Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По десет години...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Unfaithful18, 5 јуни 2010.

  1. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Никој не знае каде ќе биде утре, а не па ли по 10 години :) но сепак јас се замислувам како среќно омажена со мојот сегашен дечко, и со 2 деца, и се надевам дека тогаш ке бидам веќе дипломиран правник па ваљда ќе бидам или некој си адвокат или вработена некаде како правник. КОЈ ЗНАЕЕЕЕ СЕ Е МОЖНО А МОЖЕ И ЌЕ БИДАМ НЕКАДЕ КАДЕ ШТО СЕГА И НЕМОЖАМ ДА ЗАМИСЛАМ...Се надевам дека ќе ми биде убаво :!:
     
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Јас имам јасна визија за она што го сакам кроз 10 години, точно знам што сакам, и сум сигурна дека ќе го остварам!
    За 10 години, ќе имам 31 година, здрава повеќе од било кога, исполнета, насмеана, позитивна, со моите најмили од мене.
    -брак со него (идеалниот, повеќе од совршен, 31 години, според студииве и можностите, му прогнозирам некое директорско место, ништо помалку);
    - убава, нормална куќичка негде под падините на Водно, според мене најчистото и најмирно место за живеење, изобилство на чист воздух и полна дијафрагма. Куќичка скромна, не некоја палата, доволна просторна за нас, со убав голем двор, кој ке го чуваат 2 кучиња големки;
    -успешно остварен детскиот сон, добар адвокат, со одлични примања, едно bmw бело и изобилство од чевли, секогаш скоцкана и средена;
    -најважно, одлична сопруга и мајка на 2 дечиња, момче и девојче, со разлика од 2 години меѓу нив, многу љубов меѓу нив- најголемиот успех за еден родител;
    - хармонија, љубов и среќа, за доручек, ручек и вечера.
    Ете ова е моето видување за 10 години, кое ќе го имам!
     
    На CameliaMiller и Sara123 им се допаѓа ова.
  3. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    По 10 години, значи на мои 24 години се гледам во Шпанија.Работам како професорка во некое средно училиште(по можност да е приватно.)
    Среќно мажена со несовршениот човек кој ке го прави мојот свет совршен,со 3 деца околу мене кои трчаат и весело се смеат.Во огрмона куќа покрај плажа.Животот ми е исполнет со среќа и љубов.

    Скромно. 8)
     
  4. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    По 10 години:
    Ќе снимам филмови во Холивуд, ќе добивам награди за истите и ќе живеам во огромна куќа.
    Заборавив да спомнам дека планирам да издадам 5 албуми и да лансирам своја модна линија :D
    Ептен „скромна“ сум :D

    Дозволено е да се фантазира :lol:
     
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Хм...па по 10 години,се гледам успешно вработена во МВР,во свој стан,прошетки низ Европа (Париз на прво место) ии толку....маж покрај мене не гледам :!: :lol:
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    27 години, вработена во банка или во брокерска куќа, може и во НБРМ (ова е попрепуштено на имагинацијата од останатото), земам плата над 1000 евра (и ова исто :lol: ), имам среќно семејство, маж кој многу го сакам - дечко ми да биде тој, да живееме во убаво опремен стан, да имаме 2 убави коли, две деца по можност мили девојчиња, куклички или машко и женско мала разлика меѓу нив така 2 години. Да бидам среќна, да бидам со нив. Да живеам убав живот, да имам се што ќе посакам. Маж ми да биде успешен човек како мене, да се сакаме до крајот на животот. Не, не е турска или шпанска серија туку мојот сон за 10 години :$
     
  7. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    По десет години...
    [​IMG]

