За 10 години би сакала да го продадеме плацот и да направиме една куќа во Струмица мажот ми многу сака тамо да живее.децава околу нас срекни и насмејани со нивно друштво и школово добро да им иде,а јас со некое дуканче.И така срекни да си продолжиме понатаму.
по 10 години: да имам завршено факултет, да имам добра работа, до тогаш да си изградиме куќиче, да си го средиме, да си бидеме среќни и до нас на трчкаат дечиња
По 10 години: Само здравје за мене и најблиските, а се останато матерјално знам дека ќе го постигнам.
за наредните 10 години сакам да имам успешно завршено средно образование потоа и факултет, работа која што ќе ја сакам и ќе ми обезбедува егзистенција, сакам чести излегувања со моите најсаканки другарки и убави помини, одмори и повремени патувања, кола.. за љубов несакам да предвидувам што биде биде деца, фамилии и такви работи веќе по 15 барем така си сакам.. и за 10 години се надевам дека сестра ми ќе биде доволно возрасна и ќе имаме поблизок однос, и дека ќе ми биде прва другарка и дека ќе можеме да си правиме муабет за се
За 10 години се замислувам како успешна професорка по музичко во Италија Во брак со мојот сегашен дечко... ии 1-2 дечиња..
По 10 години се замислувам како успешна жена, со завршен фармацевтски факултет, и нормално, убава работа во некоја голема фармацевтска компанија ( убаво е да се сонува ), и нормално со моето мече до мене, баш на тие години сакам и да се омажам, околу 28, па ќе си имаме деца и така
За 10 години,прво нека бидам жива и здрава ,како и моите.Значи прво тоа.А секако се замислувам како вработена-на струка ,со маж и две дечиња.Да сум среќна,а пари не посакувам многу-колку за нормален живот. Инаку,најмногу се нервирам кога на интервју ми го поставуваат дотичното прашање-Како се гледаш за 10 години Ми се иде да им речам-Утре незнам шо ќе се деси а не пак за 10години....знаат ли они колку е живото суров,денес те има утре којзнае што ќе биде....
По десет години....прво здрави и живи со семејството, вработена во некоја компанија за производство на козметички препарати или во голем и успешен козметички салон,сопруга и мајка на 3 деца, живеејќи во куќа подалеку од градот. Аххх соништа
По десет години се гледам на пракса. Навистина, можеби асистирајќи на некој хирург. Само да сме живи и здрави, јас и моите сакани. 24 години ќе имам, па се надевам дека ќе бидам самостојна, дека материјалните потреби сама ќе си ги приуштам, а сепак се надевам дека ќе биде покрај мене љубовта на мојот живот.
За десет години единствено сакам да ми созрее лејката и да ми се зголемува уште коефициентот на интелигенција. Плус, да имам добро образование и сопствено место за живеење.
1. Да завршам факултет 2. Да магистрирам 3. Да имам постојана работа, по мојата струка 4. Мое место на живеење 5. Секако, да имам маж (ќе имам 28 години) и деца
eh, za 10 godini sakam uste edno dete, razraboten biznis, 2 koli, decata da bidat zivi i zdravi, da me slusaat i muz mi da me saka isto kako sega
Ќе имам завршено факлутет,ќе одам на едно патување низ целиот свет со пријатели и дечко. После ке се вработам,за понатаму незнам..
за 10 години би требало да сум веќе дипломирам општ доктор, и псхилог...вработена и којзнае можеби со фамилија.... само ако даде Бог
ке завршам средно ке се запишам на факултет ке се вработам и здравје дечиња да ми трчкаат околу и еден муж
Ќе имам 27 години, до тогаш би требало да имам завршено факултет и се што треба и да имам почнато со работа, маж да имам и дете ..