ууф не сум ја довршила приказната се извинуваам епа откако ќе си најдам одлично платена работа ќе си купам куќа како оние на славните а потоа ќе шармирам некој млад и згоден милијардер-за сигурна иднина а можеби и ќе ми се оствари животната желба- да станам светски познат научник
Псоле 10 години, значи предходно ќе сум запишана на Економски Факултет Скопје, и доколку имам прилика мојот сон барем да се запишам за манекенка, во Мак Моделс. А после тоа да се вратам назад или незнам како би испланирала, би се мажила, па после 2-3 години да родам деца.. и така ќе си формирам семејство Ама има време ехе..
За 10 години би сакала бар да имам 1 детенце, да сум мажена со љубовта на мојот живот, да бидам успешна во кариерата итн итн.
За десет години прво незнам дали ке бидам жив,тоа долг период,нечзначи дека немам никакви планови,имам но не ги кажувам,пошто има слушнато ако ги кажеш нема да ти се исполнат.
за десет години... ќе имам 31, дипломирана се надевам, ќе бидам жена на мажот што го сакам,ке си имам ќеркичка, ќе отидеме за Америка кај моите и таму сите заедно ќе сме среќни со мама и сестра ми.
Се надевам ќе соберам доволно пари од плата, да и‘ купам машина за миење садови на мајка ми. Ветена и‘ е.
Јас за 10 год.мислам да го завршам факултетот,да најдам добро платена работа,да станам независна да се омажам за мојата љубов,да имам детенце.топол дом од соништата и да му пружам на моите деца се што не ми се пружило мене во животот...Како на пример семејни летувања и среќни моменти
Се гледам себеси како архитект со завршен факултет и успешна на секое поле во животот и секако убава и елегантна како што и прилега на секоја жена.
Пред неколку дена баш на интервју за работа, ме прашаа ова прашање.. Ех ама период избраа и како од пушка одговорив, најглуп одговор за на интервју - како мајка.. Па што мислеа тие ќе филозофирам, видов јас и учења и работа и што нишо, да не бидам вулгарна овде ќе застанам.. Нормално до сега не ми се јавија повторно. Ама ако, јас токму така се гледам за десет години. Секако ќе се работи оти мора да се живее. Ама сигурно не да се живее за да се работи.
јас по 10 години се гледам како жена, пред се мајка на 2 мали дечиња , успешна во работата-успешна фризерка и многу среќна покрај мажот ми хахахаха
...Како дипломиран економист на убава и добро платена работна позиција. Мајка на две дечиња (едно машко, едно женско )
Можеби успешна на работно поле, сеуште не знам точно на каква работна позиција. Се надевам да работам со деца. Што и да е, да си ја сакам работата, успешна или не... Дефинитивно се гледам како мајка. Тоа е сигурно. На најмалку две деца
По 10 годни се гледам во тесен 3/4 фустан, потпетици, сако. Папка во рака, беџ со моето име, 3 - 4 клиенти околу и разтрчана низ ходниците на некоја банка, осигурување, шпедиција или било каква достоинствена компанија. Се гледам со подебела сметка во банка и како малку повеќе домаќин на ова не-македонско тло по кое газам. Побогата за уште еден јазик. Самостојна и посилна. Мајка на најмногу 2 деца. Подебела за 3, 4, 5 килограми, но сеуште згодна Аххх, соништа мои...
Kако успешна деловна жена со цврста кариера Не верувам дека ќе имам дете, ете можеби едно, за да не ја запоставам кариерата. Надвор од државава, со дебела сметка во банка и среќно омажена