    Една слика - 1000 зборови :D
     
    На nesa, JuLleE, butterfly.93 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Хммм.. сега откако ги прочитав вашиве одговори се почувствував некако .. дури и непријатно поради моите огромни желби и барања. Како и да е.. знам дека сум способна да остварам СЕ што ќе посакам, така да и ова ќе се оствари наскоро. Сега имам 16 и пол години што значи тогаш ќе имам 26 и пол години.. Сега планирам да ги земам 3 и 4та год. средно заедно т.е. 4та год. вонредно на математички А смер. Потоа на 18 год. (1 год. порано ) ќе одам на факултет.. што воедно ми дава шанса да бидам на ист факултет со тој што го сакам (а тој е поголем од мене 2 год. што значи ќе поминам 1год. без него), паметно нели? :P :rofl: Потоа ќе одам на некој факултет поврзан со математика, физика, технологија.. Сакам да дизајнирам некои машини, мобилни, телевизори.. Ќе полагам англиски за да можам да бидам професорка по англиски доколку се друго не успее, сепак златна резерва, никогаш не се знае што може да се случи :angel: . Ќе магистрирам и ќе докторирам. Ќе заминам од државава, но мојот имот тука нема да го продадам. Ќе вложам пари за да основам своја фирма. Ќе најдам и соодветен партнер, затоа што постои голема шанса да не сум во состојба да направам голема фирма само со моите материјални средства. Ќе бидам многу успешна. Ќе се проширам во повеќе држави. Можеби ќе ви звучи глупаво.. но немам никакви планови во врска со љубовта.. свршувачки, брак, деца.. бла бла бла.. Сето тоа е толку заморно. Прво да си ја обезбедам мојата иднина, да си овозможам убав, луксузен живот. Да имам многу куќи во различни држави. Да имам огромниии палати во кои што ќе има по многу (веројатно и јас самата не знам колку) соби. И секако базен. :wasntme: Имам и бенд.. па дотогаш се надевам ќе биде нешто. Настапи по кафичи, концерти.. ова она.. :rock: Ќе бидам супер згодна.. Досега невидена убавица :angel: . Ќе имам направено пластична операција на носот, затоа што ми е пукнат во една тепачка и сега како да е искривен. :sweat: Ќе ја зголемам и устата.. за да се одржи хармонијата и пропорционалноста на лицето. Дотогаш Лима и Џоли нема да можат да се мерат со мене. А имам и преубави очи така да ќе оди се по планот. Ќе станам и модел.. И пејачка и актерка. Ќе имам огромен грб т.е. мафијаши коишто ќе работат за мене и ќе ме штитат од непосакувани работи. Исто така ќе ја зголемам и мојата интелегенција, ќе учам многу, ќе читам и ќе станам попаметна и од Алберт Ајнштајн. (Многу го почитувам тој човек) :geek: Ќе си ја овозможам најдобрата можна иднина. Моите родители дефинитивно ќе се гордеат со мене, а очигледно и со мојата сметка на банка и златото коешто ќе го поседувам. Ќе ги искусам сите земни задоволства, иако по религиозните учења не би требало. But I don't give a shit ! Можеби среќата не може да се купи со пари.. или пак љубовта.. Но дефинитивно нема да бидеш среќен ако немаш пари и немаш што да јадеш. А за љубовта.. ех се е лага на денешницава.. Можеби ќе види дека нема корист од мене и ајт со здравје. Но затоа вака богата, позната, опасна женска. Кој нема да ја посакува? Поточно кој нема да ме посакува? И така мажјациве се палат на пари.. А ако мене не ми се допаѓа, можам да избирам.. јас ќе му кажам со здравје, а не тој да ме вртка наоколу, тој бил мажот..пфф... Многу забегав од темава.. сепак да си кажам .. Со памет, со тело и малку манипулација ќе бидам најдобрата што некогаш ја виделе.
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    ^^ Убаво е човек да сонува, интересно е да гледа филмови, но уште поубаво кога има реални желби.

    По 10 години би требало да бидам веќе магистер по ... И да имам упишано втор факултет, немам афинитети кон докторати, или можеби да упишам докторски студии на истата тематика на која ќе дипломирам-меѓународно право и дипломатија.
    И некоја 3-4годишна ќеркичка (Петко ако читаш пукни, ама прво женско раѓам).
    Некоја пристојна кола и заработувачка.
    Петко покрај мене и 2 булмастива, внуци на Бела моја.
     
