Тогаш би имала накај 31, сакам до тогаш да ги имам посетено барем 50% од омилените места по светов, да имам работа која ја сакам, да сум финансиски независна, да имам своја кола, се уште да се дружам со другарките и да живеам сама или евентуално со дечко/маж
Па за 10 години..Ќе имам 32. Јас себеси се гледам како многу успешен гинеколог,мирен,среден живот,среќа и здравје за моите најблиски. Исто така мама со две мали дечиња(мушко и женско)
По десет години...Фина, добро платена работа, мал, модерен стан, слатка, мала количка и живот надвор од државава.Евентуално нешто да има во love life-от, ама и не мора бидејќи не верувам во вистинска љубов...
Жива здрава, во сопствено живеалиште, работа што ја сакам, маженце и детенца, мало дворче кај што ќе си одгледувам диви јагоди и домати, цвеќенца. Убав живот, само да е се’ во ред.
во куќичка на 2 спрата со големко дворче или у стан со големка тараса фатена за рака со мажот ми и у друга рака бебето (женско ) со положена матура и дипломиран студент и како добра работа. покрај тоа сакам да бидам и добра мајка единственото нешто што сакам да ми се исполни
По десет години ќе имам 24 па планирам да завршувам факултет на тие години. Иако сум мала за планови.
Сега тука има само после десет години...здравје и живот да завршам факултет..па потоа пранирам да стасам и до докторирање..рано ке ми биде за фамилија..хх и да си ја остварам најголемата желба..да го прошетам светот..хихи поздрав феминки
За 10 години -јас и мојте сакани најважно да сме живи и здрави - омажена со мојот сегашен дечко -скромна куќа исполнета со хармонија и љубов, во која ќе има градина -вработена по моја професија во некоја канцелариичка -дотогаш две деца а за 15 години ќе ми биде на пат и третото дете -нормален и пристоен живот ете тоа
По 10 години.. ќе имам 28, се надевам деќа ќе завршам факултет, ќе докторирам и ќе си најдам добра работа со дообра плата Па после ќе основам семејство после 30
По десет години би требало да имам завршено факултет. Па, би се преселила во друга држава, или сама или со партнерот (што би требало да го имам на 24 години ).Таму би работела како докторка и би имала мноооогу миленичиња.
Би завршила факултет, па би се преселила во друга држава. Би сакала да сум познат детектив и да живеам во New York.
За десет години би била 25... би имала завшено факултет, па би почнала работа... (адвокат) Стабилна врска, а некаде после 2-3 години може брак, а после 2 години и едно или две деца! Скромен живот...
По 10 години ке имам 30 .. ке имам завршено факултет ( по шо сум сега за 2-ра ) -- ке бидам омажена со мојот сегашен дечко( не го менам по ниедна цена )ке се сакаме како никогаш досега, нема да дозволиме да исчезне љубовта и страста никогаш -- ке живеам во куќа, мала но скромна со доволен простор за нормален живот,убаво уреден двор, со многу цвекиња, наоколу дрвца овошни ... ммм ... не сакам луксуз... и секако јас ке ја уредам и куќата и дворот -- ке ја напуштам Македонија ( и тоа со сигурност ) -- ке бидам вработена ( се надевам) во некое училиште со куп немирковци --ке имам едно дете ... за второ ке размислам ... И тоа , друго не замислувам, со среќа и љубов, се е возможно