За 10 години се надевам само да сум здрава и жива, и секоја замисла до сега да се исполни до некој степен.
За 10 години ќе живеам среќен живот во Германија, ќе имам 4 деца (3 машки и едно женско), ќе работам некоја интересна добро платена работа, ќе си фатам плава германка за жена, стан во Минхен или Берлин, и така.
Се надевам ќе бидам во брак со мојата девојка, и имаме детенце. И нормално да продолжам да си сум ваков каков што сум, а да не се претворам во нешто што мразев како мал.
Само едно се молам саканите да ми се на број, живи и здрави друго ништо не ми е важно. Самата помисла дека родителите ќе ми бидат подостарени за 10 години ме плаши и растажува Ме растажува и времето што брзо лета, како вчера да беше кога станав мајка а поминаа скоро 10 години Ехх животе, каде брзаш, каде леташ, успори малку да го впијам секој момент од животот. Сакам се да врежам во главата и срцето