Па би требало да сум завршила факултет и да работам некаде. После ќе размислувам дали ке се мажам и се другото што си доаѓа по ред. Или друга опција - да патувам низ светот но тоа потешко..
По десет години, па би требало да имам завршен факултет и да работам, и полека да планирам семејство.
Еее како ми се погоди темава.. па , здравје боже после 10 години таман ке имам завршено и факултет и специјализацијата ке ми биде при крај , па се гледам себеси како некој успешен доктор една почетнички мала ординација , која би тебало да прерасне во убава приватна болница.. еден убав маж до мене , по можност доктор иако нема везе тоа... и што знам како ке тече животот понатаму.. семејство , дечиња.... убава работа ..
по десет години се гледам себеси во Лондон на студии и се надевам дека ќе го запознаам господинот совршен и некој што нема да си игра скриен предмет со мене
по десет години се гледам себеси во Лондон на студии и се надевам дека ќе го запознаам господинот совршен и нема да си игра скриен предмет со мене
Исто и јас За 10 години се замислувам како штотуку венчана жена која со мерак си го уредува новиот дом,за кој со сопругот си имаат земено кредит,бидејќи сакаат сами да успеат во животот На професионален план-професорка или преведувач по француски јазик.Прошетана цела Европа и дел од Африка. Сакам да си ги имам уште сегашните другарки.Се замислувам како одам кај мама во недела на ручек.А една година потоа се замислувам како шетам низ дома со стомакот до заби и ја уредувам детската соба
Ако сум здрава и жива по 10 год се гледам како жена која успеала да реализира повеќе од тоа што зацртала. Ако и тогаш се чуствувам како сега мислам дека ќе бидам супер сопруга, мајка,свекрва и баба.До сега годините не успеаа многу да ми земат и да променат во мене.Јас си останав иста Па се надевам дека во иднина ќе остане така.Духовно сум исполнета во поголем дел преовладува позитивната енергија.Покрај мене е човекот кој ме сака и го сакам,животно искуство имам и вредност да бидам сакана од страна на луѓето кои нешто им значам .Имам два прекрасни сина и се надевам дека ќе добијам згодни снаи Завршен збор бог бил дарежлив кон мене ми дал живот и се потрудил да остане покрај мене
хахаха не старееш, само влегуваш во многу зрелите години за да старееш ти требаат повеќе од 50 години
Се замислувам како многу успешен психијатар или па адвокат(сеедно) .Потоа со многу убав италјанец за маж, во преубава огромна куќа во Милано,со Ферари паркирано пред куќата.И можеби како славна манекенка
Усшешен невролог - примариус ,а можеби и декан на факултет,мажена со 2 дечиња и куќа со гоооооолем двор