Периодот што го преживувам по една деценија би сакала да биде бледа страница од животната сторија. По 10 години се надевам дека ќе го живеам заслуженото.
1. Да имам прошетано добар дел од светот 2. Да бидам со згоден партнер и со мини верзии од нас 3. Да имам големи приходи и да немам маки од таа страна 4. Да личам многу млада и сите да се чудат ко ќе им ги кажам годините
По десет години се гледам со човек кој што ќе прави сѐ за мене, ама не оти јас така сакам (па по дифолт да мора), туку зашто љубов луѓе. И обратно.
Ме вративте назад на почетоците на форумов @CameliaMiller и @TeddyGrey. Го препрочитав мислењево, напишано точно пред десет години.... и освен своја ординација, другото го имам. Па и повеќе од тоа, и не можам да се жалам. Кариера нема тука, со исклучоци, така што, тоа останува само сон. За десет години од сега - мислам дека не сакам да планирам ништо. Особено годинава ми го покажа тоа. Да извлечеме жива глава од сите овие срања околу нас, после ќе му ја мислиме. Само да сме сите на број, здрави и живи. Другото - што биде, ќе биде.
По десет години се надевам дека ќе успеам да излезам од овој круг во кој постојано се вртам.Да почнам нешто и тоа да тече, а не постојано се од ново да почнувам.
Сум го пишала ова во 2010. Сега ме потсетија девојките со лајкови Таман ми се исполнило тоа што сум замислила.
По 10 години... Се гледам себе како успешна деловна жена, специјализант на клиника. Уште сме заедно со него и полека правиме подготовки за свадба, а го уредуваме и заедничкиот дом. Двајцата имаме стабилна работа, се сакаме и среќни сме. Убаво изгледа во фантазиите.
Забавно е да си ги видиш плановите од пред 10 години, па уште вака детални За работа не излезе ниту една од опциите, ама работата што ја имам ми е топ. Докторат сѐ уште не сум запишала, го поскапеа и искомплицираа, ама не ми ни треба. Семејството не се прошири. Нека се живи и здрави пубертетлиите, ме држат во форма Со шетањето каснам, ама ќе биде, здрави и живи да сме. Важно најдобрите пријатели ми се повеќето тука и на број. А и пријателствата на далечина ги одржуваме. Искрено, се изненадив дека сум пишала за желбата за кајче, секогаш таа желба била во позадина, ама кога се случи сфатив колку многу ми значи. За 10 години од сега сакам децата да станат самостојни, добри и вредни возрасни луѓе. Да придонесам некој да биде среќен и да има поубав живот. И да работам на реализирање на желбата да се преселам на море и да живеам во мир и спокојство. А најважно од сѐ, сите да сме здрави и среќни.
Големата ќе биде на факултет.. валда на уметност пошто тоа и е желба... Огромна Малата средно... пошто е неодлучна како мене, ќе скуби коси на шо ли да се запише. Она се сака да биде Син ми (ако го добијам а посакувам многууу) ќе биде најмало, нај долго очекувано и затоа и најразмазено од сите. Јас и он ќе бидеме во нашата нова вила на Маврово која ќе почнеме да ја градиме сега на пролет. Живи здрави насмеани... и познавајќи го ќе рече... видиш се склопиа сите коцки на крај.. И навистина ќе се склопат до тогаш.
За 10 години хммм... Бис сакала да бидам на подобро работно место, со маж, дечиња околу мене, да водам мирен и скромен живот. А, до тогаш да се вратам уште 2-3 пати во Турција
За десет години, живи, здрави со 1 тинејџер, 1 скоро тинејџер и 1 мала кукличка... Посакувам да сум целосно пронајдена себеси дотогаш... Да имам работа која ќе ме исполнува. Да сум усовршена во областите кои ги сакам. Да имам патувано многу и да имам листа на непосетени места и куфер спремен за тргнување. И секако, да постои форумов дотогаш, за да видам како сум размислувала пред 10 години.
Многу интересно да го читаш ова после 10 години. Мажена сум со истиот дечко од тогаш и имам син Имам магистерски студии завршено во странство, и имам шетано ептен многу по светов. Не работам во хуманитарна организација, ама преку нешто слично се борам за подобро општество за сите нас и сега. Совет до помладите што може ќе прочитаат, не се откажувајте од желбите и работете силно да ги остварите. Пред точно 10 години ги имав изгубено и мајка ми и татко ми, бев на факс и живеевме со брат ми со 3000 мкд пензија за студенти останата од мајка ми. Живееме со баба ми и нејзината пензија со која плаќаше сметки и купуваше основна исхрана. Одев на факултет пешки или со точак и во лето и во зима, купував ѓеврек за јадење и ретко седнував на кафе ао колеги. Цело лето работев по кафичи за плус дневница. Носев носена облека која најчесто ми ја даваше прва братучетка на мајка ми. Во недела одев на ручек кај дечко ми (сега маж) и неговата фамилија уште тогаш ме прифати како нивна. Знаев од тогаш дека сакам и јас такво семејство. Fast forward, делови има пишувано шп форумов во периоди кога сум била активна. Учев многу, волонтирав по организации, работев. Добив стипендии за да учам во странство. И прва асална работа на 22 години за тогашни 23.000 мкд. До ден денес се смеам кога таа директорка (сега и пријателка од која научив буквално се за работата) ми кажа дека ме вработила затоа што сум звучела амбициозно а скромно, сум знаела точно што сакам од животот и сум имала тиркизен лак на нокти на интервју што и се допаднало. Јас ќе кажам имав среќа. Тие да препознаат нешто во мене и д ми дадат шанса да научам и да стекнам многу контакти. После 10 години имам голема плата, а траумите од немање пари порано ми се одразуваат на тоа што секое одење во маркет купувам се х2. За да има. Зошто знам многу добро како се пазари со броени пари. Можам да влезам во бутик и да си купам буквално што сакам. Јас, која една нова година отидов на сред снег со балетанки зошто немав чизми, а не сакав да ставам патики на фустан. Затоа работете на себе и верувајте дека ќе успеете. И поддржувајте се со браќата и сестрите.
За десет години ќе имам 28 години и би посакувала да сум со сегашниот дечко кој премногу го сакам,да имаме 2 дечиња,не е битно дали машки-женски,да се живи и здрави.Да си бидам на посакуваната работа-во аптека.Да зимам добра плата и да имам многу подобар живот отколку сега бидејки многу работи ми се имат случено во последно време кои ме многу повредија..Се надевам дека еден ден се ке си биде на свое место и ќе имам дом со пресреќни дечиња и маж.
фала на @TeddyGrey од се срце што ме потсети на постов П.с. 10 години поминаа жива здрава сум среќна омажена хеххе ама со две детенца и убава работа. За уште 10 год да се средам стамбено и ќе речам ок. Се гледаме во темава за наредни 10 Кога поминаа 10 години на Фемина машала
За 10 год најмногу се надевам на здравје. Па дека веќе ќе сме преселени надвор од државава. Ќе живееме во мало куќаре со големо дворче и ќе родам синче. Ќе го работам тоа што го сакам и ќе ми текне валда да се уклучам да го прочитам ова
По 10 години сакам да го завршам факсов. И искрено сакам да имам некој со мене, заедно да планираме фамилија. Посакувам да сум во добро здравје и сите блиски уште да се до мене. На професионално ниво, сакам да сум успешна и да не зависам од никој. *ќе чекам некој да ме потсети во 2030 на постов пошто 100% ќе го изумам*