Деца тинејџери сакаат помалку да ги смараш срцка, причина плус да се мавнеш од дома, да дојдеш во вилата, да уживаме додека Јоргос не лади со пердув. Ако немам готвач, јас ќе спремам нешто, паста ќе јадеме секој ден.
Уште оваа дилема да ми ја решиш- поглед без залез со идеална плажа или со залез, без идеална плажа. За себе прашувам, уште тоа ми остана. По 10 години стварно може да живеам на море, негде некои насади, негде некои пчели, дете полнолетно, јас сам свој газда . Кој сака да готви и да чисти- добредојден е
Ааа не, патам од ОКП, чистењето ќе биде моја задача, имам многу правила. Али поканета си и ти срцка, за 10 години се надевам ќе пишуваме тука од Миконос. Со поглед и залез, шофер ќе имам срцка, ќе ме носи до убавите плажи со кола. Многу сакам убав поглед, тоа ми е еден од критериумите за смештај.Шала на страна, вила на Миконос за 10 години би била реалност ако се занимавам со ,,моделинг" во Дубаи. Али едно апартманче на море е возможно. Или соба у Дојран. Покрај вода битно нешто да биде.
Значи, ја за 10 години ќе бидам ку(р)варка и чистачка кај @Biljarkata, а на одмор коа ќе ме пушти ќе идам кај @FriendOfDorothy. Договорено.
Ни за 10 не се гледам во брак. Веројатно финансиски појака i hope Во друга земја. Можеби дете ќе имам.
По десет години..... Непредвидлив е животот, не планирам, само би си посакала да сум жива, здрава, среќна и исполнета
Куќата средена, станот исплатен, бизнисот зголемен за едно 50% и во брак со дете и по можност уште некое маче дома и куче ако се можи.
За 10 години се гледам со бујна кариера, дај боже неколку вработени за да не е се на мој грб, голема куќа за да има место за деца (по можност да сум завршена со раѓање до тогаш) и многу миленичиња, на многу прошетки, кампувања и шетанки сите заедно, мама, тато и дечиња. Ваљда ќе успеам се ова во рок од 10 години и кариера и деца и се остало.