Паа секако завршен факс ,моја ЛИЧНА и ПЕРСОНАЛНА ординација направена со лично мои пари.. Сопствено станче (е тоа може да биде и од други финансии...) Сакам во текот на тие изминати 10 години да имам посетени некои мои омилени дестинации..И по можност среќно омажена здравје боже со неколку детенцааа!!!!
По десет години, ќе имам 34. Се надевам ќе доживеам до тогаш Шала. Прво - да сум здрава физички, а најповеќе ментално. Се надевам ќе пронајдам некој кој нема да се обидува да ме смени и ќе ме сака безусловно, онаква каква што сум. И vice versa, нормално. Едно М-р пред името. Еден убав , ненакитен, ненаџунџурен, минималистички суреден дом. Едно детенце. Здравје три. Сакам непарни броеви. Да го имам луксузот да тргнам во било која доба од годината каде сакам. Да имам време да готвам, ама друг да чисти позади мене. Да сакам и да бидам сакана. Сакам само да сум среќна, јас и моите најблиски. Да не се сменам, парите и работата никогаш да не ми се пред пријателството, прослави, седенки и убави моменти. Ете така се замислувам.
Пред 10 години си мислев дека сега ќе бидам комплетно реализирана жена со кариера. Брак? Некако тешко си замислував дека ќе најдам некој за мене, па бев спремна на тоа да бидам сама. Верував дека ќе имам можности да шетам по светот. Ама ништо од тоа не бидна... кариерата остана на завршен факс, волонтирање, сработување по нешто колку да не се седи дома. Можеби сама сум си крива - ама не се каам за одлуките што ги донесов. По десет години - па да бидеме здрави и живи дотогаш - ќе биде се што сакам - ординација, среќен брак, барем две дечиња и пристоен живот. Ќе дадам се од себе тоа да се оствари. И доста е, мислам. Иако сакам да шетам по светот, можеби ќе останам само на тоа да видам некои места кои отсекогаш сум сакала да ги видам.
за 10 години ќе имам 28 години.. Се надевам дека ќе бидам среќно омажена со веќе едно детенце (уште едно ама по 2-3 години). Со мажот да си се сакаме - нормално : )) Предходно сум го завршила факултетот се како што треба. Дај Боже да си обезбедам работно место. Да имам еден постојан заеднички дом со создаденото семејство. Да сум во добар контакт со родителите, братот и сестрата и секако нивните семејства. Да си ја имам доживотно сегашната најдобра другарка И да сме сите живи здрави весели и да си помагаме еден на друг. И... баш на овие години сакам да се сретнам со една сегашна моја љубов. Да си раскажеме се што било и не било... (таков договор имаме напраено)
по 10 години сакам да имам завршено факултет по можност и повеќе од факултет, магистратура, докторат... , после сакам да ми се исполни наголемата желба, да идам за Америка, да бидам среќно омажена, да имам добар стандарт на живеење, да имам 2 дечиња(машко и женско по можност ), здрава, жива што е најбитно, да си бидам пак со сегашните ми другарки, и со семејството, и да бидам среќна
ke imam 38 god. i koj znae sto ke bide.planirav mnogu no recisi nisto ne iskoci od toa .moze bi ke imam svoj dom i dve zdravi pravi decinja masko i devojce..moze bi....
за 10 години? па..нормално ке имам завршено факултет, па да отворам некоја фирма за семејство? да најдам некој кој ке ме сака и почитува па после ке размилуваме за деца. да бидам опкружена со најблиските со тие што ги сакам и ме сакаат
Па на 26 години секако дека факултетот ќе ми биде завршен, па една работичка по струка. Да се промажам за некој кој ќе си го сакам,а и тој мене 3-4 дечиња,а и сакам да живеам на ранч како оние на филмовите. Па сакам да сум опкружена со оние кои ги сакам, со френдиците да не се изгубиме после мажачките. И сакам фемина да трае до тогаш
По десет години значи ќе имам 26, би требало да имам завршено факултет(па една година пауза за шетање по светот(ако имам можности)), па после уште еден факултет(ама ќе запишам ако бидам сигурна дека сакам да го завршам, а првиот ми е животна желба и за него ќе ги вложам сите напори, цел мој труд за да успеам тоа што сум зацртала, тоа што сакам да бидам, ама не откривам што ) Потоа блиските односно оние што ги сакам и без кои не можам да си го замислам животот да ми бидат здрави, живи и среќни ( и да се гордеат со мене) па за некаде 14 години од сега да бидам омажена , вработена па и да имам 2 деца или 3 достасе
По десет години се замислувам како успешна студентка. Девојка со отворен ум која стои цврсто со чист образ и безброј успеси зад себе. Секако до мене замислувам и момче кое ќе ме поддржува и ќе биде со мене.
Се гледав многу поинаку до пред некое време..Но во последно се ми се смени и некако не размислувам..Битно се гледам здрава и жива, и најважно-неосамена..
За 10 г. се гледам како правничка која добро ќе си а извршува својата работа, со маж исто така правник. и со две слатки дечиња кој понатаму и тиа ќе бидат правници . Бујни фантазии.
Секогаш се случува сосема обратно од тоа што јас го замислувам, ама.. Јас&Лондон, најблиските до мене, вработена.. САМО толку ми треба.
Завршен факултет, индекс полн 10ки,завршена специјализација и добра работа што ќе ме прави задоволна и среќна. Изградена личност и дефинитивно помалку емотивна од сега. Во долга и стабилна врска со некој што ќе биде истовремено згоден и паметен.
За 10 години се гледам во училница полна со деца на кои им предавам за conditionals and passive а тие ме гледаат и ништо не разбираат ... а дома мојот маж ме чека со подготвена вечера и релаксирачка бања а децата, 2 машки, ме чуваат како капка на дланка... ммм