Немојте многу да правите планови, затоа што не секогаш испаѓа онака како што замислувате и планирате.
се гледам себеси....вака 1. имам прошетано барем 60 % од светов! 2. си имам фамилија 3. имам отворено некој бизнис!.......
со совршен живот.. - отсекогаш позитивно размислувам за иднината но како растам осекам дека помалку верувам во тоа.. се плашам да не ја загубав желбата..
По 10 години се надевам дека ќе бидам омажена, со две деца, со решено стамбено прашање, со работа по струка, не барам многу нели
По десет години се замислувам омажена со сегашниот дечко , со две дечиња, сигурна работа и задоволна од тоа што го имам. И здравје нека има )
По 10 години, се надевам дека со мои 24 ќе имам завршено факултет и веќе ќе се имам вработено. Најважно да бидам среќна, а другото ќе си дојде само по себе.
по десет години би сакала да ме има уште да бидам жива и здрава со сите блиски околу мене,све да ми е на број.планови немам,не дека не сум амбициозна ама не сакам да си зацртувам ништо,сакам се да си дојде онака како што треба,а јас само знам дека ќе дадам се што е во моја можност ,зашто кога планирам ништо не ми излегува онака како што јас сум сакала,па после ми е тешко...по 10 години само со сигурност знам дека дечко ми ( а можеби маж тогаш ) пак ке биде 10 години постар
По десет години,ако доживеам плус десет години (и тоа е една од опциите де,не дека сум песимист бла бла..),кожава ќе ми биде со малку поопуштен тонус,ќе имам некоја брчка и во некој момент кога умов ќе ми заскита ќе се потсетам на овие денови и ќе си помислам дека непотребно сум се оптеретувала со некои работи. Планови...немам.Велат ако сакаш да го насмееш Господ кажи му ги плановите,а јас веќе долго време бев дежурен засмејувач па сега малку ќе паузирам.Животот е непредвидлив,само еден момент може да го измени неговиот тек и ретко кој може да каже дека она што го испланирал пред десет години успеал и да го реализира.Не знаеме ни што ни носи утрешниот ден.Има една песна од Дарио "Нека биде што биде" и токму така мислам,што сака нека биде не само по дест години туку почнувајќи од овој момент па до кога било..
Да сум жива и здрава јас и најблиските околу мене.Останато се ќе си дојде на свое место... А вака кога ќе размислам на брзина, на ум ми иде само 3-4 дечиња и да сум напредната во кариерата, да добијам повисока функција ( демек сеа имам ниска ) скромно во секој случај
Решив ништо повеке да не планирам во животот.Откако осетив многу работи на своја кожа сурови одлучив за во иднина се што ке ми дојде добродојде сфатив дека секој проблем е решлив и на се се наога решение.Ке живеам во сегашноста и од денес за утре.А, после десет години желба ми е синми да биде дипломиран шумарски инжињер.
По десет години би имала 25 години и во овој момент, точно по 10 год. најверојатно би била во Лондон, во некој убав просторен апартман, можеби би била студент, втор факултет - архитектура и уредување на ентериер, (првиот најверојатно филолошки - за англиски јазик). Најверојатно таму би било сега 8:46 - еден час порано од кај нас... Големи се можностите да седам сама во својата соба, со мојата огромна бела персиска мачка. Можеби би читала некоја книга, по можност филозофска , можеби би учела за некојси колоквиум, или пак би довршувала некое мое ново литературно дело, роман или драма... Се надевам дека ќе имам издадено барем едно мое дело. :geek: Во врска со социјалниот живот, најверојатно би имала многу нови пријатели, бидејќи сакам нови пријателства и нови луѓе во мојот живот. Во љубовна гледна точка, најверојатно би била Single, (100% не би била мажена) или пак би била со дечко или свршеник. Во меѓувреме можеби би работела во некој кафич или Travel Company или така нешто... Можно е да живеам и со цимерка...
Ако продолжам со ова темпо како што сум тргнала, по 10 години најверојатно ќе бидам во Бардовци, или во Демир Хисар. Имам избор. Мислам дека во Бардовци, нај хард кор е таму.
Нема ваљда ќе има, јас и ти ќе кажеме таму, не се делиме и крај Ако треба и на едно креветче ќе се стиснеме Сеси, ти банани и портокали ќе ни носиш