По 10 години се надевам дека ќе имам изградено кариера, ќе направам свадба и ќе имам барем 2 деца. Се надевам ќе успеат да се решат некои животни прашања и дека ќе успеам да се вратам во Македонија, барем да ги видам и гушнам најблиските.
Хмм...се надевам дека ќе имам изградено успешна и стабилна кариера, дека ќе бидам среќно омажена со неколку дечиња и ќе бидам исполнета и комплетна личност
По десет години се гледам како стаблна жена,жена со изградена кариера,односно како јас во вистинско светло.Со две дечиња,третото на пат а може и четвртото Не претерувам многу сакам дечиња,само тогаш кога ќе ми трчкаат низ домот срцето ќе ми биде исполнето.И секако да не го заборавиме мажот од него ја очекувам сета поддршка и разбирање,и уз тоа иде и љубов.
По 10 години - пред се' да заминам од Македонија, да дипломирам, да се врабитам, да се осигурам финансиски, да бидам независна, да патувам, да оформам цврсти пријателства, да бидам среќна...
По десет години би се омажила веќе и би имала деца , ќе бидам млада мајка хаха, ќе бидам и адвокат, и исто така ќе ги запознаам моите браќа.
По десет години, значи кога ќе имам 31. Се гледам себеси со едно дете и другото во мене Со добра работа, среќна.
По 10 години -баба со внуци и со керкичка мала.... Се гледам себе си со снаа до себе и разменуваме мислења за одгледување бебе...пиеме кафица...мало трачарање...додека маж ми и син ми си пивкаат по ,,некоја,,
Po deset godini kerka mi veke student,sinko 12 godisen,a jas predklimaks... Se gledam so poveke vreme za sebe i za soprugot,so pomalku obvrski i so podobro rabotno mesto... No,pred se se nafevam deka site ke bideme vo dobro zdravje za da mozeme da kroime i ostvaruvame ponatamosni planovi
Дај боже се да ви се исполни Од срце ви посакувам. А јас за 10 години ќе имам 28 и се надевам тука негде и ќе се омажам ќе имам две дечиња а веќе ќе имам можеби и некое посвоено ! Ќе живеам во Германија и ќе го имам остварено својот сон , но и покрај тоа нема застанување keep going ! Ќе патувам многу и ќе доживувам многу.
Сакам здравје и многу среќа од сега Се надевам ќе се преселам во Канада, со некоја некоја си женска Сакам да се усовршам во кариерата, и се надевам ќе можам да створам свој бизнис.
Ако даде господ по 10 години, актерка во холивуд, немој да ми речете дека е невозможно кога пола од нив саделе кромид на мои години па сега сесветски познати.
По 10години... Пф сигурно ќе бидам преселена во Англија и ќе си ја мавтам дипломава од Македонија, а таа од Шкотска ќе ми носи пари. Сигурно.
Kje bidam vo ranite 30ti i najmnogu od se bi sakala da bidam mnogu mnogu posrekjna otkolku celiot moj zivot, da ja imam najdeno karierata, da rabotam neumorno na nea i ako imam dovolno srekja i edno, dve decinja da mi go razubavuvaat zivotot. Ako nemam partner, ili ne mozam da imam deca, kje si posvojam.. Ne bi mozela da se zamislam bez niedno detence..
За 10 години...тогаш јас би имала 31 .. Се гледам дека живеам и работам во швајцарија, до мене имам прекрасен сопруг и дечиња ( многу) .. Се гледам среќна, исполнета и горда на себе и на своето семејство. ( но вистината е дека ке окапам тука во македонија, пак ке се мажам за некого кој се надевам ке е паметен... Едвај ке крпиме крај со крај, со нашите смешни македонски плати) но никогаш не се знае што носи животот..
За 10 години, се гледам тука каде што сум, со добра работа, свој стан, омажена за љубовта моја, у кујна со детето во една рака а другата рака на телефон или компјутер. Нешто слично како сега, само да го додадеме детето и мојот стан, а да и подобрата поуиција во фирма И дај боже со сите живи и здрави околу мене
За 10 години,се надевам дека ќе имам отприлика завршено со најголемиот дел од моето образование,ама дека уште ќе се надоградувам и ќе осознавам нови работи што ќе ми помогнат квалитетно да си ја вршам работата. Се надевам дека ќе бидам вработена и задоволна од моите примања и работни услови. Дека ќе има маж во мојот живот,со кој ќе се сакаме,ќе се согласуваме и се на се ќе биде личност задоволна од себе. И ќе планираме или веќе ќе имаме заеднички дом и наше мало семејство,со здрави и паметни дечиња. Се надевам дека блиските мои ќе бидат здрави,живи,среќни и блиску до мене и дека заедно ќе имаме исполнето секојдневие,многу остварени желби и патувања низ светот.