кој веројатно служи за атомски вежби на американчиштата,зошто е мал и е на сред океан,ама сакам бре!!!сакам се што другите на би посакале хахахаха)
    И до тогаш,се надевам дека конечно ќе го засакам пилатесот и нема да си ја пцујам инструкторката,па ќе бидам еластична мама...Ако ова го постигнам,сметам дека ќе се надминам себе си!Да се чудиш!А кој знае,може и јас ќе станам инструктор по пилатес..хахахахах...виц кажав!
    И така,имам еден мал милион ситници,ама да не навлегувам во детали.
     
    На cresa-jagoda, Cka, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  6. she-17

    she-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    23
    кога си правам сама филмчиња се замислувам како живеам некој динамичен и забавен живот надвор од државава со многу патувања.. но можеби дека сум не толку задоволна личност од себеси, како да се плашам од иднината и се што таа носи па мислам дека нема да имам нешто различен живот од моите родители и секое просечно семејство (гледање деца).. :?: :worried:
     
    На Emma.Sun му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас не знам каде ќе бидам ни следната недела, а не пак по десет години. Се што сум имала зацртано се изменило и затоа престанав со правење долгорочни планови. И онака ништо не ми испаѓа. Само едно знам- нема да бидам во државава.
     
    На Dashing:), cresa-jagoda, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  8. valenTina.bT

    valenTina.bT Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    10
    Паа...професоркаа по шпански ...Во убава семејна куќа на водно со 2 растрчани дечиња..Матеа и Кристијан . :lol:
    Физички не многу остарена и без брчки :wasntme:
    Па така некако. 8)
     
    На Emma.Sun и mackaa.t им се допаѓа ова.
  9. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    за 10 години сакам да магистрирам и да докторирам ( што да правам многу сум амбициозна), а може и да запишам уште еден факултет :D
    на љубовно поле се надевам дека ќе го запознаам мојот животен сопатник и дека ако не за 10 можеби за 15 години ќе имам деца.
    сакам да го прошетам светот, и да бидам дел од некоја хуманитарна организација.
    и би сакала да напишам неколку книги...
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    Се замислувам како дипломиран професор по англиски јазик,работам во гимназија како професорка,омажена со сегашниот дечко кој исто има солидна работа,имам едногодишно девојченце и размислувам за второ дете :)

    еве една сликичка: [​IMG]
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Хммм...низ глава во последно време ми се врти една мисла, како што сум тргнала ќе ја остварам, само да се отарасам од испитите на овој факс, па ќе акнам на еден триста пати полесен, и ќе имам два. Што значи, вработена со вториот факултет, ама на основа на првиот. Сложено, хаха. Ама си знам јас. А најбитно, мажена веќе, со дете, за две незнам :D
    Ете тоа изгледа ќе бидам јас по десет години.
     
  12. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.449
    за 10 години... Да имам дипломирано, магистрирано, по можност и докторирано. Да работам Во некоја голема коорпорација, да имам успешна кариера, да патувам низ светот и Најважно среќен брак со сегашниот дечко и детенце. А за после 10 години би сакала да бидам првата жена претседател :D
     
  13. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    по 10 години......се глеам себе си со завршен факултет дај боже и магистратура,независна,дружење со луѓето кои ми значат најмногу,со човекот кој го сакам покрај мене
     
  14. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    Дипломирана,вработена во банка,маж(дечко ми) бизнисмен(што и да е бизнис да се врти :P )едно девојче-Теа,сместени во нашата куќичка,уредена по вкус на добар архитект,и патуваме негде со спортска кола одбрана по вкус на дечко ми:
     

    Прикачени фајлови:

  15. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Си се замислувам како сум завршила факултет има работа,среќно омажена со мали дечиња и имам здравје,среќа и љубов без тоа ништо не правиме :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    уффф како ли си се замислувам.... од секогаш главна цел ми било образованието да завршам некој факс поврзан со биологија па да станам некој биолог професорка и сл... да се вработам , некоја добра работа да сум вљубена во некој (бидејќи сеуште го немам најдено принцот на белиот коњ :lol: ) и тој да ме сака ( животот да ми биде исполнет со многу љубов) заедно да ја посетиме Шпанија и да бидам на некој фудбалски натпревар во светот по можност на Ливерпул или пак каде и да биде Торес и Џерард :inlove: хихих иии секако па може и детенце али здравје до тогаш има време 10 год не се малце само среќа и здравје па друго се по ред ќе си дојде :) позз до сите и направате си некој добар филм за наредните 10 годд и уживајте во него таму вие сте главните личности живејте го вашиот живот онака како што сте го замислиле и уште еднаш среќчноо :* :* :*
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    јас ќе бидам кратка во моите излагања по повод како се гледам за 10 години. омажена со детенце и со солидна работа. да бидам среќна жива и здрава а и сите околу мене да се среќни и весели :?: во принцип и никогаш не сум се замислила што за 10 год. |(
     
    На cresa-jagoda и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.111
    Ќе имам 33 речиси... Би била среќна да сум реализирана целосно - семејство, кариера, сопствени материјални добра.
     
    На cresa-jagoda, Cka, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    На 28?
    Со завршен факултет. Можеби и два :lol: Омажена и едно детенце.... за две... па може и две, зошто да не?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Успешна сопруга, мајка и деловна жена... Со оглед на тоа дека сум на магистерски студии, здравје Боже ќе бидам магистер, а може и доктор на науки, кој знае :) Башка се надевам дека до тогаш ќе се омажам и ќе имам 1-2 дечиња, ако се трефнат близнаци (што ми е најголема желба) тогаш 2-3 и некоја добра бизнис позиција, уште подобро ако е од границите на државава :?:
     
    На cresa-jagoda и Kerim им се допаѓа ова.