Искрено за 10 години се гледам како го довршувам филолошкиот факултет и со некое залљубено петле......По дома со старите ми мои и идење секој ден до тогашниот дом на сестра ми за да се почастам некој динар.........Ах и заборавив исто се гледам и на пракса во банка каде што вероватно би работела сестра ми............а и после десет години се гледам како се шверцам за пари од кај тато и мама (па нели они веќе ќе бидат стари сто ќе им се тогаш веќе пари ) И така то доста бече фантазирање
по 10 години.... би работела во рехабилитационен центар, со добра плата, мажена, секако преселена надвор од државава......
По 10 години...хммм....се гледам како дипломиран Педагог (а тоа го планирам во 2013 да го завршам ), преселена кај дечко ми т.е. кај мојот маж , вработена, со 2 дечиња и така тоа
за 10 години се гледам како дипломиран правник...мажена со добра работа и плата и неколку дечиња околу мене..и сето тоа се надевам ќе биди надвор од оваа држава
Хмм.. Ова ме потсети на есејот што го правевме по социологија... Би дипломирала и би имала работа (сеуште незнам каква), би имала дечко/маж итн...
Диплома на ѕид, пари во рака, маж у кревет (се надевам моменталниот ми дечко ) две дечиња во дворот, една кола во гаража и безгрижен живот исполнет со мнооогу љубов и со луѓето околу мене со кои сакам да ја дочекам староста. Е па сеа, јас моето го кажав а се друго оставам на Бога
На мои 3о години Се замислувам со 1дете во рака додека другото трчка околу мене! Маж што постојно е гладен и само бара ручек да ми правам
По десет години сакам да живеам во мало станче со многу книги, плочи (некој грамафон да најдам), уметнички слики и фотогрфии. Утрото го почнувам со капучино со вкус на ванила и Нина Симон или Дијана Крал. И секако со цигара. Ама цигарата има да се пуши на тераса! Одам на работа, се гледам со другарките, гонам момци и си трошам пари на облека. Секој ден ќе си правам вкусни јадења затоа што сум мн. голем гурман. Често ќе ги посетувам моите, ќе правам ручек заедно со мама и ќе играм шах со тато. И ќе планирам да се запишам на втор факултет. - Оваа ако сум сингл. А ако си живеам со дечкото, сите овие работи ќе ги правам со него и нон стоп ќе водеме љубов Сакам само да бидам среќна и да го љубам животот и сите во него
Морав да те цитирам. Се' ова плус само нешто. Прво, најбитно ми е здравјето. Само да сум здрава и жива и се друго ќе дојде. Второ, наместо со Нина Симон, утрата да ми почнуваат со Пласибо. И трето, се надевам дека по 10 години одамна ќе имам расчистено со факултетот, и ќе си бидам успешен стоматолог.
По десет години се гледам како дипломиран правник, дај Боже магистар по меѓународно право (мојата најголема желба), вработена на солидно место, по можност во некое дипломатско тело, амбасада и слично, ако може и во МНР здравје. Во некој фино стокмен стан, причично голем, среден минималистички, но софистицирано, по мој вкус. Среќно омажена, со сегашниов ми дечко, и една принцеза која штотуку почнала да оди, несигурно како патче се мота околу мене, додека јас пишувам на Фемина дека сонот што пред 10 години го сонував станал јаве. Too good to be true.
По десет години...значи на мои 29, се замислувам како дипломиран Економист, па и завршени постдипломски студии, вработена во некоја фирма во странство(Лондон), заљубена, венчана(со М), мајка на сеуште првото дете....
Нејќам да имам обичен живот, во смисла добра плата, платени сметки, стан, кола, две деца, убав маж, одмор во Грција итн. Сакам да сум слободна, да имам пари, да лутам низ светов, да учам нови работи, да ја напраам мајка ми сречна и горда и да не зависам од никој.
По 10 години, на мои 32 се гледам како професор по Англиски во некое средно училиште, а и во моја школа ( многу сакам да имам моја приватна школа по странски јазици ).Мажена, со едно дете и солидни примања и најважно ценета и поддржана од мажот на секој начин.