По десет години.. Сакам сите да сме живи и здрави. Да имам искуство со живеење во друга држава. Да имам стабилно и солидно работно место. Заедно да живееме со партнерот (можеби брак во меѓувреме) Да имаме деца, ако имаме желба за тоа. Би сакала да можам да отворам хотел за згрижување животни. И би сакала да имам прошетано во повеќето Европски држави.
По 10 години се надевам ќе се накани господинот да заминеме во ветената земја, а ако не се накани па сама ќе си одам се шалам, ама има да се накани некако од никако така претчувствувам. Друго две-тринаесет дечиња, добро без наесет доволно би биле заиграни со куцики*2 Куќата или да ја реновираме или јово на ново таму некаде. Кариера хммм пред 10 години може би напишала нешто повеќе за ваква таква кариера посакувам, ама сега само би пишала пофлексибилнa да сум во go with the flow активностите и да не си земам толку при срце во што и да е што (ќе) работам и (ќе) ми е кариерно остварување. И најискрено се надевам тие што најмногу ги сакам и ми значат ќе бидат живи, здрави и весели и да ме радуваат и понекогаш и помалкуцка да ме нервираат. И најдлабоко од душата си посакувам уште многу нови патувања и авантури, па и некоја нова кариера поврзана со тоа, може и соништата навистина се остваруваат независно од годините и моменталните ограничувања. Ама ќе видам, па и 10 години не се и така краток временски период.
Убава работа, стабилни приходи, покрај мене човек каков што од секогаш сум посакувала, дечиња.. Сакам хармоничен живот, сите луѓе да ми се на куп, живи и здрави. Амин!
Што пишав згрешив, а за нешто па е и подобро. Све о свему, не се труди да гаташ, животот од предвидлив правец и карта у рака, знае да те врати од аеродром и да ти рече "то мала да шутиш".
Успешна кариера. Сопствена (старт ап) компанија. Здрава и среќна, заедно со здрави и среќни најблиски. Тоа е се' за почеток.
По 10 години ќе имам 35 години. Најпрво се надевам ќе бидеме сите здрави и живи. Тогаш син ми ќе има 13 години а маж 39. Ќе имаме наша куќа со поглед на планини. ( или стан)Во село во Австрија. Ќе имаме 2 коли. Еден голем џип и една ниска спортска кола и 2-3 комбиња. Наша фирма. Мажот ми ќе си ги оствари соништата и ќе успее во се што сега го посакува. Ќе имаме уште 2 или 3 деца. Јас ќе го научам Германскиот јазик и усовршам Англискиот и Шпанскиот. За работа немам некоја желба или цел. Ќе бидам осигурана во нашата фирма. И можеби ќе работам нешто 4 часа на ден или ќе седам дома и ќе чувам деца. Ќе прошетаме уште во 15 тина држави. И да не се оствари ова нема да биде разочарувачко. Ќе бидам благодарна само да сме живи и здрави и да имаме уште барем едно дете. Па се надевам ќе пишам за 10 години.
По 10години, државјанин и во друга држава, изградена кариера со големо искуство во светска клиника Германија/Швајцарија. Можи уште неколку надоградби професионално плус. Во брак со човекот кој сум, дете заедно. Шетање низ светот. Сопствен стан/куќа. Среќна. Најмногу здравје и уште повеќе заљубена во него
По десет години 49 Пред се живи и здрави да сме. Да се расправам со деца у пубертет и некое помало да ми ги смирува живциве. Проширен бизнис. Исплатен кредит. Пола од тоа што сме зацртале да пропатуваме.
Да го завршам факсов и да си влезам на работа со него. Да ја најдам вистинската љубов со која ќе планираме иднина и створување на фамилија. Живи, здрави и среќни во семејството
По 10 години... Ништо не се оствари ни тоа што мислев 100% ќе е успешно.... Предвидувам дека ќе живеам во Мајами , ќе живеам самостоен живот,ќе имам само едно куче ,секој ден ќе одам по кафиќи и стриптиз барови и ќе пијам по литро виски на ден и ќе цркнам од цироза Повеќе среќа во некој друг живот
Се надевам дека по 10 години сите кои ми значат ќе бидат здрави и живи. Друго, ништо не ме интересира.
Да не ми го лајкнеше @Ema.Sk мислењево, немаше да верувам колку се случило за десет години.... На поле образование и работа дури и повеќе постигнав, и речиси се е исполнето освен што немам две персиски мачиња и што покрај внука ќе имам и ќерќа. Доста емотивно ми дојде оваа ретроспектива... Ама ќе кажам: не за џабе рекле да верувате во себе и своите желби, се’ е можно
Мене ми беше срам да отворам да прочитам какви бисери сум изнапишала пред 10 години со тој похован мозок тогаш. Убава она, сè си обавила, само уште едно останало речиси. Колку многу сакам, а исто толку, па можеби и дупло повеќе се плашам. Е ај, баш да видиме што ќе донесат наредните десет години. Нека бидат добри, толку само.
По десет години ..сакам кариера,сопруг што го сакам,дете здраво и живо, шетање по ресторани и светот .. и онака во глобала среќна да сум.
Сите да ми се здрави, живи и добри првенствено. Да стигнам до посакуваната работна позиција, на врвот според моите лични стандарди. Можеби скрасена со маж и дечиња, ако нешто работава не ми смеша прсти. Пропатуван цел свет. И, за крај истово текстуле да го читам во Мајорка со сангриа во раката, додека под мустак си се смешкам за убавиот живот и исполнатите цели. ПС: Ти човеку, што го читаш ова во 2031 година, риплејни ми да проверам до каде сум со фантазијава.