    На Sara123, Chocoholic.girl и nesa им се допаѓа ова.
  10. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    По 10 години....Нема да сум пензионер,ама сигурно веќе внучиња ќе имам....едвам чекам ама синот(25 г.)вели рано е да почекам да си поживее на раат уште малку.....шо ќе правам,ќе чекам :(
     
  11. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    По 10 години ќе имам завршено и средно и факултет ,а можеби ќе имам и работа најдено...Животот ќе ми биде скроз поразличен
     
  12. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Па искрено многу сум приземјена и реална,така да не сум по фантазирањето и филмските желби :D
    По десет години,ќе имам 25 години :) Најважно што сакам е да сум здрава,а исто така и моите.Да имам покрај мене човек кој ќе ме сака и почитува.Потоа за 10 години,се гледам на магистратура по фармација потоа здравје боже,се надевам и да докторирам.Се надевам дека ќе успеам магистратурата да биде во странство бидејќи искрено имам желба да стекнам вистинско образование,во права смисла на зборот.Се гледам како постојано учам и се надоградувам,во тоа сум сигурна.Можеби нема да ја имам работата од соништата но знам дека мојата трудољубивост и работливост барем малку ќе се исплати. :) По добивањето на работа веќе се гледам верена,размислувајќи за брак со стабилна личност ( со работа исто така,далеку од тоа дека сум алчна,но кога станува збор за ФАМИЛИЈА,не мислам да ги изгладнувам децата).Се гледам со две дечиња,на кои се трудам да им обезбедам најпрво љубов и внимание а потоа се што е потребно.Гледам како трчам на сите страни,да стигнам со децата да завршам работа,да работам..сигурна сум дека ќе се исцрпувам со работа,таква сум по природа :worried: ,но никогаш нема да дозволам да немам време за себе,добра сум во организирање на времето и не сум спанка ;) ,така да се гледам бар 2-3 пати неделно во фитнес сала,в парк на џогирање и во неделите на семеен излет или планинарење :)
    Од материјална страна не очекувам животот да ме изненади со 7ка на лото,сакам само 1 куќа или поголем стан,автомобил и средства за убав пристоен живот кој вклучува трошоци за децата,спорт и рекреацја,одмор и ништо друго,ништо луксузно. :)
    Знам дека сето ова материјалното треба да го стекнеме сами а не да си фантазираме,но се надевам на успех и исплаќање на трудот,додека пак од судбината сакам само здравје и спокојство во според мене еден од поубавите периоди од животот. ^_^
     
  13. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    По десет години ќе имам 24. Па се гледам со завршена гимназија и стипендија за Лондон на Харвард, или Оксфорд или Кембриџ. Со неколку издадени анонимни книги зад мене кои ќе ми ја осигураат финансиската состојба на некое време. По факулетот, одам во Њујорк/Лондон/Хрватска и купувам пристојна куќичка или стан. Им обезбедувам живот на повисоко ниво на моите дома. Сестра ми ја земам да работи како јак доктор, во добра куќа која ќе ја дели со нејзиниот маж и неколку златокоси дечиња. И потоа ќе се вратам во Македонија, ќе си го посетам старото маало, ова-она. Ќе ги разгледам состојбите на некогашните пријатели, симпатии, ќе направаам муабет со некој од нив (по можност црнокосото дете кое ми се допаѓа во моментов), он ќе се заљуби, ќе го земам со мене, во Њујорк каде што ќе живееме заедно со неколку дечиња , јас позната писателка и професор по македонски и англиски јазик во приватна гимназија, која е основана од мене. Таму ќе се школуваат идните ѕвезди. Маж ми (колку глупо сега ми звучи ова :D ) ќе работи со мене во академијата како професор по информатика и сл науки. :) И секако, нема да ја заборавам другарка ми, која е секогаш тука за мене, освен ако не си го упропастила или средила животот пред мене. Мама гордо ќе ме фали на нејзините пријателки како некогаш, мојот потенцијал на видливо место ќе ги замолчи оние кои сега не веруваат во мене. И тогаш, кога иднината на моите деца е осигурана, кога сите оние кои ми значат се среќни, ќе се свртам кон другите на кои им треба помош. Под ова мислам на донации на понесреќните, донации во посиромашни земји за нивен понатамошен развој и сл.

    *Ако некој ден ова стане реалност, скромна-не скромна желба, тоа го сакам, ветувам дека нема да ве заборавам, драги Феминки и Фемини. Обавезно ќе ви се пофалам на форумов! :D И дај Боже и вашите фантазии да се исполнат. :D :angel:

    едит: уф, ама фантазерски звучам. :x :rofl:
     
  14. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Ќе имам 26, најверојатно ќе имам завршен факс, целосно изграден стабилен карактер, може ќе бидам омажена, може не..
    Позиционирана на сигурно работно место, на кое што би имала шанса за напредок, може да биде целосно, но може и да биде во близина на она што сум го избрала како финална професија.

    Но, како и да е, се надевам дека ќе бидам со вистинската љубов покрај себе, дека ќе љубам некого без граница и услови, дека ќе ги живеам моменталните соништа токму тогаш. Сонувам за личен успех, сопствено достигнување, интелектуално воздигнување..

    И со труд, за десет години најверојатно ќе го имам остварено сега замисленото. :)
    Здравје..
     
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Кога ќе имам 33 години ќе се вратам од Америка во Ск. Ќе имам 5 годишно дете и заедно со сегашниот ми дечко ќе го опсипуваме тоа дете со илјадници бакнежи. Ќе си купиме куќа покрај охридско езеро и почесто ќе бидеме таму. Јас можам да се замислам како седам врз послано ќебе и пишувам краток роман, а мојата Андреа како си игра со нашите кучиња (шарпланинец и Golden Retriever). Како околу нас има толку убава градина полна со јорговани. Како доаѓа маж ми од работа и не гледа нас насмеани и не гушка толку силно и заштитнички. :inlove:
     
  16. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека нема да бидам истата будала која ја мрзи да си го намести креветот, дека нема да правам сендвичи на некој деген, дека нема да бидам џаболебар и дека нема да се возам со автобус.

    Другото, како и да е, ќе се снајдеме :)
     
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    По 10 години ќе бидам созреана личност, која што нема да биде толку наивна и добра. Ќе имам завршено факултет и ќе работам во CSI во Њу Јорк. Ќе бидам главен јавен обвинител или детектив, се исто. :D Ќе живеам во Менхетн и ќе го имам најубавиот стан со голема соба која што ќе ми биде само за облека, чевли, ташни и наќит. Ќе живеам со дечко ми и тој ќе работи убава работа таму, не знам што. :lol: Ќе имам сопствен автомобил, нема да морам да се возам со автобус секој ден, иако таму е поарно со автобус. :lol: Потоа со дечко ми ќе си направиме пат околу светот за 80 дена. Ќе одиме во Швајцарија, Италија, Абу даби, Дубаи, Турција и многу други места. И на 30 години ќе родам 2 прекрасни дечиња и ќе си живееме среќно до крајот на животот. :l:
    The end..
     
  18. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    9.990
    Пол:
    Женски
    по 10 години ке имам 32 ...па ке го завршам факултетот до тогаш,ке си најдам некоја добро платена работа(би работела од дома)а као хоби ке пишам крими романи...на љубовен план ке бидам во брак со д.и ке имаме 2 деца едно машко и едно женско...ке живееме во стан или кука...сеедно и тоа би било се...
     
  19. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Па доживотна цел ми е да живеам раскошен живот и јас и моето семејство.Очекувам за десет години да станам некој многу моќен човек со што ке можам да им пружам на моите живот како што заслужуваат.Се замислувам како цврста стабилна жена со 2 дечиња мојот најдобар маж покрај мене одлична работа и живот каков што секој замислува.
     
  20. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Абе момички, не планирајте многу, крај на светот е 2012, џабе сонувате кога ќе умриме за 10 месеци!! :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: ..
    Шознам, не верувам многу во тоа, но како и да е, после 10 години тоа би било кога ќе имам 23, а сега имам 13...Немам размислувано а не ни сакам...Шо биде нека биде ;)